Дали при откажување на свадбата има некакви последици во однос на договорите направени со ресторанот и фото студиото, освен што нема да се врати капарот?
Не разбирам какви други последици би имало освен финансиските. Јас потпишав договор со ресторанот во зависност од тоа колку месеци претходно се откажува свадбата, толкав и процент од капарот ти враќаат, односно не ти враќаат. Доколку имате писмен договор, знаете на што сте. Со оние со кои немате писмен договор, немате никакви обврски спрема нив, како и тие што немаат обврска да ви го вратат капарот за кој немате доказ дека сте го дале.
Здраво на сите Имам едно прашање за пријателка која наскоро ке прави свадба И кажале дека има некоја продавничка кај женски пазар каде се продаваат китенки и бонбони за свадба за ефтини пари а готови. Дали некој знае која е таа тезга или продавничка?
Здраво, дали го имате посетено актуелниот Саем на венчавки ? Дали вреди да се оди? Дали може да се најде венчаница по пристојна цена?
Искуството покажало дека Тешко но не и невозможно јас пред својата свадба бев на 7от и тогаш немаше нешто посебно но сепак за идеи и инспирација ништо др цените може не беа астрономски но далеку од пристојни бар за венчаниците до душа и 1 одело нормално на изглед чинеше 40.000 поради иницијали на кошулата ...
Лично јас бев на саемот за венчавки. Најмногу бев за да се информирам за декорација за сала и за фото студио. За венчаници имаше повеќе штандови. Имаше и ревија каде што видов неколку венчаници и стил кој би ми се допаднал за мојата венчаница. Не ти препорачувам да купиш венчаница затоа што цените беа до небо. Единствено можеш да разгледаш различни модели и да видиш што ти се допаѓа. Јас правам свадба во септември и мојот буџет за венчаница е 350евра.Свадбата ќе биде поскромна па мое мислење е дека е непотребно да се даде повеќе од 350-400 евра за венчаница.
Околу цената и јас би ви препорачала да не давате многу пари не за друго само тој ден ја носите а најважно е убаво да се чуствувате ништо повеќе ... затоа и кога отидов кај викторија маер и реков од 400е немислам повеќе да давам а скам ова не тоа пр нешто што ми беше важно и жената дури и буквално ја искреира бидејки без слика отидпв туку сакав венчаница што ќе ми стои... и што ми беше важно не се малтретирав со милиони проби туку 2 .3 мислам беа а излезе совршено за цената би рекла и измислена бидејки претходно присуствував и на свадба сп 800е венчаница а нишш посебно... затоа НАЈБИТНО ВИЕ ДА СЕ ЧУСТВУВАТЕ УБАВО И СРЕЌНО И ЌЕ БИДЕТЕ НАЈУБАВИ НА СВАДБАТА БЕЗОГЛЕД НА ЦЕНАТА ....
Дали може како поискусни да ми кажете кога е најдобро да отидам за венчаница? Мојата свадба е во август и сакам некое кило да симнам до тогаш па кога би било најдобро да отидам по венчаница? Колку отприлика се шие фустанот? Дали месец,два?
Vaka... mojata bese kraj na juli no stom zakazavme termin maticno crkva i restoran prvo sto napraviv otidov da se dogovoram za vencanica nekade sredina na maj... za da si rezerviras na vreme mislam april da si pojdes da vidis a pokasno ke ti ja sijat toa sigg znam deka vo juni i pocetok na juli imav probi 2nedeli pred svadbata bese gotova (iako den pred svadba si ja zemav)
Свадба правев средина на септември, венчаницата ја закажав средина на март, отидов со фотографија од моделот и оставив капар. Почнаа да ми ја шијат две недели пред свадба, а си ја земав 5 дена пред свадба. Мој совет е најпрво да си пробаш повеќе модели и кога ќе си сигурна што најубаво ќе ти одговара на градбата и во кој модел најубаво ќе се чувствуваш, тогаш одбери каде ќе ја шиеш. Добар креатор ќе ти даде совет што би ти стоело, а што не.
Свекрвами имаше 55 за да и стигнат за 3те круга бидејки внатре се фрлаа бомбончињата не на излегување а ако е на излегување може и помалку ... важно да и стигнат за 3те круга
Направив 37, мислам дека се доволни. Мала е црквата,а и многу гости не одат во црква ќе нема кој да ги собира
Само кога ќе префрла важно е да има за сите 3круга... не е важно дали ќе ги собираат... 37не се малку но по неколку само нека зема 12тина од круг
Женски имам многу убави балони.. дали знате каде можам да ги наполнам со хелиум? И колку часа има трајност хелиумот?
Не знаев каде да го поставам прашањево, па може некој овде знае. Како се движат цените на костумите од Сигнори?