Ќе си се договориш. Брат ми кога беше девер тој ги купи чевлите и ташната но невестата сама си побара, на мојата свадба јас си ги купив сама. Ми беше незгодно да барам да ми ги купат.
Имам круна ,од сестра ми што ја носеше на свадба. Сакам да ја носам истата и јас на мојата. Е сега таа е малку од задната страна потемнета. Сакам да ја исчистам.Да има сјај малку. Не знам со што. Страв ми е да не ја уништам Спојлер: Круна
Има ли во Скопје некоја продавница каде што се продаваат веќе готови украси за свадба, за украсување на невестинската соба, по YouTube има многу видеа за изработување но ме мрзи тоа сега да го правам па ако има готови некаде би купила.... Не мора само Скопје ако има и во други градови ако праќаат по карго пишете ми... Ви благодарам
Ве молам, итно ми треба информациja каде се продаваат мали чоколатца во фолиjа, конкретно од 5г, 7г или 15г? Наjдобро да бидаат старчиња како "Kinder" вo обична фолиja. Планирам сама дa ги изработам (персонализани чоколатца) за наша свадьба. Додадов пример. Ви благодарам.
Во кам маркет. Неможам да се сетам на фирмата но знам дека се спакувани во плави фолии, не се скапи и многу се вкусни. Има и со златна фолија но тие се мислам поголеми и поскапи
Секаде е различно, за венчаницата треба да ја купи свекрвата, а оделото на младоженецот зависи во Кочани треба бабата т.е. мајката на невестата да го купе, во Гостивар младоженецот сам го купува зависи каков е адетот таму кај што живееш.. Само што знам дека за венчаницата да ја купи свекрвата е уште одамна, а ова со оделото да го купи бабата пред околу 10тина години го измислија..
Купив вакви срциња, но со што да напишам на нив вака, со маркер дали би било убаво ваше мислење? Или ако има некој што изработува само вакви срциња пишете ми, бидејќи китенките јас дома сама ќе си ги правам..
Бидермаер обично даваат таму каде што ке ја правиш венчаницата, добро тој е пластичен за фрлање. Јас имав свеж букет од цвекара многу убав а за покани имаш во секое студио за кои ти препорачувам да не се замараш затоа што се фркаат веднаш по свадбата, може да ти ја покажам мојата како идеа ако сакаш