Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.250
    Не знаев каде да го поставам ова, извинете ако не е во соодветната тема. Си имам проблем јас и не знам како да постапам. Со дечко ми сме заедно скоро 9 месеци и засега беше одлично. Често пати кога ќе излезевме во друштво тој со другар му онака како на мајтап спомнуваше дека ќе оделе на одмор сами двајцата. Не го сфаќав сериозно, ниту јас ниту девојката на другарот. Меѓутоа, дечко ми си имал план наввистина да оди сам на одмор, демек јас сум немала пасош, не сум сакала да извадам ( овај период сум финансиски ограничена со оглед на тоа што не работам и не можам да барам од дома ). Му кажав дека не можам да извадам пасош и зошто. ОК демек ме сфати. За денес случајно да научам дека тој навистина планира со другар му сам да оди и нормално се налутив. Почна да ми вика демек јас сум го ограничувала за да не оди на одмор, не знам што. Му реков дека ако оди сам на одмор толку од нас. Не знам дали сум во право или грешам. Во мисла сум што да правам, плус уште повеќе ме нервира фактот што веќе си закажал и датум кога ќе оди. Ве молам за совет како да постапам...
     
  2. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Така еден што го знам со другар идеше на одмор, без девојката па после излезе дека е хомосексуалец.

    Се знае зошто се оди на одмор сам. Или од тебе да се одмори (ако го напињаш, а тоа ти најдобро си занаеш) или сака да „прошара“.

    До тебе е. Си знаеш што треба да правиш, а после одмор ќе ти се врати као жал му е, нетребало така, па ај да се смириме.... :worried:
     
    На Daydream и SimonaTino им се допаѓа ова.
  3. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Јас мислам грешиш.Што ако оди на одмор?Тој ако ска да направи нешто сигурно нема да чека да оди на одмор за да го направи тоа.
    Тоа што го сакаш велат пушти го слободно и ако е твое ќе се врати :D
     
    На eye му/ѝ се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.758
    Допаѓања:
    145.220

    Tи ќе му го платиш одморот па да одлучиш дали да оди или не?
    Јас сум многу против вакви ограничувања.. па ако сака да ти направи нешто ќе го стори тоа и без да оди. Нека оди , нека се излуфтира, ништо страшно.. и ти тука ќе се журкаш, ќе излегуваш.
    Па луѓе во брак одат посебно на одмор.. па што?
    Извини вака може сум груба, ама сум многу против вакви ограничувања.
    Сепак вие си знаете најдобро :)
     
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    mili4ka123 ти го прочитав цел пост внимателно и уште се чудам какви луѓе постојат. Мое мислење е дека не треба да се замараш ама ич. Никаква закана не ти претставува оваа бабава. :D
    Единствено што можеш да направиш е да му кажеш на дечко ти да не ти ја спомнува веќе, а он на работа да ја одбегнува најмногу што може односно да контактираат само службено и толку. И јас на твое место прво би се нервирала ама после би и' се смеела во лице и би и' зборела индиректно чисто онака мене да ми биде забавно. :*

    butterfly6223 и твојот пост го прочитав. Е сега ситуацијава е малце деликатна. Мене ми изгледа дека дечко ти баш и толку сериозно не те гледа. Како тоа он веќе си резервирал без да ти каже? Па нели сте во врска, нели треба се да си кажувате. Како така, ти не си во добра финансиска состојба, а момакот баш му е гајле ќе си шета. :fubar:

    Не ми изгледа работава баш сјајна. Прво затоа што кога двајца се во врска делат СЕ. Тие пари што тој ќе ги даде за море (претпоставувам дека ќе оди на море затоа што уште сега резервирал) ќе ги подели за двајца па ќе одите до Охрид ако ништо друго, ама барем ќе бидете заедно.

    И втора работа јас гледам вака на работите (ова и на дечко ми му го имам кажано) ако он уште има желба да оди сам на одмор со другари притоа таму да лудува, значи според мене не е сеуште изживеан. За дечко кој е созреан, сериозен и знае што сака од животот некако не ми е својствено да му се лудува по одмори. Дури и да не те изневери (нели сите на тоа одма помислуваме), дури и да не отиде, за мене доволно е што му се пројавила желба и што на него на некој начин сеуште му недостигаат таквите лудувања до 5 сабајле. Тоа ти е исто како сега на татко ми да му текне дека сака сам на одмор да оди. Значи не е проблемот што он ќе оди може и да не отиде ама желбата постои, ако сега не отиде на одморов утре ќе му текне дека нешто друго лудо му се прави само со другари. Можеби и грешам ама јас така гледам на работите.
    Сепак размисли со каква личност си. :*
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.250
    Фала ви на сите за брзите одговори. Инаку не сум некоја што го напнува или го гуши. АКо ми речи дека е со другари ок, не го барам на 5 минути не се лутам, не го ограничувам. Најповеќе мене ме изнервира фактот што јас последна дознавам дека тој ќе оди сам. Немаше никаков притисок или лутење од моја страна кога сакаше да оди надвор од градот сам со другари, а кога јас сум сама со другарки на кафе прашува зошто толку сум се задржала и покрај тоа шо ќе останам еден час на кафе.

    Инаку duffi не мислам дека си груба, сите имаме право на свое мислење зарем не? Само како што напишав погоре мене ме изнервира фактот што јас последна дознавам. Па нели му сум девојка, прво треба мене да ми кажи што планира?
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Пак ќе ти пишам, размисли убаво со кого си во врска. Значи не е само одморот проблем. Мене ми изгледа на типичен маж за нашево поднебје. Така дечкото на една другарка и' збореше "јас каде сакам и до колку сакам, а ти ограничено со тоа што предходно треба да ми се каже".
     
  8. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.250
    Не знам, морам да размислам. Во секој случај фала уште еднаш.
     
  9. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    butterfly6223 и јас би постапила како тебе, ако некој мисли сериозно со мене нема да сака да се "исфура" на одмор со другарот. Се знае што прават машките на такви одмори, со чест на исклучоци. Убаво си му рекла, тој тебе со бакнеж и прегратка да не ќе те испратеше ако беше обратна ситуација? :^)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  10. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да го кажам моето мислење за твојот проблем. Вака... Нема потреба да се грижиш ако оди сам, ако решил нека оди. Знам дека нема да ти е сеедно, ама барем прави се како да ти е сеедно. Ќе дојдат и твоите 5 минути, немој да се грижиш, денес се се враќа здраво за готово. Не го оправдувам. Зошто не седне и да се договори со тебе. Ако веќе ти си ограничена со финансии, мора ли тој да оди на одмор надвор од државата? Одете на неколку дена тука, важно е само да бидете заедно, не е битно каде ќе сте.
    Бев и јас во голем финансики проблем пред неколку лета и знаш што направи дечко ми, иако и тој не работи, беше да работи приватно, собра некој денар и отидовме во Дојран на негова сметка. Малку ми беше глупаво да одам така, но тој сакаше и ме убеди да одиме. Наредното лето јас повторно бев во иста финансиска ситуација и се изјаснив дека нема да одам никаде и тој рече дека тогаш ни тој не сака да оди. Сите негови другари се собраа да одат во Охрид, само тој не сакаше да оди, едвај некако го убедив да не се двои од нив и да оди. И отиде. Ми беше мило што отиде... Затоа и сега не ми е јасно зошто дечко ти прави вака. Па зарем тој повеќе сака да помине време со другарот, отколку со тебе? Преиспитај ја ситуацијата... Или чекај нека оди, па види како ќе се однесува со тебе откако ќе се врати. Ако неговиот однос со тебе е променет, нешто сигурно има... Тогаш ќе знаеш и самата што треба да направиш...
     
  11. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.250
    Охрид како опција не постои. Јас секако дека не очекувам да ми плати тој. Само сакам да ме разбери дека не ми е сеедно, а тој мисли дека јас глумам лудило, се лутам за џабе. Нека мисли. Ќе се правам дека ми е сеедно како што рече, па што ќе биде, нека биде.

    Фала ви на двете :*
     
  12. eye

    eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    5
    јас сметам дека нема потреба од паника,ако си во врска со него значи му веруваш,тогаш зошто да не оди на одмор сам тие 10дена и тој ќе биде сам но и ти ;)
    ако тој може да те изневери можеш и ти значи колку што ти имаш право да не му веруваш толку има и тој и друга работа зар постои пишано правило дека си приморан доколку си во врска да појдеш на одмор со дечко ти/девојка ти еве на пример јас сум во врска но би сакала да одам на одмор со другарка ми и да си поминам лудо и пијано а не да изневерувам. не треба да значи дека ако оди на одмор со другар му ќе направи беља тој ако сака може да те изневери и со твоја комшивка а и зошто тоа изневерување е толку трагично?! ќе замине на журка ќе запознае некоја уфурана цура ќе се исполижат(или нешо поише) и толкууу не дека емоционално ќе се приврзе за неа во рок од 5-6 дена.
    и кога веќе и тој самиот знае дека си материјално ограничена и не си во состојба да отидеш на одмор искрено зошто да го ограничуваш и него,сметаш ли дека и тој не треба да оди или?!
     
  13. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.250
    Ако оди нека оди. Не му велам ништо повеќе. НО, :!:
    За тебе ако ова е ситница, е за мене не е. Ти би сакала твојот дечко да оди да се исполижи со некоја уфурана за која што нема емоционално да се приврзе без разлика дали е на одмор или не? Ако сакаш и ако не ти смета алал да ти е. Со ова јас не можам да се сложам. :x :x :x
     
    На Hipica и Daydream им се допаѓа ова.
  14. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    ДРАМА
    Чин 1
    ТИ "Злато оди соце, да се одмориме малку, јас дома размислував и сфатив дека навистина добро би ни дошло некое време да сме разделени, затоа што после тоа повеќе ќе се сакаме и ќее си недостасуваме"
    ТОЈ "Како? навистина го мсилиш тоа (прашува зачудено)
    ТИ Секако злато, јас те сакам и ти верувам, убаво да си поминеш"
    ТОЈ "те сакам златоо" :inlove: :inlove:
    Чин 2
    ТОЈ "Каде си злаото, тука е прекрасно многу убаво си поминуваме ти како, се печеш на асфалт"?
    ТИ "Еее па супер еве јас дојдов мAлку да прошетам, не ми сe седеше на топлово дома, па дојдов до Охрид да се изладам, еве баш во моментов седам на плажа, пијам коктелче ќе се сликам ќе видиш слики"
    ТОЈ "Мооооллллаааам? каде си? Како бе, со кого"?
    Ти "Со една другарка (Кате) ја знаеш бе од маало. Уфф срце колку е убаво тука"
    ТОЈ "аха ок. :^) Те САКАМ ЗЛАТО, ЗАПАМЕТИ МНОГУ ТЕ САКАМ. :inlove:
    Чин 3
    Момчето пристигнува во Охрид со брзина на светлината. :D
    ПОЗДРАВ
     
    На L-a-r-a22 и butterfly6223 им се допаѓа ова.
  15. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.250
    Ми се допаѓа идејата и секако дека ќе го спроведам ова. Фала ти многу :*
     
  16. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    И да знаеш дека ќе упали, ќе дотрча со прстен да те проси хахаха
    :lol: :lol:
     
    На butterfly6223 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    хахах добра драма :D

    Бај д веј...и јас многу би се налутила доколку реши да оди сам на одмор,ќе изрежирам негативен филм за неговиот престој таму и ќе се налутам(секако немора да се случи тоа што ќе го предвидам АМА :D )
    Во врската за мене,покрај првото место кое што го наследува љубовта,тука е и разбирањето(не довербата),зошто ако се сакаме можеме да се разбереме,но ако не..тешко.За доверба не зборам,зошто не сум личност што верува,ретко на кој.
    Како и да е,ја подржувам претходно напишаната драма,и ти препорачувам да ја одиграш,зошто кругот секогаш се врти(if you know what i mean :D )
     
    На butterfly6223 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Јас не би се сложила со вас. Што има лошо ако оди сам на одмор со другарот? Ај мене дечкото да ми забрани да одам сама на одмор со другарка. Не значи дека ако имате дечко, дека сите активности од типот ОДМОР, НОВА ГОДИНА, ПРВИ МАЈ, ВТОРИОТ ПЕТОК ОД ЈУЛИ... мора да ги поминувате со него.
     
    На eye му/ѝ се допаѓа ова.
  19. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    А зошто на крај краева да оди сам со другарот на одмор?
    Нема девојчето пасош, зошто да не одат некаде заедно на одмор во Македонија?
    Не се заедно незнам 2, 3 или 4 години туку 9 месеци, во зависност од периодот од кога се заедно ова ќе им биде прв или втор заеднички одмор.
    И сега на тој глупакот му текнало да оди сам и тоа не да се посоветува со неа, да и објасни што како туку тој самиот веќе си закажал. (е тука можеш да ја увидиш човековата себичност и водење сметка само за своите интереси)
    Сакам да кажам дека тој уште од сега не се интересира за тоа таа како се чувствува, има време понатаму, нека крши глава, но мислам дека од почетокот на секоја врска зависи нејзиниот понатамошен опстанок.
     
    На butterfly6223 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mini18

    mini18 Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Ми треба мал совет,вака,со дечко ми сум скоро 3 години,како и во секоја врска имаме проблеми се караме..еднаш раскинавме и тој отиде со друга(тоа е највеќе што ме нервира),јас значи 3години немам отидено со никого,сега ми се набацује најголемата симпатија,незнам дали е да го изневерам дечко ми, и сакам бидејќи до сега немам отидено со никог друг а имам 18год да пробам малце..незнам што да правам , дали би можеле да ми дадете некој совет?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.