Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Ако се сака се може !!!!! И двајцата треба да сте свесни за тоа, и двајцата треба да знаете што ве чека, но ако и двајцата сакате да бидете заедно еден со друг, вреди да пробате....Врски успеваат што партнерите се по илјадници километри одалечени па се гледаат на секои 3 месеци, па ова твоево од различни градови.... ;) Пред се доверба е важна и без љубоморни испади и без контрола !!!!! тоа е најважно
     
    На k.i.t.t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  2. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Фала ви срцки на советите, знам дека ке биде тешко, знам дека шансите да се успее не се најголеми, исто така знам дека сум ко заљубена пубертетлика што бара совети... :$ ама.... може ке ми успее ова што знам :) Енивеј тнххх :* :*
     
  3. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Здраво девојки!!!
    Ќе ве замолам за мислење за следново што ќе го напишам. :angel:
    Во врска сум 9 месеци се сакаме,ама некогаш тој почнува дека го лажам дека можам да го изневерам и сл. ;( Ама тоа нема никаква врска секогаш му кажувам точно се кај одам со кого сум кога се враќам дома,дури не сум излезена со другарки навечер како некогаш,сакам да кажам целосно сум посветена на врскава.Често се караме за тоа ми ветува дека нема да се повтори и дека ми верува но попусто.Кажете како да го убедам дека е вистина тоа што го кажувам 95% сум сигурна дека не е резултат на недоверба бидејќи се случува само кога не ќе се видиме неколку дена,а повеќе од 3 дена не се има случено?

    Благодарам однапред
     
  4. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    Ај да речеме дека не е недоверба, туку е НЕСИГУРНОСТ од негова страна. На еден начин ја нема он таа самодоверба и е уплашен на потсвесно ниво....Може да ти смета ова нормално, зашто се посветуваш максимално на врската, но сепак има и позитивна страна, а тоа е дека ако не те сака, ако не му значиш премногу - нема вака да реагира и да се однесува ;)
     
    На srn4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас мислам дека дечково се плаши да не го извлече подебелиот крај. Тој се плаши да не те изгуби или пак да не го повредиш. Можеби имал негативно искуство, па сега е така малку како параноичен.
    Мој совет ти е да му укажеш дека во моментов си со него и не ти треба никој друг. Не настојувај да се гледате интензивно, потоа ќе си направите уште покомпликувана ситуација. Задржи си ги другарките, а и тој другарите. Продолжете да ја градите врската на тој начин и со тек на време се’ ќе си дојде на место ;)
     
    На srn4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Најискрено мене воопшто не ми се допаѓа неговото однесување, можам само да замислам колку те иритира тоа што не ти верува, можеби е знак на несигурност од негова страна како што вика Мистери или премногу те сака па се плаши да не те изгуби...како и да е една здрава врска треба да исполнета со нежности, со љубов, со среќни и весели моменти и спомени, а не со карање....Велиш дека си целосно посветена на врската, знае каде си, со кого си, си ги намалила излегувањата со другарките и навистина не е фер неговото однесување ниту пак јас можам да разберам на што се должи таа негова недоверба..Размисли убаво дали сакаш да продолжиш со него и понатака..не е доволно само да се сакате, не е доволна само љубовта. Според мене партнерот треба да биде многу повеќе од љубовник, пред се треба да биде пријател, другар, некој што ќе биде твоја потпора, некој што ќе се радува и ќе плаче со тебе, некој што ќе те подржува, што ќе те разбира и целосно ќе ти верува...Можеби не ти помогнав ама се надевам дека ме сфати што сакам да кажам..Со среќа и се најубаво. :)
     
    На srn4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Изгледа само мене ми е ова ненормално. :^)
    И тоа бајаги.

    Мене не ми изгледа дека дечково е несигурен, ниту изгорен, ниту плашлив, туку едноставно - дечкото си е манипулатор.
    И тоа добар, ако не и одличен.
    Како може да сте заедно 9 месеци и да нема грам доверба во тебе?
    Како може воопшто да споменува на глас дека го лажеш и смета дека ќе го изневериш?
    Кажи ми искрено - тебе не те навредува тоа?
    Не ти пречи кога ти го зборува тоа, ти се трудиш околу вашата врска од петни жили, а добиваш ваков фидбек?

    Ти инаку веќе за жал, си паднала во неговата замка.
    Не излегуваш со другарките навечер само за да му удоволиш.
    Така почнува инаку, 100 пати сме пишувале на темава, прво не може со другарките, после не смее толку кратка сукњичка, па не смее да се има другари, па не смее да се поздравуваш со бивши, па не смее да се отиде никаде без него, па не смееш на фризер - зашто е машко тој, аха :^) итн, итн...

    И да не должам, со ваквите дечковци само строго.
    Нема компромис, туку ултиматум - јас одам таму.
    Ти си должен да ми веруваш, зашто не сум ти дала повод и причина за поинаку.

    Се' додека му попушташ, ти го јадеш подебелиот крај, несвесно.
    Прашај го само - како ќе му биде нему ако ти постојано го опседнуваш со некој наводен страв дека ќе те изневери и да се стави малку во твојата кожа.
    Ќе ја трпи он таа психичка тортура што ти ја приредува тебе?

    Јас да сум на твое место, искрено и од срце - би го оставила дечкото.
    Ваквите не се менуваат. Никогаш.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111

    Е во право си психичка тортура и тоа огромна цело време сум под психичка напнатост и плачам,дома често се карам со родителите едноставно катастрофа е кога правиме таков муабет,после тоа тој се поправа и се кае што рекол ама кога некој ќе ти каже работи што не сакаш да ги слушнеш попусто е се.Фала на советите
     
  9. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Да има негативно искуство и тоа лошо.Не викам дека не ме сака ме сака се прави за мене задоволна сум од тоа ама некогаш кога ќе му притекне нешто во врска со минатото...едноставно незнам тогаш што се му поминува низ неговата глава.Последниов месец се средува некако ама првите пет месеци од контакт ме ваѓаше,стварно не се издржуваше.Поззз
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Значи просто се чудам какви садисти сме ние девојките понекогаш. Какво садо мазо на мозокот си правиме, ау! Да вриснеш!
    Велам ние, затоа што верувам дека нема една од нас која не била во врска која не не исполнувала сосема но пустото од чиста и искрена љуууубов, ах љуууубов, сме останувале во неа и наоѓале милион изговори. Аме не, ова, ама не она.

    Срнче, ако ти си повеќе незадоволна отколку задоволна во врската, мислиш дека тоа што тој те сака како што велиш е доволно за да останеш во истата?
    Мислиш дека таа психичка тортура е минијатурно проблемче во врската која ја имаш?
    Чекај, зарем љубовта не значи и имање доверба во личноста која ја сакаме?

    Тоа дека му се јавуваш секогаш каде одиш и со кого, за тоа си така малку виновна самата, такви правила си си одредила од самиот почеток и тука си му оставила простор за понатамошно љубопитство и испитување.
    ОК, разбирам во врска обично кажуваме, онака патем, еј денес бев на кафе со Зорица и Славица, па со Игор бевме да купиме некои книги. Баш беше убав денот.
    Ова е во ред, но не е во ред ако му се пријавуваш на дечкото на рапорт - ко пред инспектор, ме разбираш?

    Така да Срнче, мислам дека е само на тебе како ќе си ја решиш ситуацијата, или јасно ќе му дадеш до знаење дека не смее вака да ти прави, да покажува недоверба со постојано испрашување, или ќе си трпиш и ќе оставиш така, или нема да бидеш со него. 4та опција, мислам дека не ни постои ;)
    Крај краева, пиши си листа на парче хартија - за и против, па собери си онака математички колку имаш од секоја страна. Па ќе видиш.
     
    На nena2010 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  11. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Не е тоа кажување како на рапорт знам дека така наликува ама ете таква сум јас сакам да ми верува 100% зашто стварно е така не велам дека не ми верува ама има моменти кои го пецкаат зошто,причина е минатото.Не сум должна да трпам тоа е реалност,па ќе размислам што понатака зависи се од него,па крај и краева не е единствен ќе го преболам можда потешко дека многу го сакам ама тоа е.Фала :)
     
  12. buttercup.l

    buttercup.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    што значи кога твој бивши кој сеуште ти значи, а не сте праеле ништо пола година, ќе те баци во чело?
     
  13. simonceee

    simonceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Imam decko 5 god i 9 meseci.Kako minuvase vremeto nekako se pomalku vreme imase za mene.Stana mnogu laden prema mene.Mnogu se nervirav.Lani letoto sobrav hrabrost i mu raskinav.Posle nekoe vreme pocna da mi se javuva.Da napomenam imase edno devojce so ni se mesa u vrska i decko mi me imase izlazano u vrska so nea.Ednas go fativ kako telefonira ama me izlaza deka bilo samo onaka bidejki voze taxi samo za taxi se slusale koga i trebalo.I koga raski9navme slusnav muabeti deka me izneveril so ta od p0oveke lica.Nekako vo mene se nadevav deka ne e taka .Toj sakase da se smirime i vetuvase deka ke se smeni ke ima poveke vreme za mene ke mi bide nogu ubavo.Ama nisto.I koa posle mesec od koa raskinavme go fativ deka me izneveruval so taa pred neko0e vreme.Konecno staviv kraj.Bev resena i ne mi nedostasuvase ni malku.Stalno mi pisuvase i posle nekoe vreme jas bev vo ohrid na odmor a toj dojde specijalno za da me vidi.Nekako0 mi bese zal i pak mu se vrativ.Priviot mesec bese ok.Ama sega pa se odalecuvame nekao mi e odbiven.Kako da ne go sakam.Mislam deka izbrzav so odlukata.I sega sakam da stavam kraj bidejki nisto od toa sto go veti ne go ispolni i ne mi e ubavo so nego,ama nejkam da izbrzam i posle pak da se smirime.Stalno pravime taka raskineme pa se smirime.Koga sum so nego ne se cuvstvuvam ispolneta,a koga raskineme pa nekao ne mi e bas kako so treba.Kako da znam sto ustvari sakam jas.Ve molam za sovet.Izvinete sto ve gnavam.Pozz
    [mod-kirilica:1g52aahn][/mod-kirilica:1g52aahn]
     
  14. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Да му раскинеш без око да ти трепне.
    Не ти е убаво со него нели?
    Без него ти е празно бидејќи сте биле долго време заедно и веќе ти станал навика.
    Раскини му многу брзо ќе се адаптираш на ново настанатата ситуација бидејќи сите твои чувства кон него исчезнале.
    Немој да бидеш со него од сожалување, не е исправно.
    Стави крај и почни си нов живот. Нема што да му ја мислиш.
     
  15. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Кршено-лепено девојче не бива. Ти сакаш дечко што не постои, ти ја сакаш неговата идеализирана верзија што си ја направила во мозочето за него. А сега свесна си дека тоа не постои, но сепак се надеваш дека некогаш ќе се оствари. Те разочарал повеќе пати и тоа ќе остане. Мој совет, не си ја мачи душичката и собери храброст и раскини. И да, ќе ти биди тешко, ама како што кажав тој што го бараш не постои. Ако продолжиш ништо нема да оди на подобро, само на полошо. Подобро да си без врска, отколку во врска што не те исполнува. И немој да гледаш на тоа што сте 5 години заедно, баш тие години биле пресудни за да дојди до овде. Имаш 22 години, во тој период можам да претпоставам дека и двајцата сте се сменале. Според мене и двајцата ве гуши оваа врска, а заедно уште поради фактот 5 години врска и сите очекуваат да сте заедно. Ти си таа што ќе одлучиш што ќе правиш, но земи го во предвид моето мислење и размисли. И не се разочарувај, се во животот е искуство. :)
     
    На agirl17 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    8.332
    Знаеш како велат, скршеното можеш да го составиш ама пукнатините ќе се познаваат. Велиш не знаеш што сакаш, можеби затоа што немаш почувствувано нешто поразлично, пример како вистински дечко треба да ја третира својата девојка. Ова според мене веќе не е здрава врска пред се за тебе, ти не се чувствуваш исполнето, сакано ниту среќно. Тогаш зошто би била сеуште во оваа врска? Расчисти, уживај после 6години во својата слобода, флертувај и не си го заморувај главчето со некој кој очигледно не те заслужува ;) Среќно!
     
  17. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Не одиме,но си се допаѓаме еден на друг,имаше мување но бидејќи требаше да си оди,а не е од мојот град останавме на допишување и се беше во ред се додекаа не се испомешаа картите,сега односот ни е малку заладен кога пишуваме нема излив на емоции иако на моенти ги има не е тоа што беше.Е сега вчера му беше роденден му пратив поклон,но не му стигна :( му честитав во 00 00 и на мобилен и на фб и ми врати само со сигнал,ајде добро тоа,но денес на околу 70 % од сите тие што му честитале отишол лајк или коментирал а баш јас се најдов во ониее 30 % на кој не им одговори ништо ниту пак отиде лајк..... :x што мислите ? дали ме одбегнува или во што е проблемот ?!!?!? :(
     
  18. katerina777

    katerina777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    епа ти си го направила своето а ова што не ти враќа на некој начин како да те игнорира што знам :?: можеби сака да се оддалечи па затоа се однесува така.а може и да е нешто друго во прашање,само мислам дека треба да почекаш малце и да видиш дали ќе те побара дали ќе има некаков сигнал од негова страна ако не јасно е за што се рабооти,а ако те побара ќе може и него да го прашаш зошто се однесувал така. во секој случај трпение...
     
    На Faline му/ѝ се допаѓа ова.
  19. PIPI-83

    PIPI-83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    VO VRSKA-"BEZVRSKA" SME POLNI 9 GOD...NESVATLIVO MI E I VE MOLAM ZA POMOS!!!TIPOV SO KOJ POSLEDNIVE GODINI SME VO SITUACIJA "DRZ NE DAJ" T.E. NITU ME DAVA ,NITU ME OSTAVA ZA SEBE ...KONECNO RESIL DEMEK DA SVRTI NOVA STRANICA VO NEGOVIOT ZIVOT I POVEJKE NE SAKAL DA SE ZAMARA SO MENE I POSTOJANO ME OBVINUVA KAKO JAS SUM BILA PRICINA ZA NEGOVATA NERVOZA I NAPNATOST,A JAS SUM SIGURNA DEKA SETO TOA MU E OD PREMNOGU OBVRSKI,NEDOVOLEN SON I RASTRCANOST NA SITE STRANI.SEKOGAS PRED NEGOVIOT RODENDEN SE SLUCUVA DA SME VO SITUACIJA DURI I VOOPSTO DA NE KOMUNICIRAME,NE MI SE JAVUVA,JAS KOGA GO BARAM NE MI KREVA TEL..I SL...A PAK SEKOGAS KOGA IMAM JAS NEKOJ POVOD ZA SLAVENJE TOJ MI PODARUVA POKLONI..I NE TOLKU EFTINI,A TOJ OD MENE NE SAKA DA PRIMI NIKAKOV POKLON,A JAS SE OSEJKAM GLUPAVO I DOLZNA PREMA NEGO.MI VIKA AKO MI KUPIS NESTO POVEJKE NESAKAM DA TE VIDAM PRED OCI.(PRETPOSTAVUVAM DEKA TOA E TAKA ,BIDEJKI NESAKA DA ME TROSI OTI JAS SEGA NE RABOTAM,NO TOA ZA MENE NEMA VRSKA...JAS SO ZADOVOLSTVO SAKAM DA MU PODARAM NESTO,AMA MI E STRAV DA NE SE NALUTI)DVA DENA SME DOBRI,A POSLE BEZ PRICINA PRESTANUVA DA KOMUNICIRA SO MENE,....KAZETE MI STO DA PRAVAM????
     
  20. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Искрено, ако е толку тврдоглав и не прифаќа одредени твои желби и ставови, јас би го оставил да си се носи сам со нив. Со ова што ти наметнува вина и негово мислење за одредени работи, како да те оттуѓува самата од себе, да ти менува навики за кои секогаш си мислела дека така требало да се или нешто слично... А пак уште ако тебе те обвинува за неговата нервоза и напнатост, направи му „услуга“ и тргни се настрана... Баш да видиме дали тогаш ќе му „цветаат рози“. |(
    Типичен пример за екстремен егоист, ако ме прашаш мене.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.