И јас нарачав од алиекспрес, беа околу 800денари 90 кутивчиња. Ми стигнаа за 1 месец и исти беа како на сликата (ептен убави). Сама си ги склопив.
Да, 50 се во пакувањето. Јас кога порачував шипингот беше нешто поевтин, мислам дека 11 долари платив.
Од цвеќара Блоом на цветен пазар,задоволна бев а чинеше околу 2000,зависи од цвеќињата што ќе ги одбереш,најдобро да отидеш таму и ќе ти кажат цени.
Нас кога не канеа за побратимство дојдоа со покана, бонбони и вино за нас и тие носеа ракија со која канат.
Ти по набавна не можеш да земеш цвеќе, можеш да земеш од цвеќара готови аранжмани, од 500ден па нагоре, зависи како ќе се договориш. Можеш да изнајмиш од цвеќара со вештачко цвеќе што апсолутно не е веќе како порано вештачкото туку изгледа убаво. Моментално сега е најскапо цвеќето. За кога ти треба? Можеби можам да ти помогнам некако. Пиши ми во пораче.
Колку одприлика се движи изнајмувањето на готови аранжмани од цвеќарите? И мене истото ме интересира бидејќи џабе фрлени пари се ако купувам свежи, макар и по набавна.
Од 500 нагоре, зависи што бараш. Апсолутно не е ефтино декорацииве, а цвеќево вештачко сега е толку добро сработено што личи на свежо и е исто така доста скапо.