Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Не знам каде точно да го пишам ова, ама ајде оваа тема е веројатно најсоодветна, иако не е баш љубовен проблем, ама ми треба совет и мислење.

    Вака, вчера бев кај дечко ми и имавме испланирано супер вечер, свеќи, Smirnoff+Red Bull, и се остало.
    Само што дојдов, не поминаа ни 15 минути, ја слушнавме мајка му како збори на телефон со сестра му и плаче. Отиде да види што е работата, и што да види. Се јавила мајката на ИДИОТОТ од дечко на сестра му, еве ќе ја крстиме сестра му Симона а дечко и Стефан, за да не комплицирам. И рекла на мајка му "утре ќе дојдат Симона и Стефан, имаат една убава вест да ви кажат, Симона е трудна".
    Прво да ви ја раскажам нивната приказна: Се запознаа некаде во Септември и се фатија, што значи одат некои 5-6 месеци. Симона има 19 години, прекрасна, згодна, убавина од девојка, а Стефан... Стефан е Шрек за неа. 23 години, слаб, низок, испиен, сељачана прва класа, лицето му е цело со дупки... абе за нигде. Родителите на Симона секогаш беа против оваа врска, нејќеа ќерка им да заврши со таков човек, ама после некое време прифатија, дури и се запознаа, овој доаѓаше кај нив итн. А Симона на него му даваше пари од нејзината и онака бедна плата, остануваше кај него до ниедно време, се караше дома постојано заради него.
    И сега, ова. Неможам ни да ви опишам колку ми беше тешко да го гледам дечко ми таков, се тресеше цела вечер од нервоза, за прв пат се расплака пред мене. Мајка му сирота, и таа неможеше да се смири. Иронијата е што, ТИЕ НАМЕРНО ГО НАПРАВИЛЕ ТОА БЕБЕ, поточно верувам дека на Симона и е само испран мозокот, не ми се верува она да се согласи на вакво нешто. А машките како Стефан... па сигурно сте ги сретнале. Тој никогаш немал поубава женска од Симона, а нема ни да има. Со тој простачки начин на размислување, ова е единствен начин да ја задржи. И забрануваше да гледа машки по улица, не и дозволи да купи компјутер и да стави интернет.
    Уште кучката му вика на дечко ми на телефон, НЕЛИ СИ СРЕЌЕН ШТО ЌЕ СТАНЕШ ВУЈКО.
    Неможам да разберам од каде таа храброст, да го каже ова на телефон, уште да биде среќна за тоа, а нејзините дома коси корнат.

    Ете, тоа е приказната, а инаку сакав да прашам, има ли нешто што јас можам да направам тука? Вчера незнаев што да му речам на дечко ми, немав зборови да го утешам, иако на крај некако успеав, се смири. Сакам некако повеќе да му помогнам, ама не знам ни сама што да направам.
    И сега кога си го гледам постот, сакам да ви се извинам на тие што го прочитавте, знам дека прашањево и не ми е баш најдобро формулирано, ама едноставно сакам да знам дали некој некогаш бил во ваква ситуација, како постапил?
    И уште еднаш да се извинам ако постов не е во правилна тема поставен, слободно префрлете го.
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Моја прва братучеда го направи истото на 16год. намерно забремени и стапи во брак со човек видно физички и ментално испод нејзино ниво,бидејќи и бранеа од дома.Нивниот брак и не се показа како толку лош горе-долу гледано,сега веќе ќеркичката што ја роди е тинејџерка.
    Др.случај другар од дечко ми во иста ситуација намерно ја забремени девојка му,стапија во брак,ама таа набргу имаше спонтан,стварно тазно,сега и бракот не им е нај,нај како што му соопштил на дечко ми.
    Значи исходот е различен од случај до случај.
    Ама јас сметам дека еден пар треба да се одлучи за потомство свесно и планирано,кога ќе се зрели и трезвени да се сносат со одговорноста,а бременоста да се злоупотреби за да одвлечкаш некого во брак ми е некако макијавелистички начин и според мене е ниска постапка.Детето треба да е плод на љубовта меѓу партнерите,а не производ и инструмент за манипулации и манифестирање на инает кон блиските.
    Ти биди до дечко ти да му даваш поддршка,искрено не знам што др.би променила или направила освен тоа и онака сите се немоќни бидејќи овие веќе ги поставиле пред свршен чин.
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Убавите круши свињи ги јадат!...за жал има такви парови...искрено и ја им се чудам како функционираат ама ете имаш пример.Ова како Убавицата и зверот, само што тој нејзиниот дечко изгледа е баш таков примерок...звер во смисла и на карактер.Нормално има убава девојка покрај себе и на агресивен начин со контрола, љубомора, понижување, користење итн ќе направи се за да ја држи до себе колку да си полни его ете каков трофеј добил.А неа само ќе и ја руши самодовербата, ќе и падне самопочитувањето за на крај целосно да се изгуби и со тоа и нејзината убавина да ја уништи.А после...тој продолжува понатаму,по нови трофеи.Ваквите мангупи се искомплексирани...и ги лечат баш на ваков начин.Меѓутоа мене ми е проблем таа...како дозволила толку ниско да падне?! :^) До степен да нема свое ЈАС и свој став за врската...па ете сега дури и ќе заглави, а кога ќе се свести што направила доцна ќе биде.
    Вие што може да направите е да ја седнете убаво и да пробате да ја освестите ако е воопшто возможно...Ете ти можеш насамо да седнеш и да разговараш со неа.И да и ги отвориш очите,колку толку...За бременоста има решение меѓутоа тоа зависи од неа и од него сепак.Како и да е штета кога вакви девојки заглавуваат и си го упропастуваат животот, место добро да го искористат.
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ај,јас да си го изнесам мојот проблем...
    После 4год.врска со дечко ми партиски ја запозна таа девојка.Му ја наполни главата како е сексуално најлибералната девојка на свет,па дека сака секс во тројка.Тој се запали(како и 99% од машка популација,би рекла),јас видов дека стојам на тенок лед,па не му реков веднаш не,туку ќе размислам.И тој на нејзино инсистирање вршеше притисок врз мене,на што јас раскинав велејќи му како таа излегла позначајна и нема да ми диктира никакви услови.Нејзе и беше тоа добар план,секако дека не беше бисексуалка,после некое време се смувале,откако раскинавме јас и тој,па таа му се слекла да имаат секс,него му промирисало гадно,не успеал бидејќи веќе и не сакал,се чуле уште неколкупати на телефон,ама се‘ се прекинало.
    Во меѓувреме јас се вработив на ново работно место.Се запознав со колега,кој веќе беше во врска.Ни тргна муабетот,имавме слично помината младост,а и тогаш имавме сличен проблем мајките ни беа во депресија,па се зблизивме неверојатно.После некое време почнаа да се јавуваат и чувства и нагони,притаено,ама се исконтролиравме и двајцата не дојде до никаков физички контакт никогаш меѓу нас.Тој ме гледаше со очи полни со сјај како што дечко ми беше заборавил,ми посветуваше посебно внимание,а бев излезена од болно раскината врска,телото ме издаде кога еднаш се најде блиску до мене,добив пеперутки во стомак,осетив како ме дрма возбуда,ама никогаш не се случи ништо,после извесно време се смирив со дечко ми.Со колегава бевме на прослава од на работа и таму се сликавме,не само јас и тој и др.колеги.Кога се смиривме со дечко ми си расказавме се‘.Вечерта после прославата ме чекаше дечко ми,ме бакнуваше ко невиден имавме и секс,кога разбра за сликањето ми удри шамар.Јас избегав дома,утредента ми дојде на врата,јас не му отварав,упорно ѕвонеше,на крај го пуштив да не ме разбере цела зграда.Не ме удрил пак оттогаш :!: !
    Ама оттогаш не е ништо исто.Ми рече како имал секс и со некоја колешка на работа.Тешко ми беше,му простив,сексот ни беше фантастичен цело време,ама кавгите ни беа чести,едвај издрзувавме 2 недели без кавга,макар што имаше периоди кога ни беа секојдневна рутина.
    На почеток на оваа год.значи после 7год.врска ми призна како сексот со колешката го измислил,бил многу повреден од случајот со колегата,тоа го погодило повеќе и од оние дечковци со кои сум имала секс пред јас и тој да се знаеме,бидејќи со овој сум имала емоционална блискост,нешто што тој сметал дека сме го постигнале јас и тој до максимум,кога сме биле заедно,па овој сега му го одзел приматот на тоа поле,па не успева да се помири со фактот.
    Јас бев лута,цела моја искреност кон него ми се врати вака ме дрзел во заблуда и мачел на подмолен начин,не верував дека е способен на вакво нешто.Сакав да раскинам,се слушавме,при една кавга,кога му реков колку паднал во моите очи со неговите подмолни постапки,ми рече дека сум се видела каква сум-лесна девојка(а 8год.само и единствено со него сум интимна),тоа било увидено по тоа со колегата,ми рече уште дека сум го молела колегата да биде со мене,а тој не сакал :fubar: .После долг период убедување дека не мислел така,тоа биле глупости речени во афект,пак сме заедно.Ама како што веќе реков и на др.место врскава ни е како античка скулптура,многу гледајќи ја од страна мислат дека е совршена,а јас од блиску си ги гледам пукнатините кои ни ги нанесе времето.
    Оваа вистинита приказна нема позитивни ликови,ни јас не сум позитивен лик,си ја прифаќам вината што се зблизив со колега,кој веќе беше во врска,нема оправдување ни за мене и не ни барам!
    Ме плаши дека иако сме заедно врската ми е на стаклени нозе.Како да го надминам минатото,кое еве пак и по год.ми се враќа во сегашноста,дали скоро секоја долгогодишна врска има некои слични искуства т.е.падови,како ја ја вратам довербата во сопствената врска?
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Теодора мене не ми е јасно како ти сеуште си со него???
    Зар толку се потценуваш?
    Те удрил прво и основно, а јас сметам дека ако едно машко те удри за време на врска да не зборам за понатаму, едно 99% ќе се повтори тоа.
    Друго сака тројка и дури напорен бил за таа цура. А од кај си сигурна дека немале секс? Па имал секс со колешка. Па лаже дека немал.
    Овој те мота те лаже. А ти и после се си со него?
    Ко боже сексот бил добар, зар само за секс си со него? Има милион мажи уште бе Теодора.
    Па уште и вели дека си лесна девојка а тој ти е единствен.
    Сеуште не можам да разјаснам што бараш уште со него? Сакаш уште сцени? Уште љубомора? Уште шлаканици? Уште молења за тројки? Безброј лаги??? Понижување?
    Девојко расчисти си додека е време.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Theodora,го прочитав твојот проблем и покрај тоа што не сум се нашла во ваква ситуација ниту во волку долга врска ќе се обидам да ти предложам некој вид решение бидејќи неколку мои другарки биле во подолги врски во кои имало кризи и вакви слични проблеми.Значи прво најпотребен е еден искрен разговор во 4 очи без подмолни финти,да видите и двајцата дали имате сили и желба да ја оживеете оваа врска,да преминете преку овој сплет од настани.Не мора да значи дека единствено решение е да раскинете.Ако се сакате можеби постои начин да се реши ова.Второ дечко ти како и 90% од машките се залетал по предлогот од госпожата и добро е што ти си го одбила тоа зошто со тек на времето се покажало која и е вистинската намера.Треба да му објсниш фино на дечко ти дека нешто што го сака он а ти не може да си остане само во неговата имагинација и . Значи ако во разговорот се согласите да се борите за тоа што сте го граделе толку години ако имате можност (дали тоа ќе биде некое место надвор од градот,викендичка или некаде каде што ќе сте сами вие двајца) да си одвоите еден краток период за себе да бидете сами,на некој начин да ја освежите врската,да се сетите на сите убави моменти поминати заедно.Но,пак ќе кажам најбитно од се е и двајцата да имате желба и сила да продолжите и подеднакво да се трудите да го решите ова,бидејќи залудно е само едниот сам да крева.Се надевам нешто ќе ти помогне мојот совет или пак ќе поттикне некое друго решение.Ти посакувам се најдобро :*
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    ****За Хајдица ;)


    Твојава дешавка ме наврати една отприлика година дена наназад. Пред моменталнава врска, ја имав најболната и најперипетната врска во мојов живот, да не обесувам шо како беше, се разделивме, јас кажав крај, а крај во речникот на Георгина значи крај колку и да е болен, нејсе....Момакот го немав видено прилично долго, се до пред една година, сосема случајно....нозете ми се пресекоа, гласот ми се изгуби, не можев да си поверувам дека сеуште има такво влијание на мене, а башка си имав дечко.Слабост нарвно нема покажување, само ладен камен израз на лицево, културно враќање на неговиот поздрав и толку. Претходно ме бараше на телефон, никогаш не му кренав.Сега се врати пак во мојот живот, ама на колена, после таа средба не се откажуваше да ме врати во неговиот живот.

    Сфатив дека имам прекрасно нешто покрај мене, ако му покажам слабост на овој ќе ја направам најголемата утка....он и онака не ја искористи својата шанса, ама добив билдање на его и тоа до плафон.

    Убаво ми беше бре, шо сфати кога ќе си дозволиш за едно плескање да изгубиш нешто вредно тоа кошта.Јас не ја направив неговата грешка, си останав достојна на моите принципи и до ден денес сум горда на себе. ;)

    Хајдице, јас ќе ти кажам...мислам дека се работи само за моментална занесеност, разгорување на некоја страст што се изгубила некаде во времето, некое моментално заслепување што може да те донесе до разочарување....некој кажа претходно дека е битно каква ти е сегашната врска, јас викам не е тоа толку пресудно.Сте биле деца, човекот сега пораснал, оваа моментална сентименталност не дозволувај да те заслепи, не знаеш дали тоа е неговото вистинско лице или само негова виза за неколку добро поминати ноќи додека е тука.Реално, поминале години....наравот му се оформил, а ти не си имала прилика да го научиш.

    Ако ти прави мерак, плеснете се, ама не влевај со емоции во таа работа оти има голема веројатност ти да го јадеш најмногу на крај.Јас сепак би се повлекла, кафе, дружба и толку...чао џаци журим.Имаш врска ако и најмалку се двоумиш дека можеш да ја доведеш под знак прашалник боље повлечи се навреме....Он ќе си оди, а ти ќе останеш со гушната перница и некоја пролеана солзичка.

    Ти стискам палци бејб...обично не навлегувам толку емоционално во постовите, ама ти си исклучок, башка ситуацијава ме дирна лично...Би стронг грл!!! Најбитно чувај се неповредена, оти на крајот од денот никој не е вреден за твоите нервози. ;) :*
     
    На srcekrsacka, HeidiDiWalt, elenna89 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Теодора,јас тебе те доживувам како една интелегентна,емоционално трезна и девојка со современи сваќања.Ние сме тука со годините,со таа разлика што јас сум мажена и со деца.ТИ И САМО ТИ,знаеш колку и дали вреди да продолжиш да останеш во оваа врска.Дали ќе се бориш или не тоа од тебе зависи.Во секоја врска постои љубомора и таа доколку е во нормални граници мислам дека е и здрава за врската.
    Не можам никако да разберам дека ако е се во ред со сексот,зошто да бараме некои трети лица?! Јас ова никако не можам да го сварам.
    А пукнатините не верувам дека некогаш ќе ти заздрават.Секогаш ќе постои нешто да ве потсетува на тоа.Е сега,дали ќе имате и двајцата сила за тоа да го пребродите,тоа од вас зависи.
    Што и да одлучиш ,јас ти посакувам среќа и трпение.
    И секоја долгогодишна врска(јас сум со маж ми 12 год.)претрпува кризи и многу моменти кога се запрашуваш што правам јас,што правиме ние.
    Тоа што нема да не скрши ,само ќе не направи посилни.
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ma4e-94

    ma4e-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    42
    ве молам за совет сто да правам..јас и мојот дечко сме заедно 1 и пол година и немавме односи а денес дознав дека тој имал секс со 3 девојки пред да се запознаеме и сега ми вели дека неможе нашата врска да продолжи така ако не сакам да имаме односи...кога дознав за 3те девојки ке се онесвестев ме покри топол бран...едвај зборев.тој ме праша кога ке сакам да имаме односи? до кога ке ме чека ?и јас реков помалку од година...и тој рече претходната те чекав и сега ле...и јас велам не сум спремна...а кога дознав за тие девојки бидејки биле претходно и со други машки па и со него ми се згади :puke: ...
    јас едвај дишав кога се дознав и навистина ми е тешко..а тој се ладно однесуваше на се сто ке речев и ми вели дека немозе да чека толку и ке било подобро за мене ако раскинеме...јас реков како сакаш...
    потоа смисливме некое време да не се видуваме и тој се согласи и се договоривме кога ке се видиме ке решиме се убаво дали иде или не...
    девојки ве молам сакам совет сто да правам кажете навистина ми е тешко...сто да направам кога ке зборуваме ?сто да правам додека трае паузата??? ;( ;( ;( ;( ;(
    да имаме ли некаков контакт или да го оставам тоа време?сто да правам????? ;( ;(
     
  10. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Е од овие ултиматуми треба да ти се згади девојче.
    Штом ти тука нас не прашуваш како треба да постапиш, не си подготвена на тој чекор.
    Тој те прашал до кога ќе те чекам? Ти си му одговорила уште помалку од пола година! Па како си сигурна дека после 6 месеци поинаку ќе размислуваш?
    Ајде уживај во по мене нај убавите години и стори го тоа кога нема да имаш никакви прашалници во главата и кога ќе се чувствуваш подготвена, а притоа никој нема да те тера со сила или пак да ти поставува некакви ултиматуми!
     
  11. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    ^ Во никој случај не смееш да го правш тоа ако не си спремна и ако не сакаш, па и по цена да раскинете. Кога ТИ ќе одлучиш дека можеш и дека сакаш, тогаш дај му, плус што се чудиш што имал 3 девојки пред тебе...па колку сака нека има, не те сфаќам што е толку чудно и зошто толку лошо го прифаќаш? :^) Нормално дека дечкото имал живот и пред да се фати со тебе... :?:
     
    На ma4e-94 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Немало потреба да правиш драми околу тоа што бил со три девојки.
    Побогу девојче,21 век сме.
    Врската не ви е кратка,па логично е што момакот инсистира на тоа.
    Незнам по колку години имате,но машко како машко има потреба од тоа.
    Размисли убаво дали си доволно зрела за сексуален живот,не треба никој да те присилува на такво нешто.
    Не го прави тоа по секоја цена.
    Ако пак сакаш да го направиш тоа,објасни му дека тебе ти е прв и дека со тоа што инсистира дополнително те напиња.
    Кажи му дека сакаш тоа да биде нешто во кое ќе уживате двајцата,во опуштена атмосфера и да дојде како спонтан чин,а не како некоја обврска која ќе ја исполните вечерта.
    Цени што е искрен дека неможе да чека,бидејќи можеше со друга да ги задоволи потребите.
    Но,никако не треба да те присилува..
    Побарај го,откако ќе решиш било што.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.432
    Допаѓања:
    91.591
    Пол:
    Женски
    Како прво си мала, а второ очигледно е дека не си спремна. Е сега од друга страна тие девојки биле пред тебе и нема тука ништо страшно. Па и да биле тие со некој друг, претпоставувам дечко ти користел заштита. Зборот ми беше, не обврнувај внимание на тоа дали имало некоја пред тебе. Ти не си спремна, а и немој да го правиш тоа ако не сакаш. Искрено нормално е тој после година и пол да си побара, потреби се - верувај. Само што тој погрешно пристапил. Колкав е дечко ти?
     
    На ma4e-94 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ma4e-94

    ma4e-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    42
    да ама ништо не ми кажа јас ништо не знаев дека бил со други девојки а колку време сме заедно и ништо не ми кажа...како да се однесувам сега како се да е завршено или како???
    ме повреди кога ми кажа дека бил со девојки само за да тоа и тоа со девојки сто биле со други маски не само со него..за разлика од мене сто досега не сум била со никој само со него само со него сум излегувала и само тој ми бил дечко...
    јас сум уверена дека нема да се случи тоа се додека јас не сакам па макар и да раскинеме јас сум уверена во тоа...
    јас сум 16 години а тој е 19 години
     
  15. ma4e-94

    ma4e-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    42
    кажете ми како да се однесувам со него дали да одговарам на неговите телефонски повици на пораките???????????????????????????????????
    или да го оставам и ништо да не правам.
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    |( девојче, голема работа ако имал 3 пред тебе! а што сакаше ти девица да биде??? ок, знам дека сега си во филмот--------јас на него прва а и тој на мене прв, засекогаш заедно!ама тоа во реалноста го нема, само во шпанските серии, ама сега и нив некако почнаа да ги мењаваат, многу монотоно стана тоа!
    2ро----уште користиш 4 :rofl: по ова се гледа дека не си зрела за секс
    3то----- немој да мислиш дека ако му дадеш на дечкото, тој ќе остане засекогаш со тебе, не,не сега е во тие години, повеќе ќе мисли на пичиња, отколку на романтики, рачиња и Tе сакам-------тоа што ти му го даваш!
    не си ја фаќај бељата, имаш само 16 години, до 20 што ќе правиш!?!
    абе деца бе! |( |( извини, ама ми иде шамар да ти мавнам!

    прв дечко ти е??????? девојче, не е на арно работава, дај макни го! на 19 години што муабети ти врти!
    и голема работа ако тие имале и други пред него!пффф демек девиците се најбоље?? :lol: Kолку Hе
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  17. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Со самото тоа што си навредена и повредена од него,се гледа дека не си зрела.
    Така да пушти го момчето да ужива во животот и се што нуди тој,а истото направи го и
    ти..
     
  18. JenniferLove

    JenniferLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    71
    Ако те сака толку дечко ти ќе те чека, и ќе треба да ја почитува твојата одлука. А тоа што бил со други девојки не се замарај зашто тоа било и е минато. Најдобро ќе биде да разговарате убаво, кажи му дека не си спремна а ако те сака ако му значиш ќе остане со тебе.
     
    На ma4e-94 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bvulgary

    bvulgary Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Bev vo vrska so eden decko i i dvajcata resivme da raskineme pred okolu 12 dena zasto ednostavno imase mn razliki megu nas i ne se soglasuvavme vo nekoi raboti. Prodolzivme da komunicirame , ama i so negoviot drugar isto taka ,toj pa od koga raskinavme mn pati mi se dodvoruval i saka da izlezeme a i poblizok mi stana.Neznam dali za ova bivsiot znae ama Ovie denovi me prasa dali mu nedostigam zasto jas na nego da ii me vikna na prilajatesko kafe ^^ . A jas stv neznam dali uste custvuvam nesto za nego , ne bilo pred mn vreme i ne sum go zaboravila vo celost ama sepak . Sega nz sto da pravam , sakam mislenje :)
    [mod-kirilica:16n8ujqo][/mod-kirilica:16n8ujqo]
     
  20. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Незнаеш дали чувствуваш уште нешто за него? Па ние како да ти кажеме дали чувствуваш нешто или не :^) Треба ти да си решиш што сакаш....Ти си таа што треба да пресече....Имаш неколку опции и сега ќе ти ги набројам...
    1). Можеш да отидеш на кафе демек пријателско и на крај да завршите заедно....Од ова може или да се смирите, или само да си ги задоволите сексуалните потреби и толку....Ако е второто, на еден од вас ќе му се дигнат акциите и ќе му се наполни егото, а другиот ќе остане уште повеќе повреден...

    2). Можеш да отидеш на кафе и на тоа да заврши....Како што пиша - другарско кафе.....Завршува кафето и секој на своја страна....

    3). Да не отидеш воопшто зашто веќе си решила дека он не е за тебе... !!!

    Искрено, од тебе зависи колку си ти цврсто решена да ставиш крај на врската и што всушност сакаш....
    Инаку тоа ти се опциите

    гуд лак
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.