Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kaylee

    Kaylee Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    22
    Сеуште не сме дечко и девојка.Тој вели дека ме сака.Ама јас не верувам на еден таков збор после се што ми се случи.Да,има мн работи направено за мене ама пак не можам да му верувам.Постојано се караме.Секако јас ги започнувам караниците ама на него изгледа не му е јасно дека го сакам.Сега му се скарав и никогаш повеке нема да му се јавам му се заколнав на Господ.Ми вика дека ке се гледаме почесто на распусти бидејки сега тој на факултет јас во школо.Па јас играчка ли сум? Што к*р ме боли.Ако ме сака ке може и факултет и со мене да се гледа.Барем еден ден во неделата за мене сигурно може да има,и така во тој град е сам.Една недела јас ке одам една недела тој ке доага следнава година додека е на факултет.Ама не,тој не можел.И тоа е љубов? Џабе се што направи за мене,џабе што дојде само за мене тука,џабе што не се гледа со други девојки и не прави ништо (за ова сум сигурна ја имам испитано ситуацијата),џабе што го излажа татко ми за да ме спаси мене,се е џабе кога тој нема време за мене.
    Ама јас го сакам.Многу моменти имаме поминато заедно.Еднаш цел ден бевме заедно,цела ноќ исто така.Бевме на многу места правевме разни работи,многу спомени ми се зачуваа и не можам да го заборавам.Ама него к*р не го боли за мене.
    Не може јас да сум му другарка,да си игра со мене и еднаш месечно да се гледаме.Тоа не може.Што да правам?
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Сама си даде одеговор на прашањето што треба да направиш! :)
    Нема што да се праве,освен да се откажеш од некој таков кој нема време за тебе,и ќе се гледате кога тој сака.Да,ти си на лаѓер..
    Батали,не ти треба таков.Уште малку ќе заврши распустот,тој на факс ќе оде,ти ќе си бидеш преокупирана со обврски околу школото,и секако ќе го забравеш :D
     
  3. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Кажи му ги на него овие работи што се болдирани. Види како ќе изреагира. Ако прифати, супер, продолжете си. Ако не прифати, нека биде толку и готово. Дај му до знаење дека ти нема да поднесеш да се гледате еднаш месечно. Или почесто, или воопшто, па нека бира. Ако го прифати тоа за почесто значи дека те сака и му значиш, а ако не го прифати, тогаш не те ни сака, не вреди да си го трошиш времето со таков. :)
     
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Нема што ти да преземаш прв чекор,ако му се допаѓаш сам ќе ти даде до знаење.Немој да испадне дека погрешно ги имаш протолкувано неговите насмевки,па да му го расипеш пријателството со брат ти. :D
     
  5. ArianaDumbledore

    ArianaDumbledore Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво :) Веќе долго време сум во врска и иако го сакам, има работи кои едноставно ме нервираат кај него. Знам дека семејството секогаш е приоритет, но не можам да прекинам да размислувам за тоа како јас сум секогаш помалку важна. Еве на пример, тој знае да дојде кај мене дома ненајавено или тогаш кога моите сакаат да се одмараат и јас во ниту еден момент не сум направила тој да се чувствува недобредојдено, ниту пак сум му приговарала што не се јавил претходно. Не дека јас не одам кај него, но многупати индиректно ми има дадено до знаење дека во тој момент не можам да отидам. Едноставно моите сметаат дека тој е дел од нашето семејство, а јас не се чувствувам добредојдена, ниту пак прифатена од нивна страна. Во многу ситуации се имам почувствувано неприфатено и во одредени прилики повеќе внимание се обрнуваше на инвентарот него мене. Јас знам дека јас за нив секогаш ќе останам странец, но љубоморна сум кога ќе видам дека другите се многу поприфатени од мене, а јас сум многу долго во врска со него. Кога се обидов да разговарам со него, вината ја префрли на мене, дека јас не сум била дружељубива и дека не сум сакала да правам муабет, но ако ретко ме канат како очекува јас да разговарам со нив? Они се негово семејство, но јас сакам еднаш да застане на моја страна, да почувствувам дека ја имам неговата подршка. Не знам што да направам, како да му кажам дека треба да се завземе за мене, а притоа да не излезе дека го напаѓам неговото семејство. Овој тип на караници, за семејства, многу лесно може да направат да раскинеме, а тоа не би го сакала. Па затоа ве молам за совет. Фала :D
     
  6. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Se skaravme mnogu so deckoto, za edna cista glupost, ama pak se smirivme...da vidam nekolku soveti kako da go vratam nasiot poranesen odnos, bidejki malce mi e lut denovive..
     
  7. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Биди позитивна,докажувај му дека го сакаш и дека сакаш да си со него.И покрај тоа што се лути,кажувај му убави работи.
    Гледај да не се фаќаш за ситници периодов,зошто можеш уште толку да ја оплескаш. ;)
     
  8. cvekence44

    cvekence44 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво.
    Немам многу мислења на форумов но проблемов мој е поврзан со претходните.
    Повторно дечко ми е во странство со колегата но сега отворено си кажа дека е за шетање и дека е заради женската на другар му.
    И јас збеснав незнам ни самата зошто толку многу ме повреди тоа и неможам самата да си ја најдам причината што е тоа толку што ми смета и незнам како да постапам.
    Ми кажува како сите оделе само јас сум правела проблеми он некаде да отиде, а секогаш одел и он кога е од работа или со другари, највеке ме изнервира што ми каза пред да тргне.
    И не сме во контакт два дена ,се испокаравме и ми рече дека ке си уживал таму и сакал да биде слободен јас му реков ако сака да биде слободен нема да му сметам во животот и он ми рече ок да си продолжиме со животите.
    А и дека сум со него за пари, а секогаш се сама си плакам едниствено со колата што ме зима дури затоа некогаш давам пари.
    А за другарму незнам веке што да кажам мислам дека е под големо влијание негово, за него никогаш не знае да каже не ,на моменти осекам дека сме 3 во врска.
    Веке незнам што прави таму ме убедува дека не оди за жени таму ,ама мене овоа ме пореметува си замислувам ако останам со него во врска дали ке можам ова да го трпам.Многу лесно избувнува за без причини и се караме и тоа не можам да го поднесам.А пак ако се скараме како ке продолжам понатаму?
    Инаку другарму лично мене ми нема направено ништо лошо ми има помогнато некои работи за мене и децкоми да ни направи да ни биде убаво ,ама некогаш чуствувам како низ нос да ми се вади се.Посебно на дечко ми му има помогнато многу и тој се чуствува должен спрема него.
    Секогаш ми вика дечко ми дека не сум знаела да го ценам ,ама тој се промени многу од кога има сега повеке пари ,се сака да има како да заборава дека бев со него кога немаше ништо.Само некои нови идеи му текнуваат да прави и тоа се што имааат другарите.
    Долг период сум со него не ми е лесно ни најмалку, го сакам ,сакам да се променам ако грешам ама интуицијата ми вика друго.
    Незнам дали да го барам или да оставам на него ?
     
  9. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Кога ти рекол да не го чепкаш ок , си престанала, но што има ти да се вртиш на другата страна и да не му зборуваш? Со тоа си го испровоцирала и си отишол. Ти можеби си сакала вака само да се пошегуваш со него но тој изгледа е малку поозбилен тип и не сака многу такви шали,посебно не секогаш и секаде.За да немате и друг пат такви банални недоразбирања најдобро седнете и разговарајте што се ви смета/не ви смета во врската :)
     
  10. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Убаво викаат дај му пари на човек за да му го видиш неговото вистинско лице(чест на исклучоците).

    Колку време ќе биде во странство?
    Јас мислам да не го бараш додека не е во МК,зошто и да го побараш ништо нема да се смени.Тој таму,ти тука,асален муабет нема да искочи од тоа.
    Почекај некој период да му помине лутината,не напнувај.
    Инаку,ти навистна правиш драми кога он треба некаде да отиде,или конкрено за ситуацијава си избувнала само?Љубоморна си?Tи дава причина за тоа?
    Те прашувам зошто викаш дека сакаш да се промениш,па ме интересира конкрено што сакаш да промениш :)

    **
    Он ти рекол дека си со него за пари??? |( Дали знае он што те прави тебе со тоа што го кажува? :fubar:
    Малку како да летнал повисоко со богатствово што го стекнал?М?

    Јас искрено не би го побарала,зошто ако сум со некој долго време,ќе знае зошто сум со него,ќе знае што сакам,што ме нервира итн.Плус,ти вика дека сака да е слободен. :!:
    Нека се врати,ако те побара добро,ако не,можеш само да зборуваш за тоа како парите влијаат врз него и за тоа колку несвесно те навредува и повредува.Едноставно,за тоа дека лека полека ви се уништува врската.
    Ако рече дека ќе се смени,дај му шанса,но не верувај слепо. ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    Едно во животот е сигурно: Или ке е*еш или ке те е*ат.
    И ти кажал директно,и ти знаеш дека ке биде второто ако продолжиш. Јас стварно незнам што сакаш од ситуацијата бидеќи се е јасно. Знаеш и дека таму другарму ке се најди со девојката ,па сигурно и тој нема да седи сам.. Ке те извара таму, и ти го кажал директно. Кога ке се врати, ке си го пополни времето,ке му се смачи ке те бара тебе. А ти за тоа време ке си плачеш,ке молчиш и од што нема да можеш да му одолееш оп, in relathionship. И ја знам сета приказна натаму. Ова е мое мислење. И прости ако бев груба ама се додека има овци ке има и волна.. поздравче
     
  12. cvekence44

    cvekence44 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Не избувнувам секогаш имам разбирање и јас но веке почна да ме нервира оти стана многу често,незнам дали би ме изневерил бидејки ми рече јас ти ја казувам вистината кај ке одам а ти изгледа сакаш да те лажам за да ми веруваш.А за парите ми има неколку пати речено ,но потоа ми кажува демек јас не сум знаела да го ценам тоа он што го правел за мене.Ке си дојде за 2 дена.Неможам веке вака во неизвесност, намерно му реков ако сака да раскинеме да видам што ке ми рече ама изгледа он го сака тоа,незнам како ке издржам ...Цело време е он некаде а јас како да затупев во државава и немам шанси да одам некаде а он е цело време по други места
     
  13. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    извини не читав се`, но еве неколку варијанти кои секако не би одмогнале
    1. пушти го и дај му на знаење
    2. не се расправај кој е во право, туку покажи став, на пр, ок оди и толку, не му се јавувај, не го барај, ако он те побара, кажи еве си уживам итн.
    3. кажи му сакам и јас да дојдам да поуживам
    поздрав
     
  14. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    Ама ептен ја претерал со парите тоа што ти го рекол, да бев на твое место ке се навредев одма !
    А ако сте биле долго во врска, зошто не те земи и тебе да шеташ со него ?!
    На некој начин според мене, дечкото сака простор за себе, односно си сака некое време да се изнашета, да проживеј малце, вооедно и да си чепни настрана.
    *Остави го некое време ако ти рекол така и не го барај.
     
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Сака да шета ??? Да си шврља ???
    Остави го нека крши и глава ако сака, да имаше почит малко немаше да дојде до овде. Него ти си будала, не си се цениш доволно за да пуштиш вакво створење од раце.
    Не му се замарај ниту му ја мисли , нека си тера бизнис, на крај ке видиш ке се врати со изговор дека му е криво и слично, како погрешил, како уште те сака, и безброј патетики ...
    Да, го знаеме тоа како иде....

    Не му се замарај и продужи си со свој живот дејче .
     
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753


    ЧИТАМ И НЕ ВЕРУВАМ И СИ ВИКАМ БОЖЕ ФАЛА ШО ИМАМ АНГЕЛ ДО МЕНЕ
    И НА ДЕЧКОМИИ ДРУГАРИТЕ МУ СЕ МНОГУ ВАЖНИ НО ТОЈ НИКОГАШ НЕ НАПРАВИЛ ДА СЕ ОСЕКАМ ЛОШО БИДЕЈКИ ЗНАe да го подели времето и за мене и за нив ние се караме бидејки кога излеземе не ми дава никогаш ама никогаш да платам а не па и да ми земе пари шо ме донаса дома втф одкачи не ти треба тоа утре може ке ти бара пари шо ке спие со тебе...ке си најдеш некој кој навистина ке те заслужува
     
  17. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    Леле какво е тоа човече? Додека го читав ова како би му залепила еден шамар, ауууу :@ Што си замислува бре тој, мрсулко низаеден, види го ти него, уште пари да му даваш што те зема со колата. Уште па и такво однесување, да не цитирам сега. Тој е дете неизживеано. Не ти треба, немој ни трошка нервоза и енергија да си трошиш за него. Мое мото е ПОЧИТУВАЈ СЕ СЕБЕСИ ЗА ДА ТЕ ПОЧИТУВААТ И ДРУГИТЕ! Не се потценувај, и тебе те створиле родители, не си паднала од круша. Нормално е дека така ќе се чувствуваш кога ти го рекол тоа за шетањето во странство. Нека се шета, батали го, ама кога ќе се врати и кога ќе те бара, немој да го примиш назад. Никој не вреди повеќе од тебе, а не па он, лелеееее, цццц :fubar:
     
  18. naatashaa

    naatashaa Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Јас пак но сега проблемот е поинаков.. Дечко ми почна да работи и се му се паѓа да оди втора смена, на 5 дена еднаш е прва и само тогаш може да се видиме, ајде некогаш и на овие 50 степени се жртвувам излеземе на кафе или отидам до кај него, но мислам дека веќе неможам вака. Работеше и претходно но секогаш наоѓаше време да се видиме, го сфаќам се работа е, ама сега некако како да ми пукна филмот. Инаку во врска сме веќе 2ипол години и досега се беше во ред, во последно време дури почнавме и да имаме секс поточно да пробуваме, бидејќи мене ми е страв и не можам да се опуштам некако. И сето ова ме излудува, си мислам на моменти што јас треба да се видувам со него само поради секс? Знам дека ме сака и почитува и јас него..но ете не знам како да поминам преку ова. Некој совет?
     
  19. nema-smisla

    nema-smisla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Недај Боже да е нешто друго во прашање, инаку мислам дека смената нема везе. Ако тој те сака и почитува и 2 смени да работи ќе најде време за тебе. Не знам како ме сваќаш, јас разбирам и да е уморен од работа и сабајле сака да поспие ама сепак, ти си дел од неговиот живот. Ова ти го кажвам од машки агол :)
     
  20. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    4.589
    Пол:
    Женски
    Е сега ќе ти кажам од другата страна на работите , и братучет ми така работи скоро секој ден е втора , и кога ќе дојде дома не знае ни за себе , капнат е и се почесто после работа си седи дома или најчесто одма и легнува. Се зависи од типот што работи , ако му е тешка работата гледај малку барем свати го дека му треба одмор за да го протера следниот работен ден, не ти викам цело време да го тинтраш , ама ете направи некој компромис , и него сигурно не му е сеедно што не се гледате толку често , а од друга страна пак е работата - обврска што сакал нејќел мора да иде
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.