Девојки помош!! Сакам за 3, 4 дена да загубам 2,3 кг. Имаме веселба дома и сакам да изгледам убаво во фустанот кој го одбрав..барем да ми се намали малку мешето.... да јадам само овошје и зеленчук ќе помогне лии?
Ако сакаш да ослабнеш 3 кг за толку кратко време доволно е да се префрлиш на протеинска исхрана. Јади колку што е можно почисти протеини: Пилешки стек, урда, белка од јајца...Не смееш да внесуваш јаглехидрати (леб, овошје) ниту пак зеленчук. Кг што ќе изгубиш не се вистински изгубено сало, туку ја губиш само водата но тоа е доволно за да симнеш 2-3 кг. Режимот воопшто не е здрав па затоа не ти препорачувам да го продолжиш иако ќе паднеш во искушение.
Ти благодарам за одговорот. Од утре почнувам! А дали може да ја јадам и жолчката од јајцето и да пијам јогурт баланс, место урда?
нема да симнес 3 кг за 3-4 дена па и ништо да не јадеш за ова посовреме се мисле ама што е тука е сега овие денови иили протеини или 7дневната што ја има тука на форумот и таа дава брзо резултати
Жолчката не е забранета ама во ограничени количини (не повеќе од една дневно) а белка може да јадеш неограничено, можеш да си ја матиш со урда и 1 лажица овесни снегулки и да ја пржиш на тефлонско тавче без масло. Јогуртот содржи повеќе јаглехидрати од протеини па затоа е добро да го избегнуваш.
Стомачен вирус- пролив повраќање и топ си. Едит- мононуклеоза - 15 кила помалце. Лапај се со некој кој ја има.
Jas za 3dena oslabev 4kg.Imav eden mal period problemi pa nemav apetit receno nitu voda mn ne piev,slucajno se merev 4kg pomlku.Ama ne e zdravo voopsto mene ner ne mi dozvoluvase da jadam a baska i cigari pusam taka da so lesno
мој совет застани два три дена на нива и копај има одма да ослабиш и нормално јади здрава храна и по малку спортувај