Може секако, и кажи ми што направи со живиот букет? Јас инаку не планирам да фрлам,како мала свеченост е со гости, затоа мислам дека подобро свеж да земам, препорачај од каде да купам
Прашањето не ми е баш за свадба, ама не видов тема за ова. Ме интересира за во Матична служба како оди постапката? Дали треба да доаѓаат кум, старосват и такви работи или може било кој да биде во сведоците (другари, другарки). Сакаме да го завршиме делот со матична служба поради некои визи, во моментов немаме време ниту за цркви ниту за адети, со кумот од машка страна ниту е разговарано не сме блиски, а и немаме многу време да се бркаме со сите тие работи. Колку време се чека откако ќе се закаже, каде се закажува во Скопје и како оди процедурата (документи и слично)?
Треба извод од родени и уплатница и двајцата да одите во служба за матично и да закажете ден за венчавка. Таму ќе ве прашаат неколку прашања. Матично имате во центар главното, а има и во сите општини, па каде ви е најблиску таму. Они ќе ви кажат кој термин е слободен да одите, ако не барате посебна дата, ќе има слободни термини, посебно преку недела. На самата венчавка, треба да бидете вие двајца плус уште 2 сведоци. Нив не им важно дали тие ви се кум/старосват, важно е да имате двајца кои ќе потврдат потврдат дека не сте роднини, дека самостојно влагате во брак итн. и одма ќе ви дадат венчаница.
Ти благодарам! Дали има врска што не ни се водат адресите на живеење во Скопје? Сакаме да се венчаме тука во Скопје, но и двајцата сме од друг град и таму сеуште ни се води адресата на живеење, па да не прават проблеми?
Можете да се регистрирате во било која матична служба во Македонија, без разлика на место на живеење.
Ако си од Скопје ти ја препорачувам софи гифт, според мене најдобри. Мене бовчалоците ми ги виткаше, преубаво ги направи. А за покани можеш да одиш во креатива, најевтини се од сите кај што бев а истите покани се. Плус за неколку дена готови ти се поканите.
Дали во црквата кога ќе се венчаваме бараат нешто извод од венчани од матичното или некои други документи како на пр. извод од родени?
Кога правевме свадба во црква потребно ни беше крштеница од невестата младоженецот и кумот и старосватот...
Зависи од црква до црква. Ние се венчавме во Богородица во Скопје ,на ливчето пишуваше крштеница ама не ни побараа. Бараат извод на венчани или потврда дека ќе склучите граѓански брак.
Во матично се потпишавме лани, но изводот од венчани го немам па сега ми текна да прашам што документи требаат. А исто и во црквата закажавме декември месец и од таму ништо не ни кажаа што треба да носеме, а ниту па ние прашавме секако наша е вината требаше да прашаме, но ете и вие ми помогнавте, јас ќе земам и крштеница и извод од венчани па ако треба добро ако не пак добро.
Дечки итно е битно е. Дали знаете некој за декорација на свадба од Струга? Ми треба нештп за позади за сликање да изнајмам. Ама не од оние ѕидови со пластични светови. Нешто така како рамка мо треба.може и округли. Фала ви.
https://www.aliexpress.com/item/32964813260.html?spm=a2g0s.9042311.0.0.5e454c4dPWu9eW Јас овие ги порачав. Стигнаа за нешто повеќе од месец дена, лесни се за склопување и скроз исти како на сликите.