Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    824
    Некои жени (јас) кога ќе свршам одам по мала нужда. Можно е да свршуваш, клиторисно, не вагинално. Годините ти се такви, се е во ред со тебе, не се секирај ;) Можеш да си појдеш за твое добро и на гинеколог, нема врска што си невина, може да ти даде совети во врска со ова, а и за понатаму. :)
     
  2. ane1991

    ane1991 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Девојки ај и за мене ако може некој совет. Пред некое време се запознав со братучед на моја другарка, и со тек на време јас и тој се зближивме, се допишувавме често на фејсбук, се слушавме на телефон и сл. Симпатиите беа обострани. Но, работава беше таква се додека јас не го напуштив градот поради х причини и сега сме во различни градови моментално. Оттогаш тој нагло се промени. Се допишуваме повеќе преку фејсбук но тој не се однесува како порано. Не знам како да го опишам тоа негово однесување.. Се случува на пример некогаш да не го побарам на моб. или да не му вратам на фејсбук ( можеби поради некои моментални обврски ) и тој отпосле дупло ми враќа. Ако не му вратам јас 5-10 мин. тој после за инат 30 мин. нема да врати. Или на пр. еднаш е супер расположен за муабет,го интересирам и се тоа, а друг пат како воопшто да не му се разговара со мене. И не дочекува ни да му кажам, ниту пак да ме праша, може има некоја причина што не сум го побарала или одговорила одма , тој одма право реагира така. Еднаш како ме беше изнервирал, пишуваме на фб и по едно време ми вика ај чао штом не ти се пишува и се исклучи , Јас останав ваква :o , значи немаше причина, супер си пишувавме и се тоа време и наеднаш тој изреагира така. Толку ме иритира значи таквото негово однесување. Не беше порано таков.. Што да правам :worried:
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    А како тоа мислиш ти да одржуваш врска (незнам дали сте во врска или само се симпатишете) преку пишување на ФБ ?!?!
     
  4. ane1991

    ane1991 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Не сме уште во врска ,требаше да се фатиме но ете не иде нешто, работава тргна надолу откако заминав во друг град. И крај краева што е толку неосмисливо да одржуваш врска на далечина, да се допишувате на фб и слушате на моб, тоа може да биде и привремено. Ако ни биде убаво заедно јас можам да се вратам назад во градот, да најдам некоја работа таму за да бидам покрај него. И ако не секој ден можеме да се гледаме барем 1 неделно засега, не сме 1000 км оддалечени па да не можеме да се видиме ич.
     
  5. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    :( ;( ...потребен ми е совет и мислење кој би можел да ми одговори ..се работи за 4 годишна врска, од кои веќе година и пол се е повлечи-потегни..Пред 4 години кога се запознававме дозна се за мене како и мене што ме интересираше за него, но во последно време се појави домашно влијание, се сомневам дека му се врши огромен притисок да ме остави и стално е сведен односот на расправии, сексот само како да смирува а после тоа е пак по старо, сакам да нагласам дека јас него не го обврзав да се врзе силно за мене кажувајќи му ја целата моја животна сторија....Откако сега и семејството негово дозна нешто од тоа се оди кон разделување кое не е дојдено сеуште, а тој гледа дека не иде и ништо не прави, дали може треба да се сомневам дека и ме користи за каде да има да дојде да се јави пошто и така не излегуваме никаде за разлика од порано со правдање дека нема превозно средство и премногу работа, секој совет ќе ми користи...... ;(
     
  6. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    824
    има многу нејаснотии во твојов опис
    1. Тој знае се за тебе и ти за него?
    2. Што е тоа што неговото семејство дознало за тебе толку страшно?
    3. Зошто мислиш дека баш сега те користи, заедно сте долго време, зарем не сте се запознале доволно за да можеш да увидиш дека е од корист со тебе?

    Само од претходно кажаното претпоставувам дека почнал да се лади, долго време сте заедно и веќе се знаете еден за друг. Можеби не сака да те повреди со тоа што ќе ти каже дека сака да има и други девојки. Имаш направено некои основни грешки уште на почетокот на врската, а тоа е дека не си требала целосно да му се отвориш, но ете не си знаела. Немој толку да бидеш отворена, биди понекогаш мистериозна и не му давај се тацна, премногу си му достапна. Пробај да не бидеш толку достапна, излегувај со други луѓе, забавувај се, не мисли на тоа дека ќе се раздлелите, дотерувај се почесто и биди секогаш средена од глава до пети кога ќе се видите, биди весела, немој да му покажеш дека нешто те мачи. Можеби повторно ќе му станеш интересна и ќе сака цело време да поминува со тебе.
     
  7. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    824
     
  8. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    Фала на одговорот инаку јас имам повреда при раѓање која направи тумур се оперирав на главата и реоперирав и се исчисти но последици останаа имам кратки случки како некој вид напади но не паѓам само ми се причинуваат слики некои гласови слушам осеќам чувство на доживано нешто од порано тоа трае неколку секунди и после тоа се заборавам и осеќам исцрпеност проследена со потреба за глад и сон така да тоа не се крие од никое машко а излегувањата не ми се по бучни места туку кратки и повеќе по затворени центри. Наа кој и да му кажев се дистанцираше сепак се осеќав повредено затоа сум искрена не се крие ништо а овој дечко го прифати тоа но семејството има други ставови не напредни... Сепак ФАЛА за одговорот и мислењето
     
  9. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ти си многу храбра личност.
    И знам дека го сакаш, и тој те сака чим толку долго е со тебе.
    Знам дека звучи излишно но единствен начин да се среди ваква работа е разговор отворен.
    Шо и да биди, ти треба да знајш дека си премногу храбра личност за да зависиш толку многу од некој.
    Ја сфаќам љубовта и потребата од то да имаш некој покрај себе, и искрено се надевам дека се ќе испадни во ред, дека ќе поработите на проблемот и ќе го снема...
    Ама доколку не биди така, немој да се обесхрабруваш. Сигурна сум дека еден ден ќе најдиш некој доволно цврст што би му се спротиставил на целиот свет за да биди со храбра девојка како тебе. :*
     
  10. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    Фала за искреноста се надевамм и јас ќе има таков ден се да се среди:)*
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    А за разговор тешко оди тој несака да разговара за тоа пошто веќе го прифатил избеднува на таа тема разговор,останува само надежта сега иако когаа не сме заедно зачестени се расправиите тој кога е со мене и ретко е но не покажува никаков сомниелен знак.
     
  12. sim0na

    sim0na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    10
    Феминки!!!!
    Ве молам советувајте ме незнам што да правам ми се чини ке полудам. Со дечко ми последно време се караме од кавга во кавга се само на ратна нога сме нз поќе што да правам ...ќе се скренам ...нз дали можите да ме сватите како што сум во анксиозна состојба уште ова ми фалеше....сето е на инает тргнато на кавги . што да правам ...што да превземам ми вика дека ме сака дека неможи без мене , дека неможи да си го замисли животот без мене. а што ми прави ...за се сум крива јас, сум била инаетчија, горда буквално сее аааааааааааааааааааа се скревам тешко и е само си плачам а тој ужива лелелелелелелелелелелел :@ :@ :@ :@ :@ :@
     
  13. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Тука нема многу што да се мозга, и да се мисли, дефинитивно не те сака, и бара начин како ти нему да му раскинеш а не тој тебе, за да нема потоа грижа на совест. А тоа што ти вика дека те сака не се радувај многу, кај мажите зботот „Те сакам“ нема баш големо значење и го изговараат и кога не го мислат. Како може да те сака а за се да те обвинува тебе? Единствено ако си толку многу заглавена во анксиозноста па да неможе човекот крајот да ти го фати. Инаку реално таа врска нема светла иднина, ако уште сега се карате толку многу замиосли што ќе биде кога ќе влезете во брак. Совет, пред да те излуди најди си друг.
     
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ехеееее... Полека, стоп, застани, кочи... Osamena-Srna жити мене на гравчиња да не гледаш? Како бе така се си знаете? Да се чуди човек. Како ти по само еден пост сфати дека дечкото не ја сакал, па дури и дека врската немала светла иднина...? |( Дури и да излезе така, тоа ние овде не можеме да го знаеме. Дури и девојчето сите детали да ги напише пак нема да ја знаеме цела ситуација од причина што ќе ја знаеме само едната страна на приказната.

    sim0na смири се прво, какво полудување, какво скренување. Седни малку дома и размисли со ладна глава. Прво штом вели дека те сака и дека не може да си го замисли животот со тебе тогаш јас верувам дека е така. Е сега, прво тргни од самата себе. Велиш дека ти рекол дека си инаетџика и горда така? Епа можеби и во некои ситуации навистина си била таква. Затоа најубаво јави му се и СМИРЕНО (смиреноста е најбитна во секој разговор со партнерот) кажи му дека сакаш да разговарате. Кажи му прво дека го сакаш и дека знаеш дека и он те сака ама дека мора да се реши проблемот што го имате во последно време. Прашај го што е тоа што го нервира и мачи во последно време, што е тоа што ги предизвикува вашите караници, нека си каже он, па кажи му потоа и ти твое мислење. Па на крај донесете заклучок двајцата и договорете се што ќе елиминирате од вашата врска.

    Јас мислам дека ова на вас ви е само период и ништо повеќе. Може сте под притисок од други надворешни околности па затоа сето тоа ви се рефлектира на врската. И секако кога ќе тргне нешто по удолница тешко се запира како во случајов. Па после се почнува да те нервира и се карате и за тоа што треба и за тоа што не треба. Не знам колку време сте во врска ама гледајте овој период да го поминете што побезболно и без трајни последици.
    И совет од мене, за да малце се опуштите и двајцата поминете заедно некое време настрана од сите. Не мора тоа да биде патување, нека биде една обична вечер што ќе си ја посветите само на вас двајца.

    Само, мора искрен, смирен, директен и јасен разговор. Ниедна врска не може да функционира без тоа. :)
     
    На Hipica и sim0na им се допаѓа ова.
  15. sim0na

    sim0na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    10
    Daydream бев до сега излезена сето тоа му го кажав а пред тоа скроз се испокаравме му реков да прекиниме ... ме викна тоа да му го кажам во очи ...тоа со плачење му го кажав бидеќи го сакам но реков штом се караме нон стоп се надевам вака ќе биди подобро ... но кога му го реков тоа ппочна да плачи на коленици да ме моли да не го оставам дека неможи да си го замисли животот без мене ... нз повеќе што да мислам можеби како што кажуваш е само период ...дај госпо да е тоа мн го сакам ... а пред 2-3 месеци ми зборуваше дека со домашните правел мубет дека сака да се жени ... ми рече да сум му подспомнела и на моите да се подспремале...ама ме буни фактот што последниов месец ни е пекол вечерва лом се направивме пред да му кажам дека сум решителна да ставам крај ....после тоа како беже фин со мене онака како што беше пред овај пеколен месец.
    ти благодарам за советот ...мн ми значи :* <3
     
  16. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    Извинете ако пишувам во погрешна тема но не можев да ја најдам соодветната.Не се работи за мене него за една другарка што си ја гледам како сестра.Веќе 6 години го сакаше едно дете .Секој негов поглед го славевме заедно се радувавме кога и се пушташе значи се доживеавме заедно што е во врска со него.Но како што животот ќе донесе ..денес погина .Многу и е тешко,нормално. Јас не сум во Мк покрај неа а многу и е тешко не знам како да ја тешам не знам што да и речам.Не е ова едно обично раскинал па да ја тешиш со типичните фрази 'ќе ти се врати' и 'ќе си најдеш подобар'
    Што да направам?што да и речам?
     
  17. Maler8

    Maler8 Нов член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите, јас сум нова овде и ми треба ваше мислење. Ќе се обидам да објаснам во најкратки црти :D
    Пред неколку месеци почнав да излегвам со ново друштво и со едно дете (КОЕ ИМА ЖЕНСКА) почнавме со зафрканции, мајтапи, ме ,,чепкаше" и пред женската, па и се допишувавме на ФБ. По некое време од мајтап премина во вистина, и тоа тој го започна, беше многу очигледно, сите го гледаа тоа што се случуваше помеѓу нас. Едно води кон друго и јас се смував со него, ако можам да го наречам тоа мување, и тоа повеќе пати и така се беше СЛУЧАЈНО. После тоа се договоривме дека ќе престаниме и дека ќе бидиме другари, тоа што било ќе си остани меѓу нас, бидејќи заедно излегуваме, но тоа што чуствувавме не исчезна... Детево се смена за 180 степени, почна сите да не избегнува, да не излегува со нас, дури и другарите со кои е цел живот, направи толку да е очигледно да разберат сите, се разбира освен женската (незнам дали е глупа или се прај глупа), дури и еден другар ми рече кога ќе ти го слушни името ,,бега". Не можам да го разберам детево зошто бега?! јас не му прам никакви проблем, се однесувам најнормално како и секогаш пред сите. Јас, а и другарка ми едноставно не можиме да го разбереме детево,видејќи и велеше дека не му оди со женската и дека ќе се скара, а и толку беше очигледно дека чувствува нешто за мене. Дали некој од вас може да го разбере детево зошто вака постапи? А и тој си продолжи со неа и пред некој ден бевме сите излезени, по повеќе од месец дури и ми се обраќаше лично мене, а јас се обидував да го игнорирам, ама кога ќе ни се сретнеа погледите ја вртеше главата...
     
  18. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски

    Значи како и во секој случај поврзан со смрт на сакана личност, прилично нема многу шо да се напрај. Знам дека си во состојба кај шо сакаш да му помогниш на другарка ти, ама реалноста е таа.
    Најмногу би можела да му помогниш само со разговор и со огромна поддршка. Кажи и дека таков е животот, дека има полоши работи шо се случват во светот и дека и после се животот мора да продолжи.
    И дечковци и сопрузи починвале, па пак луѓето продолжват.
    Приклучете се на скајп и утеши ја. Друго не гледам шо би можела да напрајш за да му помогниш
    Во вакви ситуации, времето е лек. :)
     
  19. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека тој чувствува нешто кон тебе, или би сакал да продолжите, но никако не сака да си го признае тоа. Можеби ако е во долга врска, се плаши како ќе му биде без девојката доколку раскинат. Можеби и се плаши некако да не дознае таа.
    Во секој случај, лош чекор е тоа што толку наеднаш се повлекол, па се станало очигледно.
    Пробај да го убедиш да разговарате, и кажи му дека така е само поочигледно, и дека ќе продолжите така како што сте се договориле, само другари. А и во разговорот ќе дознаеш како тој гледа на целата ситуација. :)
     
  20. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Еи колку ги има вакви кои го користат изразот во '' Во последно време не ми оди со женската планирам да раскинам ''. Значи колку ми се гади од вакви машки неопислива работа. Па ако не ти оди со женската прво раскини па после бркај други. Нивните женски се глупи и наивни што им простуваат вакви работи, па тој си знае ќе одам со друга таа секогаш ми простува и си се навикнува така. Па наоѓа такви како тебе уште понаивни кои веруваат во такви фори и се муваат со зафатени машки. Тој да чувствувал нешто кон тебе уште веднаш ќе и раскинел на женската и ќе им даде на сите до знаење дека сака да биде со тебе. Ама тебе незнам кај ти бил паметот навистина. Нормално дека ќе се смени женска му дознала, па правеле муабет и тој и ветил дека нема ни да те погледне. Моја претпоставка де. Толку било малце забава за него и ништо друго, ако сакаш озбилна врска друг пат помисли малку. ;)
     
    На Daydream и Hipica им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.