Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.285
    Допаѓања:
    137.029
    Бегај подалеку од ова посесеивно и љубоморно суштество.
    Треба да имаш свој живот, а не да ти забранува некој кој не те ни рани ни облекува. Мочко еден.
    Уствар, ако сакаш цел живот вака да ти забранува. Остани со него. Чао пријатно
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    Па почетокот на врската лошо си се поставила.
    Или трпи, или раскини.
    Трета опција е караници-смирување до недоглед.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    Незнам од каде да почнам и како најдобро да ви се отворам...
    Сериозна врска, сериозни намери, прв ми е, во добри односи сум со неговите, тој не е баш со моите (разведени се, живеам со таткоми, а знаете за него сум сеуште ,,чупенце,, :$ па тешко му е таа помисла дека имам дечко) Сме имале проблеми порано со агресивноста негова, но сметам дека сега се надминати, но еве друг проблем се јавува или пак јас мн барам од него. Работи нон-стоп можам да кажам 24/7 нема тешка работа но е останат по патој, по состаноци во др градој, и едноставно осеќамм дека нема време за мене. Се слушаме на телефон и незнае да праша како си? Добра си? Се гледаме и оп секс на брзинка (како само да си ги задоволиме двата потребите, така изгледа) и после шшш...спие. Е ај ок сфајкам после секс да спие, ама бе чоек не сме видени незнајш шо ми се дешава во животот, ми треба чоек само за разговор некогаш макар и за нешто необично, не само јас да му кажувам, сакам да слушнам и од него, како си поминал, нешто ново и сл. Кога се обидував да зборвам за овај проблем и само ке речеше: И толку? Др нема? или пак: Напорна си со истите работи! ; Ај утре ке збораме мака ми е! Значи преку глава ми е дојдено од тоа понашање. За се имам разбирање ама врската почна да ни наликува како само за ,,излог,, пред друштво заедно секаде, в кревет убавини, после за др работи никаде го нема. Малце смешно ке звучи ова ама пред некој ден излегов и новчаникот дома ми остана, почна да врни да турва надовор а јас без пари и му цвонам ако можи да ме земи и добивам одговор: Ај за саат време почекај. :^) онака цинично. Без врска е примерот ама сакам да ви кажам дека почнувам да се соменвам дека тука има љубов, односно дека тој незнае да сака. Се плашам да продолжам понатаму, залудно да губиме и двата време. Тој не покажува дека ме сака, не ме цени како жена. И во главата тотално ми е хаос, а го сакам само тоа ме збунува....
    оти на вакви раскрсници не постојат знаци? :yawn:
     
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Leonida,по ова што го кажуваш ми стои дека дечкото е рамнодушен.Kолку време сте заедно,досега не ти рекол те сакам ,никакво внимание не ти укажал?Tи чувствуваш некоја промена во него,или таков си е од почеток?Mногу тешко да одржите вака врска,разговарај со него сериозно ако не чини ќе прекинете и готово.Tи треба да си му на прво место,едноставно ќе се чувствува одалеку ако те сака.Tатко ти само се грижи за тебе,тоа е нормално :)
     
  5. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    4 години заедно сме, ми кажувал на почетокот инаку искрено не памтам онака од срце да ми каже те сакам, освен кроз муабет кога ке кажам јас: срце мое, те сакам и тој возврака и јас тебе, а него сам од себе да си кажи не му текнува.
    А за разговор пробав не еднаш, сто пати му кажав дека не чувствувам дека ме сака и едноставно не добивам одговор конкретен.
    стварно сум во заблуда голема
     
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    Хмм не ми се допаѓа толкава рамнодушност за 4-годишна врска.
    Или дечкото поради работните обврски те занемарува,или поради монотонија во врската се ладе.
    Трето мислам дека не би требало да има.
    Нема друг начин да дознаеш,освен сериозно да разговараш со него.
    И искрено се надевам дека во тој разговор нема пак да употреби зборови од типот напорна си и сл.Мислам по долга врска,такви зборови :?:
    И како што спомена дека се сериозни намерите,реши си го тоа веднаш,не одолговлекувај.
    Колку покасно толку полошо.
     
  7. lovce

    lovce Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    fala na sovetot tocno e toa deka mi minat odinite resiv da te poslusam te poslusav sega sum so drug decko sto e od mene edna godina postar i me e ubavo svativ deka toa e bilo samo lazna ljubov od negova strana mene se uste mi znaci nesto vo zivotot ama poleka poleka isceznuva i toa decko mi me pravi mn postrekna od onoj a toj se razvede so zena mu bideeki mislese deka ke se vratam so nego no ne nesakam da bidam tema na ozboruvanje vo gradot ISKRENO TI BLAGODARAM OD SE SRCE :*
     
  8. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Можеби оваа и не е некој голем проблем но мене ми треба ваше мислење. Вака, сега сум во врска и заедно сме 5 месеци. значи знам дека ме сака мнооогу како и јас него и многу често зборуваме за заедничка иднина, значи иако сме заедно кратко време имаме навистина озбилна врска. Е сега пред него имав дечко со кој одевме едвај 2 мес. но не можам да кажам дека бевме во озбилна врска но навистина ми значеше на некој начин, а и јас нему. Но тој беше некако сеуште не доволно зрел, не беше спремен за озбилна врска и постојано пишуваше на други се правеше мачо тип што мене многу ми пречеше. Од тие причини еден ден се испокаравме каде што бевме криви и двајцата и раскинавме. Но тој продолжи да ми пишува и јас враќав (оти сеуште се сакавме де) :rofl: кога се фатив со сегашниот дечко(после само неколку мес.) му стана многу криво и продолжи да ми пишува. На почетокот на мојот дечко не му пречеше толку многу затоа што уште пред да се фатиме знаеше дека јас имам неодамна прекинато врска(поради што не сакав да започнам со него) и знаеше дека нема да биде лесно додека да заборавам. Бившиот продолжува да ми пишува барем еднаш во мес. и јас не можам да не вратам едноставно таква сум за било кој а и не раскинавме поради некоја огромна причина неверство и сл. а знам дека на мојот сегашен тоа му пречи иако не се искажува. Порано му кажував секогаш кога ќе ми пишеше но последните 2 пати не му кажав, не знам веќе како да реагирам, ако не му кажам може да дознае од некој (дали од бившиот доколку сака да ни направи проблеми, од заеднички нивни познајници небитно.) а да му кажам ми е некако глупаво.. еј јас си пишав со бившиот :@ некако да направам бившиот повеќе да не ми пише.. стварно ми треба ваше мислење за ова.
     
  9. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    BeautyQueen навистина е глупаво да му кажеш дека си пишуваш со бившиот.
    Како да направиш да не ти пишува? Хмм :?: Едноставно кажи му дека сега имаш среќна врска и замоли го да не ти пишува повеќе. Ако не престане, блок. :D
    Помисли на тоа колку си среќна сега, дека постои некој што те сака за озбилно. :!:
     
  10. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Со мажи не се разговара, жените не сфаќаат, разговорот нема да ви смени ништо. Дури и да разговарате и да решите нешто, тоа ќе трае еден месец максимум.

    Ако не ти кажува дека те сака, значи не те сака. Натерај го да те сака. Што последно имаш направено убаво за него за да те сака? Купи нови штикли за да му бидеш убава? Не злато, тоа е за ти да си бидеш на себе убава, а не нему.

    Кога последен пат си направила бразилска или уште подобро, кога си направила интимна фризура? Кога последен пат си го изебала така лудо за да помисли дека со друга девојка имал секс? Кога си му го купила она што го сака? Знаеш ли вистински воопшто што тој сака, верувај не е она што мислиш, не сака фудбал, пиво и чипс единствено во животот.

    Не ме сфаќај погрешно, не е ова сигурно проблемот, само нагаѓам. Ама факт е дека за некој да те сака, треба човек постојано да прави нешто за да го сакаат. А не само во први де недели кога треба да го убедиш да остане со тебе.
     
    На Hipica и karenin им се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.101
    Пол:
    Женски
    Извини ама не се сложувам со тебе, зарем да му купува поклони за да ја сака?
    Љубовта не се купува ни кај женско ни кај машко.
    Да го натера да ја сака неможе никако, на ниеден можен начин! (а јас незнам дали ја сака или не, ова го кажувам како одговор на твоето мислење)
    За девојкава можам да кажам дека можеби не е таков тип да кажува што чувствува.
    Битна е посветеноста, почитта, едноставно може да се осети доколку некој те сака.
    Пример ќе се земам самата себе, дечко ми нема потреба да ми каже со збор дека ме сака (не дека не ми кажува :D ), он со делата многу пати ми покажал и секој ден ми покажува.
    Не со подароци!
    Ниту јас па нему.
    Мојата врска е за краток период помала од твојата.
    Сексуалниот живот сметам дека нема врска со љубовта, тоа е посебна прича за себе, ако го изненадува со секси долен веш, депилација и слично значи ќе ја сака?
    Ако некој дечко несака некоја девојка нека се депилира до утре ама нема да ја засака!

    Ако ти и тоа не го осеќаш, можеби незнам "оладил" од тебе или едноставно не чувствува што порано чувствувал.
     
  12. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    Се сложувам со Емотионал123. Овие машкиве попаметни се од што мислиме и тоа е факт. Истото се случува и кај мене, но не дека не ме сака туку едноставно е таков. А ти ако сакаш поклончиња да ти купуваат има други теми таму пиши си. Ете јас на сите можни начини го задоволувам, сексуално, од јадење, пиење, кафиња,кафани, го оставам кога сака и колку сака со другари да излегува....и знаеш што добив?? НИШТО. Само го научива да ми се дери кога нешто не му е погодено..а кога му е се е океј, исто како другари да сме,јас да не го бакнам нема да му текни тој мене,ете до толку верувајте. АМА, да почнам да флертувам со некој друг одма забележува и секако тука е тој физички настроен да се тепа,да му даде до знаење дека не смее да гиба "зафатена" женска...зафатена,ха. Само јас си знам. Туку ај, мој совет за девојчето е:Прави се недостапна! Биди малку по ладна,обрни си внимание на самата себе, средувај се, облекувај се, секси долна облека, прави се дека ти е здодевен..верувај сам ке зажали за тоа што го прави! не се потребни зборови, туку дела. А сега, колку тоа ке биде така,колкав период сепак ти си знаеш најдобро и ако продолжи со иста песна мој совет е да му побараш пауза, и кажи му дека си уморна од неговото однесување.. Потоа сами ке си течат работите. поздрав
     
  13. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    Баш тоа и го правам не му ѕвонам, не го барам, а пред ова го опоменав дека нема да можи вака да продолжи и ми одговори: Е до кој е ? Се зависи ти како ке се понашаш? Е стварно после ова живците ми попуштија и му пообарав некое време да ме остај намира. Инаку swrcii истата ситуација и кај мене се му е дозволено, секаде шета со другари, нема никаква забрана, а од сексуалниот живот ако се пожали тогаш нека се провери самиот себе хихи :))))
    Немам др решение за ова освен да бидам оддалечена од него некое време, ако ме сака ќе ме побара.
    Ако мислите дека грешам, па кажете др совет. :))
    Позз
     
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Знаете каде ви е грешката? Грешката е тоа што премногу им дозволувате, премногу слобода им давате, гледате само да го задоволите на секаков начин, себеси се ставате секогаш на второ место и затоа така ви прават. Не ве обвинувам затоа што тоа го правите со добра намера дека нели општо познато правило е дека мажите треба да ги излудиш па за да одат по тебе ама со тоа правите баш обратно, а не сте свесни за тоа односно се освестувате ама покасно.
    Прво кај себе, а со тоа и кај другите немате ставено една граница или еден баланс. Премногу работите почнале да ви тежат само на едната страна. И нормално дека дечковците ве сфаќаат здраво за готово, ќе си излегува, ќе си прави што ќе му текне, ако му речете нешто ќе се понаша како недоквакан. Јас не велам да не се дава слобода, јас сум првата што ќе кренам два прста за слобода во врската, ама се знае границата. Не може да излегува шест дена од неделата по кафани до 6 сабајле со другари, а само еден ден со мене или обратно. И јас излегувам и дечко ми излегува, и јас си одам по кафиња со другарки и другари и он си излегува на кафиња со другарки и другари, тоа е сосема нормално ама пак ќе кажам, за се има граница.

    Ок е да излегува со другари ама да се знае дека има и девојка, а не трофеј.
    Ок е да си подгледнува други девојки, а ако нешто такво му е дозволено баш па тоа нема да му биде интересно и повеќе ќе гледа во вас отколку настрана.
    Ок е да се седи со другари дома, да се гледа фудбал, да се пие пиво и да се пцуе. Не морате секаде со нив да одите.
    Ок е да го изненадите со нешто провокативно ама да не биде тоа секој ден зашто секој ден не е интересно.
    Ок е да ви каже нешто што му смета ама не и да се понаша како невоспитан.

    Машкото треба да го излудиш на паметен начин, а со тоа да не се погазиш себеси. Никогаш не треба да даваш безрезервно, секогаш треба да биде свесен дека ако нешто направи како што не треба или ако те повреди дека можеш да го оставиш. Секогаш треба да го има на ум тоа. Тие не се како нас, кај нив работите функционираат поедноставно и кај нив визуелното е пред се. Бидете за него секогаш средена, полна со самодоверба, давајте му слобода, не бидете љубоморни, излегувајте си и вие, бидете независна, дадете му дознаење дека имате достоинство и дека заслужувате да бидете почитувани, а ако не го добиете тоа ќе го оставите. Па да видите после дали ќе претерува, ако му дадеш слобода да излегува дали ќе му биде толку интересно, ако не сте љубоморни ќе бара внимание за да станете итн. Грешката е и во тоа што многу парови после една, две, три години од врската си се опуштаат и мислат дека нивната врска е ок и дека нема што повеќе да се вложува. Баш напротив, во врската, па и во бракот се вложува постојано, секогаш е убаво да го изнендаиш партнерот, секогаш е убаво да се има време само за нив двајца, добро e да се ислуша (тоа секогаш е добро), секогаш е ок да се направи нешто ново во сексот...

    Инаку не сфаќам како тоа не ви покажуваат нежност, како тоа ако не го бакнете он нема шанси да го направи тоа, или не ви кажува прв дека ве сака??? Ова не можам да го сфатам. Кога ќе се видиме дечко ми да не ми каже дека ме сака најмногу, да не ме гушне онака да почувствувам дека јас сум му се, да не ме баци па макар и пред 10 луѓе, да не ме погледне онака како што само тој знае, да не ми покаже нежност? Да почне да се случува ова во мојата врска ќе знам дека нешто сериозно не е ок.
    Ама сите врски си се различни ете можеби некои така си функционираат.
     
    На Hipica, Cka, Captain-Omni и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    Daydream не кај мене нема толкава преголема слобода, мислам дека е свесен и самиот кои му се границите. Па немам проблем некој на таа тема, се знае се.
    Верувај дека знам дека имам проблем, и да беше ова од неколку месеци врска ич немаше да ми е криво, но вложени се години и труд. Внимание, љубов е посветено и жално ми е од вакви причини да се заврши. Затоа побарав и некој совет, ете се трудам да видам кој е проблемот, размислувам можеби јас грешам, можеби не. Ама не најдов ништо соодветно за да има причина ваков да биди.
     
  16. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Форум е, па можеш да си дозволиш ти како помлада и помалку искусна да даваш совет на повозрасна девока. :) Ама во реалноста, никој не би те сфатил сериозно, особено по вакво мислење каде се глда дека си дете.

    Прво, одржувањето љубов не значи купување покwончиња, туку правање нешта за партнерот, никаде не споменав пари. Второ, кога кажа дека сексот не е битен во една врска, одма јасно ми беше дека си премлада за муабетов. Сексот не само што е битен, туку во огромен дел од врските е најбитен.

    Браво. Еве девојка која ќе биде среќна со партнерот зашто размислува, памтна е и знае што сака и што треба да даде.
    Единствено, да додадам... еден маж, секогаш ќе има жарче во форма на мисла кое ќе му бара повеќе од една девојка. Паметните и саглам мажи, тоа жарче нема да го дуваат за да го распламтат, туку ќе го поклопат со тенџерче во надеж дека ќе се изгаси. Никад нема да се изгаси, ама ако девојката со нив е како Дејдрим, и не дува во жарчето, никад и нема да тргнат по други девојки. А дувањето во жарчето значи вториот дел од овој цитат, и муабетот од дискусијата со „Емошнл123“, за љубовта се работи 24/7 до крајот на животот, инаку и тој и таа ќе сакаат некој друг подобар од моменталниот партнер. :hai:
     
    На Hipica и Daydream им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.101
    Пол:
    Женски
    ^ Како за кого, без разлика на годините, имам долга врска и затоа и дадов совет на девојката.
    А и годините не се мерило за зрелост, инаку во реалност сум давала совети на девојки постари од мене и ме сфатиле озбилно, тука на форумот има дури и помлади девојки од мене со многу зрели размислувања? :D Некои личности не се ограничуваат на тој начин извини.
    Ти доколку имаш ограничувања твоја работа. :)
    Сексот не го сметам за нешто најбитно во врската, има многу поважни работи од тоа и тоа е мое мислење! За тебе ако е...нека е, твое мислење е и твоја потреба!
    А и на крај краева девојкава не се жалеше на сексот туку на нешто сасвим десето, а мене поентата дечко ми беше друга на горното мислење, незнам како само толку постар и поискусен не си можел да го сфатиш. :D
    А што се однесува на тоа дали си спомнал пари...ете како постар да те прашам, со што се купуваат поклони или на лепе очи ти ги даваат? :?: Молим те не ме терај да цитирам, си знаеш убаво што си пишал!
    Ти си сам на себе контрадикторен, едно пишуваш еднаш, друго друг пат :D
    Јас на темите каде што не се сметам за компетентна да давам мислење не пишувам, а таму каде што знам дека можам да дадам совет пишувам небитно дали на постара или помлада девојка од мене!
     
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Па давањето поклончиња може да се однесува и на една крембанана од 5 денари на пример. Или да му купиш/направиш двд со неговата омилена игрица. Да му направиш загорена бајадера :D (процесот на правење на истата е битен, нели топлес и по гаќички му парадираш додека готвиш).

    Поклончињата доаѓаат во форма на купување на запалка за цигари која е 20 или 30 денари. А на запалката има слика од она кое него му се допаѓа - фудбалски тим или boobes.

    После поклон е кога ќе отидеш до него и ќе му шепнеш онака попалена колку секси трицепс (или меше) има. Кога без никаков повод ќе одиш и ќе му изналепиш илјада бакнежи низ неговото тело. ...
     
    На Hipica, Captain-Omni и Daydream им се допаѓа ова.
  19. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    Девојки не знаев каде да го поставам прашањево па си реков овде.. Ситуацијата е ваква, дечко ми сака да тепа еден мој многу добар другар.. Значи детето е од мирно помирно, ни мравка нема згазнато, овој мојов, дечко ми, ќе го тепал само затоа што другар ми се мувал со женската на некој другар на дечко ми. И сега се договориле да го тепаат. Мноогу ми е глупо ова бидејќи ми е добар другар... Не знам што да направам, значи опцијата да го предомислам дечко ми не доаѓа во обзир, тоа нема шанси..Дали да му кажам да другаров? Ама со тоа го издавам дечко ми... Или воопшто да не се мешам? .. :/
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.101
    Пол:
    Женски
    Никако неможеш да го разубедиш?
    Колку години има дечко ти? Ова многу глупа работа ми е. Ради женска ќе тепаат некого, за глупости.
    Обично тоа иде ќе му кажеш на другарот, он ќе викне другари и ќотек сите ќе јадат по ред.
    Да не му кажеш, многу глупо е зошто нели другар ти е.
    Речи му дека ти е другар и дека со тоа може ти ги поремети односите со него и дека нема што да се меша он во тоа.
    Др начин немаш.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.