Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. fergie

    fergie Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки, да ве прашам за совет и мислење... Раскинавме со бившиот пред пола година, сеуште сме во контакт (онака на „здраво“), но не сме блиски, но во последно време некако ситуацијата меѓу нас се менува и полека стануваме поблиски зашто знаеме и двајцата дека сеуште постои љубов меѓу нас, и можеби во иднина би се и смириле зашто мислам дека и натаму води ситуацијата. Работата што ме мачи е тоа што за 2 дена му е роденден, и сеа не знам како да постапам, дали би било добро да му го честитам роденденот преку смс или сепак да не избрзувам со некои потези... Вие што мислите, како би постапиле ? поз :)
     
  2. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Јас би му честитала...Нема ништо лошо да му пратиш една порака или да се јавиш.
    Глупо би било од твоја страна да не изреагираш,сепак сеуште си контактирате ;)
     
    На fergie и babe им се допаѓа ова.
  3. babe

    babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    4
    Fergie, штом веќе станувате поблиски со него, и штом и самата велиш дека се уште постои љубов меѓу вас, значи вие го знаете тоа, и засега секоја мала ситница што еден за другиот ќе ја направи, таа сигурно ви значи нешто и ве прави посреќни, кога веќе би дошло до помирување и веќе самата си одлучила дека би се смирила со него мислам дека добар потег ќе ти биде тоа да му честиташ. Според мене мислам дека нема ништо лошо во тоа да му го честиташ роденденот преку смс, туку напротив тоа на него ќе му значи и би било убаво од твоја страна :*
     
    На fergie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328

    Јави му се и честитај му, ако не барем од почит стори го тоа! Позз
    п.с СМС или ФБ не би ти препорачала, ако сакаш да се смириш со него, КОЛ ХИМ!
     
    На fergie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ете ти убав повод да му се јавиш, а да не биде како изнасилено од твоја страна. Искористи го поводот, јави му се, направете си нормален муабет и остави работите да си одат по својот тек :)
     
    На fergie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gagagirl

    gagagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Здраво девојки :) ми треба совет или мислење. После долго време откако раскинавме со бившиот сега сме повторно во контакт се допишуваме на фб.... тој мисли дека можеме повторно да бидеме заедно но, јас не сум сигурна за тоа затоа што кога бевме заедно тој дури не ме погледнуваше у очи и секогаш беше пијан со изговор дека му е срам.... јас се уште чуствувам нешто кон него..... сега пак испадна и дека е љубоморен и не знам што да правам веќе :| ;(
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Па ситуацијава од страна е многу јасна. Ако сакаш да си натовариш проблеми на грб, смири се со него. Па после ќе пишуваш тука, Девојки ми треба совет, дечко ми е нон стоп пијан и е премногу љубоморен :worried: Додека е време, со ладна глава размисли убаво. Сега имаш чувства за него, ама ако е таков каков што го опишуваш брзо ќе исчезнат.
     
    На Mistery и gagagirl им се допаѓа ова.
  8. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Се согласувам со виножитце...плус во твојот пост, си го даваш и одговорот на поставеното прашање, имено наведуваш проблеми а ништо што би можело да биде добро и убаво со него, башка сте раскинале веќе, поминало одреден период, си го поминала и тој процес на постраскинување, и сега само заради некои, незначителни чувства ти да си натовариш проблеми????
    Само да знаеш, што и да ти зборува, таквите скоро и да не се менуваат никогаш....си се спасила на време, затоа не си ја предизвикувај судбината уште еднаш....
     
    На klaudija90, rainlover и gagagirl им се допаѓа ова.
  9. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515

    Вака сеа....работите сеуште стагнираат како и првиот пат. Прогрес има само во слушање по телефон. :)
    И со двајцата....
    Дечко ми нешто наслутува, јас му кажав за типов и дека секојдневно се слушаме, но како ми бил тоа стар другар па сега се вратил и сум многу exited па као ``ќе идеме кај него заедно, има хиподром да јаваме коњи бла бла- као ептен другарска работава` Не дека лажам само моите емоции се ептен растресени.
    Е ако земеме в предвид дека со дечко ми сум не повеќе од месец дена, ок ни е, многу е фер колку што до сега можам да заклучам, но некако пребргу се зближивме и сепак... пред него завршив 4 годишна врска.
    Со повратников пак секој ден окапувам на телефон, завчера дури разговаравме цели 4 часа и 8 минути на мобилен, и иако знае дека имам дечко, сепак работите некако се загреваат меѓу нас повеќе одколку што треба. Т.е другарка ми од кога слушна еден наш разговор ми вели: вака не сум те чула со ниеден дечко да зборуваш по телефон.
    Е сега факт е дека и новопојавениов повратник не е баш принцот на белиот коњ бидејќи има неколку црни дамки во историјата негова. Бивш зависник е, иако сега изгледа како воопшто за дрога да не чул во животот, живее повеќе од пристојно, си дипломирал, спортува и.т.н, и планира да си остане овде додека му се седи (те. најде добра работа и затоа веројатно си дојде)
    Но со дечко ми се црно -на- бело.... Со моменталниот не спојува уметноста- комплетно чудо можеме да направиме заедно само со салфетка, камо ли со молив и пенкало или апарат =)
    Со ново-стариов не спојува минатото, и она чувство дека се знаете од секогаш. Оној бунтовнички дух, оној откачен нерв кој го има....и тоа што неможам да престанам да се смеам на секоја ф*кинг реченица која ќе ја каже.
    И искрен е и повеќе одколку што треба- тоа го почитувам премногу... :wasntme:


    И ете ме мене, пак на истиот крстопат си стојам.... знам дека треба да одлучам каде да одам....
    но некако тука си заседнав, и сеуште бројам...и сеуште стојам...
     
  10. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Хајди,
    Многу размисли пред да се смириш. Мал е периодот за да забележиш дали стариот се сменил.
    Терај си вакаа, муабети, остави времето да покаже, не избрзувај да го оставиш сегашниот...
    Многу пати се случува да се вратиме на старото во животот, па да се покаеме.
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Хајди на две столици знаеш дека не се седи...И сепак колку и да негираме срцето ни го покажува патот. ;)
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fergie

    fergie Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Фала ви девојки на мислењата, сепак и јас мислам дека треба да му честитам, а знам дека тоа многу ќе му значи :)
     
  13. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    ми треба совет и мислење
    тој имал 3 годишна врска и разделени се 2 месеци со неа, но прва девојка ми била па со неа се прв пат изживеал и сега се разделиле поради секојдневни глупави караници , но тој сеуште ја сака не може да ја заборави, таа не сакала да биде повеќе со него и тој е сигурен дека никогаш нема ни да сака
    а со мене се запознавме спонатано мн си се допаднавме меѓусебно но не знам дали вреди да ризикувам да не ме искористи колку да ја направи љубоморна па да и се врати неа а мене да ме повреди
    а заборавив да спомнам мн е убав добар и паметен , баш поради тоа се двоумам

    вие да сте на мое место дали би почнале нешто со некој иако знаете дека сеуште има чувства кон друга ???? :^) :^) :^)
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Ако си спремна на ризик пробај...зашто се уште е рано за него да влетува во нова врска...Не верувам дека ја заборавил тек така.Не мора ни да значи, може ете ќе ви се посреќи па ќе си имате успешна врска.
    Нема правила...сепак ти сама ќе одлучиш.Само може полека да одиш со него...не мора од одма да се врзувате.
     
  15. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    не не знам дека не ја заборавил , сеуште ја сака
    но и јас сум сакала , јас сум имала исто голема љубов како него во минатото кога ми кажувал за нивната врска исто како мојата да ја раскажува
    само што мојата заврши одамна
     
  16. tamaramuv

    tamaramuv Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Те гајле бе шо ке те искористе он прва ти искористиго него. Терајси кејфови и уопште да не му ја мислиш :)
     
  17. Anjichka

    Anjichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    76
    Да, дефинитивно би почнала.. Всушност јас бев во оваа ситуација, само во обратна позиција :) само треба да знаеш како, остави ги работите да се одвиваат спонтано, биди умерена, не нападна, зближи се уште повеќе со него и уживај.. не мисли на бившата негова, не отварајте теми за бившите, исто како да не постои... На крај краева, If it's meant to be, it will be ;)
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ако мислиш дека вреди детето тогаш вреди и да се ризикува поминале 2 месеци па зошто да нема нова љубов до кога треба да жали да поминат 2 години? гупости никој не умрел животот оди понатаму не се базирај на тоа само напред бидиси опуштена спонтана внимателна кон него и кон себе се разбира и на почеток трпелива и мислам дека све ќе си дојде само од себе со среќа ;)
     
  19. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    фала :) ... ве послушав и ке одам до крај овој пат па ке видиме дали вредело.....барем вечерва ме израдувавте ! :*
     
  20. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.927
    Допаѓања:
    4.582
    Драги Феминки,

    Ми треба ваше мислење/совет. Со бившиот сме раскинати веќе 2 недели(денеска би правеле 3 месеци),и во тие 2 месеци имаме 2 пати раскинато. Тој сака да сме заедно, но штотуку ми кажа дека ме изневерил првиот пат кога сме се скарале, т.е. со друга се измувал. Точно е дека не сме биле заедно, но сепак тој со тоа ме деградира и не изразува почит кон мене(а баш тогаш одев низ тежок период). Најстрасно е што, иако тој е крив ја префрла вината на мене, како јас не сум сакала да сум со него и за глупости сум раскинала,па уште и изводи и ми се понаша... а сака да е со мене?? :o :!: :fubar: Незнам веќе што да мислам. Утре сме договорени да се видиме,да направиме муабет... но незнам,мислам дека попуштам а и самата незнам зошто. Досега кој и да бил би го :swear: ... Ве молам за било каков совет :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.