Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.347
    Ја препознав во темата модни критики. Да во право си блиска сум, но не претерано бидејќи генерациски не сме исти години. Нејзиниот дечко ми е прв братучед.
    Не сакам да се мешам реално за да не навлезам и јас во проблеми. Ќе испадне дека им растурам врска.
    Но како и да е повозрасни се и знам дека тој планира брак со нејзе...е сега доколку тоа се случи јас ќе имам грижа на совест зошто не сум го предупредила.
    Никако не е ... Мислам дека и да кажам и да не кажам виновна ќе испаднам. :worried:
     
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Значи сигурна си дека е она. Имаш цврст доказ и ќе можеш и сликата да му ја покажеш и со тоа да ги споредите нејзините мислења. Значи она нема да може да се извади и нема што он да не ти верува.

    Друга работа, со самото тоа што она го прави, нив врската веќе им е растурена, тука ти немаш никаква вина, само би потпомогнала да му се отворат очите на братучед ти и ништо повеќе.
    Според мене во ситуацијава ти си чиста ако кажеш. Ти реков олеснителна околност е тоа што може да ја види сликата и нема простор за негирање, таа е или не е таа, или Феодора те лаже, ти реков, ми рече. Имаш црно на бело и крај.
    Јас би кажала на некој постар најпрвин, мајка ми, татко ми, било кој, би разговарала па они нека одлучат дали да кажам или не. Мислам дека најдобро знаат постарите во вакви ситуации. Ете викаш дека и братучед ти е постар, можеби они ќе можат да разговараат со него или нешто слично.

    Како и да е не треба да имаш грижа на совест доколку не кажеш, а најмалку па ако кажеш и они раскинат. Ти само си се нашла на погрешно место во погрешно време и никаква вина немаш. Знам дека ваква информација е товар на психата ама ти одлучуваш што ќе направиш. :)
     
  3. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Ке полудам од дечко ми :envy: Сум пишувала на тема дека со него имав проблем поради неговата љубомора (тоа до некаде е стабилно) и уште некои други работи, но во последните 2-3 дена ме излуди тотално. Јас знам дека е он малку тежок карактер и дека обожава да води инает ама во последно време толку многу ме вади од контрола што не знам како да изреагирам и почнувам да го ударам, штипам и гребам со нокти, после сум јас таа што се извинува зошто нанесувам видливи повреди, а моите умствени повреди не се приметуваат... три дена упорно се расправаме и се мириме како луди, и после пак се расправаме и целиот убав муабет паѓа во вода. Морам да кажам дека се расправаме буквално за глупости и детски работи да не гледа некој од страна ке се крсти, ама толку грди работи си изнакажеме и се повредиме што после размислувам како можеме така толку да се сакаме а така да се повредуваме, дали вреди. Еве моментално се спремаме за одмор... не сме при пари и двајцата и јас успеав преку пријатели на моите да најдам одмор на рати, се договоривме каде и резервиравме, ама затоа што сме многу блиски пријатели ми рекоа ке дадам капар во текот на неделата да не брзам ми веруваат... и сега нему му било скапо (а реално не е) и он сака да бара нешто друго поефтино...и тука следеше кавга, нормално неможам јас да се зафркавам со пријатеелите одам-не одам и се резервирано само заради негов кеф, ама не можеме дефинитивно да се разбереме и согласиме за ништо во последно време. Најмногу ме нервира и плаши тоа што он знае страшно да ме изнервира и јас излегувам од контрола и јас го штипам он ми врака и збеснуваме и двајцата и после 10 мин се мириме... од секогаш ми биле нејасни таквите парови а сега јас го правам истото, а нејкам. Ке збеснам незнам што да превземам :(
    П.С. Се радував некое време дека не се жалев на фемина за моите љубовни проблеми, ама на радоста и дојде крајот :(
     
  4. BeautifulDisaster

    BeautifulDisaster Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Не се секирај,секоја врска понекогаш паѓа во кризни периоди..Период е тоа,нормално е и не само кај пубертетлиите,дури и кај возрасните луѓе понекогаш да не можеш да им погодиш и да незнаат ни самите тие што сакаат..Ќе помине кризава,не се секирај.. И јас сум од оние што тешко си го контролираат бесот и ептен агресивно реагираат..Број до 10..Знам дека е неизводливо али.. обиди се :)
     
    На DjinTonik му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Тоа е трагично,што сите парови во глобала се караме за глупости.И уште потрагично е што сме свесни дека се глупости и упорно продолжуваме :lol: Одпосле кога ќе се сетиме на караниците ни е смешно,но во моментот на караницата ни иде да :@
    Можеби е само период,од што немате што да правите,наоаѓате ситница и ја правите огромна. :^)
    Да пробаш да му кажеш дека си изморена од сите караници,и дека сакаш малку да стивнат работите,м?Заедно да пробате да се замарате,но само за убави работи.А не да се карате за тоа дали е ефтино или скапо(т.е он да се кара).
    Да напоменам,имате одмор на повидок,што е плус за вашата врска.Ќе се опуштите и ќе заборавите на "проблемите".Зборувам од искуство,зошто и јас сум имала ептен кризни моменти,и тоа за многу поголеми причини,но за време на одмор се зближуваме и едноставно забораваме на се.
     
    На DjinTonik му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Ви благодарам на советите... :* Ние само тоа и правиме: збориме дека сме уморни од нервози и кавги и после некое време ке заборавиме што сме збореле и пак ке излезе нешто за да се искараме...Кога сум сама дома си размислувам многу често и се нервирам како може да не се согласуваме толку многу во последно време, се нервирам што имам чувство дека на крај пак ја попуштам после секоја расправија само за да не легнам да спијам нервозна и лута, и има период кога стварно сакам да се одморам некое време од него, ама пак не можеме еден без друг... така да во секој случај збеснуваме, се надевам дека е само период :?:
     
  7. scriptgirl

    scriptgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Лошо момче

    Едно момче ми пишува веќе 3 недели а пред два дена се смотавме. Тој има девојка од друг град но не се во добар однос. ми пишува дека ме сака, но,знам,дека не ме сака а и јас не го сакам. Се плашам да не се заљубам. Секоја вечер поминува со неговата кола пред мојта куќа. се осеќам искористено но неможам да сфатам дека и јас го користам. Јас сум многу чувствителна и секоја мала работа може да ме повреди. Дали да ставам крај пред да се заљубам или да се гледам со него цело лето? Пишуваме по цели денови а мислам дека му се допаѓам.
     
  8. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    5.798
    Пол:
    Женски
    Лошо момче

    Стави крај.Тој има девојка и без разлика во какви односи се тие,тој со тебе се гледа што значи ја изневерува женска му а ти си насредина.Плус и самата пиша дека не го сакаш ни ти него,ни тој тебе така да не му го потполнувај времето него за да ја замениш женска му што не е во ист град ко вас.Позз
     
  9. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Лошо момче

    Стави крај. Лоши или добри односи - не е важно. Помисли на девојката. Остави тие да си го решат проблемот.
     
  10. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Лошо момче

    Ако толку те сака,нека раскине со девојка му.
    Во спротивно,ќе бидеш искористена и повредена,а како што гледам не сакаш да бидеш. ;)
     
  11. canary

    canary Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    60
    Лошо момче

    Ако ја изневерува девојка му утре и тебе ќе ти го прави истото. Ако не сакаш тоа да се случи речи му папа.
     
  12. secret.girl

    secret.girl Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Лошо момче


    Штом ја изневерува девојкаму и да раскине со неја да ти стане твој дечко и тебе ќе те изневерува затоа на време откачи го :)
     
  13. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Немора да значи дека ако биде со тебе дека и тебе ќе ти го прави истото. Моја другарка беше во истата ситуација се загледа во дечко кој беше во врска две години , и сите знаеа дека тој ја изневерува со која што ќе стигне. Тој почна да и се јавува да контактираат секоја ден, па и се смуваа но не продолжија понатаму зошто таа му постави услов ако сака да биде со нејзе да раскине со женската. За еден месец тој раскина со девојката и после извесно време се фати со другарка ми. Од тогаш тој тотално се смени и стана сериозна личност а и премногу ја сака веќе одат една година и врската им е сериозна.
    Зборот ми е да не одлучуваш одма, разлегледај ја ситуацијата од сите можни аспекти не е секогаш така како што изгледа ;)
     
    На jovana.stojanovska му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eme.sk

    eme.sk Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    ЗДраво девојки. Aј ако некоја од вас е слободна за давање совети нека ми пише во инбокс . Неможам овде да напишам.
     
  15. devojka-28

    devojka-28 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    барам искрено мислење дали јас грешам или тој?

    здраво на сите имам врска со дечко од друг град во која вистински со срце и душа вложив и верувам во неа ,имам за него разбирање за се буквално а и тој за мене ама имаме многу спротивни мислења во врска со некој работи кои доведуваат до ептен јако карање и вреѓање конкретно ке ви дам пример, работам на шалтер и му праев документи на едно машко кој го знај и мојот дечко и ми вика ке ги остам овие работите кај тебе да завршам некоја работа в град ке дојдам добро му викам и по некое време пак влезе на шалтер и посто бев за бегање јас да го потсетам му реков да не ги заборајш овие работите одтука,не ми вика ке ги земам и ги зеде и си замина и уз муабет му кажав на дечкото и тој одма ми се пушти шо е то од тебе то е курвинско понашање немаше потреба да му речиш ти се чепка газо шо те боли дали ке ги заборај ,а бе му викам ако сум непоштена нема да ти кажам ке ќутам не мислам му викам дека ако ти и речиш на некоја жена да не си заборај нешто дека сакаш нешто со неа не знам вистински сакам мислење и од машка и женска гледна точка да слушнам дали јас грешам со понашањето или тој ја претерва ?
     
  16. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    барам искрено мислење дали јас грешам или тој?

    Он претерува.
    Според мене ти ништо лошо не си направила.И јас исто би постапила како тебе.
    И тоа ако е ку******* однесување,незнам што да кажам за оние кои се такви во вистинска смисла на зборот. :tmi:

    Имало вакви испади претходно?
    Зошто викаш дека имате разбирање за се,а тој се лути за неоснована работа.
    Да не сте имале претходно караници,во врска со довербата,па сега и најмала глупост си ја правите голема?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    барам искрено мислење дали јас грешам или тој?

    Мое мислење е дека ти си во право ! Сите би се сложиле со ова. Тоа што си го потсетила да не заборави нешто е култура , а не к*рвинско понашање како што кажал дечко ти !
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    12.088
    Пол:
    Женски
    барам искрено мислење дали јас грешам или тој?

    Момаков твој е болно љубоморен. Никогаш не сум можела да разберам како функционираат таквите врски. Настрана тоа, како по ѓаволите може така да ти се обраќа, не си ти предмет па да се однесува како да те поседува.
    Лично јас, ниту еден ден не би трпела ваков, ама јас тоа. Тука гледам дека се прогледува низ прсти тоа, а притоа не сфаќате дека се стопувате со него и се губи вашето јас.
     
    На Hipica и tessie им се допаѓа ова.
  19. devojka-28

    devojka-28 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    барам искрено мислење дали јас грешам или тој?

    сме имале вакви караници на почеток на врска и тој ме праел љубоморна и јас ама со тек на време мислам дека треба да има доверба се поќе и поќе ај ке се скараме ама зоштоме вреѓа не бира зборој зошто меша фамилија други луѓе кога се работи за нас само ,то ме боли мене
     
  20. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    барам искрено мислење дали јас грешам или тој?

    Aко си зборувала со него за овој проблем и после тоа ако немало ефект(а гледам дека нема),знаеш што треба да направиш.
    Караницата колку и да е голема,треба да се реши со разговор.Сите знаеме да се дереме како брливи и да пцуеме,но ретко кој знае со муабет да ги среди работите.
    Внимавај што ќе направиш,ако не го решиш ова сега,ќе ти биде страв после да се скараш со него.Страв од тоа како он може да изреагира,и само ќе си трупаш во себе ;) :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.