Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Зошто да го изневериш,и да паднеш на многу пониско од него?
    Он тебе не те варал,туку отишол со друга одкако сте раскинале :^)
    Според мене долго сте заедно и веќе би требало да знаете кој што сака,и кој што не сака.
    Така да,подобро раскини со него,па после прави што сакаш,одколку да направиш нешто со друг додека сте во врска.Од кај знаеш,можеби после многу ќе се каеш :^) ?
     
  2. mihaela94

    mihaela94 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Прв пат се наоѓам во ваква ситуација, многу ми е тешко.. :worried:
    Значи вака. Пред пола година се смував со еден мој "другар" што знаев одамна дека ме свиѓа, или повеќе да кажам, сака, незнам делуваше многу искрено и многу настојуваше и не се откажуваше од мене. Е добро, се смувавме, јас мислејќи дека ако му дадам шанса ќе почувствувам нешто за него, затоа што го сакав многу да, ама не знаев дали само како другар или нешто повеќе. Многу беше среќен тогаш, дури и мене ме радуваше неговата среќа. Ама тоа е се, јас не бев среќна. Знам дека е најголемата грешка што воопшто имав нешто со него, бидејќи на некој начин му дадов лажна надеж. Откако му го кажав ова се во лице, прекинавме контакти подолго време. После се смиривме, и сега пред некоја недела бевме искочени и пак се смувавме. УШТЕ поголема грешка. Знам дека е безвезе што го кажувам ова сега откако се е направено, ама спонтано се случи, сварно осетив дека можеби и мене ми се свиѓа. Ама не, еве сега сум пак разочарана. Во себеси, не во него. Иако, да спомнам само, додека не зборувавме детево ужасно се однесуваше со мене цело време, затоа и бев сигурна дека не е тој тој. Ме навредуваше, ми се закануваше, правеше СЕ за да се осеќам лошо, дури и отворено ми кажа, дека целта му била да ме повреди и дека ќе продолжи тоа да го прави додека не ме види уништена и несреќна. Подоцна оправданието му беше дека било во афект, а уствари ме сакал. :o
    И сега, јаготката на шлагот, денес излегов со еден наш заеднички другар, онака најдругарски неаме ништо со детето. Тој ми се исповеда, сеуште неможам да поверувам, дека ме сакал уште пред овој, само не знаел како да ми каже. Сега се каел што ме препуштил на него, уште чувствувал нешто и сакал да проба нешто со мене, иако се плашел од реакцијата на другар му, ама сметал дека доволно голема грешка направил со тоа што не ми кажал што мисли за мене уште на почетокот, ослободувајќи му место на другиот. :o
    Ова толку ми дојде наеднаш, најискрено ни на крај памет не можеше да ми падне. И сега си останав така, подзината. Не знам што ќе правам,двајцата ги сакам,двајцата ми се добри другари, само разликата е што со првиот сум имала нешто, со вториот не. А не би сакала ни едниот ни другиот да ги повредам. :(
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.707
    Допаѓања:
    23.132
    Пол:
    Женски
    А малку да бидеш сама и еден период да се фокусираш на нешто друго? Да се одмориш малку од дечковци. Школо, хоби, другарки...?

    Ни афект, ни било што друго не е оправдување за некој да се однесува со тебе на таков начин, да те понижува, да ти се заканува дека нема да престане додека не те повреди и сл.

    Афект е инцидентно кога ќе се случи, на овој тоа му било пракса цело време додека не сте биле заедно.Треба да ти каже тоа нешто за него. А за другар му не ми се верува да е искрен, ништо чудо и да се договориле двајцата. Сум била надворешен сведок на таква ситуација у средно.
     
  4. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Штом ти гледаш на нив како на другари тогаш само на тоа нека остане.
    Едноставно повлечи се на страна и оддржувај одредена дистанца меѓу нив некој период, пошто и сама велиш дека љубов од твоја страна нема, освен другарска основа. Дај им до знаење дека тие ти се значајни како другари и дека воопшто не ти е пријатно да те гледаат на таков начин бидејќи ти тоа неможеш да им го дозволиш.
     
  5. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Не е толку комплицирано колку што ти изгледа, Михаела :)

    Една работа не ја разбрав целосно, или пак ја разбрав, но не можам да си поверувам. Момакот со кој се имаш смувано, јасно ти дал до знаење дека сака да патиш и да се чувствуваш лошо, а на крајот на твоето мислење забележав дека сеуште го сметаш за добар другар. Ова е во најмала рака мазохистичко однесување.

    Со вториот лесно ќе ја расчистиш ситуацијата. Ако ти се допаѓа и сакаш да имаш нешто со него, тогаш имај. Ако не сакаш, тактички сврти му го муабетот дека го гледаш како брат и дека не сакаш да го расипете убавото другарство.

    Среќно :)
     
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.536
    Пол:
    Женски
    Па прво сама треба да си се прашаш што кој и дали некој ти се допаѓа од нив па после да си планираш.

    Велиш, првиот не ти се допаднал ама ете два пати си паднала на него. Значи не е да не ти се допаѓа.

    А вториот тип може те лаже. У тие години такви се. Си вика ај оваа кога можеше со другиов значи не е тешка за убедување ке си пробам и јас. Кај бил до сега да каже дека му се допаѓаш?
     
  7. Matee

    Matee Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    3
    вака девојки..
    Бидејќи неможев да ја најдам другата тема,па решив тука да пишам мислам нема да смета..:worried:
    Па вака идеме со дечко ми скоро 9месеци,али бившата не го остава на раат,нон стоп го замара по телефон на фб му пишува,па пошто на секој блокната или од кај другарка или праи друг профил..го прашува секој ден кога ќе се видат,он постојано и кажува дека има девојка дека ме сака и све, меѓу нив завршило одмана,али ете упорна е.:/ И што да правам,тоа ме нервира ненормално,ми иде да ја убиааам.:@ толку многу ја мразам уффф.:/
    Ве молам за некој совет.:/
     
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ова е барем лесно. :) Нека ги блокира сите профили од кои она би можела да му пише, ако му досаѓа на телефон нека го смени бројот или па мислам дека мобилниве оператори имаа некоја опција да го блокираш одреден број да неможе да те бара. Ама незнам како точно беше тоа, најубаво да си праша. И едноставно нека ја игнорира, нека не и објаснува дека има девојка, дека ја сака итн. Само ignore. Ако му пише нека не и враќа зошто очигледно она тоа сака, да му привлече внимание на секој можен начин.

    И нема потреба што ти да се нервираш. Ќе го седнеш и фино, лепо, најсмирено ќе му го објасниш ова и ќе му кажеш дека сакаш да заврши овој кошмар еднаш засекогаш. Ова само дечко ти може да го среди ама мора да дејствува. :)
     
  9. Matee

    Matee Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    3
    Па да му кажав за бројот и ќе смени..:/
    Сепам фала ти.:*
     
  10. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    како да го убедам да ме остави да ставам пирс на стомак?? овие два дена постојано ми се врти таа мисла во глава само пирс да ставам.скоро го оформив стомачето и сега огромна жечба ми е пирсот ама уште од порано кога го сакав тоа тој ми рече не може,јас мислев ќе попушти но ете денес само заради ова дојде до голема караница.му реков дека ако сега во младоста не ставам да ми помине меракот после кога ќе бидам бремена нема да можам да ставам а пак кога ќе родам стомакот ќе ми висне и желбара ја губам автоматски.пак не не и не.не попушта.ми вели еден пирс не ти е поважен од мојот збор.а што е со мојата желба(желби) воопштоо....разочарана сум :(
     
  11. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Незнам колку си запознаена со последиците од ставањето пирсови,особено на места какви што се папокот :^) Но,верувам дека си доволно,штом имаш толку голема желба за го ставиш :)
    Убаво е да,естетски(да кажам) но проаѓа мерак брзо,знам имав другарка што исто со голема желба го стави,но еве денеска пак не го ни носи :/
    Во врска со дечко ти,ако сте долго во врска,и ако он го слуша твојот збор,т.е наоѓате компромис,би требало да размислиш дали вреди да се карате за тоа(и он исто).
    А за убедувањето не треба да се замараш,ако толку сакаш,стави,сепак е твој живот,твое тело.
    На крајот на краиштата,штом твоите родители ти дале дозвола,од негова страна според мене треба да имаш подршка.
    Го кажувам од искуство,зошто и мојот дечко сакаше трајна тетоважа,но мене не ми се свиѓаше тоа и се бунев.Али,сфатив дека можам до утре да зборам,ако он нешто наумил,тоа и ќе го направи. :D
    Мое мислење,дечко ти треба да се повлече од настојувањето,и да биде со тебе во секоја твоја одлука.Негово е да те предупреди за било што или да те посоветува,а твоја е одлуката какво решение ќе донесеш :) Поздрав ;)
     
  12. Matee

    Matee Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    3

    Епа да и јас го имам истиот проблем,сакам да ставам пирс на веѓа,но тој мисли дека тоа не е добра идеја..:/
     
  13. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    запознаена сум последиците,тој не ми кажува зошто не сака да го имам тоа туку само ми вика ете јас така сакам.он имаше на веѓа и сега веќе го нема му се инфицираше местото ама не верувам дека само заради тоа несака.
    за на веѓа и јас не се сложувам имам мнооогу нерви и што недај Боже да ти погодат нерв? опасно е ама желбата е поголема.. и + тука око е во прашање..
     
  14. Matee

    Matee Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    3

    Знам може да има и последици само недај Боже,ама сепак желбата ми е преееголема,едвај ги убедив мојте пошто и тие не ми даваа.:/
     
  15. Ubavataa

    Ubavataa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    9
    Мување

    Еден другар ме викна да искочиме и на другарка ми и кажал дека сака да се муваме и после мувањето да зборел со мене за врска .. Али работата е што ја до сеа се неам мувано и ми срам , ја имам многу срам и нз што да прам и ако многу сакам да одам :$ ;( Помогнете дај те некој совет ве молам
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Во случај уште да не биднала работава :D

    Абе каков срам, оди таму, ич да не му ја мислиш. Нема врска тоа што немаш искуство, ќе видиш бакнувањето само од себе ќе си доаѓа ;) Немаш мака тука :)
     
  17. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764

    Прави што сакаш! Не дозволувај уште сега да кажуваат што смееш, а што не смееш да правиш.
    Доколку родителите имаат против тоа, тогаш тоа е друга работа, ама да не правиш нешто што дечко ти неќел ми е ноу сенс. Не се замарај, постави си став, ако сега не го сториш тоа секогаш ќе биде по негово, за се што не му одговара ќе те "уценува" на некој начин.
     
  18. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Charliee нема зошто да го убедуваш дечко ти да ти дозволи да ставиш пирс. Штом ти си решила и твоите од дома ти дозволиле тогаш што има тој да ти забранува?? Сепак ти е само дечко...Во ред е да го ислушаш што има да ти каже - но забрана? Тоа е веќе нешто друго.
    Твое тело,твој живот - твои одлуки ;)
     
  19. Stella.21

    Stella.21 Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    2
    Ајде ии јас да побарам совет од вас затоа што вие најдобри совети давате ^_^ Имам дечко одиме околу 3 месеци но јас не успеав да го засакам тој е свесен за тоа и ми вели дека со тек на време ќе го засакам како што тој ме сакал мене, и навистина тој е добра личност и ме почитува се тоа ама ете тоа што чувствувам кон него не е љубов. Дали мислите дека е подобро сега да прекинам со него или да почекам да помине уште некое време за да видам како ќе биде работава ? Поздраав до ситее вас :* :*
     
  20. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Да не ти се врти друга личност тебе во главата? :^)
    Ако да,тогаш не си го губи времето и не го повредувај сегашниов дечко.Но,ако немаш некоја конкретна причина,можеш и да почекаш уште месец,а и да вложуваш и самата во таа врска,зошто сепак сте двајца,нели :)
    Ако навистина ти е убаво,он е добар,фин,внимателен итн,напрај напор и од твоја страна за да во скоро време го чуе зборот Те сакам,кажан од срце ;) :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.