Да си напраиш. Ама само ако имаш мерак, трпение и нерви. Јас правев школки и многу ми беше мерак сама да ги направам. Месец ипол си ги ц'цкав мерачки. Ми испаднаа отприлика по 12ден од школка, а готови под 35ден немаш. Ако сакаш нешто многу попросто тогаш имаш и убави готови а ефтини.
Пиши на фб и на гугл Бутик за венчаници и ќе ти излезат многу. Да не прикачувам линк по линк. Најдоле во ГТЦ имам видено преубави.
Вакви сакам да ги правам. Една девојка ми бара 50 ден/парче, а на Бит пазар само топката е 12 ден и уште колку ќе ми отиде за цветче, лента ова она над 20 ден нема да биде. Само не знам како би ги ставила бонбоните во овие. Идеја некоја и од каде ги купувате бонбоните?
Моите беа вакви исти со бордова машничка и бело цветче. Прошетај убаво на Бит Пазар после полициската последната продавничка за вакви работи имаше најубав избор.
И јас сакам да бидат на црвено/бордо, таква ќе ни биде и декорацијата во ресторан. Оваа цена од 12 ден парче е од Лулиште Сипром на Бит Пазар. Кажи ми само за бонбоните како би се ставиле внатре?
Супер се! Инаку за бонбоните имаш баш на бит пазар мислам на европа продавница и ќе кажеш бонбони за свадба, ќе ти понудат едни се, со кило има да завршиш работа мислам. Полека ќе направиш дупче само за бонбоната а позади атлантик имаш баш продавница ако сакаш за цветчиња, машнички ко на сликата
Ова се моите бонбони Презадоволна бев од девојката Инаку освен топчето имаш 2 машни, еден цвет, еден бисер, една бобинка со ливчиња плус внатре бадем бонбони, така да не се евтини, зошто на пример не идат на парче бобинките туку цели гранки кои имаат стебла и листови кои не се употребуваат. Инаку девојката баш прочитав на фб има некоја промоција за 6000 денари венче за на врата бонбони, китенки и нешто плус а во моментов не ми текнува.
Да, да има промоција(2 венчиња, китенки, бонбони, машна за деверот и оние со пченица за во црква) , ја видов и бев заинтересирана ама не ми се допаѓаат венчињата за на врата што ги нуди и поради тоа се откажав...
Ако не ти се допаѓаат кажи и ти какви сакаш, сега сигурно ќе си платиш поскапо ама не верувам дека ќе бидеш разочарана. Со лесно подготовките за свадбата
здраво феминки сакав да ве прашам за закажување во матично мора да се вадат нови изводи или може и со постари да се закаже?
Мене бонбоните 153 парчиња, па тие со пченицап ченица, за гостите, балони, бла бла ме кошташе околу 3500-4000 ден .старосватицата ги нарача од Ск китенките и бонбоните (2900ден), супер беа направени, баш како ги замислував. Ако ве интересира ке земам контакт.
Девојки, има ли некоја од вас која сама си ги правела украсите кои стојат на средината на масите на гостите? Некако многу скапо ми кошта по цвеќари...