Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Обично не делам совети по форумов ама откако го прочитав ова морам да кажам дека дефинитивно треба да излезеш со американецот! И самата си свесна дека тој е многу подобар од "дечко ти" кој не те заслужува. Секако дека нема да ти биде лесно да прекинеш 3 годишна врска. Дури и врска од 5 месеци е тешко да се прекине. Но, мислам дека ова со американецов е шанса што не смееш да ја пропуштиш. Размисли убаво и со среќа :)
     
    На charliee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. V.e.n.e.r.a

    V.e.n.e.r.a Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    18
    И јас како останатите форумџивки би те советувала да прекинеш врската со овај сегашниов,и да ја прифатиш понудата за вечера од Американецов.А и самата си пишала дека ти кажува дека не те сака затоа не вреди со него да губиш време.А и кој е тој да те малтретира,навредува и да ти заканува.
    И како што пиша Irrepleceable да ни пишеш како поминала вечерата ;)
     
    На hermosa и charliee им се допаѓа ова.
  3. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    И Charliee??
    Како помина? :D
     
  4. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Вистина,и јас сакам да знам!! Ајде пиши ни.
     
  5. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    пишувам импресии во лп.кој сака да чуе нека пише :D
     
  6. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Ако има некоја слободна девојка нека ми пише ЛП, ве молам ми треба совет и утеха. :worried:
     
  7. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Moжеби малку доцна јас ти коментирам и веќе ти си ја донела твојата одлука.Прочитај го болдираното горе и размисли дали тој човек треба да е дел од твојот живот.Таа тригодишна врска ќе ја заборавиш за многу краток период,ако навистина тој новиот тип кој се појавил во твојот живот ти помогне да поминеш преку сето тоа.Послушај ја мајка ти но пред се преслушај се самата себеси.Ти знаеш што е најдобро за тебе.
    Јас ти посакувам многу среќа :*
     
  8. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Повели ;)
     
  9. Pikacy

    Pikacy Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Здраво, феминки :) Исто и мене ми треба совет.. :/ Па вака, во врска сум 1год и 9 месеци. Имам 18год. исто така и дечкоми има 18. На почетокот од врската ми беше многу подруго отколку сега, некако во последно време како да олади :С Незнам што се случува. Го сакам и тој ме сака. Нонстоп ми збори дека ме сака. Ама јас незнам шо да мислам веќе. На почетокот беше многу пољубоморен отколку сега, и повеќе се слушавме на моб... :/ Ме нема изневерено никогаш, ни ја него. Тој ми вика дека ме сакал многу, и дека сакал да остане со мене до крај, но ете незнам што се случува во последно време, се мислам дека сум му здосадила :( .. И никогаш со ништо не ме повредил.. но.. незнам .. ете јас така се чувствувам.. тажно во последниве месеци :( Пред еден месец имавме и односи и многу убаво ни беше.. Се мислам дека оваа врска ќе заврши.. :( Морам да признаам дека сум љубоморна.. ама му верувам, само незнам до крај ќе стигнеме :/ Криво ми е зошто е повеќе со другарите отколку со мене, тој не е баш блиску до мене и кога можеме се гледаме но не секој ден.. а сакам да разговараме околку ова деновиве, па незнам .. :/ Ми фали понекогаш, а понекогаш и нее :/ Незнам што ми се случува. Во последно време мислам дека со мене е само за секс, дека само тоа му е важно.. но тој упорно ми кажува дека не е само со мене заради тоа, дека му е убаво и дека ме сакал. Но, јас пак така си мислам! ! -.- А ако раскинеме не дај боже, мислам дека повеќе нема да ме сака никој.. затоа што мислам дека машките повеќе преферираат невини девојки! :) Може беше грешка што имавме, но, тоа е .. касно е више :) И не се каам за тоа :) Ама незнам што ќе се случи. Иначе пред некој ден бев на поседок со другарками, и навечер излегувавме и многу деца ми се пуштаа.. дури еден уште пред една година кога бев таму ме засакал многу и неможел да ме заборави, се видовме и зборувавме. Јас му кажав дека имам дечко и тој знаеше уште пред тоа, и дека го сакам.Тој ме разбра, и ми рече дека не сака да ми прави проблеми но, во последно време ми се јавува многу на тел. И сега пред некој ден ми се јави но, му реков да прекини да ми се јавува и да се обиде да ме заборави.. ми кажа дека ќе се обидел но, не верувал дека ќе ме заборави бидејќи ме сакал многу.. :/ И му реков да не се надева на мене, да си најде друга. Незнаааам више што да правам. Кажете некој совет, ве молам ! :worried: :* А иначе сегашниот дечко ми е прв и ја на него прва. И не сакам баш да заврши оваа врска, ме сака и ја го сакам. Ама олади некако многу, не е како што беше порано :С .... А јас сакам многу повеќе нежност и внимание да ми обрне, се чувствувам осамено :/
     
  10. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Kратко и јасно:збори и кажи му дека сакаш повеќе внимание од негова страна.
    Иако можеби малку претеруваш и си замислуваш работи што не постојат.Нормално е во секоја врска да има периоди на монотоност,но тие поминуваат,секако со заеднички труд.
    Зошто викаш грешка дека било тоа што сте имале односи?Викаш дека го сакаш ама малку несигурно делуваш во однос на твојата одлука :/
    И нека не те интересира што останатите идни дечковци ќе мислат за тоа,ти си таква каква што си.Ако си сакала да го направиш тоа не треба да се каеш или да мислиш во иднина како ќе реагира некој друг.
    Ако обрнуваш внимание на нивната реакција во однос на тоа,тогаш и ти ќе треба да се лутиш зошто они имале секс со некое друго девојче пред тебе.
    А нема потреба од тоа верувај,глупости се ;)
     
  11. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Мислев никогаш нема да напишам пост во оваа тема но еве ме и мене :) Идната недела полнам 23 год. а дечкото со кого сум веќе 2 год во врска има 27год. Кога некој би ме замолил со еден збор да ја опишам нашата врска би рекла дека е СОВРШЕНА, на секого би му посакала да биде сакан и почитуван како мене.Но последниве неколку дена одкако добив работа во Систина, да започнам од 1ви идниот месец, мојот дечко запнал да се жени.Според него, прибидејќи он е од Скопје а јас не, доволно сум одела под кирии минативе 5 год. и мисли дека е време да се стави крај на тоа и да си појдам да живеам кај него.Многу ми значи,го сакам, ценам но ова ме плаши.Многу голем чекор е за мене.На неколку пати се обидувам да му објаснам деновиве дека е сеуште рано,млади сме но никако неможам да го разубедам и цело време ми го кажува истото ,, Остави на мене ". Кога пред месец дена некој би ме прашал дали би прифатила доколку би ме запросил, веднаш би одговорила ДА, но сега ме фаќа страв.Што мислите?Да ставиме крај на сите овие тортури и да се вериме или да продолжам да го разубедувам иако мн тешко ми оди :?:
     
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    9.177
    Пол:
    Женски
    Eпа добредојде во овие теми,никогаш не вели никогаш нели :D .A зошто те плаши идеата да живеете заедно,да можеби многу работи се тешки треба да вршиш домаќински работи да се грижите еден за друг но штом вистински се сакате тоа ќе биде еден чекор напред,сепак ти најдобро си знаеш каков е дечкото и како ќе се сложуваш со него,мој совет не прави нешто за кое не си сигурна позз
     
    На teddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Охоо ќе има свадба мене така ми мириса :P :lol:
    Ти штом ја имаш основната подлога за една врска,т.е љубовта,која ти е исполнета со многу разбирање и почит,се друго само ќе си дојде.Немаш причина за да го разубедуваш,причина која е поткрепена за навистина да не го направите тоа,затоа и он се противи :) Ако ја гледаш иднината со него,само напред ;)
    Онаму каде што владее љубовта,успехот самиот си доаѓа.
     
    На hermosa и teddygirl им се допаѓа ова.
  14. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    Теди те сфаќам како ти е ,пошто и мене ми беше така кога мм(тогаш дечко)ми предложи брак,ние одевме 5год и само се чекаше кога ке се земеме,ама кога дојде тој ден јас бев токлу уплашена(како сега што си ти) и му одолговлекував неколку месеци,ај уште малку ај уште малку,а од кај доаѓаше тој страв стварно незнам... :?:
    Дали тогаш сфаќаме дека некои работи ке се сменат како место на живеење,заеднички живот па бебе или што е стварно незнам,само ке ти кажам дека откако ке се верите ке ти падне камен од срцето и целосно ке се ослободиш од тој страв,мој совет ти е ако стварно планираш да се земеш со него нека биде што побргу тоа подобро.А и време ви е,Со среќа :*
     
    На teddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. male4kolol

    male4kolol Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Се запознавме преку мој и негов другар излегувавме некое време ми се јавуваше по неколку пати во денот Една вечер бевме заедно типот сакаше да легниме јас го одбив и по неколку дена се скаравме.Јас после тоа се затрескав многу во него направив се да го придобијам повторно и конечно по една година се смиривме имавме односи тој ми ја зема невиноста се видовме неколку пати и типот изчезна не го побарав ни јас.По неколку мецеси ми се јавува и ми вика да се видиме го одбив,после тоа ми се јавува треба да разговараме јас не не неколку пати и ај конечно да муабетиме,ми се извини што постапил на таков начин ми вика дека ме сака и конечно сме во врска 1 недела се гледавме секој ден се беше ок.После тоа повторно го нема неколку дека па се јавува и вади изговори вика дека имал проблеми и се однесува како ништо да не се случило ...се така па така :( ве молам помогнете ми незнам дали да продолжам со него ???
     
  16. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Дечкото постојано го прави истото - исчезнува. По тоа што го напиша јас мислам дека сака само авантура и секс. Мој совет тргни се од него, што порано толку подобро. Тој секогаш ќе се враќа со изговори и ќе бега кога ќе му здосади. Сериозна врска со таков човек тешко, само самата ќе се повредуваш се повеќе и повеќе.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Него таман му е време за женење. А од друга страна тебе ти е мн рано. Што е и разбирливо, прво сакам да ти честитам за работата, конечно ке се осамостоиш. И несакаш одма да се врзеш во др димензија брак, свекор свекрва... Нормално е и страв да осекаш. Пробај објасни му дека премногу ти е рано за свадба, дека си уплашена што како ке биде, оставете работите сами да си идат по свој тек. Потенцирај му дека пак ке си бидете заедно како и предходно, дека ти и понатака исто го сакаш, само нека не ти прави притисок одма да направите веридба. Се надевам дека се ке помине во ред, ти посакувам се најдобро. :)
     
    На teddygirl и leighton23 им се допаѓа ова.
  18. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Ти благодарам, ако немаш работа што е можно побрзо да си најдеш :*
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mkd.mkd

    mkd.mkd Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Можеби е малку необично на форумов да се обрати машко, особено на оваа тема, но мора да прашам нешто :)

    Не сум некој кој сака врски и избегнувам да покажувам емоции и зборувам за себе си. До сега секогаш сум држел некое растојание од женски и не дозволувам врската да помине на посериозно :)

    Некои работи се сменија со последната женска. Се гледавме околу 2 месеци и од нигде никаде ми кажа дека доста било. По некој ден ја побарав дека сакам да се видиме и рече ок, ќе те барам деновиве, но ништо од тоа.

    Помина месец дена од тогаш и сеуште му ја мислам што заебав и што да правам. Ми пиша на пијано на фб и ми се јави една вечер кај ќе идам. Се имаме видено 2-3 пати од тогаш само на здраво. Последниот пат (пред некој ден), лути и двајцата, само нешто си пререкувавме. Пред недела од далеку ја видов со друг дечко (нормално се напнав, но не дека јас не бев со други), па ми помина.

    И денес некако ме фати мисла, дали да си го скршам тотално угледот (покрај тоа што два пати ме одјеба) и да и пишам некоја порака дека навистина сакам да ја видам, или пак да си почекам уште некој ден и да ми пројде :). Не знам дали ја сакам назад, убаво ме заеба, но не ми е сеедно. Тука е дилемата.

    Па ајде ако може некој совет од женските :)
     
  20. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661

    Како да го читам еден мој бивши.
    Едноставно е - ти го повредила егото. Не си очекувал такво нешто, можеби е дека си навикнат да оставаш, а не да те оставаат, а таа баш тоа го направила. Со тоа неможеш да се помириш.

    Јас ти предлагам, оддалечи се. Батали. И јас го имам ова направено, многу е возможно намерно да ти го има направено, а моментите на пијано се само моменти на слабости се додека не си најде друг, како што и го нашла, читајќи те.

    Ќе ти помине. Тебе. Ама не и на твоето его... ;)
     
    На mkd.mkd му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.