Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Shto da pravam??

    Хороскопот ми кажува, дека типот е повеќе од зафатен, а ти да не си го губиш времето со порачиња, и момци во инбокс, туку во реалност, убаво ти кажа некој, маж ќе ти глуми трпение, и ќе ти симнува ѕвезди док не те придобие како што сака, тој повеќе од очигледно е дека сака да седи на две столчиња, ама сериозно го опиша проблемов како 13 годишна девојка, не би ја да те судам, ама малку среди се и почни да мислиш зрело, и да читаш малку луѓе, не биди наивна оти ќе страдаш..
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Teodora29292

    Teodora29292 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Ваше мислење..

    Запознав едно типче.. типче ипол...одпрво не бев воопшто заинтересирана, затоа што мислев дека под таа убава фасада нема ништо што би ме воодушевило. Но не беше така.. нашите средби беа прекрасни, разговаравме со саати, се зезавме и не можев да си верувам како можам толку да зборам и да бидам опуштена со човек што едвај го познавам.
    Културен, интелигентен, образован, добар вкус за музика, добар смисол за хумор... и пред се искрен (или бар ја мислев дека е искрен).. некако работите многу брзо почнаа да се одвиваат и не знам како али ми влезе под кожа за многу краток период, не можам да го извадам од глава.
    Станав свесна дека сум се затрескала опасно.. во човек што го запознав на одмор и човек што требаше да биде само познаник... некој што живее 100 и кусур километри далеку од мене..
    Нормално, се обидов да го заборавам, али самиот тој беше упорен, ме бараше, знаевме со часови на скајп или тел да муабетиме. Дојде 2 пати во мојот град и јас се осигурав тие 2 пати да не останам сама.. за да не се деси нешто и да не си направам поголемо зло. Знам дека не погрешив, затоа што тој се промени, почна поинаку да се однесува кон мене..

    Она што ме натера да се оддалечам од него, беше тоа што додека еден ден комунициравме, тој почна да го спомнува одморот и фактот дека јас не сум имала храброст да направам нешто... на што јас се пошегував и го прашав на какви дроги е .. по ова ја промени темата, за на крај да ми каже дека другар му седнал и пишувал со мене, додека тој му варел кафе и дека тоа не било од него (дали лажеше или не.. не можам да знам) али јбг, тоа е тоа што многу ме нервира при комуницирањето на нет и затоа секогаш сум избегавала да склопувам врски или да го користам за некои разговори кои би требало да се одвиваат во живо, за да може човек да го прочита и она што не го кажуваат зборовите.
    Како и да е ... тоа беше голема навреда за мене и го откачив во истиот момент... прекинав секаква комуникација со него и решив да ставам крај на тоа мое глупирање..

    По 2 недели ми се јави за да се извини... ми објаснуваше пола саат колку му значам и колку ме почитува.. како му било криво што се излегло така. Го одблокирав и повторно почнавме да комуницираме, само што јас од тогаш сум многу по ладна и не зборам за себе, нити се трудам нешто дали ќе ни оди муабет... впрочем тој секогаш прв пишува или се јавува на скајп. Мило ми е што сеуште ме држи инат и се однесувам ладно према него... али тоа кај него друг ефект има. Колку по рамнодушна сум, толку е он по упорен, постојано ме кани кај него на гости, дури и за нова година ми понуди да чекам со него, постојано ми вели дека многу сум му драга и дека мн ме сака..

    Не знам навистина како да реагирам и што да направам... можеби одкога свати дека нема да дозволам да си игра се опаметил... иако реално се сомневам во ова.. али не можам да размислувам, веќе главата ми пукна и нервоза ме фаќа затоа што од глава не ми излегува и затоа што сеуште ме привлекува.. иако е идиот.. :worried:
    Ради мојата неодлучност и збунетост.. испуштам други шанси од луѓе кои се далеку по сериозни и позрели од овој, а тоа е само затоа што не знам навистина веќе што е разумно а што не.. :(
     
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.642
    Допаѓања:
    9.157
    Пол:
    Женски
    Tеодора,добро си го проценила типот,само ми се причини дека тој е многу повозрасен од тебе,па сака да те манипулира.тој се обидел да те заведе и двата пати кога дошол во твојот град,и ти си се заштитила ,но како си можела да ги обновиш контактите со него,кога сам ти докажал што му е целта :^) ?
    мој совет:прекини секаков контакт со него,и не мисли повеќе на таа ситуација.на крај спомна дека испушташ посериозни и позрели дечки од него,само не разбирам зошто се збунуваш,не дозволувај емоциите да те завладеат и ќе видиш дека дотичниот ниту се покајал ниту се опаметил :!:
     
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Како и на повеќето така и мене не ми е јасно како девојка од 25 години паѓа на вакви прозирни муабети но тоа е твој проблем.
    Мое мислење-повеќе од јасно е дека дечкото е во озбилна врска и си бара некоја занимација на страна сега или некоја плус возбуда(типично за 80%од машките),но ти не си тинејџерка да паѓаш на муабетот не сум во озбилна врска и ти одма му поверува нели? :x на штипкања и на слатки муабети не се пали ма девојко,овај има женска има врска повеќе од јасно е тоа не им се плеткај во врската на некој како што не би сакала тебе да ти се плеткаат во врска а ако толку типот сака да биде во врска со тебе прво нека си расчисти нека биде слободен па нека си почнува нова врска многу јасно нели ако почнеш ти нешто со него што ќе му бидеш ти него?исто и за тебе ќе му зборува на некоја трета или на таа што сега оди со неа дека е во NEOZBILNA VRSKA нормално типот е повеќе од прозирен процени малку...
     
  5. Teodora29292

    Teodora29292 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    2 години е постар од мене.. а збунетоста доаѓа затоа што од една страна се емоциите од друга разумот.. и не знам дали е стварно разум или само моја параноичност.. а не сакам со ниедна од моите другарки да се советувам затоа што сите го знаат, се знаат и со неговите другари, меѓусебно сите дружиме и сите мои другарки имаат речено дека е бомба.. у стил.. "не ни е јасно што чекаш.. да те моли ли?!"

    Премногу е самоуверен и мисли дека сите паѓаат на него, и не е далеку од вистината затоа што гледам како женските во дискотека буквално сами му идат и му се пуштаат, он не мрднува ни со прст за да освои некоја. :@
    Него го изнервира изгледа фактот што јас не трчав по него кога тој дојде тука со друштво и кога излегувавме тие вечери, не знам што очекуваше од мене.. али многу се промени од тогаш..
     
  6. kegi22

    kegi22 Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Со дечко ми сакаме да се земеме но моите дома не ми даваат да бидам со него не го сакаат. Со него се договоривме да се земеме кога ке се вработам а тоа скоро ке биде, инаку тој работи. Сега проблемот е после како да им кажам тие несакаат ни да слушнат за него ми велат ако сум со него нема ништо да ми дадат ни алишта ни колата ни пари буквално ништо. Тој ми вели полека да си ги собирам алиштата и да му ги давам незнам дали тоа ке биде правилно. Ве молам помогнете ми да го решам проблемот
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Па напиши малку повеќе за случајот да ни биде појасна ситуацијата колку време одите?зошто твоите родители се противат?раскажи повеќе
     
  8. kegi22

    kegi22 Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    заедно сме 6 месеци не ми даваат да бидеме заедно бидејки неговите соседи кажувале за него на моите не убави работи за него а тие зборови немаат врска со него тој си е баш ок и примерно дете е незнам што да правам навистина ми е тешко секој ден се повеке и повеке и само се нервирам и пропагам од ден на ден. Ве молам кажете ми што да правам и ми велат ако идам со него ништо нема да ми дадат и ке ме отпишаат од дома незнам како да ги убедам во нашата љубов
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Кеги за 6 месечна врска планираш да напуштиш све и да се впуштиш во брак?извини ама ова не ти е правилна одлука според мене настрана од тоа што зборувале комшиите и што несакаат да го прифатат родителите тоа е мал период за да се запознае човек сите на почетокот сме добри и супер сме бидејќи почетокот е убав интересен совршен но како што поминува времето ќе се увериш дека не е све толку розево,и партнерот и ти имате мани тие мани ќе почнат да излегуваат на површина тогаш треба да научите да живеете со тие меѓусебни мани но дали ќе можете си се запрашала?ова е краток период да ги видиш сите тие работи па и тој да ги виде затоа пополека не се брзај дечкото нека не те брза со тек на време тој нека докаже дека те заслужува и нека покаже така твоите родители ќе видат дека вашата љубов е вистинска и ќе почнат да го прифаќаат и ќе сакаат да го запознаат но све тоа со тек на време а вака избрзано со кавги со расправии незнам колку ќе биди добро тоа сепак добро размисли бракот не е играчка тоа е голем чекор...
     
    На srcekrsacka и H.VAGA им се допаѓа ова.
  10. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Здраво девојки, јас имам еден проблем можеби е грешка да се нарече проблем, ама почнува да ме нервира. Значи дечко ми секој божји ме тера да вежбам да слабеам да не јадам не ми дава да јадам чоколадно благо, месо ништо. Ај да бев дебела тамн работа ама висока сум 170 а имам 54кг. Секој ден ми се јавува ме тера да трчам ме прашува што сум јадела, ми вели ако не ослабам 3-4 кила ке сме се карале, јас секогаш кога ми спомне нешто повеќе терам на шала, но веќе почнува да ме нервира, може имам малце целулит, може не сум стегната ама не сум ни дебела, а и сакам да си јадам. И ми е пријатно каква што сум. Што да правам? хелп
     
  11. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Боже господе уште ова не сум го слушнала............ама за се има прв пат.
    А тој има некој проблем внатрешен или нешто др е работата?
    Некој мене да не ми дава да јадам(а да ја имам оваа килажа твоја) :) а бре очи ќе му извадам :fubar:
    И што него му е гајле дали јадиш или не, колку треба според него да имаш килограми?.........а и тој не јаде?
    И нормално ќе ти биде пријатно такава што си и треба да ти биде зошто меркиве ти се топ............а тој твојот не знам искрено што сака,ама јас некој таков ни минута не би трпела..........ќе ми кажувал тој дали да јадам или не,можда тој мене ме прашува дали да јаде или не.
    Мој совет.......клоцата во г"зот.............ми се лоши кога некогаш читам за некој примитивни работи :puke:
     
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.642
    Допаѓања:
    9.157
    Пол:
    Женски
    никогаш не се води по чувствата,гледаш дека типот сака да освојува и најверојатно мислел и ти лесно ќе му паднеш во прегратки.твоите другарки судат само по неговиот изглед,но колку што гледам ти го оценуваш и по карактер,а тој нема добар карактер.
    на твое место јас би размислила со ладна глава што сакам :!:
     
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    japanize

    Поздрав за дечко ти со песната - http://www.youtube.com/watch?v=gp5eZQAf9tY :lol: :lol: :lol:
    Мене не ми е прв пат да слушнам за вакви работи , сум слушнала дечковци да имаат потреба да ги моделираат девојките по нивна желба :x
    Задоволна си од својот изглед , да не беше ок нели ние жените никогаш не сме задоволни :geek:
    А ти се чуствуваш убаво во своја кожа а не гледам зошто не би идеална тежина имаш , ама очигледно овој твојот запнал да те прави како што тој си замислил .
    Така некој да ми прави тортура ( да тортура е ) би му рекла дека сум задоволна од својот изглед доколку не му се допаѓам нека си бара друга , желбата за фитнес треба да дојде од тебе не оти на некој му текнало дека треба да изгледаш вака или онака .
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Теодора, има разлика помегу убав на изглед за квалитететна врска и убав за неколку проводи :!:
    и биди сигурна дека девојките кои сами му приогаат се провод за неколку нокигледано од негова гледна точка, а тоа што ти кажала другарка ти е од завист и љубомора-пази се од такви другарки :!:
    партнерот има проблем во својата глава и ти неможеш да го смениш-волкот влакното го менува, карактерот не, за жал
    ако тооолку многу сака некоја слаба, нека си најде некоја таква ти стој на страна, нека помине време ако навистина те сакал те ке се врати кај тебе-немој да му одиш по кеифот,имај свој став.
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Абе овај твојот нормален е или не е?тој толку е среден совршен под линија па бара другите да бидат боже господе свашта...
    Слушај сега девојко јас пред неколку години бев 172 со 54 кила и имав проблеми со килажата ама психички постојано мислев дека не сум доволно слаба а во суштина почнав да наликувам на костур премногу ослабев постојано мислев што ќе јадам вежбав по 100 сати на ден секој оброк го анализирав колку калории има понекогаш на вежбање одев дури по2 пати изгубив тотална контрола се додека другарките не ми рекоја дека повеќе буквално на човек не личам косата ужасно ми паѓаше секогаш бев уморна без енергија никакви витамини ништо не внесвав неможев да се контролирам,да не навлегвам што беше понатаму битно се вратив во нормала со дечкоми кога се запознав и кога почнавме да одиме ми рече многу си слаба стави некое килце поубаво ке изгледаш но тоа беше еднаш ставив некое кице ама знам до каде ми е границата нема да изгубам контрола и да се направам како некоја крава знам до каде ми е границата и му реков тогаш во лице јас сум ова вака се чуствувам убаво ако сакаш пополничка некоја повели јас неможам да бидам тоа и крај на муабетот,тој си лечи некој комплекси на тебе и ти тоа треба да го трпиш па речиму еднаш доста што е доволно доволно е што треба да си закачеш некоја болест?што му е на него ова ми звучи како ти да му си некаков проект и сега работи на тебе :x имај свое јас и отерајго упм не се плаши нека знај до каде му е границата и јадиси нормално остајго тој нека брчи а ако сака костур нека повели кај друга не вреди некој AKO NE TE SAKA TAKVA KAKVA STO SI...
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  16. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    japanize

    Кажи му на дечко ти дека поим нема од режим на исхрана и диета, од месо (освен свинско) такви чуда во комбинација со салата, не се здебелува. Јади си лепче да видиш.. ;)
    Мислам ова можеш да му го кажеш кога ќе му кажеш дека му раскинуваш |(
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Ај не дечко ти нешто му фали во мозокот (добро малце повише)
    ама што е проблемот со тебе? како дозволуваш?
    па според мое мислење ти во очите на саканиот си најубавата женска.. (ако те сака :!: )
    Јас сместа би му мавнала корпа некој мене да ми поставува таков ултиматум..
     
  18. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Па кај него сите дома вежбаат, тој е спортист и затоа сака и јас да бидам како нив, не можам да го оставам само за тоа, заедно сме 2 години и прекрасно ни е внимателен е и нежен ама ова ми оди на живци. И јас порано тренирав но престанав пред една година , се здебелив 2-3 кила ама пак не сум дебела.
     
  19. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Да да да дојде денот кога мене ми треба совет и мислење. Да преминам
    Има еден колега со кој се гледаме веќе година ама не како партнертнери веќе како Господ знае што. На почетокот бевме нешто како friends with benefits ама јас не сакав да продолжам и веќе 6-7 месеци не сме се глеале поради тоа. Типчето е многу кул според мене и јас нели како емотивец многу се грижам за него,за неговите здравствени проблеми,секогаш сум тука кога му треба, тој исто така секогаш коа ќе ми треба нешто обавезно ми се наоѓа при рака. На факс се праиме ко демек не се знаеме (искрено се осеќам ко да сум у прва средно па ќе си играме играчки) искрено не би сакала да се знае дека се глеаме али кога он би покажал иницијатива дека сака,јас не би правела проблеми бидејќи стварно ми значи. Сеа поентата е што он цело време алудира на секс и после секој таков муабет се расправаме ко комшиќи и после недела две па се враќа ко маче на врата,ја му дозволувам и се така во круг. А нема да бидеме никогаш заедно од непознати причени за вештакот.
    Ајде сеа некој нека ми удири шамар,нека ми фрли кофа ладна вода,едноставно нека ми каже што да правам со дечкото пошто се осеќам како кога имав 13 па ај ќе си играме
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Господе боже ти се жалиш бе или се фалиш овде ако може да се знае?еднаш го напаѓаш дека тоа страшно ти смета еднаш го воздигнуваш заедно со се цело негово семејство па уште се побунваш против нас што ти дадовме совет ама не читај женЦка меѓу редој убо читај ние ти рековме да си имаш свое јас и да му се спротиставиш бидејќи се гледа дека далеку си од тоа да имаш карактер и свое JAS,ако целата фамилија се спортисти незначи дека и ти треба да бидеш омг... |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.