Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ivanajvan

    ivanajvan Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Здраво. Имам врска 2 години, и многу го сакам девојчето. Ама имаме проблем што многу често се караме. И двајцата знаеме да бидеме тврдоглави. И последно време решив да го сменам тоа. Па кога таа е нервозна и провоцира јас ќутам и го потврдувам незиното за да избегнам кавга. Па на ваквите мои реакција излезе ситуација каде што таа не знае дали сака да е со мене, поради тоа што предходно сум се трудел секогаш и сум ја молел да се смириме, а сега тоа не сум го правел повеќе. И последниот пат пред 2 дена, ми се налути и таа многу добро знај кои работи ме вадат од такт и секогаш го кажува тие работи. И последниот пат така и беше, па излезе така убава расправија и тргна да си оди, тргна по скали и излегов и ја фатив за јакна и ја вратив назад, да не слези по скали и да не замини! И после ова ептем ми се наљути, не ми се јавува на телефон, не фејзбук и пишувам да ми се јави да се разбериме, чита и не ми враќа.... И незнам како да стапам во контакт со неа, да и се извинам (иако не ми е прв пат да се извинувам, дека најчесто јас грешам) и незнам и кога би ја видел што да и кажам????
     
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.171
    Допаѓања:
    91.623
    Пол:
    Женски
    2 години во врска а понашање како деца ,аа по колку години имате ?
     
  3. ivanajvan

    ivanajvan Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    22... и знам дека некои работи се многу детски... и сакам а ги сменам, се трудам да ги сменам. И се обидувам да и го покажам тоа но никако не го гледа. На какви се начини не сум пробал и неможам да видам дека ме разбира. Искрено, таа има одредено мислење за мене од почетокот, а не сум таков и во 2 години направив милион работи да и покажам дека не е така, дека ја сакам најмногу. Таа мисли дека ќе ја оставам, дека сум со неа поради тоа што е убава (по народно кажано јака е), дека во неа наоѓам нешто од бившите и многу други работи. И сум и покажал многу пати дека прекрасно ми е со неа, а таа мисли дека се преправам, дека ја залажувам. Сум имал и други, ама со ниедна не ми било, како што ми е со девојчево. Стварно ми е дојдено до неа, значи откако сум со неа, подобрен сум на секое можно поле и сето тоа само поради неа, бидејќи многу ми значи и многу ја сакам. Стварно немам идеја, во моментов како да разговарам со неа? И сакав совет ако можи да ми кажите?
     
  4. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    2.464
    Најди начин да и докажиш дека ја сакаш и дека ти значи. Прво замоли ја да се видите, а кога ќе се видите кажи и се што ти лежи на срце колку ти значи... И гледај да не правиш грешки во иднина за да не се расправате, а мора и меѓусебно да се договорите да бидете толерантни до одредена граница.
     
  5. chips.for.free

    chips.for.free Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    37
    Ракинав со дечко ми по година и 2 ипол месеци... Многу ми е тешко, бидејки сум затворен тип, и се плашам дека ќе останам сама.. Тој ми беше прв дечко и прв најдобар другар. ептен ми беше близок..
    Како да го поминам ова? Дали да му се јавам да видам дали сака да се смириме? Сепак тој беше крив, но подобро е да простам за да не останам сама, нели? иако не е прв пат, секогаш простувам.. ;(
    прочитав нешто као: понекогаш тој што губи, всушност добива. (нешто во врка дека ќе загубам бидејќи ќе попуштам, но ќе добијам оти ќе бидам со него)
     
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Не си објаснила убаво.Кој раскина? Што напраи он,па викаш дека е крив? Простувањето зависи од големината на грешката :)
     
  7. chips.for.free

    chips.for.free Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    37
    прво додека бев на школо, последниот одмор тој сакал да ме слушне, па ми вртел, а било зафатено. Јас во тој момент баш му средував за поклон за Нова Година, ми текна една одлична идеја, па и со мајка ми правев муабет. И после школо отидов кај него, бевме договорени од вчера, и он беше така нерасположен, не ме ни бакна да се поздравиме. и онака се скаравме, не знам за што беше, и почна да се дере! а имавме договор да не викаме, туку мирно да разговараме кога и да сме изнервирани. ама он не ме слушаше, се однесуваше ептен лошо, прв пат го видов таков, а еве веќе 2 години го познавам..
    мене ми беше преку глава од толку викање, не заслужив така да се однесува со мене.. и си отидов.
     
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.840
    Пол:
    Женски
    Прво многу е глупо на овие години да мислиш дека ке останеш сама бидејки колки и во моментов да сметаш дека си затворен тип дека ти е тешко да оствариш познанаства со тек на време ке се смени тоа и ке се смееш на кажаново.

    Второво според ова Сепак тој беше крив, но подобро е да простам за да не останам сама, нели? испаѓа дека ти воопшно немаш свое достоинство и свое јас бидејки си спремна дечкото да те гази и да ти греши до милом богу а ти да простуваш постојано само затоа што ти е страв да си сама. Многу погрешно мислење и многу погрешен став кој најчето води до тоа едната страна да го злоупотребува односот а другата постојано да кути и да трпи.

    Трето, те прочитав во темата СИнгл и без другарки...Никогаш не дозволувај целиот свет да ти се врти околу една личност.Испага дека сеа без дечково ти си препуштена сама на себе и утре би немала со кого да седнеш на кафе само затоа што си дозволила тој да ти е целиот свет. За твое добро почни да си ги вракаш пријателствата кога веке очигледно е дека врската ти е на стаклени нозе.Не дозволувај да зависиш од друштвото и присуството на еден дечко.Затоа што еве и поввеке од очигледно е дека тој еден ден ке си отиде а ти што ке праиш без него ?!?
     
    На chips.for.free му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ivanajvan

    ivanajvan Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Иначе да се вратам на муабетот од погоре. Успеав да се видам со женска ми и ми затвори врата првин, а потоа излезе 4-5 минути колку толку ме сослуша. И вечерва ми пиша порака и во неа пишеше дека нема шанса повеќе да бидиме заедно и да и ги вратам нејзините работи. Ми треба совет што да направам? Дали да се обидам да ја молам да се смириме, дека ќе биди подобро и па ако треба да знај колку ја сакам и јавно да и кажам пред рандом луѓе во кафана на цел глас ако треба.... или едноставно да ја оставам и да се разделиме???? Совет????
     
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.171
    Допаѓања:
    91.623
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека барала само причина за да те остави штом за секаква ситница се кара.Паровите кои се во врска веќе 2 години мислам дека не е во ред да функционираат на овој начин како вашиот.По оваа што го кажа ти за вас а и сега оваа на крај мислам дека на девојкаа си и најмалку важен штом не покажува никакви чуства кон тебе .Да ја молиииш ,пф како да не остави јас ... што е со твојата гордост ако барем малку те сакала немало да дојде до овој степен на вашата врска.Мислам дека редно е да осети таа дека си веќе ладен со неа и дека ти е 'сеедно' а и не е прва и последна верувај :) Верувам дека дечко како тебе во овие години ќе најде нова љубов која ќе те заслужува :)
     
  11. ivanajvan

    ivanajvan Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Епа тоа не го разбирам и јас... ако ме сакала немало да дојде до ова, ќе била поразбирлив и поразбран човек. Ама знам како ме гледала, како ме гушела и што правела во моменти за мене со што сум видел дека ме сака. И затоа незнам, неможам да го разберам сето тоа никако. Имало моменти кога била најсреќна на цел свет, најубаво и било 3-4 месеци, и потоа по само некој обичен проблем, кој се решава со 5 минути смирен муабет, таа ти вика те мразам, си одва, не прави муабет, не те ни гледа ни перцепира. И така тоа во круг цело време. Јас сум многу горделив човек, ама кога станува збор за таа што ја сакам... (тука веќе се од таа горделивост паѓа во вода оти буквално се би направил за таа што ја сакам). И затоа незнам што да правам. Таа сака да ја молам и со тоа таа знај дека сакам да сум со неа, од друга страна можам така да бидам многу напорен (така да изгледа сето тоа) или пак да и дадам неколку дена мир, да ме нема. ( бидејќи еднашка бевме скарани и исто вака готово беше и ја оставив сама недела и нешто и бидејќи живеевме во студенски на исти спрат, 2 соби разлика, се разминавме неколку пати, но после еднашка сама беше и ја застанав да и се извинам, бидејќи тогаш јас си бев крив знам и неможеше да издрши и ми се смири). И затоа сега неам појма што е правилно да направам???
     
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.171
    Допаѓања:
    91.623
    Пол:
    Женски
    Абее ти ја сакаш а она дали те сака не е важно а ?
    Во тие моменти можеби и било убаво али сега е веќе нешто друго.Јас милам дека треба да ја оставиш не барај ја на никој начин ако некогаш те сакала и чуствувала нешто за тебе ќе ти се врати ако не твое ќе биде да заборавиш, + лошо си се поставил ти со неа знае дека ја сакаш,знае дека секогаш ја молиш и затао таака ти прави ... очекува пак истото да го направиш за да се смирите. Ова ти мој совет тове е како ќе одлучиш ти :)
     
  13. ivanajvan

    ivanajvan Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Јас на моменти знам дека ме сака, во моменти на расправии ко со 3та личност да сум. Не е повеќе тоа нежно девојче, што секогаш е тука за тебе, да те ислуша и тн. Во тие моменти е прав џаол, се што не е препорачливо во такви моменти, се што дотура масло на огнот е тоа е. И пред да излези сиов овај куршлус имав купено карти за на Владо Јаневски, оти тој и е нај нај нај омилен пеач. И сега другаркиве нејзини знаеја и некоја и кажала. Дали да и ги дадам или не???
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Па секако дека ќе и ги дадеш,нели за неа се наменети картите за концертот.
    Кажи и само дека требало да биде изненадување и ти е жал што истото пропаднало.
    Најверојатно ќе и биде драго,си се потрудил :)
     
  15. ivanajvan

    ivanajvan Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Едни викаат не и ги давај, едни дај и ги. Дека ќе и е драго... хм во овој момент како што е љута и неќи да ме ни види, се сомневам дека ќе и биде драго. Една страна ми вели да не и ги давам, дека ќе седни и ќе префрла и најверојатно ќе прокоментира нешто само за неубо да ми падни и тешко да ми е (најверојатно ќе ми речи дека пробувам да ја купам, како што појдов вчера да се извинам и купив бела ружа и добив одговор дека таа не била од оние лесни женски кои можело да се купат со цвеќе), а па од друга страна има нешто што ми вели да и ги дадам дека сепак на некој дел од неа (тој кој ме сака) дека ќе и значи и можда ќе успеј да го стопи овој „мраз“ од девојче. Стварно незнам...
     
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    А уствари зошто ти е девојчето луто?
    Не разбрав баш..
    Па во секоја врска има караници и недоразбирања.
    Единствено со отворен разговор се' решава.
    Ако ружата не помогнала,значи девојчето не паѓа на романтики.Треба многу повеќе од тоа :D
     
  17. ivanajvan

    ivanajvan Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Таа е најромантичната некоја која сум ја запознал, не опишливо е колку џедај манд трик и е романтично нешто. Ама во вакви моменти таа е друга личност која нема ниедна допирна точка со таа во нормални услови. И да јас ја замолив неколку пати да поразговараме мирно, ама неќи таа...
     
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Гледам две сценарија тука:
    1.Нешто ептен си и згрешил,длабоко ја повредило и едноставно не може да ти прости
    2.Бара причини за кавга,оти сака да раскине и да те направи тебе крив.
    Така да,преиспитај ситуација :)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ivanajvan

    ivanajvan Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Порано еднашка многу и згрешив и никогаш не си го опростив тоа... ама од тогаш помина скоро година и пол, а јас многу се сменав не само во тој поглед, туку на секое поле каде што од моја страна излегуваа негативни и неубави работи. Се сменав, нешто скроз тргнав нешто намалив што можев повеќе. И сега нејзи во некои нервозни моменти само да ја допрам и и се враќа се од порано... а не сум тој некогаш што бев, поради тоа што ја сакам многу дека се видов јас вистинскиот јас во неа и поради тоа тие работи некои тргнав скроз, некои како што кажав ги намалив колку што можев да ги намалам.... и од тоа што го напиша под број 1 е... и неможам да и објаснам никако. Како да и објаснам кога неќи да разговара со мене отворено и мирно, таа разговара некоја мнута мирно и после почнува да вреѓа, да провоцира, да тера инает, трвдоглава да е, горделива е до небо и назад и секој пат така е...
     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Еве предлог..Договори средба со неа,речи и дека ова е последен пат што ја бараш и дека сакаш само да те ислуша.Кажи и се што ти лежи на душа и добро и лошо,прашај ја дали може да ти прости,ама ако ти прости да не ти прекажува лански за мански.Ако едноставно не сака,толку од вашето.Нема зошто да ја молиш повеќе. Одлучи што ќе праиш и пиши :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.