Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Tijana.slatka

    Tijana.slatka Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    покрај се јас го сакам неможам да го заборавам(незнам како да го заборавам).
    незнам како во иднина ке биде.пр.кога ке се омажам во иднина незнам како ке биде дали ке препознае дека сум имала односи со друг)..се надевам ке ме разберете незнам како да објаснам...
     
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.757
    Допаѓања:
    145.220
    Уште ти е ај да кажам свежо и за тоа вака размислуваш, а и мала си, чекај да помине време и полека се ќе се среди, само не се оптоварувај со него, најди си некоја занимација и времето ќе поминува брго. Еве летото е на праот, ке ви почне распустот, ке ви биде интересно, базент, дружби...
    Уживајте во младоста после ќе ги барате овие години :lol:
    А односите се дел од нашите потреби, тоа што си почнала рано е твој избор, младост- лудост.
     
  3. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Трета година средно сум, имам дечко кој е поголем од мене 3 години. Заедно сме околу 2 години, но моите дома незнаат. Со застарени мислења се, не треба да имам дечко и слично. И кажав на мајками некаде пред 1 година, но таа почна да ме вознемирува со муабети дека дечко не ми треба, што ќе ми е, само лошо може да испадне од тоа, да му раскинам,дека не сум го знаела многу добро(а тие не го познаваат).. и така цело време ми зборуваше се додека не и реков дека му раскинав (ја излажав, можеби згрешив, но многу ми беше тешко да ја слушам како ми зборува нешто и ми забранува да бидам среќна). Со дечко ми ни е преубаво, неговите ме знаат, ме прифаќаат, се е супер..само на добро ни оди. Е сега ве молам, помогнете ми да соберам храброст за да и кажам на мајка ми дека пак сум со него. Од една страна ми е преубаво со него, а од друга страна ме гуши тоа што ја лажам мајка ми. Сакам да и кажам, но да не ме замара пак со истите муабети како претходниот пат. Јас сфаќам дека е мајка и е љубопитна, но претерува многу. Па девојки, помогнете ми некако..
    И немојте да ме осудувате дека сум лажела дома, многу ми беше тешко кога ќе речев дека сум со другарки, а јас сум всушност со него.. но избрав да бидам среќна и јас, а и тие да бидат спокојни. Дечко ми го знаев претходно, се грижи за мене, многу ме сака..
    :)
     
  4. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764

    Многу пати се случува да криеме од дома за дечко, јас лично не сум криела, добро за еден малце :wasntme: , но тоа беше 2 недели и не вредеше ни да кажувам :lol: . Мајка ми ме сфаќала секогаш за такви работи, секогаш и кажував исто и на сестра ми (на татко ми они двете му кажуваа, а не јас). Во трета година средно не е толку страшно да се има дечко според мене, не си 13 години, па да се крева паника. Јас да сум на твое место би кажала најотворено и немој да криеш повеќе, колку и да е со тек на време ќе разберат дека не си веќе толку малечко дете и дека не ништо лошо нема од тоа да бидеш среќна и заљубена. Кажи и дека ти е многу убаво со него, речи и нека го запознае прво, нека види како се однесува со тебе, па после нека му суди.
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Matee

    Matee Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    3
    Ве молам за помош..братучетка ми има дечко,али брат и не и дозволува да иде со него..али она таква тврдоглава или незнам што и го сака ли не се тргна од него и пак се дозна дека сеуште е со него и сеа и забрани и на полуматура да иде,а само уште 2дена останаа.:/ Па кажете некој совет или мислење како да го убедиме брат и да ја пушти,пошто сепак тоа е само една вечер,ама ќе се памети многу долго.://
     
  6. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    10.479
    Незнам зошто ама притисокот ми се крева кога ќе прочитам или слушнам дека некој вака ги третира своти браќа сестри.а посебно кога браката се прават многу памети.Иако сум најголемо дете на моиве никогаш не сум си земала за право да командувам на брат ми и сестра ми .Можеше совет во секое време ,и разговор од моја страна.Ама ова не ми е јасно зарем уште постои такво нешто.Менталитетот ни е на ниво нема што :envy: .За жал Матее со оваквите тешко може да се разговара по мое ,бидејки ако е било така немало и да го прави тоа.Но сепак пробајте секако со добро на смирено нека поразговара братучетка ти,да ја придоби неговата доверба иако ќе биде тешко.
     
  7. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Ти проба да и кажеш велиш пред околу 1 година, (а потоа дека сте раскинале со момчето ) и сега сакаш пак да и кажеш а помината е уште 1 година така?
    Не дека те плашам ама мораш да бидеш подготвена за нејзината реакција затоа што кога ти повторно ќе и објаснуваш за него таа ќе сфати дека се работи за истиот дечко и сите твои лажги дека си искачала со другарки ќе паднат во вода, и многу ќе се разочара затоа што си ја лажела скоро година дена. Ме сваќаш? Размисли убаво како ќе и кажеш, за да не почне одма да те напаѓа зошто си ја лажела, па како си можела, дрн дрн.. Затоа постепено навестувај и дека си среќна, дека од судбината не се бега, дека тоа дете за кое си и го зборувала порано повторно те заинтересирало, некои такви од околу муабети. Мораш што побрзо да и кажеш зошто после потешко ќе ти биде. поздрав :hai:
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Matee

    Matee Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    3
    Незнам зошто ама притисокот ми се крева кога ќе прочитам или слушнам дека некој вака ги третира своти браќа сестри.а посебно кога браката се прават многу памети.Иако сум најголемо дете на моиве никогаш не сум си земала за право да командувам на брат ми и сестра ми .Можеше совет во секое време ,и разговор од моја страна.Ама ова не ми е јасно зарем уште постои такво нешто.Менталитетот ни е на ниво нема што :envy: .За жал Матее со оваквите тешко може да се разговара по мое ,бидејки ако е било така немало и да го прави тоа.Но сепак пробајте секако со добро на смирено нека поразговара братучетка ти,да ја придоби неговата доверба иако ќе биде тешко.[/quo

    Џабе разговор со него,тешко да направи нешто.:/ Сепак фала.:worried:
     
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    Па ако не знаеш како да почниш да и кажуваш дека имаш дечко остави нека падне муабет на тема и кажии,сепак убаво ви е заедно нема потреба да се грижи мајкати..

    Нека го лажи дека нема да иде повеќе со дечкото или било што..
    па она има право на полуматурата да иди не е секој ден тоа што се случува :^) обидете се накако да оди таа :^)
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Сум лажела и јас иако не знам зошто родителите така постапуваат. Нема ли да и е помирна главата ако знае со кој си, каде одите, со кој дружите.. ова никогаш не ми е било јасно. Како и да е, подобро ти да и кажеш отколку да дознае од друг. Седни ја, убаво и објасни дека ти е убаво со него, дека те почитува, па можеш и да ги запознаеш. Би требало да омекне и да сфати дека не може да ти наредува со кој да бидеш и дека само полошо ќе прави ако ти контрира.
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Matee

    Matee Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    3
    Нека го лажи дека нема да иде повеќе со дечкото или било што..
    па она има право на полуматурата да иди не е секој ден тоа што се случува :^) обидете се накако да оди таа :^)[/quote]


    Секако дека има право,таман го убедивме да иде некако се спреми све и синоќа пак се дозна и сеа незнам што ќе биде.:/
     
  12. mwah4e

    mwah4e Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Matee напиша:Ве молам за помош..братучетка ми има дечко,али брат и не и дозволува да иде со него..али она таква тврдоглава или незнам што и го сака ли не се тргна од него и пак се дозна дека сеуште е со него и сеа и забрани и на полуматура да иде,а само уште 2дена останаа.:/ Па кажете некој совет или мислење како да го убедиме брат и да ја пушти,пошто сепак тоа е само една вечер,ама ќе се памети многу долго.://



    па вака и јас сум за 2 дена полуматуранка и мислам дека ако не одам на полуматурска ке бидам многу разочарана , а сигурно и бртучетка ти ,па затоа она треба целата ситуација да му ја раскажа на дечкои и да му каже да не се гледат до полуматурската ,па така да го излаже нејзиниот брат деке не е во врска со тоа момчи и тој да ја пушти да оди на полуматурската а потоа она пак нека си продолже да се гледа со дечко и..
     
  13. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    епa вaкa имa едно дете со месеци што се допишувaме и еднaш се имaме видено и се беше океј муaбет обичен и почнa дa ме гушкa дa ме зaкaчкa излеa сaкaше дa ме смувa aмa јa глупичкa не сaкaв леснa дa испaднaм и не се деси ништо и после тој ден пaк требaше дa се видиме aмa се имaше некои пречки он неможе или јaс ке неможев и добро и после некое време се пишувaвме пaк и е договaрaвме дa се видиме aмa ке ме зaебе немa дa моѓе и некaд не врaкaше и добро и јa не му пишaв еднa неделa и он ми пишa и почнувa пaк дa пишувa прв и се кaј другaр беше и се прaеше нешо a-у пред другaров и еднaш го видов и се рaзминaвме он не ме виде и јa го прaшувaм кaо што се прaвиш ко демек не ме виде и он викa не сум те видел (може ствaрно не ме видел сеa незнaм ) и добро и го прaшaв кaде зa први мaј не ми врaти и јa остaив тaкa нишо не му пишaв и зa први мaј ми гледaa нa кaфе и имaв очи и лицето по формa и кaкви очи и исто кaко неговaтa формa нa лице ми јa опишaa a очите знaчaт декa сaкa некој дa те види или јaс него и следниот ден идев кaј бaбa ми и успaт ми е и неговaтa кукa и јa многу многу не се зaгледувaм нaтaму декa глупо ми е и сaмо сестрa ми се свртелa и у дворот он бил седнaт нa скaли ги гледaл комшиите кaј него што прaвaт и тие пред портaтa беa кaј што поминaвме јa и сестрa ми и сигурно ме видел и сеa после овa мене мн ми се свиѓa и незнaм кaко дa му дaдaм до знaк декa ми се допaѓa и немaм никaков нaчин кaко дa го викнaм дa се видиме пошо се ке ме зaебе и више не го викaм чекaм он дa не викне и после некое време почна да ми збори за тоа д му дадам а нишо сме немале ни се мувавме а ми вика тука ми се свиѓаш топ си незнам дали се заебаваше но како озбилно да беше и викаше му поминало тоа држење за рака и дека првин најнормално сакал да биде со мене и со тек на време како и секој нормален човек и тој ја сака таа другата работа и сеа незнам, што да правам мн ми се свиѓа незнам дали колку да ме откачи и така ми збори... и ме избриша од пријатели на фб се налути за тоа.. а ја знам дека нее таков кога се видовме дајте ми совет ве молам...
     
  14. yuiop

    yuiop Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    32
    Ама таман.....ништо не разбрав.......
     
  15. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Чекај ...пиша непиша ...вака вие уште не сте се бакнале...ама сексот на маса сте го ставиле..полека намали брзина...
    Ако сакаш да се видите кажи се..само така ќе знаеш дали е вреден за тебе.
    Не се потресувај ако му поминало она држење за рака ;) тоа е океј,но не паѓа се од небо.
    Пробај да се видите а за понатаму ќе знаеш.
     
  16. yuiop

    yuiop Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    32

    ААААаа....абе она прашува дали да му даде или не.......

    Ич не се мисли......терај.....................
     
  17. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Не не праша тоа ;) друго си праша...
     
  18. yuiop

    yuiop Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    32

    Ама на тоа мисли......не ме демантирај сега.....
     
  19. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски

    Немаше да биде лошо малку поубаво да го напишеше текстот... Постојат точки, запирки... Вака кога видам искрено не ми се чита.
    А дечкото ако сакал нешто со тебе ќе ти кажел до сега. И самата гледаш како се однесува, па подобро продолжи си без него! Како што гледаш него го интересира нешто сосема друго...
     
    На yuiop му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Девојки, пак јас. :)
    Малку е долго, но ве молам ако имате време,прочитајте. :)

    Значи дечко ми работи во една фирма, нешто на машини, не е битно. Тој има 20 години. Има една колешка која е од неговата соседна населба, но сепак близу се. Одат заедно на работа со велосипеди бидејќи им е близу. Жената инаку, има околу 37-40 години, има маж и две деца. Дечко ми постојано ми кажува дека женава му се пушта, значи тој ќе праша некој колега за излегување и таа ќе му рече „А мене не ме викаш?“ и ќе му се насмевне и слично. Жената постојано на работа носи танга(тоа е нејзина работа,секако) но тоа што ме изнервира е што му рекла на дечко ми „Еј види, си купив нова танга!“ и му ја покажала!(незнам како,несакав ни да знам) Исто така, пред неколку недели дечко ми еден ден не отиде на работа, и таа, по пат накај работа, свратила докај него дома да види дали е добар (инаку да напоменам дека се знае и со мајкаму, порано работеле заедно, но таа поради него дошла). И цело време се некои такви случувања.
    Инаку да кажам за мажот нејзин, тој се сомнева во нејзе многу, ја проверувал цело време, со кого разговарала и слично. Кога дечко ми ќе и се јави да ја праша како ќе одат на работа, таа трча во WC за мажот и да не примети дека збори на телефон бидејќи ќе ја праша со кого збори, а таа се плаши да му каже дека разговара со колега од работа. Најверојатно направила таа нешто уште порано што му ја разрушила довербата на маж и',па тој и забранил некои работи. Исто така знам и дека не и дозволувал секогаш да излезе со колегите кога ќе одат некаде. Најверојатно бидејќи и тој сфатил каква жена му се врти низ куќа, и на која и направил деца!
    А во дечко ми ВООПШТО не се сомневам, 10000000% сум сигурна дека тој не би направил ништо ни со неа, ни со некоја друга, туку ме нервира таа што цело време сака само вниманието да му го одвлече. Цело време му се жали како тоа маж и не ја задоволува и слично.
    А нејзе, моето присуство како да и смета, ме има видено неколку пати како го чекам дечко ми после работа, исто така и како излегувам од кај него од дома, и така како да и е криво цело време, јас се однесувам најнормално, ќе и кажам „Здраво“, а таа ќе ме погледне само некако под око, и едвај едно здраво да ми каже.
    Повеќе го напишав ова за да ми олесни малку, бидејќи почнав да ја мразам жената, а баба може да ми биде! Понекогаш размислувам јас да превземам нешто,но несакам да си ги валкам рацете бидејќи таа е таа што треба да се засрами, 40 години има! Незнам ни веќе како да се однесувам во нејзино присуство, незнам што да правам со таа жена, кога ќе се спомне нејзиното име, коса ми се крева. Никогаш не верував дека јас ќе дојдам во ваква ситуација,дечко ми да го посакува некоја која што може мајка да му биде! Кажете ми како да се однесувам... :|
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.