Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    МИ ТРЕБА ПОМОШ ! Вака,после толку време,после двегодишна врска,после толку плачење и нервози,ставив крај.Еднаш засекогаш.Запознав друг,после 3 месеци,пишувавме една недела,завчера искочивме,на кафе праeвме муабет.Дечкото е постар од мене три години, толку е културен,се воодушевив од неговиот карактер.Го знам одамна, од пред едно 3-4 год,со братот од мојата другарка се дружи.Вчера пак искочивме,не знам ме фасцинира со карактер,толку зрел,толку културен,толку фин.Не знам... Дали дека од бившиот тоа го немав, беше дете во памет,многу ме повредуваше,а сега сум среќна и тоа многу.И вчера се смувавме,све супер беше,денеска пак искочивме,многу ми е убаво во негово друштво.Ама има еден проблем.Пред 3-4 месеци,раскинал со девојка му со која идел 3 ипол години.Тоа не е мал период и јас не го гушам на таа тема,ама таа дознала за мене и му вртеше прееска,делува дека е сигурен дека нема да се смири со неа,зборевме прееска,смирено ми објасни све.Рече 4-5 месеци поминаа,од како раскинав, не заслужува и упорно ми укажува на тоа дека понатаму ќе биде со мене ако се е во ред. Но има уште еден проблем.На прво видување коа искочивме многу зборувавме,за све и некако немаме сега тема на муабет.Не знам што да напрвам,за да не му биде досадно со мене.Не сакам да го изгубам,почнува да ми значи :) Мил ми е, драг и не сакам да го нема од мојот живот.
     
  2. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки

    А што има врска што бишата дознала за тебе,ако е меѓу нив готово таа нема да го бара на телефон и нема воопшто да ја интересира.Тој сигурно сеуште се гледа со неа,па ти прави филмови некој.Значи само тоа ми е чудно,како е готово уште пред неколку месеци,а бившата повторно го бара на телефон.Ај преиспитај се малку,нели ти е чудно и тебе?Ако решиле да стават крај,нема сеуште да се слушаат на телефон.И тој многу лесно може да се реши од неа ако не сака да го бара и прогонува.Но знаеш 3годишна врска не е малку и нека не те лаже дека нема сеуште чувства за неа.Колку и да одрекува,не е така.Долго време бил со неа и има многу повеќе заеднички работи и спомени со бившата него ли со тебе.Не ме сфаќај погрешно,немам јас ништо против,само ти кажувам дека треба на се да бидеш спремна.Тој не се знае кога би и се вратил.Ти можеби му се допаѓаш,интересна си му и сл.,но сигурно ја сака неа повеќе од тебе.Не го губел тој без врска времето со неа.Затоа би ти кажала бегај подалеку додека не е доцна и додека не се заљубиш повеќе.
    Повторно ќе ти кажам можеби звучев грубо и не ти дадов никаква надеж,но само сакав да те предупредам дека секакви работи постојат,не верувај толку лесно,не се сите искрени и добронамерни.
     
    На awayfromyou му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски

    Јас сметам дека и покрај тоа што побара совет тука на темава, пак ќе се водиш според твоето мислење. :) Како и да е, јас мислам дека работите помеѓу вас треба да се одвиваат со ред и помачце, зошто и ти само што си излегла од подолга врска, а исто и тој.
    Прво и основно, ако раскинале пред 3/4 месеци, зошто таа уште го бара?
    Претпоставувам дека и тој чим почнал нешто со тебе, сака да ја заборави и да започне “нов живот“ т.е. од почеток, ама кој гарантира за тоа дека тој нема шанси да се врати кај девојкаму, сега веќе бивша?
    Нека помине време, остави нека течат работите бавно. Не се брзај, без разлика на тоа што ти е убаво со него. Уосталом, која врска (без разлика од каков тип-врска) започнува лошо? - Секогаш на почеток е убаво, интересно, се запознавате, се истражувате и сето тоа е нов предизвик. Чуствуваш некои чудни “пеперутки“ и се’ тоа се случува зошто нешто ново во животот, после две години ти се случува.
    Мој совет: Остави да поминува времето и се бавно и редоследно да се одвива, не убрзувај врска со типов, зошто и ти само што си излегла од врска, па да не бидеш пак повредена. ;)
     
    На Hipica и awayfromyou им се допаѓа ова.
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ ^ Јас искрено па и не мислам така. Он имал подолга врска и тоа си е ок, раскинал од неодамна, таа врска повеќе не трае и толку. Исто и awayfromyou, имала подолга врска, раскинала од неодамна и тоа е тоа. Мислам дека ситуацијата е многу чиста, двајцата си се слободни со слично минато, убаво им е заедно и не гледам никаков проблем. :)
    Тоа што бившата му заѕвонила за мене сега за сега со оглед на тоа што они двајца се гледаат само една недела, не е проблем. Тоа е премалку за да она му рече не сакам да се слушаш и гледаш со бившата. Всушност и да се слушал и гледал до сега тоа си е негова работа. Сигурно не очекувате од толку малку гледање да он прекине секаков контакт со било која. Треба време, а и они двајца не се во врска, само се муваат народски кажано, така што и двајцата можат да прават што сакаат настрана. Дури сега читам и дека дечкото и' објаснил на awayfromyou се' во врска со бившата, што сметам дека од негова страна е многу добра постапка која не бил воопшто должен да ја направи.

    awayfromyou мој совет е да не се оптеретуваш воопшто со непотребни прашања. Според твојот пост дечкото е многу свесен за се'. Така што ти свиркај си, уживај и чекај на него да ја среди работата со бившата. Не форсирај и биди си опуштена. Е сега не си мала и можеш да си процениш дали е или не е за тебе типот, дали е искрен или не, дали сака да седи на две столици или е сосема коректен и сериозен. Јас да сум на твое место ќе почекам одреден период, пример еден месец, и ќе видам како ќе се одвиваат работите. Ако видиш дека ѕвонењето продолжува кога сте заедно и ако гледаш дека од негова страна нема иницијатива за врска тогаш типот си седи на две столици. Ако излезе обратно од ова, супер и среќно. :)
     
    На awayfromyou му/ѝ се допаѓа ова.
  5. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам многу на советите,но дојде до нешто што очекував најискрено. Вчера зборевме беше искрен со мене.Гледам го нема да ми се јави,му се јавив коа се разбудив , на кратко зборевме, после навечер гледам укљ на фб а не ми пишува.Му пишав он онака ладно ми се понаша.Реков што е проблемот зошто си ваков со мене,не беше ладен.Во што е проблемот.И тој ми вика,не сакам да избрзуваме,не ме сфаќај погрешно јас не викам да прекинеме контакти,но уште не сум спремен за врска не знам све ми е измешано.И јас му викам ама чоек кој ти вика врска,значи никој не спомна такво нешто,едноставно повеќе пишувавме, сега си ладен,не ти текнува да ме побараш. И он затоа што те почитувам многу и мила си ми интересна,немој случајно да помислиш дека е ради бивша ми , ова што го правам.Ти кажав дека си прво девојче со кое искочив после раскинувањето со бивша ми.Ама едноставно ми треба време.Бла бла блаа..Ми падна жал многу,зошто укажуваше на тоа дека понатаму ќе биде нешто повеќе.Не го форсирав за ништо.Не знам .. Све ми е измешано и мене,почна да ми значи,многу е културен а највише од све искрен.Ама наеднаш не знам што му бидна..Што да направам?Да чекам ли тој да ме побара сега, да престанам ли да се надевам? Ич не знам ..Му реков што и да биде , сакам да си искрен до крај со мене.Ми вика премногу брзо се зближивме во рок од една недела,не сум сигурен за ова што се случува.Фактички ме откачи на брза рака .. Не е фер.
     
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Девојче јасно е како ден..
    Не сакам да звучам грубо,но освен тоа дека си му мила и занимлива,дечкото не чувствува ништо повеќе за тебе.А за нешто повеќе,тоа не е доволно.
    Знаеш каков ќе биде исходот од ова-за недела,максимум две тој ќе се смири со бившата.Така одат тие работи.
    Ти можеби си расчистила со минатото,но тој очигледно не.
    Додека не си почнала да имаш посилни чувства кон него,откажи се.Во спротивно,ти ќе бидеш повредена.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Не знам зошто мислиш дека те откачил? Дечкото ти објаснил како стојат работите... Пред се, има разлика од една до друга врска, твојата била пеколна, неговата можеби завршила поради сосема други причини... Да прекинеш секаков контакт со личност со која си бил повеќе од 3 години, не е така едноставно... Остави му простор да се навикне на новата ситуација, остави го тој да те побара. Тој всушност воопшто не те откачил, туку ти рекол дека му треба простор и време. Една недела е претерано брз период, па ни јас не би се навикнала... И самата гледаш дека е искрен со тебе, не го напнувај со прашања од типот: зошто не ме бараш, зошто се олади? Не знам какви проблеми бараш, па вие сепак се знаете една недела, а тоа не значи дека се познавате доволно за да се загрее доволна, а камо ли да се олади...
     
  8. kis.ki.ck.a

    kis.ki.ck.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Со дечкото одев скоро 5 месеци. Пред тоа не го познавав, така неко спонтано се бидна и се смувавме, првиот пат се запознавме и веднаш се смувавме. После некаде околу еден месец, тој ми се јави и ми рече дека треба итно да се видиме...јас отидов седнавме и тој ми кажа дека сме рода, односно 3 братучеди. Неможев да поверувам но со текот на времето се помирив и продолживме. Имав причини многу да му раскинам, но не сакав не се каравме, не за друго јас сум таква личност ќе го чувам во себе но не го кажувам за да предизвикам караница. Другарките за некоја постапка кога им кажував постојано ми велеа јас да прекинам, но јас не сакав, иако не го сакав, едноставно уживав во чувството да бидам сакана. Имав многу доверба во него иако тој учи во друг град. Но, сега во петокот требаше да се сретнеме и пред излегување бевме кај една од другарките и таа ме повлече и ми кажа дека за време додека бил со мене тој излезнал неколку пати со една поголема една година од негои тоа за времето додека јас бев на одмор. И во саботата се договоривме да се видиме. Јас бев во кафулето со другарките и тој влегува заедно со уште неколку другари и девојката со која ме изневерил пред него оди :wasntme: истата вечер пред тој да дојде другарка ми разговараше со една девојка и таа вели дека излегувале повеќепати во периодот кога сум била отсутна и ако не верува да и го прати разговорот. И потоа отидов со него и му раскинав. Потоа ми кажуваа дека многу се нервирал. И вчеравечер ми пишуваше на фб но нешто општо така. Дали правилно постапив? Дали ако ми рече да сме пак заедно да идам или ... ? Помогнете ми! Секое ваше мислење ми е важно :*
     
  9. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334

    Сте дознале дека сте роднини и сепак сте продолжиле? 3ти братучеди... тоа спаѓа во инцест колку што знам :^)
    И прашуваш дали да се смириш со него, кога и те изневерил и роднини сте? Гледам за години ти пишува 1. Без навреда, но за толку и памет имаш.
     
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.170
    Допаѓања:
    91.622
    Пол:
    Женски
    Што не е фер тука :?: Тоа што те откачува на фин и леп начин :D (извини али смешно ми е )
    Сигурно не сака да те повредува и да те лаже, мој совет ти е да си стоеш на страна и многу да се се надеваш за да не бидеш повеќе разочарана во иднина.
    А според мене таквите како него ( што мрмкаат јас така ги викам ) мислам дека неможат да ја преболат бившата и по некое време пак ќе си се заедно како ништо да не било
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Јас мисламдека она што треба да го напраиш е да го оставиш човекот на мира, бидејки ова што го пишуваш е школски пример за напорна девојка. Не заборавај дека мажите се предатори кои сакаат да освојуваат и кога „жртата“ сама ќе им легне тие едноставно губат интерес за неа.
    Остави го нека одлучи сам што ќе прави со својот живот во кој очигледно нема место за тебе и мораш да се помириш со тоа. Претпоставувам дека не сакаш да бидеш со некој а тој да мисли на бившата? Или можеби си спремна да бидеш она, да ја копираш неа по секоја цена? Но не заборави дека секоја копија е полоша од оригиналот и никогаш неможе да биде како него. Мал совет, не верувај дека он баш толку жали по бившата што не би сакал да биде со тебе ниту онака за провод, по веројатно е дека не го привлекуваш ниту физички па затоа несака да биде со тебе. А тоа што ти го рекол говори дека е тој само добро воспитан дечко, кој дури и кога откачува девојка ги задржи добрите манири.
     
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.170
    Допаѓања:
    91.622
    Пол:
    Женски

    Дали да одиш :?: Затоа што ти е убаво и сакаш да си сакана такаа :?:
    А тоа што сте 3ти братучеди и не го сакаш па и бил со друга не е ништо :?:
    Ако немаш ни малку памет слободно оди .... :x
     
    На kis.ki.ck.a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Не си го троши времето. Прво, роднини сте, посекако нема иднина таа врска, законски, а не знам како ќе реагираат вашите кога ке дознаат.
    А второ,и уште поважно, тој не те сака. Да те сакал душо ќе беше пообзирен кон тебе и кон твоите чувства. Можеби вие не сте си рекле дека сте ексклузивни, дека нема да се гледате со други, ама дури и кога си ти таму тој со други одел, така да, си избрал со кој навистина сака да биде а со кој само се забавува за да му мине време. И сама си викаш имаш милион причини да не бидеш со него, другаките кои знаат што се случува исто те советуваат.
    Не се сомневај во себе, вистинскиот избор си го направила. Сега имаш чувства за него, со тек на време ќе поминат, и ќе се гордееш со себе затоа што не си дозволила да се зеза некој со тебе и покрај тоа што си имала чувства за него. :!: И не заборавај, колку и да ти е далечен роднина, сепак роднина ти е
    (јас ова не знам како е тоа трет братучед, баба на тактко на блалал балалал, не ме интересира и не памтам, затоа што ако ти е роднина, тоа е, мене барем не ми прави разлика дали е прв или трет братучед, дали е тетка на мајка ми или не знам што)
     
    На kis.ki.ck.a му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    И покрај фактот што знаевте дека сте роднини,продолживте со врската?! :o :puke:
    Какво наверство,какови бакрачи,прекини со 'нештото' додека не е касно.
     
    На kis.ki.ck.a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам многу на сите уште еднаш.Не ми ни беше намерата да го напнувам ни па било што.Како и да е фала <3
     
  16. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Се надевам ќе добијам некој совет од вас..
    Значи со едно машко се гледаме од летово всушност се запознавме на одмор. Цел одмор може да се каже дека бевме заедно. Се беше супер се додека не дојде последниот ден. Мислев дека тука ќе биде крајот но не беше така. Ми побара број и фб и откако секој се врати во својот град продолживме да контактираме и да се гледаме. Тоа трае еве веќе 5 месеци а не е дефинирано дека сме во врска затоа што сме во различни градови.
    Викендов бевме заедно и откако се вратив дома правевме краток муабет во кој што од околу му спомнав дека ми значи и од тој момент како да се изгуби. Не дека очекував нешто повеќе но... се што остана во мене е само тежина. Огромна тежина. А баш и немам на кој би му кажала како ми е зш никој не ме сфаќа. Што да направам...како да ми помине овој период. Да не мислам толку на него,барем да не се чувствувам вака затоа што стварно е претешко и ужасно :(
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Си се приврзала за него, тој не. Јас би ти препорачала да го избришеш од фејсбук и да почнеш да излегуваш со другарки/другари. Почесто на кафе, почесто на прошетки. Да си го надокнадиш тој дел со други нешта. Оди во дискотеки. Значи кога ќе ти дојде на мисла прави нешто. Но најважно од се исплачи се колку ти душа сака за да го исфрлиш тој негативен притисок во тебе.
     
    На cheetah.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Немам храброст да го избришам од фб...кога и да го подзаборавев - повторно се појавуваше. Ќе пиши или ќе се јави..За излегување доволно излегувам и имам обврски скоро по цел ден но навечер е тоа тешкото...нз како ќе издржам но ќе пробам. Како и да е бубаче ти благодарам :)
     
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.170
    Допаѓања:
    91.622
    Пол:
    Женски
    Значи тој се појавува само он кога сака, се јаува кога ќе му текне т.е и нормално е затоа што не сте официјално во врска но ...
    Мој совет ти е да издржиш и да не се даваш така лесно , немора да му одговараш ако те побара или не манијачи го на фб пробај да го подзаборавиш аа и не му ги искажувај твоите чуства премногу.Можеби кога ќе осети дека си се сменила ќе биде поинаку. Не се врзувај премногу затоа што ако не биде ништо да не ти биде премногу тешко :)
     
    На cheetah.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Мој совет ти е да не ги искажуваш чувствата биди си ладна како да не ти е гајле,ке видиш тогаш тој ќе се смени сигурна сум во тоа,се додека гледа дека си заинтересирана за него така ќе прави но кога ке забележи промена кај тебе ке се запраша што е и ќе биде тој заинтересиран за тебе.
     
    На cheetah.girl му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.