Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Со среќа, мило ми е што си примена и на факултет и во студенстки... :)
    Инаку дечко ти никако не смее да те уценува дека ќе стави крај на врската, тоа не е фер од негова страна. Не дозволувај никој, ама баш никој да застане на твојот пат- си имала за цел да се запишеш на факултет и си успеала во тоа, сега ќе одиш понатаму...
    А тоа што не ти верува и покрај тоа што сте заедно 3 години е негов проблем... Разговарај со него, кажи му дека ќе останеш во Скопје и нема премислување. Ако тој не може да те разбере и барем малку да ти верува, слободно можеш да ставиш крај.
    И уште еднаш, не дозволувај никој да те органичува, никој не смее да става бариери пред тебе, а особено кога се работи за твој личен успех! ;)
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Тој директно те уценуваКако бе така.Толкава недоверба по 3-годишна врска.
    Потсети го дека сте заедно 3 години и дека до сега се било во најдобар ред,што очекуваш ти од човек што по толку време поминато заедно не ти верува.Во иднина полошо ќе биде.
    објасни му дека станува збор за твојата иднина,и ти одеш на факултет-во превод да се образуваш,а не да го живееш скопскиот живот.
    Ако те сака тој,нема причина за такви уцени-кога ќе може ќе доаѓа во Скопје,за викенди ќе си одиш дома и тоа.Не сте единствени кои треба да одржуваат врска на далечина.
     
  3. S25

    S25 Активен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Денес се видовме и дефинитивно раскинавме. :( Јас знам дека тој мене ме сака. И ми стана многу тешко кога го видов како плаче. Но довербата е нашиот најголем проблем...
     
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не знам од каде си ама и во најдалечниот град од земјава да живееш пак до Скопје си за 3 саати најмногу. Така што мислам дека не би требало тоа да ви е проблем. Проблем се љубомората и недовербата кои би биле проблем и да си 24/7 буквално до него. Тогаш па до веце да отидеш ќе ти рече дека на телефон си зборела со некој. Скопје е само изговор. Еве и да си се презапишала на друг факултет во друг град што е поблиску до твојот, тврдам дека проблемот немало да престане, и тогаш ќе ти наоѓал замерки. Така што се е џабе штом нема доверба, тоа е основната работа и темел за една врска. И не само за врската да постои и опстои туку и да напредува, да напредувате и вие во животот заедно, а не може ништо да оди напред без доверба, само би се уништувале меѓусебно.

    Мојот совет како и да е би бил да раскинете што гледам и читам дека веќе тоа сте го сториле тоа. Така што сега собери се малку, собери сили, биди храбра, среди мисли, спакувај се и почни нов живот. Почни да си ги остваруваш соновите. Ќе ти требаат нервите и сега кога започнуваш ново поглавје, а и понатаму во животот, не вреди да ги губиш на глупости. Треба да си се сконцентрираш на факултетот и на новата средина, не ти требаат дополнителни извештаи и безвезни објаснувања.

    Поздрав и ти посакувам се најдобро. :*
     
  5. S25

    S25 Активен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Ви благодарам на сите за советите и подршката :*. Сега знам дека ке биде многу тешко без него, но некако морам да соберам сили за нов почеток и нов живот...
     
  6. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Ќе ти биде тешко, ама ќе помине... Верувај потешко би било во иднина, кога ќе се најдеш себеси во ситуација да жалиш зошто не си била одлучна да го направиш она што си сакала да го направиш- да се здобиеш со високо образование, заради нечии комплекси и недоверба :)
     
  7. eme.sk

    eme.sk Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки. Имам еден проблем па ако има некоја феминка расположена за совети нека ми пише во лп. :)
     
  8. dobricka33

    dobricka33 Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    далу чуствува нешто за мене или се мува од досада ?

    епа девојки вака.. имав едно момче уште пред 1ипол година бевме во врска и потоа прекинавме, прекинавме за глупост тогаш не го ни сакав.. но по неколку месеци тој пак ми пиша се смиривме и од тогаш бевме на мување. Еве вака веќе неколку пати ќе прекинеме и потоа пак ќе се смириме за смирување секогаш он прв ми пишуваше. Проблемот е што го засакав и колку и да се мувам со други јас се надевам дека тој ќе ми пише пак, а најлошо од се е тоа што не можам да го одбијам кога ќе ми пише за гледање. Фин е со мене се тоа, покажува знаци на љубомора додека се гледаме, секој ден се слушаме, имаме муабет ми има кажано работи што не ни помислив дека баш мене ќе ми ги каже. Последниов пат кога се мувавме типот ми кажа како демек не очекувај дека ќе се фатиме у таа смисла и јас глумев најнормално изреагирав ко демек не ни сум очекувала и по неколку дена му прекинав му пишав дека овој пат стварно е крај. Пред една недела ПАК ми пиша, му кажав дека имам муватор и пак ми пишува. Не знам више што да правам му викам прееска зашо му пишуваш кога можеш да ја ебеш и лапаш секоја втора и овој ми вика не можам да можев ехеее ми помина мене тоа време и ја му викам а шо ќе праиш ти ако ти помина тебе тоа време и овој ми вика ќе си најдам една и засекогаш... по овој муабет јас сфатив дека он мене не ме сака никогаш не ме ни сакал и додека ја најде таа ЕДНА тој го губи времето со мене, дали сум во право ?
     
  9. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    па искрено во право си :)
     
  10. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    dobricka33 не сакам да те разочарувам, но ако смета дека ти си таа ЕДНА ќе биде со тебе и нема да си игра топло ладно. Точно, имаш право, тој сака само да му мине времето, да не речам колку да се пофали дека има девојка (муваторка). Не му дозволувај да си игра со тебе како што сака, обиди се ти да го пронајдеш господинот вистински. ;)
     
  11. Duchessa

    Duchessa Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    43
    Dobricka,скоро секоја од нас има поминато слично нешто како твојата ситуација,и верувај дека воопшто не вреди да се измачуваш и да се прашуваш зошто е тоа така.Мораш да продолжиш и да не размислуваш толку во врска со вас,зошто ако тоа што вие го имате е нешто вистинско и чисто..ке бидете нормален пар.Како и да е верувај дека еден ден се ќе помине..како што гледам имаш само 16години..продолжи со дигната глава..и ако тој доволно не те цени..верувај дека ќе се појави и некој таков...не оптеретувај се... :*
     
  12. flyy

    flyy Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Девојки имам еден проблем имам дечко со кој одиме веќе 2 години на почетокот од врската беше злато но потоа стана многу љубоморен до толку што не ме остава ни со мајками до продавница да отидам или било каде...доколку не го послушав и заминев потоа следуваше ќотек и ден денес е така...за најмала ситница мора да добиам барем по еден шамар но толку го сакам што незнам што да правам од светов сум исклучена од сите другарки се одделив немам ни пријател да му се искажам за да ми биде полесно па затоа сакам да споделам со вас и да ми дадете некој совет како поискусни навистина ми е потребен совет како да постапа кога и да му прекинам тој се јавува и ме моли д аму се вратам и јас повторно сум сонего со надеж дека ќе се смени ,ке биде мирен 2-3 дена и потоа следува истото измешано ми е се во главата незнам што да правам ваше мислење..?/ :(
     
  13. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    7.322
    Пол:
    Женски
    Мила, таквите мажи никогаш нема да се сменат. Мислам дека и самата си свесна за тоа, за менување нема буквално никаква надеж.
    Но, за тебе, за ти да си продолжиш понатаму со животот и за да пребродиш, има и те каква.
    Што си ти, животно ли за да те воспитува некој користејќи ќотек? За да пробува да издоминира и да покаже колку е всушност слаб на психа и болен?
    Тоа што си физички послаба од него, што не можеш да вратиш, што трпиш и си го уништуваш животот, што деновите си поминуваат, а ти се затвораш дома и бараш решение на еден те ист проблем, нема да те одведе никаде. Треба да бидеш цврста и да ставиш крај.
    Погледни се во огледало и размисли дали заслужуваш? Каков живот си мечтаела да имаш кога си била помала, а до кое дереџе си сега? Размисли дали сакаш да бидеш малтретирана и расплакана до крајот на животот или пак среќна со некој друг?

    Реално, чим сега те малтретира кога сте во врска, кога ќе бидете во брак можеш да замислиш дека малтретирањето нема да престанува кај тебе туку дека најверојатно и децата ќе бидат жртви. Со каков човек ти ќе основаш фамилија???
    Зарем заслужува дете кое доаѓа чисто на овој свет, кое треба да го воспиташ и изнесеш на вистински пат да расте со такви трауми? Веќе нема да бидеш во прашање ти.

    Стегни заби, остави го. Биди среќна што не сте во брак и што немате деца. Тогаш се` е полесно. Секој од нас заслужува да биде среќен. Те молам размисли и погледни во иднината, пробај пронајди се себеси.

    Со среќа!

    Едит: Сега видов дека имаш 16 години, најверојатно не размислуваш на волку долги стази како што ги наведов јас во моето мислење, но сепак, примени ги советите на девојките подолу, кажи на некој и бегај дури те држат нозе.
     
    На flyy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Навистина имаш 16 години? Колку години има дечко ти? Знае ли некој за ваквото негово дивјачко однесување? Имаш ли на некого кажано?

    Добро бре девојче зарем убаво ти е секој ден некој буквално да те тепа само затоа што си отишла со мајка ти до продавница? Имаш ли ти самопочит воопшто? 2 години ти трпиш ваква тортура? И велиш дека он те тепа, а ти премногу го сакаш? Не знам што да ти кажам. Се запрепастувам од вакви постови и од вакви размислувања (да не речам НЕразмислувања).

    Прво, он не те сака. Јас не знам што личност е дечко ти и од која пештера е излезен. Без навреда ама како во турско да сме. Всушност ни во турско вака не било, тогаш жените ги чувале како капка на дланка. Ама ај он што си е во некој негов затуцан свет, ама ти што трпиш и физичко и психичко матретирање? Знаеш ли дека тоа неговото е кривично дело и дека ако го пријавиш и кажеш дека константно се случува дека може во затвор да оди? Мислам според твојот пост дечко ти можеби и си има некој психички проблем ама најсериозно.

    Имаш 16 години, прво и основно си сеуште мала, животот е пред тебе, здрава, права, баш сега кога ти треба да се дружиш, да излегуваш, да имаш другарки, да се дотеруваш ти трпиш еден мочко, што му текнало да се изживува врз тебе. Мој совет, прво кажи и на мајка ти за проблемов, ти си сеуште мала и не ни можеш сама да се справиш со ова, зашто тој селјакот (не можам да се воздржам) ако е постар од тебе може и да ти се заканува и знае како да те потчини, а како што гледам ти веќе не можеш да го трпиш штом си решила да побараш совет. Затоа кажи и на мајка ти, објасни и се убаво и ќе ти помогне да се решиш од некој што животот ти го уништува.

    Друга работа, како ти е убаво ова да го трпиш? Зошто порано не си ставила крај? Зошто порано не си побарала помош? Зарем не ти се одмилува и не го замразуваш со ваквото негово однесување? Мене лично вакво нешто макар и еднаш да ми се случи ќе ми се згади од дечко ми.

    Немој, никако немој да го трпиш. Не си го уништувај животот. Една врска не треба да биде како што е вашата. Една сериозна врска подразбира почит, разбирање, давање слобода на партнерот, неизмерна љубов, смирение, абе во раце да те држи, да не дозволува прав да падне на тебе, а не да те тепа. Немој ова да го трпиш, многу си млада ќе си најдеш некој што ќе те чува како капка. Има многу супер момци само треба да направиш добар избор. Ова гледај го како едно лошо искуство во животот што ти помогнало да станеш поцврста личност.
     
    На flyy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Навистина ли имаш 16 години? Имаш татко, брат, вујко, чичко,.... вотевер. Кажи му. Он ќе знае што треба да прави.
     
    На flyy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. flyy

    flyy Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Да 16 години имам кога се фатив со него имав туку што наполнати 15 па можеби и затоа неможам да се одделам од него прв дечко ми е и знае дека го сакам од него учев се па и затоа можеби вака ми прави...
    Знам дека ми се години кога треба да излегувам да се дотерувам да се дружам но како кога едноставно јас немам другарки тој ме отргна од сите ...
    Немате представа колку ми помогнавте со вашите совети и мислења во овој период ова ми беше најпотребно фалави многу и колку да ми е тешко ќе стегнам заби и ќе продолжам со животот ..Ова требаше да го направам многу порано но многу го сакав сега сета љубов што ја имав пополека исчезнува само пред мене излегуваат слики каде што ме тепа и каде што се соживува со мене ова е кошмар кошмар ...едноствено сега ме плаши неговата реакција кога ќе му кажам дека е крај..
    Сепак фалави на сите од сесрце :*
    Иначе дечково има 19 години.. заборавив да кажам
     
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не мора да му кажуваш лице во лице, кажи му преку телефон дека сакаш крај и дека не можеш повеќе да го трпиш. Ако почне со закани или повишен тон кажи му дека си кажала на некој и дека ако не те остави на мира ќе го пријавиш во полиција, ич да не му се замараш и плашиш. Закани му се и ти, биди храбра и силна. Преку телефон ништо не ти може. Сепак јас пак ќе ти речам да си кажеш на некој возрасен или ете убаво ти рече tinan можеш и на некој машки член од семејството што знаеш дека ќе ти помогне. Чисто колку да си имаш поддршка и заштита за наредниот период. Зашто сама со овој мочково тешко ќе се справиш, искрено ти кажувам, поготово па ако е постар од тебе и се чувствува супериорно.

    Ајде само храбро и со среќа. :)
     
  18. flyy

    flyy Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Знам дека нема шанси да можам да се справам со него бидеќи кога последниот пат му раскинав јадов котек бидеќи му кажав во лице и притоа ми се закани дека каде што ќе ме видел ќе ме тепам ..
    Но овој пат сум толку решителна што се ќе истрпам ама ќе си го вратам животот и изгубените години во нормала ...И фалати многу за поддршката :)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.101
    Пол:
    Женски
    Немораш во лице- преку телефон и обавезно кажи го проблемот на некого, било кого, машко женско секој што може да ти помогне
     
    На flyy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Како бе го сакаш, зар може некој да сака ваков дивјак, болен психопат, јас би го мразела од дното на душата. Раскини му, прекини секаков контакт, ако треба и на твоите кажи им тие ќе знаат како да те заштита, немој вака да се понижуваш себеси да трпиш се и сешто. НЕМОЈ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА ДОЗВОЛИШ МАШКО ДА КРЕНЕ РАКА НАТЕБЕ
     
    На flyy му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.