Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Е пак не помислил на друга ама пак си контактира па сега која да му верува така?нормално девојкаму не е баба Ванѓа да знае што му се врти во главата која и да е ќе се налути профилот го активира го деактивира женската му најде пораки на фб,му пишала девојка која ја немал видено незнам колку години бла бла блапа кој да му верува и на ова?и јас немам видено луѓе 100 години па не му пишам пораки за безвезе из чиста мира така?и во рок од толкав времиски период броевите некој 100 пати ги сменва па кај го нашла таа бројот кај му текнало да пиши баш кај него?малку отпоќе смешно ми е и не ми е за верување воопшто што и очигледно девојкаму не му поверувала и јас мислам дека било потикнато или се нашол со девојката па му дал број поверојатно ми е ова отколку некој да ми пише мене 10 години што ме нема видено дека онака му текнало на мене која логика |(...
     
  2. P.Diddy

    P.Diddy Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво, Emma89 и mime87. Ви благодарам на одговорите, но имам впечаток дека mime87 ме има разбрано погрешно. Јас никаде не спомнав дека сум деактивирал и активирал Facebook профил. Јас го деактивирав и толку. Летоска кога бевме на одмор, заедно се сложивме да отворам јас нов профил, каде што ќе си споделуваме слики и овековечуваме наши убави моменти. Се договоривме на тој профил да ги имам само најблиските пријатели, па дури да ја исклучиме и можноста за пишување пораки од страна на некој кој го немам во пријатели. Но, после Нова Година, Facebook одлучи дека нема да може веќе да се деактивира таа опција и дека може да ти пишува кој сака. И тогаш ми пиша таа девојка, која ја немав ни видено, ни чуено од средно. Во истиот момент го избришав и тој профил, и веќе не сакам да чујам за Facebook. Што се однесува до мојот телефонски број, го имам од август-септември 2006 година. Го имам на визит-картите. Што значи дека не е тешко да се дојде до него. И исто така сум погрешно разбран во делот на кој е крив. Јас не ве замолив да пресудите кој е крив во ситуацијава, туку ве замолив за мислење како да излеземе од неа. Како што кажа Emma89, од нејзина страна не е во ред избувливоста и љубомората, од моја страна не е во ред оставањето простор (несвесно) на тие девојки да ме контактираат кога ќе им текне. Не знам сега како да го поправам тоа. Да ги исконтактирам една по една и да им изнакажам навредливи зборови? Мое мислење е дека игнорот е најдобро решение, но девојка ми не се согласува. Она инсистира да превземам нешто по радикално, а јас не знам што. Исто така, mime87, јас не ги чував пораките за да си ги читам и да се смешкам. Едноставно, не бришев ништо. Ниту од машки, ниту од женски. Немав навика. Никој до тогаш не беше посегнал по мојот Facebook профил, и немав од што да стравувам за да бришам пораки. И да напоменам дека девојка ми го стори тоа од љубопитност, а не дека јас и дадов причина за сумнња дека ја изневерувам или слично. Она знае дека ја немам никогаш изневерено, пошто секогаш ми го кажува тоа кога ќе и помине нервозата.
     
  3. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    Значи вака, би ми помогнал секој совет кој што ќе ми го дадете..



    Мојот проблем е следниот: Имам дечко и во врска сме веке неполни 2 години, но во последно време си пишувам со еден тип кој што многу ми се допаѓа, и мислам дека и јас нему му се допаѓам, го забележувам тоа по бачинот на кој што разговара со мене. Што треба да направам, сакам да пробам со него но не знам...

    Кога се допишувам со него, го имам она чудно, убаво чувство во стомакот. Она чувство кое го чувствуваме кога прв пат се заљубуваме, но додека со дечко веќе е се како навика. Не постои онаа романса, онаа страст која што беше на почетокот. Пред 1 час бев со него, и се чувствував како да го изневерувам типот што ми се допаѓа... :(

    Од вас барам да ми кажете што би направиле да сте вие на мое место, дали некогаш сте биле во ваков триаголниk....
     
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.642
    Допаѓања:
    9.157
    Пол:
    Женски
    sweety,треба да бидеш одлучна што сакаш.не треба да седиш на две столчиња.гледам ти се изладиле чувствата кон дечкото,но решиш да бидеш со другиот,мораш да му раскинеш :!: .не е убаво да правиш нешто зад грб,мојт совет е да размислиш што понатаму,дали и тоа момче ги има истите чувства :^) .со тоа што ти имаш чувства кон друг,се ближиш до неверство.
     
  5. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    А зошто да бидеш во триаголник? Зошто не си искрена со дечко ти, барем тоа го заслужува после целото време поминато заедно. Замисли да е обратна ситуацијата. Не ли би сакала ти кога веќе љубовта ќе исчезне, да има барем достоинствена разделба??? А за другиот дечко, што ако после некое време со него и тој ти стане само навика. Бидејќи пишуваш дека на почетокот со дечко ти ти било преубаво, после страста исчезнала. Што ако исчезне повторно? :^)
     
  6. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    @P.Diddy

    Ќе си го смениш бројот и ќе си извадиш нови визитки, само ако си лице што има контакт со многу луѓе, ако ти е таква работата, тогаш би ти препорачала бројот нека ти остане па тие ако продолжат да ти пишуваат (не ја препознавам намерава за честитање роденден на некои со кои од средно се немаш видено :?: ) или едноставно возврати со порака дека не сакаш таа личност повеќе да те контактира. Јас лично повеќе сакам кога некој директно ќе ми каже, се разбира ќе ја испочитувам неговата желба. Ако пример ми рече не ми пишувај, нормално дека нема да му пишувам.
    И за секој случај земи си нов број на друго телефонче, полека да го замени стариот, па немора да го имаат многумина, да им го даваш. После одреден период нека ти биде овој новиот официјален.
    А девојка ти ќе се вразуми ако преземеш таква мерка, едноставни возврати им со порака и готово, пред неа и она да види. Нема срамење, барем јас така мислам. Ќе си ги браниш сопствените интереси.
     
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    јас на вакви работи си се Чудам :o имас деЧко со него си во врска а се писувас со други и ти се допајга.
    ти се допајга само сто ти писе убаво работи или незнам сто друго,а со овој сто си поминала 2 години заедно веке не е како на поЧеток :x :x па знаЧи со со овој новиот сто писес ако бидес заедно по некое време и со него ли нема да ти биде како сега :x
    страврно не знам :x
    прво ресиги Чуствата во себе а ако со деЧково не си ок тогас кажиму и не се лажете веке,па после продолжи да си бидес со тој сто ти е добро :^) сто друго.
     
  8. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Епа така е кога млади влегувате во сериозни врски. Сега имаш 18, тогаш значи си имала 16, и од тогаш врска сериозна. Па нормално дека ќе сакаш да видиш како е со друг и ќе ти се допаѓа друг кога младоста и годините за дружење и излегување, средношколски денови си ги поминала претпоставувам со дечко ти. Вакви долги врски од млади години или ќе пукнат, или ако не шара некој од нив лево/десно ќе завршат со брак.
    Изборот е твој, јас би те советувала да не направиш беља со тој другиот, или раскини на сегашниов после прави што ќе правиш.
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Па никаде јас не прочитав дека си имал визит карти и дека на нив ти е бројот значи тоа требаше поубаво да го објаснеш,ние не те напаѓаме но треба да си реален дека ти го предизвика овај период во твојата врска твојата девојка сега така се понаша бидејќи изгубила доверба во тебе така да ако ја сакаш вистински треба да се покажеш и докажеш многу ако таа вреди тоагаш и заслужва така,никој нема да речи дека девојкати е крива бидејќи не е така можеби и премногу нападна љубомора не е во ред но и твоето не било во ред па се га имај трпение девојката твоја кога еднаш видела дека си контактираш на фб со други мисли дека истото можеш да го правиш иа на тел.посебно кога уште те бараат така да сватија и неа тоа не е нормално да се случва во една врска како би се чуствувал ти ако нејзиниот тел.звони постојано или машки ја барат?не е сеедно така?може да се служиш си игнор но секогаш не помага тоа...И уште нешко кога ќе пишуваш на форумот проблем треба да бидеш спремен на секакви коментари и позитивни и негативни позз и со среќа
     
  10. kiki101

    kiki101 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    4
    Со дечко ми сме во врска скоро две години,пред една недела од х причина абортирав, и одтогаш некако чуствувам како тој да се одделува од мене,иако за она одлука не ми се мешаше рече како сакаш ти и ме подржа беше покрај мене тој ден, но од тој ден некако многу ми е чуден, чуствувам дека се оддалечува од мене,дека го губам секој ден, беше сега и надвор од државата се врате и сеуште се немаме видено,му викам да изл утревеч бил на раб ок сфаќам ама пак го прашвам оти така се однесува кон мене и ми вика дека и тој самиот незнај што му се случува, дека мн му било неубо кога ќе се потсетел на тоа,а јас тоа го доживеав и невервам дека нему му е потешко од мене! Му реков дека се сомневам дека сеуште ме сака и мн се налути на тоа, нз што да прам сакам што побрзо да се средат работите,ве молам за совет, нз дали е ова исправно што го прави.Дури и пасвордот од фб го има сменете, во саботата беше дома можеше да изл но не ми рече и кога јас му реков ми рече е тешко е, ама и ти едно време ми викаше мака ти било за изл е сега и мене ми беше мака да изл а не му беше мака да оди на работа да седи со колегите таму иако не беше на работа тој ден оф леле мн се нервирам го сакам и не сакам да го загубам! ;(
     
  11. danbo

    danbo Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки јас сум овде нова на форумот и сакав да ве прашам за мислење....
    во врска сум 2год. на почетокот од врската се беше ок кавгите беа смирени, но по некое време стана премногу љубоморен не ми даваше многу да излегувам, да не носам одредена облека(односно една блузка која е со чипка на грбот), да не пијам алкохол, и секогаш кога ќе се поздравев со некој дургар ме прашуваше кој е од каде се знам со него.... и поради него изгубив многу пријателства....а кавгите почнаа да преминуват во бурни и насилни (удар во делот кај рацете или нозете) едноставно кажано на еден начин психичко и физичко малтретирање, разни навреди и што ли не....сето тоа го имав простено и го проголтував, иако многу пати бевме разделувани тој по некое време ќе се јави и ќе рече нема да се повтори тој мој (бурен) однос (иако често се повторуваше)...секогаш за се јас бев кривата тој се беше во право....никогаш ништо не си признаваше кога ќе згреши или сл. и до пред некое време јас требаше да излезам со другарки и тој ми дзвони на тел. и ми вели дека сакал да се видиме да правиме као демек муабет па после ако сум сакала да одам со другарките ќе сум отишла...и кога се најдовме почна да се понаса као ,,за кого се спремаш.....`` а кога ида бевме скарани кога ќе ме викнеше на муабет секогаш велеше нема да се смириме накрај пак излегуваше по негово.....
    за неговиот однос имавме правено многупати муабет и тој се велеше ке сменам ќе сменам...и сега донекаде е сменет физичкиот понашај кон мене но вербалниот му е.....повторно се дере, вреѓа и.....
    е сега јас стварно нз на кој начин да му раскинам и сакам еднаш засекогаш да заврши тоа со него бидејќи свесна сум дека ако еднаш дигне рака секогаш ке дига.....и многу се плашам од него и неговиот однос....не сака да раскинеме не го прифаќа тоа...и стварно нз што да направам како да постапам со таков карактер и со него човек не може многу да зборува на мирен начин.... :worried: поздрав
     
  12. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354

    Сама си му дозволила така да се однесува со тебе ... И сега тој така е навикнат. Треба да бидеш силна и одлучна,кога ќе речеш дека е крај стварно и така да биде. Смени си го бројот,не оди да се видиш со него ако те вика и ред др.работи. Тоа е единствениот начин,да му дадеш до знаење дека никогаш повеќе нема да бидеш со него,немој да се потпираш на фактот дека го сакаш и да му веруваш дека ќе се смени. Многу пати ти покажал дека те лаже,така ќе биде и понатаму сигурно. Тоа е од мене,стои си цврсто на зборот !
     
  13. BikkGina

    BikkGina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    И јас имам еден проблем... во врска сум со дечкоми 3 недели знам дека не е многу ама сепак сакам ваше мислење...тој секогаш каснит никогаш не е точен, го чекам по пола саат дури некогаш и повеќе... добро е шо некогаш ми прават друштво другарките...воопшто не е сериозен и незаинтересиран, секогаш све на зезање кажува, нема разлика ко ќе зборува дали се зезат или е сериозен,неможам да знам.. дури и ко ќе каснит немам чуено од него извини или такво нешто туку си се смејт...сеедно му е... ептен многу ме нервират, дури и ко ќе се нервирам јас тој мене ми се смејт зш сум се нервирала, незнам неможам да го сватам на чоеков! Дури и кога ќе сакам да прам сериозен муабет со него едноставно неможам, тој се зезат. Секој ден му викам да не каснит веќе зш немозам да го чекам, тој пак по негово си терат и си се смејт, ко убо да му е шо се нервирам... а тој шо се викат немат видено нервоза во животон негов па зато така се понашат, све му е рамно, не се замарат со ништо... незнам ја веќе шо да мислам, па ако мојте да ми го кажите вашето мислење. Поздрав
     
  14. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Проблемот ти е сериозен и еднинствено решение ти е да се тргнеш од него додека имаш време. Во спротивно ќе те уништи психички. Таков човек не ти е потребен. Ако сега физички те малтретира тоа нема да се смени, тоа е навика и при секоја караница и да си крива и да не си ти ќе го добиваш. А утре ако му бидеш жена, ако имаш деца со него ќотекот и ти и децата ќе треба да го трпите.
    Гледај одалечи се од него, има премногу мажи за да си ја уништуваш иднината со некој таков.
     
  15. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354

    Не сваќаш дека типов само си го лади со тебе? :envy: Алооооо,не ти треба некој таков воопшто ! Скарувај се и тоа веднаш! Немој да бидеш будала. Толку само ќе ти кажам.
     
  16. blabla0000

    blabla0000 Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    1
    Девојки ме интересира дали постои некое девојче што би дозволило дечко и да ја изневерува и тоа некогаш пред нејзе и таа не му раскинува вели дека тој еднаш одил со таа и пак се вракал кај нејзе ....таа била глупа зошто излегувала со дечко и знејки дека тој има девојка?
    Постои ли таква личнос или само мојата другаркаааа?? :rofl:
     
  17. ZaljubenataBe

    ZaljubenataBe Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2
    Devojche jas bi ti preporachala da gledash za sebe bidejkji mozhebi si imaat prichina ili shto znam jas! Toa si e nivno ti treba da si gledash za sebe.. Na tebe da ti e dobro! A toa e nejni problem! ;)
     
  18. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    Во овој случај глупави се и двете девојки што дозволувааат еден мочло да се зафркава со нив а таа девојка што пак кај себе го пречекува дечкото што изневерува нека си стави прстот на чело и нека размисли дали вреди да се бафта со него на овој 21 век кога може да и закачи и пренеси некоја пренослива болест??? :fubar: :fubar: :fubar: :fubar:
     
  19. ZaljubenataBe

    ZaljubenataBe Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2
    Jas sepak mislam deka ne treba da i se meshash na tvojata drygarka.. Taa e dovolno golema pa da znae shto pravi.. Mozhebi si imaat prichina shtom toj e so nea a odi i so drygi devojkji ponekogash! Ali ti si gledaj za sebe ne za drygarkati! ;) ..
     
    На blabla0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blabla0000

    blabla0000 Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    1
    Можеби е преглупо и смешно но јас имам еден проблем што незнам и дали има решение. :$
    Вака: Ако имам еден дечко и друг ме праша да излезе со мене и јас веднаш станувам заинтересирана за другиот и првиот не ми е важен, потоа ќе се појави трет и вториот не ме интересира и се така .. и незнам дали до сеа сум сакала или сум била вљубена во некој или само свиѓам или ... ????
    И секогаш го употребувам зборот ЈАС НИКОГО ДО СЕГА НЕ СУМ САКАЛА !! :$ :@ :@ :@


    Инаку ние сме 2 девојки тука на фемина регистрирани сме со едно име blabla0000 да не сte збуните оти пишуваме различни прашања ! :) :) :) :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.