Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    10.957
    Така е не е последен на светов :)
     
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.171
    Допаѓања:
    91.623
    Пол:
    Женски
    Неговите зборови и навреди веќе се дел од тебе и затоа мислиш дали би можела некогаш да најдеш некој.Секако дека ќе најдеш али остави го што побрзо тој не те заслужува !!!
    Имав врска каде што на сличен начин како твојот изгубив многу од мојата самодоверба ми требаше година време додека се опоравам,за тоа многу ми помогнаа вистинските другари и луѓе кои ме сакаа.Не верував дека ќе најдам некој кој ќе биде подобар и ќе ме почитува.Но за среќа најдов а тоа е дечко ми го заборавив минатото и уживам во сегашната среќа.
    Се надевам дека сите овие совети од нас ќе ги сватиш како за твое добро и верувај дека ќе имаш подобар живот без него !
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Јас се сложувам со сите што ти кажале да го оставиш,нема потреба да бидеш со таков човек,тргни го од твојот живот...ќе најдеш некој што те заслужува и што го заслужуваш ти и ќе те почитува. :)
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Денеска се точно две години од како прв пат ми пиша.Како и секогаш и сега ќе пишам дека за него по форумот имам пишувано многу.Поминаа 5 месеци од како го немам видено.Ама и ден денеска ќе ме побара и ден денеска ќе се караме,ќе спуштаме муабети,кога ќе ни е тешко се враќаме еден кај друг, пак се бараме пак плачеме .. Не знам.Се трудам да бидам ладна и никако да не му се смирам,зошто многу глупости направил ама па кога ќе размислам ни ова не е живот,постојано да сум под стрес,постојано да мислам кај е што е, постојано да се враќам како било што било.Пробав со еден ,искочив неколку пати сфатив дека само бившиот го сакам.Не знам веќе што да направам.Ме бара постојано ми пишува ама постојано се караме,си спуштаме муабети од минатото,премногу сме љубоморни на све живо љубомориме.Како сo сите е добар само со мене е нервозен,се кара..Еднаш бев кај една жена да ми гледа на кафе, све ми погоди се извадив од памет.Вика девојче ти навистина многу го сакаш него а и он тебе,на почетокот многу ви беше убаво а и точно е уживавме,постојано се гледавме иако не сме од ист град.Ми рече жената од моја страна демек некој направи,Секогаш на конец ќе виси нашата "врска",никогаш нема да можеме да се тргнеме еден од друг.А и точно е поминаа 6 месеци од како бев кај таа жена и не знам.Уште многу други работи ми погоди што ме изненадија зошто никој не ги знаеше освен мене и него.Што да правам ? Да му кажам ли да се видиме? Ми фали многу,и сакам да го видам :/
     
  5. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.361
    Се гледа дека ти значи..
    Само мислам дека ти си пробала со тој другиот знаејќи дека ништо нема да се смени кон сегашниов,односно си зацртала дека само него го сакаш.Некако ми делуваш како да не се трудиш многу за да го заборавиш.Немам читано претходно за твојата ситуација,и незнам како ти било.
    Според ова што го прочитав сега,гледам дека ти е потребен и дека сакаш да си со него.
    Увери се дали таа желба е обострана,а тоа најдобро ќе го увидиш ако се сретнете и зборувате во четири очи.Нема потреба да се навраќате на минатото и на грешките што сте ги направиле.Така само ќе тапкате во место и ништо нема да се подобри.Ако почнувате,нека биде од нула,исто како да се среќавате прв пат.Според мене,ако бидете заедно,нека биде тоа за убаво,т.е поминувајте го времето со смеа,галење и гушкање,а не со карање.
    Така да,можеш да го побараш,ништо не губиш,можеш само да добиеш.Но :!: извлечи поука од таа средба,и донеси одлука.
     
  6. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Јас искрено незнам што се случило,не сум прочитала што си пишувала.Незнам какви грешки направил,ама само ова ќе ти го кажам... Направи како што чувствуваш,седни смирено и размисли што навистина сакаш.Што и да ти кажеме ние тука мислам дека ќе биде џабе,најдобро направи ти како што чувствуваш.Ова е моето мислење. :)
     
  7. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    824
    awayfromyou очигледно е дека ти значи дечково и дека ви било убаво заедно штом не можеш да престаниш да мислиш на него и покрај поминати 5-6 месеци. Ние не можеме да ти кажеме дали да бидеш или да не бидеш со него, т.е да се видиш демек. Ако се видиш со него претпоставувам дека тоа сигурно ќе доведе и до нешто интимно и после оп пак си во замка. Пак истите чувства, пак истите проблеми, нервози итн. Треба сама да си расчистиш со чувствата и да сфатиш, (а тоа само со тек на време ќе сфатиш, и секако не додека се гледате) дека не е за тебе некој што ти предизвикува грижи и секирации, нервози и болки. Не верувај на тетки, така наречени гатачки тие на сите едно исто им зборат, знае дека имаш љубовна мака, што друго може да има девојче на твои години. Скршеното тешко ќе го залепиш, а и да го залепиши пак нема да биде исто како што било порано. Млада си, продолжи си да се забавуваш, да си шеташ со другарките и ќе си најдеш некое фино момче, мој предлог е да не се враќаш назад, оди напред, штом сте раскинале значи нешто не било во ред во врската и се понатаму ќе биде измачување. Со среќа ;)
     
  8. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    10.957
    :)
     
  9. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам многу,се договоривме да искочиме,рече дека е спремен да разговараме за се,јас од моја страна ќе се потрудам многу,нема да се навраќам на минатото и ќе се потрудам да биде се во ред.Ве сакам многу и благодарам уште еднаш од срце <3
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jecichka

    Jecichka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    22
    Мојот бивш, но сеуште сакан дечко дојде пред неколку дена 2 пат во рокот 2 недели. Ај првиот пат си реков еднаш и валда нема пак да го донесе некој ветер, ама не! Еј јас ќе поминам да те видам. Кога дојде му кажав дека не сфаќам што сака, рече сакал пријателство. Му изнакажав се што мислам, дека мене ме набеди за многу работи, дека не ми даде простор да се докажам и покажам во некој ситуации туку целеше кон тоа јас да сум причина за раскинувањето и главен виновник за истото. Пријател му кажав неможам да му бидам, неможам рамнодушно да гледам на тоа дека он ми кажува бркал некоја јака цура. Јас искрено сеуште го сакам многу... :/ Мислам дека вака е најправилно, дека неможе мене он да ми се враќа после една година, зошто порано не се запраша како ми е... Сега единствено од што се плашам е да не ми е криво после одредено време за одлукава. Ве молам за совет. Благодарам.
     
  11. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    10.957
    Мислам дека правилно си постапила што не си го прифатила негово пријателство. Според мене ако го прифатиш тоа негово "пријателство" потоа може да сака да се смирите а и мислам дека не е во ред ако сте се разделиле и он те смета виновна за вашата разделба ако така сфатив :?: сега да бара пријателство од тебе ... Потоа може да си продолжи по старо (немора да сте у врска ) и како што викаш те набедувал цело време за многу работи и не ти оставал простор да се доискажеш може да си продолжи по старо според мене. Не треба да ти биде криво затоа што си ја донела правилната одлука :)
     
    На Jecichka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Skgirl21

    Skgirl21 Нов член

    Се зачлени на:
    12 декември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Можеби сака да се смирите а несака да биде тој што ќе си ја “згази“ гордоста и ќе бара помирување :^)
    Малку ми е нелогично гечко да бара пријателство со бившата :?:
    Добро си постапила, всушност секоја девојка така би постапила, но не го бриши од животот ако толку ти значи може и ти нему му значиш па и ќе се смирите
     
  13. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Очекуваш после толку време ‚‚отсуство‚‚ од твојот живот да ти каже дека те сака? Мила, машко е, неможе да очекуваш ко на филм да клекне пред тебе и да те моли да му се вратиш. Ама знаеш како е, каде има жарче, има и оган. Само едно ќе ти кажам. Не покажувај слабост пред него, не му покажувај колку ти фалел или нешто слично. Биди ладна, коментирај пред него за други дечки, макар и измислувај, дружи се со други, ако му значиш барем малце, ќе ти се врати, верувај ми ;)!!
    Пиши ни ако се случи нешто интересно И НЕ ИЗБРЗУВАЈ СО ОДЛУКИ!! И да сака нешто повеќе со тебе, не се впуштај веднаш, макар знам колку е тешко тоа. Но, сепак немој.
    Со среќа!! :D
     
  14. Jecichka

    Jecichka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    22
    Море мене ме јаде што му кажав се и што еве овојпат одбив пријателство само ради едно "шта би било кад би било", искрено ми значи ден денес се чувствувам мн осамено и неисполнето без него.. Ама секогаш си велам дека двапати неуспеа нема ни третпат, пак ќе биде истото. Моментално преживувам кризи за да го видам :lol: ама преживувам некако се борам со себе тоа е барем доброто што се научив да си ги надвладеам чувствата. А ова што он малце се погази себе не е туку така, се кријат некој намери зад сето тоа. Само незнам мада мислам дека несакам да ги знам.
     
  15. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Се работи за еден мој другар, верен другар. Во последно направив неколку „грешки“ во врска со нашето пријателство кои него го повредија. Се работи за ситници, ама баш за ситници за кои не ни претпоставив дека ќе го навредат. Од тогаш забележав дека почна чудно да се однесува спрема мене. Ако му се јавувам, тогаш зошто толку често му се јавувам? Ако не му се јавувам, тогаш зошто не му се јавувам. Еднаш ми вели не сака да му вртам веќе, сум го замарала, потоа тој самиот ми се јавува. Еднаш вели дека грешките многу го повредиле и дека никогаш веќе нема да бидеме блиски пријатели, а потоа ми вели дека во нашиот однос нема ништо да се смени освен неговото мислење за мене, кое не сака да ми го каже. Премногу е затворен, и ме збунува многу. Се нервира за СИТНИЦИ поврзани со мене. Не знае што сака... Чувствувам дека има некој конфликт во него: од една страна е тој А што сака да продолжи да биде близок со мене, што сака да се дружиме, што многу сака да ми помогне и што се грижи за мене, а од друга страна е тој со неговата гордост. Незнам како да го сфатам ова. Денес му е роденден. Вчера пред 12 часот ми пиша порака да му се јавам (бидејќи имам бесплатни), му се јавив, и немаше некаков посебен муабет да ми направи, туку онака само, како да ме слушнел. Помина 12 часот, му честитав роденден, и ми кажа 1000 пати фала, радосен беше што ми текнало да му честитам и слично... Како да ги сфатам овие работи? А и конфликтот што е во него? Дали можеби тој се заљубува во мене...? :sweat:
    А и да напоменам дека на почетокот на нашето пријателство си кажавме еден на друг дека нема да се заљубиме, ни јас во него, ниту тој во мене,бидејќи тогаш нашиот искрен однос нема да биде тоа што е сега. Дали можеби поради тоа што ми вети дека нема да се заљуби, па сега го мачи тоа? Ми доаѓа на памет изреката дека се што е забрането е најслатко... Незнам што да мислам, многу ме збунува. Вам како ви изгледа ситуацијава?
     
  16. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Веројатно станува збор за малолетник кој под притисок на пубертетот незнае да ги дефинира сопствените чувства. Се плаши од твојата реакција и последиците по вашето пријателство.
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Што би направиле вие во следнава ситуација? Имам дечко, 4 години сме заедно, ме сака многу. Еден период од 3-4 месеци бевме разделени и јас тогаш бев со друг, истиот тој ми беше партнер на матурска. Многу ми беше убаво со него, многу забавен, толку не сум се смеела никогаш во животот. :) И сега пробелмот е што не ми излегува од главата. Пак сум со дечко ми пробав да му раскинам, но не можев пошто ми стана жал и ете пак сме заедно. А тој другиот исто така си има женска подолго време се заедно, но таа е во странство, а тој тука и то. Не знам што да правам, не можам да го извадам од главата. :@
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
     
  20. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    603

    Ти не сакаш никој од тие дваица, си била со еден па со друг па сега пак во круг.
    Најубаво би било да расчистиш со дечко ти, а со тој што има девојка во странство да не навлегуваш во блиски односи ( т.с во никакви) и да си продолжиш сама без дечко а кога следниот пат ке влезеш во врска гледај таа врска да биде со некој друг, а не со некој од овие дваица и гледај да не се играш и со него.
     
    На Butterfly15 и Marjan007 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.