Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Blue.Ivy

    Blue.Ivy Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    18
    Девојки како што пишав веќе во темата ''Совети од машка страна за сите девојки''... мојот проблем е во тоа што дечко ми не си иде дома од градот во кој што студира, а во прашање е помалку од еден час возење. Минатиов месец си дојде само 2 пати... Знаев дека кога ќе оди настрана да студира нема да биде веќе исто како порано, но не замислував дека ќе биде до волку...Најмногу од се ме иритира тоа што на ФБ ЦЕЛО време го гледам тагнат со некои колеги/колешки дека оди по кафичи, дискотеки и се останато, а дома демек неможел да учи и да си иде. Пред некој ден случајно видов дека отишол на една забава, а ми рече дека ќе учи... Не знам колку пати разговарав и нема никаков ефект. А не сум од оние што сакаат да си ги контролираат дечковците, не ни знам со кој излегува, каде оди и никогаш не сум му бранела работи... И кога си беше дома не се гледавме често, еднаш до два пати неделно, зашто и јас имам обврски со факултетот. Ова што се случува сега ме промени во нешто што никогаш не сум била... параноична, веќе не ги гледам убавите работи, само мислам дека гледа како да ме откачи и дека не му е грижа за мене. Исто така чувствата ми оладија и не знам како да се понашам. Момците на форумов ми дадоа совет да го баталам, ама никако не можам да се одлучам на тој чекор, зашто сепак го сакам а и поминавме повеќе од 3 ипол убави години заедно... Во главата ми е хаос, знам само дека се оддалечува од мене, а јас сум немоќна да го променам тоа :(.
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Пробај да не му се јавуваш цел месец па и повеќе, не го барај ниту на телефон, ниту на фб, било каде.Ако тој ти се јави, излажи го дека имаш работа нешто дома и дека кога ќе бидеш слободна ќе му се јавиш, но не му се јавувај. Остави го, дај му простор, ако навистина те сака, ќе пати и ќе го измачува тоа што не може да те исконтактира, ако те сака тогаш ќе дојде во вашиот град. Но биди подготвена и на најлошото сценарио од таа врска, неверство. Сигурно има нешто штом не доаѓа, да постоеше љубов ќе доаѓа на секои 2-3 дена. Сигурно мисли дека сега е далеку од тебе и е слободен да прави некои работи кои мисли дека треба, а тоа е да се проживее, да излегува со другари, да мува други женски. Ако е со такво машко друштво, повеќе од веројатно е дека станува збор токму за тоа. А ти си млада, не дозволувај да те скрши едно машко со кое си поделила 3 години. Сметај го тоа како искуство и како убав период од твојот живот, по кој може да следи уште поубав период со некој друг.
    Нека помине некое време па седни разговарај со него отворено и кажи му дека не сакаш да продолжиш така. Подобро на време да расчистите со чувствата.
     
    На svetle333 и Blue.Ivy им се допаѓа ова.
  3. Blue.Ivy

    Blue.Ivy Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    18
    [/quote]
    Пробај да не му се јавуваш цел месец па и повеќе, не го барај ниту на телефон, ниту на фб, било каде.Ако тој ти се јави, излажи го дека имаш работа нешто дома и дека кога ќе бидеш слободна ќе му се јавиш, но не му се јавувај. Остави го, дај му простор, ако навистина те сака, ќе пати и ќе го измачува тоа што не може да те исконтактира, ако те сака тогаш ќе дојде во вашиот град. Но биди подготвена и на најлошото сценарио од таа врска, неверство. Сигурно има нешто штом не доаѓа, да постоеше љубов ќе доаѓа на секои 2-3 дена. Сигурно мисли дека сега е далеку од тебе и е слободен да прави некои работи кои мисли дека треба, а тоа е да се проживее, да излегува со другари, да мува други женски. Ако е со такво машко друштво, повеќе од веројатно е дека станува збор токму за тоа. А ти си млада, не дозволувај да те скрши едно машко со кое си поделила 3 години. Сметај го тоа како искуство и како убав период од твојот живот, по кој може да следи уште поубав период со некој друг.
    Нека помине некое време па седни разговарај со него отворено и кажи му дека не сакаш да продолжиш така. Подобро на време да расчистите со чувствата.[/quote]

    Се плашам да мислам на неверство, но не ја исклучувам можноста... Јас за него се откажав од толку многу работи и од студентски живот и од се, за да можам да си идам дома и да се гледаме, а тој нема никаков осет. Но во право си, можеби треба да ме снема на некое време, за да видам дали навистина му значам. Ти благодарам на советот :)
     
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Blue.Ivy, клин со клин се избива. Како он тебе така ти нему. И ти излегувај некое време, не се замарај па види како ќе реагира на тоа, дали ќе се замара да најде време да дојде или не. Ако не се промени, најверојатно му годи студенскиот живот надвор од градот па и не заслужува да му посветуваш внимание.
    Сосема во ред би било да излегува, да се дружи ама доколку наоѓа солиден временски период да ти посвети внимание и тебе. Во спротивно, не заслужува.
     
    На Blue.Ivy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    Мое мислење е дека од самиот почеток од кога сте започнале врска и од кога заминал да студира си требала да му го дадеш тоа на ум,но сега е касно.. Ако те сакал секогаш ке најде време и место да дојде и да те види барем пола саат. Барем еднаш неделно.Очигледно е дека сака туѓо,а своето не го дава. Не му давај да му бидеш роб, кажи му,јави му се и убаво разговарајте.Не се сомневам дека те има изневерено..да да сега ке кажете дека како можам тоа да го тврдам на невидено..ете можам.Кога-тогаш ке се дознае..и ако е навистина така, пиши ни тука на фемина,да видат сите. Прво почни најнормално,дека тебе ова ти смета,ти ствара тешкотии..ти тука да не можеш да мрдниш,а тој таму да ака со сите што ке стигни..прво кажи ни што вели тој на сето ова, сега за сега имаш глас и од мене да се оладиш и ти од него, и да си тераш со животот..
     
    На Blue.Ivy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Just.Passing.By

    Just.Passing.By Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    60
    @Blue.Ivy
    епа тоа е лошото во тие долги врски почнати уште во прва година средно училиште...Заедно сте до крајот на школото , и кога ке дојде време на за факултет и се случи да се запишете во различен град , тогаш настануваат проблемите... Вие сте биле заедно цело време , заедно сте излегувале , имате исто (или блиско друштво), се што сте правеле било заедно ... Е сега настанува малку далечина и повеќе слобода ... Излегување , колешки , студентски домови , забави ... девојки дојдени од многу различни краеви ( што во нивниот град важат за портошена роба), па сега ајде удри на нови луѓе... и ако дечкоти е еден од тие што полесно паѓаат во искушенија тогаш, најдобро е да седнете, па да се разотидете..
    Или пак почекај малку види како ке се одвиваат работите (мислам на НЕКОЕ време, а не да чекаш со месеци) ,можеби сега и самата психички ги ствараш работите полоши одошто што стварно се ... објасниму дека како што тргнала работата ке се скарате... И доколку после разговорот не се промени ништо... е тогаш ... време е да продолжиш понатаму
     
    На Blue.Ivy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gjyste

    gjyste Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Разочарана

    Значи само јас немам среќа во животот, во ништо... Имав дечко 4 год он ме лажеше нон стоп, не ми веруваше, ми забрануваше некои работи а јас глупавата го сакав многу и ете 6 месеци после нашето раскинување јас сеуште го сакам, признавам... али не му се враќам назад, ми се скурчи од неговото понашање, он ме моли пак да бидеме заедно али јас неќам... Второ кога се скарав со дечкото, после еден месец излегов со еден кретен, една покварена свиња само 3 пати и он имаше ставено човек да не слика за потоа тие слики да стигнат до рацете на таткоми. Он знаеше дека таткоми не ми дозволува да имам дечко и зато овој ме сликаше и ме уценуваше дека ако не продолжам со него ке ги покажел сликите на таткоми, и баш тоа се случи, се засрамив пред таткоми. а на сликите немаше нешто неубаво, само јас и тој како седиме на една клупа, само тоа.. Кретенот дојде на состанок со пиштол замислете, само јас да се уплашам демек да знам со кого си имам работа... А знам пиштолот беше вистински пошто самата го фатив со рака.. Добивав секакви закани по тел, дека ќе бидам киднапирана, дека многу лоши работи ке ми случат... Ајде и тоа помина, значи претрпев голем стрес.... Се прашувам зошто немам среќа во љубовта, а другарките околу мене сите имаат по 100 додоворувачи, си играат со нив како сакаат, си имаат работа, а јас ништо, А не сум грда, привлечна сум, ми имаат кажано полно машки, но јас нив не ги сакам, ги поштовам како другари...И никаде не излегувам, не дека не сум дружељубива туку немам со кого, само дома седам...... Зошто не се појавува некој асолен во мојот живот? Зошто немам среќа во ништо? Најубавите години ги врвам без врска (имам 20 год) Тој што го свиѓам не е од македонија, и плус струдира во друга земја...Супер дечко се запознавме во автобус и јас го аднав на ФБ си правевме муабет се ок, и на камера се гледавме ама џабе, он е далеку, нема никаква шанса меѓу нас...А дечкото е идеален за мене..... Дали и мене ќе ми се насмевни среќата некој ден?? многу сум разочарана од животот, само некои погрешни луѓе ми излегуваат на патот.... Тажна сум....
     
  8. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    Разочарана

    Девојко а да најдеш некоја занимација во животот па да ти мине времето убаво.Животот не го прават убав само мажите или само љубовта.Најди некоја работа,најди си некое хоби,занимација,исполни си го времето.
    Немој да трчаш и работите да ти се одвиваат вештачко.Чекај има време бре 20 години имаш.Пушти работите спонтано да течат,нека има хемија.
     
  9. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    @BLUE.IVY

    Вака јас имам 16 години.Дечко ми е од друг град.И можам ваков совет да ти дадам,само не знам колку ќе ти помогне.Не знам колку си била спремна на тоа што тој ќе оди во друг град и дека нема да е исто,ама гледам дека не си била многу спремна за ваква промена.Со мојот дечко ,за кој можеби некои знаат бидејќи постојано си пишувам нешто за него тука по форумот,прв дечко ми е и одиме т.е одевме една година.Ми правеше толку работи,поради кои јас паднав во депресија,се уништив но сепак се правев заслепена и си мислев не е така КОГА Е ТАКА!Моите другарки,родители ми збореа многу но јас бидејќи многу го сакав ај све му попуштав.Веќе ми скурчи се извинувам на изразот,и последниве 3 месеци се немаме видено ни еднаш.Само нешто измислуваше како на пример немам пари,неможам да дојдам,вака така,ттреба да учам а тој уште од како ќе се разбуди па до вечер дома не се враќа.Намаливме и со разговори по телефон и се тргна од мене.Јас фатив и му РАСКИНАВ, и ако се немавме видено три месеци секој втор ден ме лажеше ќе дојдам,ќе дојдам и на крај пак одложуваше.После една година убави моменти поминати со него,неможам да кажам дека ги немавме... после тоа што ме уништи и повреди,покрај тоа што ме лажеше јас веќе пукнав и еве конечно собрав сила да му кажам НЕ ! .Ова е веќе втор ден како не сум го ни слушнала ни ништо.Сега кога веќе имаm простор и размислувам подобро сфаќам дека и покрај се јас него ќе го сакам ,да,но тоа што било поминало.Не сакам да заборавам,како другите што викаат.Сакам секогаш да биде ова во мене,покрај мене.Штом не сме успеале,тогаш тој ми бил само лекција за понатаму.И да научив многу работи од него и се сменив.Сакам да ти кажам,не дозволувај да те залажува,да прави будала од тебе,животот е пред тебе.Нормално е дека ќе ти биде тешко ,како и мене ама јас веќе се навикнав затоа сега и не ми е толку.Труди се да се воздржуваш, да не се нервираш опушти се и разговарај со него.Не му покажувај дека премногу ти е тешко.Биди паметна и покажи му дека тоа што го може он го можеш и ти.Не му попуштај.
    Со среќа :*
     
    На svetle333 и Blue.Ivy им се допаѓа ова.
  10. mija23

    mija23 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    Бидејќи навистина проблемот ми е сериозен доколку има некоја феминка која би сакала да ме сослуша и да ми дозволи малку од нејзиното време за неколку совети кои навистина ми се потребни нека ми пишува во инбокс. Очекувам и навистина однапред ви благодарам од срце :)
     
  11. kis.ki.ck.a

    kis.ki.ck.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Имам другарка неколку години помала од мене значи таа има негде околу 14 години, и пред две седмици за време на викендот излезе со еден дечко 2 години поголем од неа тој ја замоли и таа се согласи, и потоа кога се врати почна да плаче зашто излезнала кога таа не го сака, туку сака еден друг веќе подолго време. Дали погреши што избрза така веднаш кога тој и рекол на забавата таа се согласи .....а сепак нe го сака ://///
     
  12. EllyYourHell

    EllyYourHell Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Како да ја победам срамежливоста и да му кажам дека го САКАМ

    Оваа недела некако повеќе се гледаме, дури некогаш се смееме, незнам дали е почеток или нешто. Денеска во автобусот цело време тој прво ме погледнуваше пак јас, но што е најсмешното нема никаква комуникација со нас. Утре имаме одмор дека јас сум во Германија, во Германија е Велигден ии сакам да му кажам дека го САКАМ премногу да му кажам се што чуствувам. Но незнам КАКО може мала помош ? ;/
     
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    9.169
    Пол:
    Женски
    па нема ништо лошо во тоа,сега ако момчето инсистира на нешто повеќе од пријателство фер е да му каже дека сака друг.а инаку ок е да се дружи со спротивниот пол,дајте не го сфаќајте животот како шпанска серија,премала е сеуште да мисли на толку сериозна љубов :headbang:
     
    На kis.ki.ck.a му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    4.943
    Пол:
    Женски
    kis.ki.ck.a биднало веќе, нема што да се нервира другарка ти. Штом е сигурна дека не сака ништо со тој поголемиот нека му каже, па ако нему не му е проблем да си останат пријатели, да си се дружат, а таа нека си ја проба среќата со тој што и се допаѓа. :)
     
  15. kiki101

    kiki101 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    4
    Како да го натерам дечко ми да се видиме,се немаме видено 3 недели,му викам да изл а тој е нон стоп на раб или му е мака,ама сепак има време да оди на кафе со др и да изл, петкот беше слободен не ми кажа и не изл,оти долго време сме лути и не ни разг како луге туку секој ден после полнок бега од раб и се слушаме по 3 до 5 мин и толку, вчера требаше да се видиме и незнаел до колку сум на школо наместо да ми се јави си замина дома, и мн ме изнервира и сабалје му пишав дека има рок до викендов и ако не изл ке биди готово се,оти само за мене нема време, и ако има друга поарно нека ми кажи а не вака да ми прај ме боли тоа мн,ама никако да изл сакам очи в очи да разг а ние ни преку мобилен неможиме да разг,а со поракиве јас едно му пишам тој др ми враќа оф леле како да дознам дали ме сака, и како да го натерам да изл?

    Секоја вечер е на раб од 12 и пол до 12 и пл вечер по 12 сати оди на раб се врака спија станва се капи заминва и мегу времено случајно наога време понекогаш за другари му а за мене не!? Што да прам дали да му викам насекое да изл да му досадувам,или пак да не го барам повеќе и нему нека ми текни да ме викни.
    Му имам речено да раскиниме ако не сака да одиме,но тој ми вика ако сакав ќе ти кажев, е тогаш зш не сака да изл?(пред некое време му бев налутена и бевме изл со негово друштво и цела нок н ему зборав ни нему ни на никој и тогаш се налути и ми вика дури не се расположиш нема изл, но еве помина време чекам му велам да из ама не и не)
    Што е раб ве молам за помош,денес му пишав две пораки и тој ми врати еднаш само ми тит и му тит и јас а можеби и не требаше да му враќам,и после ни тој ни јас не се побаравме! Дали е можно да има друга?Сакам да сум начисто или да раскиниме или да се смириме веќе еднаш неможам повеќе!!! :@ :sweat:
     
  16. leonita

    leonita Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Се започна со караница на фб..секако јас бев виновна.. и ме викна во живо да му се извинам и да попрајме муабет,ми се доближуваше ко да сакат да ме смуват , ама јас се одалечував, мн добро се понашаше и се најј нај . не очекував толку добро да се испонаша покрај се што му реков, океи му се извинив, не бидна ништо помеѓу нас,бидејќи мене страм ми беше. кога дојдов дома ми пиша дали ми поминал страмот јас дада. и тој ми вика епа ај на пет мин да се видиме пак ме молеше ама јас несакав имав др раб. после 2 дена му текна да ми мести еден негов другар јас несакав, и му предложив да му местам една моја другарка..а он ми рече несакач врски туку само мување така да нејкел да му местам.
    дечково навистина почна да ми се свиѓа. што мислите има шанси?ама нели несака врска па што ке правиме ние?
     
  17. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    8.467
    Пол:
    Женски


    Од ова можев да сватам дека тој чека ти да му раскинеш. Ако сака да те види ке те види нема никакво оправдување. Поминува мн време на работа и нормално е да се одмара ама наместо секој ден да се гледа со другарите може да се види со тебе...како и да е немој да се понижуваш и да молиш некој да се видите кога тој очигледно несака. Остави го, по мене не е вреден да губиш повеќе време со него. Немој да се нервираш, знам дека ти е тешко те свакам, но сигурно можеш подобро од ова, да бидеш со некој кој ке има желба да те види, а не со идиот кој неможе да се потруди ни да ти се јави. Откачи веднаш и биди срекна ;) :*
     
  18. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно де,само излегла со типот.Не мора да да значи дека ако сака некој друг дека несмее да излезе со некого..И зошто да згрешила..ништо лошо не направила,не ми е јасно :?:
     
  19. LadyinBlack21

    LadyinBlack21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    1.324
    Пол:
    Женски
    Значи..незнам како да постапам.....работаава е што ми се допаѓа едно дете...а и тој према мене имаше симпатии...и после некое време и кажав на мојата сестра дека ми се допаѓа..таа после се тоа се запозна со него чак ги запозна и нејзините другарки со него...по извесно време дечково почна чудно да ме гледа..да ме одбегнува од непознати причини...и јас сее чудев зошто...и денес дознав дека уствари дека и на другарката од сестра ми почнал да и се допаѓа...и сестра ми да испадне супер другарка...му зборувала за мене што ти не лоши работи...само да го отргне од мене да го фати нејзината другарка....мене ми падна мн тешко...и сега незнам како да постапам што да направам...како да го тргнам тоа негативно мислење за мене..а и што да правам со мојата сестра...збунета и вчудоневидена сумм од се... од нејзината постапка...
     
  20. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ...good grief... :shake:

    ...има само еден начин за да се одстани нанесената неправедна црна дамка...повикај го детето, и кажи му отворено сто се случува, не заборавај да му кажеш на крај дека му го имаш меракот...и замини си со зборовите...

    ..."само мите зборови те љубат без лаги"... :devil:

    пс.не заборавај непријателот да го бакнеш на крајот. :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.