Кога дојдоа да ме бараат од моите (нешто како мини веридба само моите и неговите) ми имаа купено ланче, прстен и обетки од бело злато, таков бил адетот. Тогаш моите ништо му немаа купено. Сега ќе се регистрираме само со еден ручек во ресторан и моите сакаат да му купат нешто златно. Бурмите ќе си ги купиме ние двајца зашто 2 години живееме заедно, имаме одреден заеднички буџет (инаку мислам дека ти неговата ја купуваш, тој твојата или ствар договор). Бурмите ќе си ги ставиме на крај на самата регистрација.
Па без лажна скромност не би го избрала ова ако сметам дека ќе бидам смешна во него. Тука сум некаде ваква, само пониска. Ама се откажав, во потрага сум по друго. А колку сакав да го носам. 80 посто ми рекоа дека е повеќе ко за на плажа. Дај ко вака маж со префинет вкус некоја идеја за фустан за регистрација, само не свечен некој не свилен...фенси модерен необичен да е, очајна сум гледаш до кај стигнав
Видов денеска на излог во Ламас убав бел краток фустан. Да разгледаш прво online, па да идеш да пробуваш. Штом си вака слабичка ќе најдеш сигурно,дури може и во Зара да идеш. Баш вчера цела продавница им беше бела.
Од Битола сум, од тука некаде, евентуално Прилеп или некаде кај што вршат достава, ама сакам да пробам па да купам, па останува Бт или Пп. Па и Ресен ако има.
@irrelevant немој да се предомислуваш за фустанот, мене лично ми е преубав. Е сега како што ти кажаа, убаво ќе изгледа ако имаш вакво тело како на сликата. Немораш да имаш бел фустан за регистрацијата, јас имав нежно розе. За бурмите кај нас ги купија моите поради Х причини, кога закажавме венчавка на листот што ни го даде попот пишува дека свекрвата ги носи бурмите(логично треба да ги купи). Ама повеќето прават жената на мажот и обратно Исто кај нас има дарување со злато на денот на свадбата, таа церемонија се врши кога се оди по невестата и таму свекрвата и бабата им го даваат златото. Обично се договараат двете страни до колку пари да бираат младите, а немора и двајцата да бираат белегзија или ланче, на кој што му се допаѓа. Кај нас ова исто ќе го нема.
За мој вкус и за регистрација, фустанот е преубав и баш е модерен и необичен, особено ако убаво ти стои и ако го погоди шнајдерката Не мора да ги исполниш желбите на сите биди си оригинална и своја како што си.
Го откажав пошто и после ова ќе се осеќав ко на плажа или ко фиока со миленце. Готово замина тој во сеќавањата. Овој го пронајдов, не знам кај да го најдам, преубав е, е за овој гајле ми е кој што мисли, мене ми е совршен. Кај да го најдам, може ли да се сошие, има ли вакви материјали и вакви таленти да го стросаат? Освен ако не е ту мач за регистрација.... Којзнае колку бизарно делувам со муабетиве, ама прв пат ми е хахах. Се опседнав со се.
Хаха префинет вкус Не не, ти изгуглај и одбери 5 парчиња што ти се свиѓаат па ќе избереме заедно А ако си ваква ко на фоткава секоја хаљина убаво ќе ти стои
Пониска сум од оваа гарант, еве јас сум задоволна од себе, сега прашање на вкус е се. Рачунај ме таква, само пониска. И ставив еден фустан погоре. И цело време барам, нешто зачував, ама срам ми е да замарам. Ама и да не бевте вие тука ќе шетав со миленце на регистрација.
Здраво дечки, имам предлог, се надевам нема да ми замерите, затоа што знам јас колку барав кога имав потреба. Имам вазни/свеќници, кои можат да се искористат и за декорација во домот, но и на невестинската маса, или по потреба. Еве предлог идеи, а кој е заинтересиран нека ми пише порака:
Здраво девојки, може предлози каде да бараме костими за младоженецот? Деновиве бевме во Тивес и Битсиани, но би сакала да слушнам повеќе предлози. Фала
Видете во Навигаре во Сити Мол. Сопругот си зема од таму за младоженец, убав светло син, младелашки . Летото имаше и попусти. Не го фати многу скапо.
Има уште неколку месеци до свадбата и се надевам дека до тогаш ситуацијата со вирусот ќе биде стабилна/непостоечка (за општо добро, не поради свадбата ). Сепак ме интересира ако имате закажано свадба во престојниов период, да кажеме во наредниве 4 недели, дали планирате нешто поинаку да изведете од првичното планирано и што? (no judgement either way)
Здраво девојки, За оние кои имаат закажано свадби сега периодов после велигден, ќе се одложат, но прашањето ми е кога да се презакаже за кој период? После јуни ми изгледа најсигурно, да не биде после 3 пати презакажување.. Што ќе правите Вие?
Ние имаме закажано свадба во Јули, тие што имате свадба тогаш, дали планирате да ја презакажете или пак ке чекате да видите како ке се одвива ситуацијата? Исто и за венчаница немам уште почнато да гледам па незнам дали од почеток на април би можела барем да закажам за шиење во салоните. Тие што правите венчаници може ли да дадете известување дали работат сега бутиците и дизајнерките или да чекам и за тоа?