Искрено се изненадив од цените. Само за главната маса ми рекоа дека најобичната варијанта е 200евра.. Јас замислував нешто екстра украсено да имам ама сега ќе размислам.
Бизнис се направи од декорации, тоа е тоа, јас не работам само тоа и цените не ми се толкави ама искрено да ви кажам и не се нафаќам на секоја работа. Јас работам со поприродни цвеќиња, нема кај мене ружи, орхидеи, мада ако некој побара ќе го средиме и тоа, не е проблем. Една свадба младите инсистираа да купам цвеќе од бабите од пазарче, отидовме заедно, купија еден куп цвеќе од бабичките, јас аранжирав и тоа беше најубавата свадба која сум ја декорирала. Дури и бидермаерот го направив од такво цвеќе. На золва ми веридбата ја декорирав исто со такво цвеќе, беше рано лето, имаше гладиоли излезено преубави, преуави далии, ептен беше убаво. Што се однесува до вештачко цвеќе за изнајмување може преубаво да се направи, само да се има малце повеќе цвеќе, бомбона е, со додатоци, стакленки интересни, сијалички, кафезчиња, сталаци...
Јас бонбоните за свадба сама си ги правев за 450 луѓе и ми фатија 6500,дома сама си декорира се од алиекспрес нарачано, за невестинската маса во ресторан ми земаа 7000 денари што изнајми кошници, кутија за бурми плус бидејмаер за мене за деверушите плус китенки за најблиските ми фати 12500 а од тоа за мене не остана ама баш ништо само балоните од алиекспрес
Здраво Кога доаѓат по невестата сватовите, се китат ( кај нас така се вели ) - се закачува зеленко на одело/фустан. Дали има некој што тој дел на место со шпенки да го правил со трака ко стегач и цвет на неа да се стави на рака на луѓето- за побрзо да биде ( слика) а кумовите,деверот,шаферката и незнам уште кој ќе ги даруваме со пари и пак тоа зеленко
Кај мене немаше китење бидејќи не сакав да има одење по невеста и сл. се собравме во црква. А за свадба од сестра ми имавме за машките китки за на одело а жените за на рака... за зет ми имаше голема и различна китка како и за кумот, а за деверот на бицепсот му врзавме трака со китка... тоа личен избор ако не сакаш, не мораш ништо од тоа да правиш.
На свадба кај што бев шаферка, јас и кумата имавме вакви, плус и деверушите ама сите во различни бои . Кумот имаше ќитенка за на одело, а деверот имаше машна на раката врзано, на мускулот. Само единствено мала ситница што не ми се допадна што не се разликувавме женските една од друга и не се знаеше која е шаферка, која кума... Повеќето одбегнуваат ќитенки со шпенки едно заради губење време, друго заради шанси да се оштети фустанот или кошулата.
И ко се мажев го мислев ова, и сеуште сум на истиот став: Сето ова е само трускање пари без потреба. 'Забавата' почнува денот после свадбата.
Се одлучивме да немаме никакви адети и обичаи на денот на свадбата бидејќи не е изводливо, голем трошок плус, а и не ми се допаѓаа. Имаме закажано венчавка па ресторант. Е сега, од на мм страната коментираат како они што ќе правеле цел ден до 17 часот, морало кумот и старосватот да дојдат од кај нив за заедно да дојдат во црквата, што ќе се бркале ли пред црквата сите еден по еден.. ако немало ништо ќе испаднело како да одат кај пријател на свадба, а не кај синот. Па свекрвата и деверот додека не чукнал тапанот не излегувале од дома, па сликарот да дошол порано кај нив да ги слика...што само они се лични за сликање, ние не. Сето ова ми иде на нерви бидејќи мојата страна директ на венчавка ќе отидеме и нема потреба од овие глупости. Им реков мм како ќе си одлучи така, аа они не си решиле, сами ќе организирале и платиле се, тоа било нивна работа, за музика од 2000ден. и мезе од 2000, ич не било проблем.. Според вас во право се или не?
Здраво. Ве молам ако некоја од вас правела нешто слично на мојата замисла да ми помогне. Не планираме голема свадба туку мала свеченост со околу 50 гости (матично, па ресторан). Дали имате препораки за ресторани? Ако знаете и цени од прилика, музика дали има или треба да си организирам, значи секоја информација би ми била од корист. Дали треба да купувам поклони и за кого? Не планирам да носам венчаница туку долг фустан, само што сум бремена 6ти месец и не знам каде би можела да најдам. Препорака и за тоа ве молам. Фала ви однапред.
Долг бел свечен фустан можеш да најдеш насекаде во Скопје кај што има свечени фустани, зависи колку финансии имаш одделено за тоа. Јас би го избрала Ламас можеби.. Поклони т.е. дарови се купува на кумовите, старосватовите, деверот... некои купуваат и на родителите ама се си е со договор. Не мораш и на никој да купиш, нема да ти се налутат.
И јас бев исто како тебе. Свадбата беше со 50 гости, во Континентал. Имаат и помала сала. Не е за свадби, ама ја изнајмуваат за помали веселби. Менито беше 13 евра (10 евра јадење и 3 евра пијалак). Ама ова беше пред 8 години. Сега не знам дали се исти цените. Јадењето беше супер. Фустан купив од чаршија. Има голем избор на свечени фустани. Не сакав венчаница. За свирење ги најмивме Слатка тајна. Ама они веќе не постојат како група. Не дарував никој. Таков беше договорот.
Каде можам да најдам додатоци за коса? Сакам да ми биде извиткана во природни локни ама да додадам нешто да не бидам многу обична.
Провери на нет имаш доста страници девојки кои изработуваат kara jewellery jewellery by queen на пример
Бројам ~ 200 гости за свадба. Сакав да резервирам во Парк, ама мора 200 порции да платиш, без разлика колку гости ќе дојдат. Многу се деца, кои можеби не би дошле. Како да се заштитам, и дали имате искуство колку % доаѓаат од поканетите. Инаку се први братучеди, со деца, и пријатели (другари). Молам за совет.
Не можеш да се заштитиш. Нив не ги интересира колку од гостите нема да дојдат. Треба да се плати за вкупната бројка. Прашај дали толерираат минус на гостите. Јас кога правев свадба (во Континентал) ни рекоа дека толерираат помалку 10 гости. Ако се повеќе ние ќе си платевме.