Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.642
    Допаѓања:
    9.157
    Пол:
    Женски
    абре ајде,мислам тулумби ќе заврнат утре на сред плоштад |( .се сложувам со лилит 100%.шо ви е на вас,мислам сите знаеме дека машките се тие што трчат натаму наваму како бесни кучиња за секс,ама неее спомне ли се фраер,колишта,станови,ебачиште,му се лепат и невини и секакви,т.ест типов глуми на емоционална карта повреденост-ама нели има пари и коли ќе ги вози девојките и ќе ги ебе во мозок[/b :!: .
    абре ако машко разбира од љубов сите ќе бевме среќни ѓоа принцези,ама тоа се само измислици во бајките во кои веруваат мали девојчиња,ама да верува нормална и возрасна девојка во бајки,жалосно е да мислиш дека ќе врзеш машко ако си невина,оти како прво повеќето тоа нема да ги трогне,ќе те поминат и ко да не си била човек бре :^)
    можело машките да трчат и од секоја да барат секс,а грев е девојката само ако погледне друго машко.епа ако,и после фраери биле,па да ,фраери се кога имаат достоинство и не дозволуваат било која да ги гази,има да го сакаш,поштуваш,верна да му бидеш ,у случајов и пара од неговото богатство нема да видиш и пак ќе си виновна,т.ест овца за стрижење.
    таа е реалноста,ако сака некоја да живее со тие илузии и да мисли оти машко ќе промени,нека проба и ако успее прва да се пофали на форумот ;)
     
    На sadangel, Filiposka и homealone им се допаѓа ова.
  2. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    милјана еве ти и мој совет :*
    откачи го мавни му ги клоците издржи барем за една недела.... да видиш после како се заљубува во тебе(верувај ми че гледаш и нема да ти се верува) :D . не трчај по машко, не му давај дознаење дека го сакаш, зошто си зема за сила да се однесува како сака и да не му вредиш колку што тие вистинската цена, да те третира како и сите други. стави му го во глава: дека си своја, дека вредиш, дека не сакаш некој да си игра со твоите чувства заради неговите неуспеси со љубовта во минатото. ти не си неговата бифша за го трпиш. :fubar:
    друг совет! :!: рано тие односи со него, затоа што тој сам ти кажува дека после тоа нема да те цени
    па не дај боже да се скараш со него утре ти че бидиш ку*ва за него.
    прави се недостапна за него, нешто не секојдневно, нешто диво и тешко за контрола таквите типци ги привлекува тоа :rock:
     
  3. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    мисмици крај веднаш!!! какво зацапување,тој те искористува, па и ти него |( тука нема љубов, нема ни да има, едноставно сексуална авантува, или вашево само продолжување :x
    девојче размисли имас 23 год (постара си од мене) ама како женско достоинството треба да го ставиш пред се за да не си чукаш главата како на смајливо :headbang:
     
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Офф леле ти си залетала по типот и имаш превез на очите па како го опишуваш како да е BOG леле мори мајко кој бил тој и што бил SPUSTISE NA ZEMJA IMAS 22 GODINI NE 18 KAKO PRVO.Многу си занесена по него а според мене нема причина бидејќи ништо сериозно не се има случено со типот само се муававте што тоа за мене не е ништо,а и покрај тоа типот во лице постојано ти кажува дека не е спремен за врска и дека е изгорен од неговата долга врска,која како што кажуваш според мене не ја заборавил и не го надминал тоа се разбира со девојката бил долго време години и не е едноставно да го забравиш тоа посебно некој ако си го сакал многу и те повредил што е уште потешко.Очигледно е дека типот сака да си поминува убаво да си врти девојки да заборави све што му се има случено но како што гледам не му оди од рака,бидејќи треба време за тоа нормално.Велиш со другите девојки не се гледај јавно не се мувал па и да се гледал тајно што си ти поразлична од другите? кога се муаваш јавно и настрана секој по логика заклучува што правите(без разлика дали е тоа така или не) а не му си официјално женска така да незнам зошто мислиш дека си поразлична од другите,а и од ноември месец ако се гледате тоа е околу 3 месеци а незнаеш на што си т.е тој не се замара воопшто а и сега напиња за секс па не постапва спрема тебе како со другите?исто постапва според мене треба да се тргнеш настрана од типот бидејќи сеуште ја нема заборавено женската и сеуште пати заради тоа а ти во цела оваа приказна само ќе бидеш повредена,нека не те заслепва тој лажен сјај за него сето тоа попинува,а и не си во врска со него за да знаеш дали се слуша со други дали си пишува или се гледа типот воопшто не е стабилен биди реална...Разговарај со него и види како ќе реагира и како размислува ако ти рече пак дека тешко му е да засака дека сите се исти блабла бла џабе ти е тогаш ништо не си направила и пак си на почетокот и според мене не вреди да се впушташ во некаква врска со ного бидејќи крајот со вакви как него е 80% јасен
     
  5. vice27

    vice27 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    32
    од тие 8 години со бившата 6,5 сигурно имаат односи не е мал периот, со неа има поминато се и сешто, а со тебе само едно бакнување, тебе те влече и води само да покаже демек нешто ебе, демек е типац, не летај по тоа негово тело, внатре нема ништо, не летај по неговите пари, стави крај и барај си момче кое ке те почитува и искрено љуби, тука нема иднина очигледно.
     
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Истото и јас ова го мислев само со поинакви зборови го кажав ,не ми е јасно како се залетуваат девојките и се занесуваат сега по глупости ајде да си тинејџер од 16 до 20 години да ама на 22 години :x
     
    На vice27 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ladybug1

    ladybug1 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    Ве молам за мислење

    Значи вака...Со дечково се мував 2 месеци и ми побара ама јас му кажав дека нема тоа да го направам доколку не сум во врска и ок...После тоа се разделивме,но после 1 месец повторно се смиривме и сеа уште се муваме и пак дојде до таков момент и јас повторно сум со такво мислење.Дечкото беше изнервиран го забележав па почна глупости да кажува,и ништо такво не ми рече ама јас мислам дека сме скарани.Ве молам за мислење,што мислите како ме има проценето,како личност што се занесува или пак дека не сум како некои женски што ги имал,баш онаква каква што сум?
     
  8. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Ве молам за мислење

    воопшто не е важно како те проценил,важно е што не те почитува.
    Да те проценил како фина,мирна,културна девојка немаше да ти бара секс од тебе,туку ке го почитува твоето мислење околу таа работа.Ама очигледно дечкото си мисли само на секс и ништо друго.Никако не те проценил,бидејки го интересира друга работа
    Мој совет ти е да се тргнеш настрана од вакви,па сега ти си знаеш,возрасна си :)
     
    На Isabel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Има еден што ме свига :$ (барем така вика и он и другарка ми кај знам) и има 15.Се знае со другарка ми,ние само на фб си пишуваме.Ми рече да се видиме на камера и јас искрено му кажав дека немам камера.Исто така ми рече да се видиме и јас му реков незнам можеби некогаш ако имам време.До сега не сум се допишувала така со машки и не ни знам како и што да му пишам.Ете се срамам.А другарка ми ми вика да не го одбивам дека е стварно добар што незнам дали да верувам.Да се допишувам некое време и да се сретнеме или? Многу ми е срам и се плашам да не направам некоја грешка,да не се изглупирам. :)
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Војниче, колку години имаш? :)
    Ако си помалечка од него, претпоставувам се‘ уште основно си, и јасно ми е зошто ти е срам. Немој да правиш ништо што не сакаш да правиш. Но немој ни да се срамиш да направиш нешто што сакаш да го направиш. Симпатиите, скромните разговори, наивните бакнежи... се‘ е тоа нормално за твоја возраст :)
     
    На Soldier му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    14 имам,8-мо сум.
    И др преку фб кои што се постари и тоа мн што ми понудиле да се запозаеме не сум прифатила бидејки не ги знам,а и сеуште сум мала во однос на нив.
    А овој се зне со другарка ми и помалку од година е постар од мене па затоа размислував.
    Фала за одговорот.
     
  12. mace-de

    mace-de Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    девојки сакам совет од вас па ако можите сакам да ми помогните................во врска сум скоро 9 месеци и уште од почетокот не бев многу расположена кога ке се видев сонего уствари не покажвам а не дека несум срекна кога ке сме заедно .... многу пати сме се карале за ова ама никако неможа да му објаснам и да ме свати дека секогаш ми е убаво сонего а не кога ке сум со другарките (дека многу пати ме има видено како кога сум со другарките знам и да се насмеам и да сум расположена а сонего несум такваа) па сега незнам како да напрам за да знае дека кога сум сонего ми е најубаво и плус на ова денес кога бев со другарките заборавив да му се јавам и да му казам кај ке сум а неколку пати ми повтори да му се јавам и да му кжам па ми се налуте мн и ми вика забораваш намене кога ке си со другарки те и другарите не ти сум важен јас и ми рече дека појке немози да ми верва ..... ако ме свартивте шо ми е пробремов сакам да ми помогните
     
  13. Femina...1

    Femina...1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    28
    Девојче, како шо гледам ти имаш 15години... па на твоја возраст уопште не треба да се караш, нервираш ниту па да ги притиснуваш чувствата кога си со некој шо го сакаш.. според мене дечкото оправдано мисли дека не ти е убаво со него и дека го запоставуваш, поради разликата у твојто понашање коа си со него и со другарките.. .
    Треба да се ослободеш и да бидеш поопуштена коа си со него.. не ја сокривај среќата ниту насмевката.. и потруди се да му дадеш до знаење колку ти е ногу убоо со него, и дека само он може да те насмее и да направи да се чувствуваш најубоо(а не само да му го кажуваш тоа) ;) ... уживај , смеј се, уште си толку млада и кревка шо не заслужуваш да си ги притиснуваш најубавите чувства.. :)) се надевам дека ти помогнав :) :*
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    Девојки вака:
    јас сум 14 години мислам дека ми е сеуште рано за дечко,симпатија нормално е да имаш на оваа моја возраст но за дечко мислам дека сеуште сум малечка за таков голем чекор да направам.Но
    мојот проблем е тоа што сите девојчина од мојот клас имаат дечковци со сосем мал исклучок 0д 4 девојчиња .. Што да правам посоветувајте ме ? :(
     
  15. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    4.088
    Пол:
    Женски
    Не треба да ти биде битно дали другарките имаат или немаат дечко, тоа си е лична работа. Ако си спремна, и ако има кандидат зошто да не! :)
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 12masima

    12masima Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    29
    Пробелемот е што ме обиваат понекогаш некои си да речам мисли од страна на загуба на партнерот, не знам зошто , одиме скоро 3 ипол години ии , тој ми е се , ме свакате и другарка и дечко и се само на него можам се да кажам зошто тој ми е све , ме разбира се (имам за учење, работа, не можам да излезам , денот не ми е се) имав неколку другарки но да речам сите си ги покажаа забите , кога им требав секогаш бев тука , а сега се омажија и нема никој... можеби затоа што осетив како е да си сама... имам сестри но сепак знаете...не е то то, аа според се до сега немам верба веќе..
     
  17. P.Diddy

    P.Diddy Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Почитувани дами, би сакал да ве замолам за мислење за мојата ситуација: со девојка ми сме заедно година и пол. Се запознавме на почетокот на летото 2011 година, излеговме неколку пати и си поминувавме многу убаво. Она имаше планови за живот и иднина во друга земја, за кои што се подготвуваше уште пред да ме запознае. После едно од нашите излегувања, се поздравивме и она замина во таа друга земја, каде што веќе ја чекаше и работа. Останавме во контакт, и чувствата еден за друг ни стануваа се посилни. Јас не можејќи да предвидам како ќе се одвиваат работите помеѓу нас, продолжив да контактирам со девојки со кои бев во контакт уште пред да ја запознаам нејзе. За кратко време двајцата станавме сигурни дека сакаме да сме заедно и она после само 2 месеци, се врати назад во Македонија, за да биде со мене. Од тогаш немам помислено на друга. Се беше во ред до јануари-февруари минатата година, кога она без мое знаење, го отворила мојот Facebook и ги прочитала разговорите со девојките со кои комуницирав додека она беше во странство. Имавме голема кавга, она сакаше да прекинеме, но двајцата најдовме разумност, седнавме, разговаравме и се сложивме дека тоа лето беше еден период кои и двајцата не знаевме на што сме. Едноставно, после неколку прекрасни состаноци, она заминува во странство, без никаков претходен "договор" дали сме ние заедно или не сме. Отпосле решивме дека сакаме да сме заедно и сме заедно до ден денешен. Но, кризата не помина. Два-три дена ако споиме без кавга за оваа работа, е премија. Нон-стоп кажува како поради тоа нема доверба во мене и дека никогаш уште еднаш нема да има. Лутината и поминува брзо и е вистински ангел после тоа, се додека не добие некаква асоцијација или не чуе име на некоја од тие девојки што ми ги најде во inbox, и се претвара во чудовиште кое не може да се контролира. Како бензин на сето тоа, се случуваше од време на време некоја од минатото да ме исконтактира, поради што го затворив мојот Facebook профил, само за да не се нервира. И ветив дека деновиве ќе го сменам и телефонскиот број, бидејќи на именден или роденден добивав исто така пораки. Се ќе направам да не се нервира, но ништо не помога. Секогаш се лути како јас да сум виновен што на некоја и текнало да ми пише. Мината недела добив порака од девојка со која бев во средно, пред 9 години. Ја бев заборавил оти постои, и како за малер - порака. И девојка ми, нормално, збесна, и е сега вулкан кој се активира на неколку саати. И нормално, кривицата ја наоѓа во мене. Според неа, не сум раскинувал како што треба, пошто девојките си зимале за право и после раскин да ме контактираат, иако знаат дека сум во врска. Стварно не знам што да правам. Знам дека ми е кошмар во моментов, а знам и дека не сакам да ја изгубам. Се надевам дека ќе бидете објективни, притоа не бранејќи ја само женската страна. Благодарам однапред.
     
  18. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Очигледно е дека е во паника и има напад на љубомора кога ќе се случат тие работи. Неубаво од нејзе така што реагира. Од една страна треба да ја разбереш, но од друга не треба ниту да се претерува со таа љубомора од нејзина страна.
    Друго, грешка твоја е што навистина дозволуваш бивши или други девојки постојано да се во контакт со тебе, јас мислам дека тоа што е минато таму нека си остане, повторно пријателство со бивши според мене тоа е невозможно. Опција ти е да си го смениш бројот, така нема да те контактира ниту една. Конкретно за Фејсбук, ако ти е избришан профилот, немаш потреба да го враќаш, или евентуално ако си отвориш друг, не ги прифаќај тие девојки, стави забрана да не ти пишуваат и стави се дека си во врска. Ако ја сакаш, и она тебе нема да има пречка меѓу вас ако сте искрени и ако барем малку се потрудиш да не се крева прашина за беспотребни работи.
    Само мислам дека и она малку треба да олабави, не си ти крив што ти пишуваат, но и ако навистина и смета тоа, преземи нешто, не создавај причина и повод за да те контактираат.
    Ќе видиш како ќе биде ситуација кога нема да ти пишува друга девојка, веројатно девојка ти ќе се смири и нема да паничи, па ќе видиш како ќе се одвива ситуацијата.
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Па јас ова нема да го наречам паника на љубомора емма зошто не е така,девојката има потполно право да се лути,ај пред да ви стане озбилна врската ајде ок си контактирал со девојки си пишел на фб,ама не ми е јасно што си ги чувал пораките за успомен?или за да си ги читкаш и да си се смешкаш?мене тоа не ми е јасно и секако дека ќе ти отвори фб па долго време не била тука сака да си се чиствува сигурна покрај тебе и плус и самата е свесна што се случва на тој фб кот за кој и ти си доказ за тоа SO EDNA ODAM SO USTE 10 PISAM и потоа зошто вака се понаша девојками бе?па како сакаш да ти се понаша?од убо поубо било меѓу вас кога го видела фб кот сигурно се скршило нешто во неа,и колку и да не сака сугурно секогаш сега те гледа со доза на недоверба,а за тоа само ти си си крив потполно ја разбирам твојата девојка бидејќи сум се наоѓала во истата ситуација...
    Колку и да не сакаш да си признаеш таја повеќе не е сигурна во тебе и си сака некоја друга сигурност на страна а можеше да биде поинаку E DA MOжEшE AMA BLAGODARENI NA TEBE NE E еднаш кога ќе се скрши нешто во врска потоа секогаш тоа ќе стрчи,извини што не најдов зборови да те утешам ама неможам истите да ги пронајдам бидејќи кај тебе приказната е STO SI DROBEL TOA KE SI SRKAS, не ја барај вината во твојата девојка бидејќи овај период во врската го донесе ти,можеш само да бидеш трпелив и да му докажваш и покажваш на девојкати дека ти значи многу и дека не сакаш да ја изгубиш а таа нека одлучи ако си го деактивирал фб кот така и нека остани што го активираш пак што отвораш што читаш пораки не ми е јасно?вие мажите бетер сте од жените со тој фб кот :x само едно ќе ти кажам што и да правиш што и да си направил да знаеш дека NIKOGAш NIшTO NE OSTANALO SKRIENO па така ни ова твоето како што гледаш и сам...
     
  20. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    ^ Се согласувам со тебе. Не реков дека нема направено грешка, ете ќе се поправи, знае дека на девојка му и смета тој контакт негов со други женски, а од друга страна пак вели дека ја сака. Ете постапил добро штом го избришал профилот, сега ќе го смени телефонскиот број, ќе гледа да ги стави на игнор другиве девојки што го контактираат и така. Волкот сит, овците на број.
    Само и толкава паника она да се крева, мислам дека нема потреба. Дечково нит гледал во друга, нит му се допаѓала некоја друга.
    Ниту пак има помислено на друга, што е најважно. Сеа треба само да и го докаже тоа, а начинот е лесен.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.