Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    29.064
    Пол:
    Женски
    Јас планирам т.е закажано ни е веќе и испланирано свадбата да почне од црква, со тоа што ќе искористам прилика со божиќниве празници да ги викнам на вечера сватовите и да ги дарувам сега, а свадбата ми е дури во јуни, па да се растеретам малку пред свадба :)
     
  2. IChika

    IChika Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2017
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Девојки закажав за шиење венчаница, па според вас што е пубаво корсет да се носи или од мрежа да биде изработен горниот дел? се двоумам
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.450
    Допаѓања:
    18.701
    Јас имав мрежа, мислам дека е попрактично корсетот ќе ти се лизга и цело време ќе треба да го креваш..
     
    На molikaMk и IChika им се допаѓа ова.
  4. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    2.808
    Пол:
    Женски
    Мојот позади беше мрежа и чипка, а материјалот почнуваше од половината надолу. Напред имаше пластифицирана лента (не знам точно како се вика, не беше жица), не беше класичен корсет.
     
    На IChika му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daniela2207

    Daniela2207 Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2017
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Ми треба помош. Сведок сум на матичар кај другарка. Ќе биде само регистрација и ручек без музика и слично, тек за една година ќе прават свадба. Дали е доволно цвеќе, вино и бомбони или треба да им купам некој поклон и на пример што? Сакам нешто креативно, и така живеат надвор од МК.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.788
    Допаѓања:
    38.703
    Пол:
    Женски
    Доволно е. Ние така направивме кога бевме сведоци во матично. Поклон купивме за свадбата.
     
  7. Summerlove@2016

    Summerlove@2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    На 24ти август ни е закажана свадбата, но бидејќи сме далеку сакаме еден ден (22 август, четврток) да дојдат тие од таму, да го донесат фустанот и тогаш да ги направевме адетите, секако со музика со се и да излезам во фустанот.. И после за 24ти само ке остане во црквата и ресторанот.. Што мислите за ова? Има некој што вака правел? Има нешто некоја врска ако го облечам фустанот 2 пати?
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.788
    Допаѓања:
    38.703
    Пол:
    Женски
    А што има врска ако биде во ист ден се? И зет ми живееше далеку од сестра ми, па имаше одење по невеста. Јас не би правела свадба 2 дена.
     
    На Juicy и Summerlove@2016 им се допаѓа ова.
  9. Sezana

    Sezana Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Не ти е планов најдобар, а ако правиш вака нема што невестинскиот да го носиш 2пати.
    Кога ќе те земаат носи си нешто покомотно.
     
    На Summerlove@2016 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.348
    Нема никаква врска освен што ,зависи од моделот на фустанот, најчесто ќе се извалка па после некако грдо ќе изгледа за денот на свадбата. Реално мислам дека поубаво е да имаш некој друг фустан за кога ќе дојдат по тебе и ќе ги правите адетите отколку да бидеш облечена во венчаница. Венчаницата ми е повеќе за во ресторан со повеќе играње и особено за првиот танц. Што се однесува до кршење погача, разменување бовчи и слични адети покомотно би ти било во друг фустан.
     
    На Summerlove@2016 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.984
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми каже кои се трошоците на деверушата и што всушност она треба да прави.Братучедка моја ќе се мажи во август годинава,па јас треба да и бидам деверуша :) Ич не сум по адетиве,и навистина немам појма.Па секој совет од вас би бил добредојден.
     
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.450
    Допаѓања:
    18.701
    Никакви трошоци нема деверушата, дури може и подарок од невестата да добие
     
    На Shalitra и Sezana им се допаѓа ова.
  13. Summerlove@2016

    Summerlove@2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Да знам и јас прво бев против тоа.. Но ако е во еден ден треба да станеме уште во 3 сабајле, цел ден натаму наваму, 3 саати е пат во еден правец 3 саати во друг само во тоа мн време се губи и за сите е подобро во 2 дена да бидеме и одморени.. И јас прво бев против, но кога размислив подоцна мислам дека така ќе биде најдобро.
     
  14. Arijana22

    Arijana22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Девојки Пантер мис работи ли сеуште?
     
  15. Arijana22

    Arijana22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Како им се движат цените?
     
  16. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Осветлувањето и целосната декорација во ресторанот, заедно со бонбончињата со паричка за во црква и бонбончињата за во ресторан, венците за дома, украсувањето на невестинскиот автомобил и поканите не чинеше околу 920 евра. Се разбира дека цената зависи од тоа што го сакаш и бараш. Снежана е многу коректна и се труди да биде максимално фер и кажуваш цена и го дава максимумот за се што може да се направи до таа цена, вистински професионалец. Се надевам дека ти помогнав.
     
    На Arijana22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Arijana22

    Arijana22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    А каква декорација ти направи во ресторан? Што имаше ?
     
  18. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Подвижен цветен sид во делот за пречек и фотографирање со гостите, декорирање на невестинската маса со икебана од природно цвеќе и декорација на останатите маси со вештачко цвеќе. Се зависи од тоа што ќе си одбереш. Ние отидовме во салонот, каде ги имаше изложено сите декорации и кажавме што ни се допаѓа, а таа ни кажа цена за изнајмување на истото. Има избор на неколку sидови, кои имаат различна декорација и цена, но се подеднакви убави. Во однос на гостинските маси исто цената зависи од тоа што ќе одбереш да има на секоја од нив, како и за невестинската. Природното цвеќе е доста поскапо од вештачкото.
     
    На Arijana22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Arijana22

    Arijana22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам
     
    На ..barbie.. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    А тоа што венчавката паѓа за време на пости? Дали венчаваат? Бидејќи за време на пости не се дозволени венчавки.
     
    Последна измена: 21 февруари 2019