Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    А зошто тој срам? Од што срам, да не се избламираш ли? Не ми е јасно, ни се знаете лично, ниту ништо, па зошто толку да ти е важно како би делувало доколку му пишеш прва? Напротив, се наоѓаш во ситуација од која можеш само да „ќариш“, далеку од тоа дека нешто лошо може да произлезе од сето тоа. Или ќе ги интензивирате контактите, или никому ништо, не дека сега имаш нешто со него. Пиши му, и за себе така ќе видиш дали вреди да продолжиш да се трудиш околу дечкото, или време е да си се насочиш на нови предизвици. А вака ќе тапкаш само во место и нонстоп ќе размислуваш за можните сценарија, притоа не постигнувајќи ништо конкретно. Среќно.
     
    На barbiche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Nightwalker
    јас ја разбирам момичката и јас не би пишувала прва на чет ако е некој и ако навистина нешто му значам барем малку тој нека пишува зошто после да му се дигнат акциите и да вели таа прва ми пишуваше ова она и потоа да и заврти грб почекај малку време ...можеби навистина тој ке почне прв да ти пишува не му давај до знаење дека си на некој начин затрескана во него ...олади малку се ке си дојде на свое место и во свое време :*
     
    На LitttleRNBPrincess му/ѝ се допаѓа ова.
  3. An..anicka

    An..anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Нема зашто да ти е срам мила,пиши му нешто,некогаш ние женските треба да ја земеме контролата во наши раце :D

    Со среќа ;)
     
    На barbiche му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    мислам дека не треба да ти биде срам, бидејќи можеби он е срамежлив и ако чекаш се на него може ништо да не испадне. Така да мислам дека треба да му пишеш , ште е најлошото што може да се случи? Барем ќе си знаеш на што си. Најобичен муабет да дознаеш нешто повеќе за него чисто онака да видиш како ќе ви иде :)
    Ама па сепак не биди пренападна, пиши му малку ти па повлечи се да видиш дали него ќе му текне да ти пише, бидејќи мислам дека ако му пишуваш секој ден може да се тргне он..
     
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Да, но ти генерализираш и се водиш по нечии искуства дека постојат такви дечковци. Ете, јас можам да кажам дека на форумов веќе контактирам со некои од вас, и дел од нив сами и први ми пишале... Тоа значи дека треба веднаш да помислам дека ме свиѓаат и да си кренам акции, или не знам што? Далеку од тоа... И исто така, дали тоа значи дека девојка не може да си крене акции доколку дечкото и’ пише прв? Токму ваквите поделби на машки/женски гледни точки се оние кои спречуваат целосна еднаквост во она што го правиме.
     
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    ^Палаво nightwalker е во право, врз лоши искуства не треба да советуваш, гледај на работите објективно ;)
     
    На barbiche му/ѝ се допаѓа ова.
  7. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    јас само го кажав своето мислење ....од лично искуство ;) а сега што понатаму ќе покаже времето ....а инаку она за акциите имаш право и на нас женските можат да се дигнат хехехехе тогаш е најинтересно :rofl: бакнежи до сите вас уживајте во деншниот ден кој ќе биде прекрасен :* :* :*
     
  8. barbiche

    barbiche Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    120
    абе дечкии..јас го сакам он ме сака па као тоа се караме секој втор ден?
     
  9. cvetelina

    cvetelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    54
    heloo..... ;) vo vrska sme 5 god, vo pocetokio se bese perfekt no vo poslednava godina dena se povejke se odalecivme,toj zamina stranstvo kontaktiravme no nebese toa toa,se vrati no za 2 nedeli pak zamina i togas mene mi dojde preku glava i raskinav no toj seuste nebese svesen za toa,jas posle 3 meseci pocnav da izleguvam so eden decko no otkako toj dozna od sekako nekoi spiuni pocna da mu se zakanuva nego da me bara i resi da se vrati pokraj rabotata tamu..pokusa da me vrati so prsten no sekako go odbiv :( zosto toj se ponasase kako da nemue gajle dodeka bese tuka.
    Nezanm dali stvarno me saka ili e poradi toa sto 5 god sme zaedno???zbuneta sum premnogu neznam dali da mu veruvam na zborovite deka me sakal ?? :^) :^)
    pozzzzz
     
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.760
    Допаѓања:
    23.373
    Пол:
    Женски
    Кој се кара, тој се сака :rofl:
     
    На barbiche и Peperutche7 им се допаѓа ова.
  11. cvetelina

    cvetelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    54
    :D nasite denovi vo vrska ne pominuvaat bez kavga hahhahhaa toa e sekojdnevie taka ni e pozabavno da vi priznaam :D :rofl:
     
  12. Peperutche7

    Peperutche7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    23

    вие добри сте , ние се сакаме двата а секој ден се караме , ама онака слатки расправии што би рекле :)
     
    На barbiche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cvetelina

    cvetelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    54
    но дали секојдневното карајње е добро???сигурно постои некој проблем а кде е?
    неможеш еден без друг а се караш овде постои и несто друго....???
     
  14. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Која караница води кон нешто добро? Како може секојдневното карање да води кон нешто добро?
    Двајцата седнете си и разговарајте за тоа која е причината за вашите секојдневни караници. Да не ви здосадило веќе еден од друг?
    Секојдневното карање може да доведе само до крај на врската.
     
    На cvetelina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    ОВОЈПАТ И МЕНЕ МИ ТРЕБА СОВЕТ И МИСЛЕЊЕ! =(


    Пред два дена случајно во центар го здогледав мојот прв дечко од основно :D
    Мојата прва љубов (имам за него и пишувано во повеќе теми) кој се пресели со неговите во друга држава.
    И од тогаш ништо ... Ниту на фејс се најдовме, нит некој нешто за него чул нит го видел....
    И седам на Југодрво, го гледам и не ми се верува...тој е!
    Купува цигари и Кока-Кола од трафика! Срцето си го држам да не ми излета од гради...го знаете она чувство...
    Доаѓам позади него (веќе со насолзени очи) и го викам по име....Тој се врти: и........ШОК :o
    Не ме препозна! Му требаа добри 3/4 минути за да почне да вреска и да ме гушка.

    Но првобитната реакција беше :o ... Човекот со кој цело детство го поминавме правејќи `глупости` - не ме препозна! Ми рече :ова не си ти! Му реков : не, - ова сум јас

    Ми кажа дека немало ден да не помисли на мене но како на сосем друга појава... :?:
    Често ми се случува другари од средно или основно да не ме препознаат, но мислаев дека тој не е можно да ми го заборави ликот.

    Ова сум јас: Природна коса, `кежуал гардероба` плус чизми на штикла =) Веднаш ми го кажа муабетот кој го памти дека порано сум тврдела дека `штикли ќе облечам само на родителска` :D

    Нема бланшови, нема суканици, нема надфградби, нема пирсови фул опрема, нема гоа, псај, хипи гардероба...
    Па мајкуму, јез да како `копиљ` сум се трескала од земја дека цел живот ќе бидам Хардкор, ама годинидте си го прават своето. Не е само дека опкружувањето ми налага, или дека сум созреала повеќе со моите 24...истата будаленка сум. Само што, штознам, посакав за првпат да се видам себеси онаква каква што вистинси сум :) И си се сакам како таква!

    бтв. Да се навратам на типов... Истиот момент ги одложив обврските кои ги имав планирано и отидовме веднаш кај него (тој се вратил пред некоја недела и сега живее сам ) Многу се смеевме, зборувавме, евоциравме спомени до сабајле....Јас дури и преспав кај него но ништо не се случи. Утрото ме разбуди со кафе и доручек.... Ми рече дека цело време ме гледал дека спијам како бебе... :angel:
    (не го познавам толку внимателен :$ )
    Јас се извадив од памет и побегнав како попарена со изговор дека доцнам на работа (моментално имам дечко му го кажав тоа, но некако преспивањето....се почувствував дека нешто не правам правилно :( )
    Довика по мене: Чекај! Ни број не ти земав! :worried: Му го кажав и истрчав набрзинка, во 7 часот наутро -во првото такси кое го сретнав, плачејќи стигнав дома.
    Сега сум во тотален хаос. Се кочам кога ќе му го чујам гласот по телефон, а е*ано неможам да престанам да мислам на него. Избегнувам да се гледам и со дечко ми бидејќи чувствувам вина иако ништо не се случи меѓу нас... Уф мора ли да постојат вака комплексно емотивни животни варијации!?!!?!
     
  16. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    ОВОЈПАТ И МЕНЕ МИ ТРЕБА СОВЕТ И МИСЛЕЊЕ! =(


    Пред два дена случајно во центар го здогледав мојот прв дечко од основно :D
    Мојата прва љубов (имам за него и пишувано во повеќе теми) кој се пресели со неговите во друга држава.
    И од тогаш ништо ... Ниту на фејс се најдовме, нит некој нешто за него чул нит го видел....
    И седам на Југодрво, го гледам и не ми се верува...тој е!
    Купува цигари и Кока-Кола од трафика! Срцето си го држам да не ми излета од гради...го знаете она чувство...
    Доаѓам позади него (веќе со насолзени очи) и го викам по име....Тој се врти: и........ШОК :o
    Не ме препозна! Му требаа добри 3/4 минути за да почне да вреска и да ме гушка.

    Но првобитната реакција беше :o ... Човекот со кој цело детство го поминавме правејќи `глупости` - не ме препозна! Ми рече :ова не си ти! Му реков : не, - ова сум јас

    Ми кажа дека немало ден да не помисли на мене но како на сосем друга појава... :?:
    Често ми се случува другари од средно или основно да не ме препознаат, но мислаев дека тој не е можно да ми го заборави ликот.

    Ова сум јас: Природна коса, `кежуал гардероба` плус чизми на штикла =) Веднаш ми го кажа муабетот кој го памти дека порано сум тврдела дека `штикли ќе облечам само на родителска` :D

    Нема бланшови, нема суканици, нема надградби, нема пирсови фул опрема, нема гоа, псај, хипи гардероба...
    Па мајкуму, јез да како `копиљ` сум се трескала од земја дека цел живот ќе бидам Хардкор, ама годинидте си го прават своето. Не е само дека опкружувањето ми налага, или дека сум созреала повеќе со моите 24...истата будаленка сум. Само што, штознам, посакав за првпат да се видам себеси онаква каква што вистинси сум :) И си се сакам како таква!

    бтв. Да се навратам на типов... Истиот момент ги одложив обврските кои ги имав планирано и отидовме веднаш кај него (тој се вратил пред некоја недела и сега живее сам ) Многу се смеевме, зборувавме, евоциравме спомени до сабајле....Јас дури и преспав кај него но ништо не се случи. Утрото ме разбуди со кафе и доручек.... Ми рече дека цело време ме гледал дека спијам како бебе... :angel:
    (не го познавам толку внимателен :$ )
    Јас се извадив од памет и побегнав како попарена со изговор дека доцнам на работа (моментално имам дечко му го кажав тоа, но некако преспивањето....се почувствував дека нешто не правам правилно :( )
    Довика по мене: Чекај! Ни број не ти земав! :worried: Му го кажав и истрчав набрзинка, во 7 часот наутро -во првото такси кое го сретнав, плачејќи стигнав дома.
    Сега сум во тотален хаос. Се кочам кога ќе му го чујам гласот по телефон, а е*ано неможам да престанам да мислам на него. Избегнувам да се гледам и со дечко ми бидејќи чувствувам вина иако ништо не се случи меѓу нас... Уф мора ли да постојат вака комплексно емотивни животни варијации!?!!?!
     
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Духот од минатото се вратил на голема врата :?: Стварно ситуацијава е комплексна, од една страна си ти и дечко ти, а од друга ти и стрејнџерот.Иако немало ништо,сепак си преспала кај друг и мораш да се потрудиш дечко ти да не дознае за тоа,нема шанса да ти верува.Можеби кај тебе се случил еден момент на слабост кога си го сретнала после толку време и сега си вљубена во помислата повторно да бидеш со него.Еуфорична си,па и сосема е нормална појавата на пеперутките и грчевите.Не знам,јас сепак би ти советувала да размислиш убаво,зашто може една интересна дружба да те чини цела врска во која имаш вложено и љубов и труд.Еуфоријата ќе помине,можеби и дечкото пак ќе си замине во странство..... :worried:
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    ^^ Искрено ме разнежни приказнава......без размислување да ги откажеш сите обврски и да заминеш со бифшиот, морам да признаам романтично (иако не сум романтичен човек) :$
    Не се секирај за тоа што тој не те познал, сметај го како комплимент дека си созреала. Всушност тоа е и животот- се трансформираме, битно е духот да ни остане ист ;)
    Е сега, мислам дека треба да размислиш со ладна глава што ти се случува :?: Јас сум сигурна дека си го сакаш дечкото, само што напливот на емоции кон првата љубов успеал да те зашемети. Си се вратила на старите спомени и ти се створил коктел во мозокот (а богами и хаос во срцето). Не дозволувај да те заслепат и да ти го искомплицираат животот! Сепак, имаш некој до себе со кој си поминала моменти во изминатиот период, некој кој те сака и се грижи за тебе - не го избегнувај, тоа сигурно ќе го повреди и ќе го наведе на сомнежи :!:
    Почекај некое време да ти слегнат чувствата, тогаш ќе видиш на што си. Мое мислење е дека бифшиот ти разбудил само носталгија, убави спомени, сеќавањето на невината детска љубов.......а дека сегашното момче си го сакаш вистински :*
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Heidi, Heidi, Heidi......You are a total mess... :!: Ама ај да се потрудиме да те ослободиме психички колку толку.


    Беше ти заљубена во дечково во основно? (колку што може да го наречеме тоа љубов)...На тебе едноставно сега ти има дојдено излив на емоции !!! Не си го видела толку време, си била на некој начин блиска со него, па со самото неговото доаѓање и појавување повторно во твојот живот, ти е се некако премногу, може до некаде ти се чини и недостижен, од друга страна он изреагирал баш онака искулирано на почеток а сабајлето ти напраил и доручек, па сето ова ти дојде на тебе ептен многу и сега си во емотивна/психичка заблуда.

    Јасно е како ден дека неможеш да размислиш рационално на ситуацијава. Си преспала кај него без да размислиш на последици, едноставно си ја донела таа одлука и си останала...Во тој момент само ти знаеш што ти се има вртено у глава. Поентата е дека сега неможеш да ја гледаш ситуацијата реално како што може некој друг.

    Има неколку факти што треба да ги земеш во предвид......Првиот факт е сегашниот дечко и каква врска имаш со него... Сериозна ви е? Долго време одите? Добро ви оди, не ви оди добро? Правите планови за заеднично живеење/мажење итн. Ова се се' факти кои што МОРА да ги стаиш у равенкава твоја. После запрашај се дали би направила нешто со дечково доколку он напраи чекор и превземе нешто у врска со тоа? Ако без да размислиш и како од топ испукаш ДА БИ НАПРАВИЛА, мислам дека е најдобро да се запрашаш што сакаш!!!! А после тоа морално и етички би било да седнеш со дечко ти и да пробате да поработите на врската....Од друга страна нормално ја имаш опцијата да му раскинеш на дечко ти....Како што напоменав, се зависи од тоа каква ви е врската, колку е сериозна и какви ви се плановите....Друго прашај на дечково какви му се плановите....Ќе остане у Македонија, ќе се враќа у странство....што планира? Планира да се жени па да се враќа со жена итн итн итн

    Како и да е, пред да направиш што и да било најважно според мене мислам дека е психички и емотивно да се стабилизираш, за да можеш сепак трезвено и смирено да се справиш со ситуацијава....

    Гуд лак !!! ;)
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Хајди,од она што сум читкала низ постовиве ти си девојка со уникатен имиџ,без сексуални табуа ;) и голема интелигенција,одлична комбинација во секој случај и знам дека ќе донесеш правилна одлука.
    Од реакцијата на типов од основно ќе го извлечам она што мислам дека се случува во вакви ситуации-тој те мислел секој ден,а не те препознал.Тој бил вљубен и насочен на претставата за тебе со која заминал странство,значи тој бил загреан и уште е на сеќавањето,што е знак дека си му значела.Но,ти си се променила во меѓувреме,што е најнормална работа на свет сите созреваме и развојот кон повозрасна личност влече промени и во изглед и во карактер.И тој мора да се променил.Па на двајцата на сцена ви избил занесот од минатото,сите оние „што би било„ прашања,чувството како да се прекинало и не дозивеало СЕ‘ со неговото заминување итн.
    Но,ти си во врска која си ја градела и која сигурно ти значи многу,за да ја изгубиш за според мене еден минлив занес.Мислам дека ќе ти помине збунетоста,мој совет е да се насочиш на твојов дечко од сегашноста.Јас она што било во минатото го оставам таму,без исклучок :!: !
    Сепак ти најдобро ги знаеш твоите чувства и потреби,па и карактерите на двајцата дечковци,но не се сомневам дека ќе донесеш правилна одлука,но не се брзај оваа одлука се носи со ладна глава и добро се размислува за последиците,ти посакувам побрзо да излезеш од дилемата со добитната комбинација за тебе ;) !
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.