Официјално да ја прашаш да ти биде старосватица или да и дадеш покана за свадба? Кум и старосват најчесто се канат со пиење (можеш нешто жестоко а можеш и вино да однесеш), бонбоњера и кафе. Ова е традиционално канење на сведоците, а ти ако сакаш можеш да порачаш вино со персонализирана налепница, чоколади и цвеќе.
Девојки ај хелп.. Свадбата ми е закажана на 15 јуни и се е закажано ресторан, музика, фотограф.. Освен црква.. Прашувавме во црква да закажеме ни кажаа било тој датум задушница(ние не знаевме сега дознавме) е сега во една црква може викаат во друга не може.. Ме интересира ваше мислење дали да правиме на тон датум или се да преместуваме?
Лелее истиот проблем го имавме и ние, после 300 глупости што се случија од чување погрешен датум до не знам што единствена сабота слободна беше 15ти јуни, и кога рековме тоа е тоа готово веќе, ни кажуваат дека е задушница. Попот не ни правеше проблем ама моите беа против да се прави тогаш свадба и сменивме датум.
Мои блиски правеа свадба на задушница. Прашаа во манастир им кажаа дека нема никаков проблем, може да се прави. Како сакате вие така, ама црковно не праи разлика. Некои попови викаат дека не може затоа што се зафатени со задушница и не им се прави и свадба во ист ден.
Црквата не прави проблем, повеќе е твој личен избор и дали ќе ти биде шубе некој што бил на гробишта утрото после да ти дојде на свадба... Тоа е целата работа, поради таа причина моите правеа проблем, да не им доаѓаат гостите од гробишта на свадба...
Епа знам дека не треба да им биде шубе, правевме муабет и со отецот што ќе не венча, ни објасни убаво што и како ама иди и докажи им на другите... Моите запнаа јас на задушница свадба не ти правам, од толку денови само тој ли остана и моравме да преместиме
Здраво женски.. Дали имате искуство со сајтот јасити.мк? Имено станува збор за сајт кој е ваш персонализиран и ги заменува поканите, воедно заштедува пари и време.. Заинтересирана сум но немам каде да прочитам туѓи мислења, па доколку некоја од вас имала искуство со нив или слушнала нешто од некој друг би била благодарна да споделите
Моја блиска беше една меѓу првите што ги користеше. И помогнаа многу и и беше олеснето. Беше многу интересно направено, со локации од црква и ресторан. Имаше слики од нив и кратки приказни како се запознале. Исто така имаше кои се кумови и старосватови, ко “главни актери”. На поканите гостите можеа да напишат ако имаат некои алергии или посебни потреби за храна. Се надевам објаснив убаво. Ако те интересира нешто повеќе, може да прашам
Девојки, што мислите дека е поисплатливо, да нарачам китенки и бонбони или да си купам што ми треба и сама да ги направам ?
Ако ептен имаш мерак за декорации и ако имаш уште многу време до свадбата, ако имаш живци, можеш и сама. Ако не најдобро е да си купиш.
Јас сама ги правев Нарачав од али експрес кутии за бомбони, купив бомбони од тука и сама си ги склопив. Има многу убав избор на али експрес, ако имаш време до свадба, провери. Вкупно ме чинеше 1200 денари за 100 кутивчиња.
И јас одлучив сама да ги правам, да направам едно бонбонче ќе ми требаат 15-20 ден, а за истите тие една девојка бара 50 ден... Нема да нарачувам од али, ќе си купам од Бит пазар се што ми треба.
Извинете девојки а за какви бонбони мислите? Оние што се даваат кога невестата оди по масите или...? Јас сакам да прашам за китенки, имено сакам китенки но без игла, туку со лепенка, дали знаете некој да изработува такви?