Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    А да си го прашаш ти фино кога ќе се видите што е проблемот ? Дека така само ќе нагодуваш ова е она е, а тоа со другарката, што и пишал не ми се допадна па и да се виделе, да не станува збор за поинакво видување ? |(
     
  2. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    1.737
    Не се случува овоа првпат. Ке "разговарам" утре со него, не е стасан. Иако знам дека само ја зборам, и секогаш ја сум крива на крај. Он само може да каже "и сеа лутеш ли се" ко и секогаш. Планирам да се тргнам полека полека, не сум таков тип да се расправам. Само криво ми е многу. Неговите се финансиски стабилни, и он е мн разгален, научен е се да има и се да е по негово. Татко му е многу лош спрема мајка му. И овој е научен дека со женско, треба само лошо да се понаша. Некако како да ме смета дека сум негова, и дека веке нема потреба да се труди околу мене. Мене само ми треба да ме сака, и да се понаша спрема мене убаво. А не секогаш да вреѓа. И мене и сите околку него. Коа бев кај него еднаш се скаравме. Мајка му ме разбира знам, му има кажано дека не ме заслужува, затоа што сум многу мирна. Дека заслужува само некоја што ке му влече пари, и со ке оде со сите. А он да трча по неа. Си го знае каков е. И сестра му коа се видовме на почетокот ни ме знаеше ни ме познаваше ми рече дека него само некоја забегана и проста што не разбира ништо ке го трпи. Требаше да се тргнам уште тогаш, ама мислев дека ке се смени. А со `другарката` стварно незнам за што има пишувано. Само знам дека да не му мавнала корпа, и да бил со неа дека ке е било провод. Оти не сака такви женски. Сакам да се тргнам, и се си викам подобро на време, трпам многу ама некогаш стварно мислам дека не можам повеќе со него.. Ме иритира, нема ни еден убав збор за мене, сите други се подобри а он е најдобар. А уствари е еден голем постак ама нема кој да му каже.
     
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    И сега, Годо ли го чекаш да ти каже тоа што и самата веќе си го знаеш? Не ми е јасно, се знаеш, се ти е јасно, но пак си го трошиш времето за ништо.
     
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Simpaticnata,според напишаното,се гледа дека дечкото има проблем.Проблем околу вас,неговите чувства за тебе.
    Не би требало така да се однесува,ако те сака.
    Зашо малку не паузирате?М?
    Најдобро е така...ќе му дадеш простор да сфати,разбере дали и понатаму те сака или не.
    Мош резултатот ќе биде колатерална штета,но верувај така е најдобро.За да не се залажувате.
     
  5. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Симпатична јас го гледам проблемот во тебе. Се работи за две индивидуи, а не за една личност па да контролираш. Тоа е негов живот, негови правила, негови гомнарии, а другото е твој живот во кој си направила да си го губиш времето заради нестабилноста на другата индивидуа.Кога-тогаш ќе се разбудиш ама ќе биди касно. Зарем немаш женска гордост,храброст и самодоверба? Најискрен совет би ти бил да се тргниш од таквиот начин на живот...но сепак изборот на патење е твој, дали ќе патиш 2 месеци или цел живот заглавена во некој лавиринт. п.с дечко на кој не муе гајле кога плачеш, нема љубов ако сака 100пати нека ти го вели тоа, ако те манипулира како утеха.
     
  6. Mei

    Mei Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    70
    Во слична ситуација и јас се наоѓав и само ќе ти кажам дека залудно си го трошиш времето. Поминав низ една таква ситуација. Бевме во врска година дена (и самата незнам со кој памет толку време со него и покрај се што ми направи),се трудев најдобро што можев да опстои нашата врска со надеж дека ќе се поправи или смени нешто. Го сакав,секогаш бев искрена со него,го поддржував,го разбирав и покрај тоа што си имав и мои проблеми сепак бев тука за него во секое време но тој за мене очигледно не,ниту пак се потруди да покаже некаква емоција ниту да ме разбере и во добри и во лоши моменти. Што и да му посочев дека не ми се допаѓа или дека треба и двајцата да се потрудиме да поправиме некои работи од него добивав навредливи зборови,исмејување пред друштво и одговор дека он е таков каков што е,дека е ладен човек,дека не е како другите машки да се ‘’лигуши “ на својата девојка |( итн. Раскинавме,бевме разделени 2 месеци и после некое време ко демек се покаја,сфатил дека згрешил,од дома му збореле како не е убаво да си игра со мене и треба да ме почитува,како ме сакал и му дадов шанса со надеж дека ќе се поправи. Си реков луѓе сме грешиме и сметав дека секој заслужува барем уште една шанса но со таков човек се паѓа во вода,за џабе си ги губев нервите,сфатив дека е непоправлив и дека неможам повеќе да си се погазувам себе си зошто повторно си продолжи истата песна и ставив крај. Така да, Simpaticnata не си го губи залудно времето кога и самата си свесна дека не иде,знам дека ти е тешко но затоа убаво размисли си. Поздрав
     
  7. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    1.737
    За последниот пат коа се скаравме, ајде јас сум крива што се смиривме. Требаше да оставам се да се излади. Ама од предходните караници, кога и да му викав да си најде некоја што ке му одговара и што ке го трпи, секогаш ми викаше дека не можам да го оставам, дека кога ке посакал он тогаш ке било крај. Дека нема шанси да бидам со некој друг, оти нешто ке ми направи. Пред недела дена некаде, беше пијан и ја му пререков нешто. Незнам што му стана, почна да вика, се каравме и коа му реков да ме остави за да си одам дома ме згриза за носот, и ми пушти крв. Коа ме виде каква сум, се освести и го видов дека плаче, демек ја сум го терала така да прави. Кога и да ме погледнеше знам дека му беше криво за тоа што ми го направи. Поминав и преку тоа, иако знам што требаше да направам. Знам што да правам, а упорно се правам слепа. Знам само дека со оваа година ми го упропасти целиот живот ;(
     
  8. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Само храбро. Направи место во својот живот да влезе нешто подобро. Не собирај ѓубре.
     
  9. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Леле ама како си можела да толерираш физичко насилство, демек малку психички те малтретира, ти се заканува дека "нешто ќе ти направи" а ти го трпиш сето тоа? Како воопшто си го проголтала тоа дека "ти го тераш така да ти прави"?
    Аман разбуди се, па ако во минатото биле заостанати и малтретираните жени биле виновни, денес никој нема да те осудува, ниту навредува... Пушти ја будалата! Трчај додека нозете те држат! И биди ти таа која ќе му каже дека е најмизерното суштество на планетата!

    Уффф излегувам од колосек кога ќе слушнам дека некоја жена трпи насилство, било психичко, па уште и физички некој да ве малтретира! Ниту децата не се доволно добра причина да останете во тој пекол од брак...
     
    На Mei му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    штом е таква ситуацијата, потхитно да го мајнеш, абе како може така да се понаша? така да ти прави? па кој е тој така да ти прави, па одозгора и да ти се заканува ццц... детска работа... да го оставиш, нема ни што да разговараш со него, едноставно кажи му решив да биде крај меѓу нас и готово, мајка му штом е будала нека трпи, но ти немој, свести се на време... ти ќе си најдеш некој што те заслужува и немој да се плашиш од заканите, не може да ти направи ништо, само така се сили, нели е многу голем маж :puke: само храбро и продолжи без него
     
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    На девојката се и е јасно, само не сака да го напушти ниту пак некоја од нас ќе ја убеди и нешто ќе и докаже. Да го имаше тој цврст став, досега едно 500 пати ќе го оставеше.
     
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Точно џабе ја убедуваме,таа ќе продолжи да изигрува маченица во име на љубовта и ќе наога триста изговори ...

    И се така додека на на него не му текне да ја остави како крпа и тогаш пак ќе плаче оти не и текнало на време ,наместо да замине достоинствено сега и да не си го губи времето.
    Сум пробала и јас да ги убедувам мои пријателки ама џабе е кога некој сака да крши sид со глава |(
     
  13. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    765
    SiMpAtIcNaTa само едно ќе ти кажам, бегај од овој по со време. За љубов треба двајца, а очигледно само ти се трудиш и поминуваш преку се. Стави точка на оваа врска.
     
  14. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Можеби смета дека такво нешто заслужува...
     
  15. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Се согласувам со Solei
     
  16. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    1.737
    Не заслужувам такво нешто сигурно. Никој не заслужува. И криво ми е стварно. Да сум некоја проста, забегана и да не можам да си најдам друг, ке си речам ајде нека е. Ама не сум. Од толку машки околу мене, ја го напипав најлошиот за врска. И друштвото си го бирам а не дечкото. Ама овој дефинитивно го избрав. И незнам кај гледав и што си мислев само. Многу сум наивна, секогаш гледам на другите да и погодам, секогаш сакам другите да имаат убаво мислење за мене, затоа сум толкав мекуш. Нема кој да застане позади мене. Со моите немам ни муабет, немам никаква самодоверба, никогаш не биле со мене кога ми требале. И научена сум да трпам се, може затоа уште се надевам на нешто што никогаш нема да се случи. А знам што треба да правам, знам дека ништо повеќе не може да се смени, и ке се тргнам настрана. Не можам повеќе. Само ми е криво за годината што ми помина, и што испуштив еден дечко што стварно ме сакаше. Ама требало да мислам на време, сега е касно за се.
     
  17. Mei

    Mei Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    70
    Е добро де сите понекогаш грешиме но затоа имаш можност да се поправиш. Многу е битно да си останеш доследна самата на себе,да веруваш во себе,имај свое јас и достоинство. Биди тоа што си а не да правиш работи кои тебе не ти се допаѓаат само за да им се допаднеш или да им угодуваш на другите. Кога веќе и самата си свесна дека не ви оди размисли убаво дали би сакала да продолжиш со таква врска кога не си комплетно емотивно исполнета. И нема зошто да ти биде криво што една година "така" ти поминала,нека ти биде поука. Па фала богу не си престарена,цел живот е пред тебе,со текот на времето се ќе си дојде на свое место.
     
  18. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    487
    Здраво девојки, имам 15 години за некој месец ќе сум 16..
    бев вљубена во еден,т.е чувсвтував некоја привлечност кога ќе го видев,прв пат во мојот живот се чувствував така, но никогаш не кажав за тоа, зашто знаев дека нема да ми биде возвратено истото и се откажав ова беше платонска љубов(може чудно ви е како некој може да чувствува нешто кога немал ништо со тој човек, но верувајте многу го засакав, иако ми беше само другар, имав навистина силни чувства)... после некои 7 месеци го заборавив, не е она истото кога ќе го погледнам, сега чувствувам само одбивност кон него..мислев дека никој нема да ми се приближи, едноставно станав депресивна, многу се променив, почнав да лажам за се, повеќе сакав да сум дома него излезена некаде, ништо не ме првлекуваше, едноставно не ми се живееше. мислев дека ако запознам друг ќе го заборавам, и ете се запознав со еден дечко, баш за нова година излеговме, а се знаевме од порано и си пишевме, со него го доживеав и првиот бакнеж, но работата е во тоа што се гледаме веќе неколку дена и јас не чувсвтвувам ништо кон него, не го чувствувам она како што со првиот, некако се исто ми е, дали ќе ми се јави или не(ко бесчуствителна да станав), некако се плашамм, а и ме праша дали сакам да сме заедно и ја ништо не му кажав, а дечкото е предобар, мил, се ок, но некако не е тоа, тоа.. а и знам дека првиот не може да е вистинскиот, па затоа...
    а и не сакам да се приврзувам со некој, бар не на 16 години, додека сите другарки имаат врски од по неколку месеци, или година, и стално ми викаат задржи го нз што, ко да треба да се мажам, баш така раѕмислуваат.. а јас, јас навистина не знам што сакам, да сте на мое место што би направиле?
     
  19. amberr

    amberr Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    11
    како бе ти девојче волку неписмена ,а на висока функција?
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    4.413
    Пол:
    Женски
    Зошто те чуди? :^)
     
    На amberr и Spidy им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.