Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8

    Како може да размислуваш дека може знаеш дека не е вистинскиот, а не сакаш да се приврзуваш? Контрадикторна си самата. И не само што ова изгледа бесчуствително, туку е и себично. Без навреда, но така изгледа. Можеби ти станал одбиден, тој првиот, бидејќи си го сакала и потајно си чекала тој да направи нешто, да примети, па не направил... Во конфликт си самата. А еве вториот ти кажува но не осеќаш ништо. Најверојатно затоа што со првиот не си зборела и не си му кажала и сега си хаос со чувствата. Оди кај првиот и кажи му, барем дека едно време лудо си го сакала. Отвори се, зборувај. Не влегувај во врски во кои не чувствуваш дека сакаш да бидеш. А и врска не е врска само за пролаз, тоа го прават себични луѓе, без оглед на годините. Ако размислуваш така дека нејќеш да се приврзуваш, тоа е себично а сепак ти ќе останеш со скршено срце, бидејќи не знаеш дали за некој лудо ќе се приврзеш а тој да го има твојов сегашен став. Опрајте се и зборувајте. Колку работи читам овде, све го сакала, ја сакал, а ретко кој го кажува тоа. Толку ли сте станале кукавици? Се плашите од одбивање? Па ако не кажете 90% е дека нема ни да го добиете тоа што го сакате. Све некои ќутливи, плашливи... Да не ви се скрши срцето. Се плашите што другите ќе речат и слични глупости. Себично себично!
     
  2. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    487
    солеи, верувај многу пати сум била повредена, многу, а не само на љубовен план, и за мн др работи..
    јас само како и сите сакав само да бидам среќна, но не беше така, никогаш не мислев дека ќе сакам некој, барем не на 15, но едноставно се случи, а и никогаш ама баш никогаш не би му рекла дека некогаш сум го сакала, зашто не заслужува, може за мене како сакаш да помислиш и себична и се, не се лутам, бидејќи не ме ни познаваш , сум направила многу добри работи,секогаш гледав на дугите д аим биде добро, но на крај ми било вратено со лошо, може и баш затоа мислиш дека сум себична но ок, твое мислење.
    а и таква сум, зашто не верувам никого, посебно на дечко, зашто се плашам, да се плашам бидејќи нејќам да бидам повредена, но фала ти за советот, ќе пробам да заборавам на се, и да се опуштам..
     
  3. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Советот мој е да бидеш опуштена и отворена па ич кур да не ти чуе кој што ќе рече. Вистината е вистина и не треба да имаш проблем да ја кажеш, а за повредување, кажување на вистината не е единствениот начин на кој можеш да бидеш повредена. Има многу други начини кои немаат врска со твојата искреност или неискреност или отвореност и затвореност. Со затворањето или неотвореноста не се спречува можноста да бидеме повредени.
     
  4. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    А стравот да не бидеме повредени - не е тешко да се претвори во себичност и преголема внимателност за себе, односно мислиме за себе кога станува збор за врски и сл.
     
  5. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Мила 7
    Можеби не е редно јас да зборам за ова ама еве ти мое мислење.Имаш 15-16 год. е небитно ,битно е дека си многу млада и дека ова не е една и единствена љубов и ако не чуствуваш ништо мајку му стара нема да си со него заради ххх-причини така не е?
    Ќе стретнеш нова љубов нов почеток и се така натака.А тој сепак ќе ти остане во срцето оти со него го имаше првиот бакнеж ако не се лажам? :?:
    Животот продолжува ,а и ти со него па така Good luck :) ;) ! :D И да не ти е гајле за ништо па на крај на краиштата ти си само една луда млада тинејџерка :D
     
  6. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Јас ќе ти кажам само да оставиш на времето... Види како ќе ви оди со дечкото, ако ти е добро и ти се појават чувства, продолжи, но ако немаш интерес кон него тогаш нема зошто да продолжуваш. Сум била во слична ситуација и во тие години тоа е нормално. Нормално е да имаш некој што го посакуваш, но нема да го добиеш, затоа и е интересен. Нормално е и да имаш покрај тебе некој нормален, но да не чувствуваш ништо посебно кон него, затоа што меѓу вас едноставно нема привлечност до тој степен да ти се шетаат животињи у стомак при самата помисла на него :D Не си станала бесчувствителна, тоа во никој случај.
    И не ги слушај другарките, што ако тие имаат долги врски. Ќе имаш и ти, но не треба да биде со дечко што ќе останеш со него со сила... Не форсирај да се случи нешто, многу послатко е кога ќе се случи спонтано.
    Уживај, премлада си за да се замараш со врски, еве ти кажувам, имав другарки што имаа дечко од 15 години до 17, сега сите раскинаа затоа што им стана монотоно... Сфатија дека се премлади да се обврзуваат до толку... Сега се како пуштени од ланец, како да немале живот пред тоа, го искористуваат секој момент да уживаат.
    Дечковци имало и секогаш ќе има, а ти не дозволувај поради нив да стануваш депресивна и да се менуваш во личност која лаже и се затвара дома. Гради се себеси во позитивна личност, тек тогаш ќе привлекуваш како магнет. :)
     
  7. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    mila7 млада си и јас кога имав 15 бев луда по еден дечко и мислев дека никогаш нема да најдам некој достоен да го замени.но и ти ќе видиш како брзо се менуваат работите во животот.во врска со дечкото сегашен ништо страшно ако не го сакаш не мораш да си со него.многу ретко се случува првиот да биде тој вистинскиот.другарките не ги слушај многу гледај тебе да ти е убаво и да ти одговара.ти си со него не се тие.поздрав и со среќа
     
  8. silo

    silo Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Вака јас имам 16 години и сум имала 2-3 дечковци не којзне колку озбилни врски ама сега имам еден т.е се запознавме преку фб ама он ме знаел т.е ме имал видено во автобусиве пошто во исти се возиме .... и така малку ко на шала почетокот ама после почна да ми кажува дека ме сака и дека сака да излеземе и јас прифатив излеговме и се смувавме ама ми рече на никого да не кажвам дека се десило нешто меѓу нас.......Јас досега ништо немам кажано а вчера ми пиша на фб (пошто од ко се смувавме не се имаме видено ама редовно ми пишува на фб) дали имам нешто кажано демек за нас..и јас реков не ама пошто помина веќе 3 недели од ко излеговме јас изгубив надеж и ми пукна филмов и му реков дека знам дека му бев само за еднаш и дека немат потреба да се мамиме....и он ми рече дека не е така и одма после се исклучи и сега не знам што да прам .... дали да му кажам поќе да не ме барат ни на фб или да почекам.....а искрено првпат среќавам машко што се срамит да ќажит дека излегол со женска :/
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.751
    Допаѓања:
    141.693
    Девојче, каков страв? Па нема страв во љубовта! Сите биле повредени и сакале повторно! Сакај мноу, давај многу љубов (и не мислам на секс, немој за очи да ме фатиш) и давај мнооооогу енергија. Што сака нека биде, уживај со заљубеноста, нека те понесе заљубувањето, погледите, допишувањата, неспиените ноќи, соништата. Зошто страв? Дека нема да те сака? Многу мажи нема да те сакат, нема ни ти да сакаш многу. Ти ке кршиш срца. ке го кршат и твоето. ке плачеш и пак ке се заљубуваш. Љубовта е убава, со се што си носи. Затоа, сакај со цело срце! Со сето! Не се плаши...
     
  10. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    487
    Девојки, фала на сите за советите, сега се чувствувам навистина подобро, а инаку да со него ми се случи и првиот бакнеж, точно по полноќ.. навистина ме охрабривте, сега за сега ќе оставам на времето, бидејќи колку што се познавам себеси, малку сум ладна, и за мн др работи, тешко ги искажувам чувсвата за било што и ми треба време... ама во право сте дека сум млада и дека ќе има време за се :) :)
     
  11. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.419
    Пол:
    Женски
    ^И ти мислиш дека тој се срами? Јас мислам дека тој си мисли дека не си доволно добра за да излезеш со него во јавност...
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Или можеби има некоја друга која му е побитна, па не сака да ја изгуби. Било да се работи за девојка или некоја со која што би сакал да има нешто. :)
    Инаку Сило, доколку не сакаш да имаш веќе ништо со него, тогаш кажи му и повлечи си се. А доколку сакаш да продолжите, потруди се да ја дознаеш причината ЗОШТО и од КОГО се криете, и не дозволувај тоа долго да трае. :)
     
  13. irina.007

    irina.007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    76
    И за мојата ситуација никој не ми е крив се што се случи се случи од мојата глупавост. Скоро цела година се влечкаравме во тајност и незнам од која причина го дозволив тоа ама ете се случи. Само еднаш се осмелив да прашам што понатака со нас, ми рече млад бил несакал да се обврзува и да продолжиме да се гледаме на начинот на кој што се гледаме. Станавме интимни, може да се каже дека станавме од типот пријатели со бенифиции и ми се вовлече во кожата. Го нема две недели па се појавува,си честитаме сите битни настани кои ни се случуваат во животот. Се видовме последен пат на недела пред новата година, свесна сум дека излегува и со други и затоа конечно собрав сили да ставам крај на тоа. Ама синоќе го видов сами со една девојка што отсекогаш претпоставував дека излегуваат ,срцето ми се здроби затоа што повеќе неможам да се залажувам ги видов со свои очи. И незнам дали ми е криво затоа ми има влезено под кожа, дали затоа што никогаш не ме покажуваше мене во јавноста или зашто ме замени за една обична градска курва. Сега му се наближува роденденот нема да му честитам најдобро ќе да е така, кај и да е ќе ме побара пак ама навистина е време да го стегнам срцето овој пат. Се плашев од сликата што ја видов вчера затоа со месеци не си доаѓав дома , ама ете се случи. Се гадам од самата себеси, се мразам самата што сум толку емотивна ама ете заради мојата глупавост си уништив цела година и тоа свесно , ме заменија , бев дел од еден триаголник цело време , самодовербата ми се сруши ...А најтешко ќе биде при следниот негов повик ....глупоќата не е по животните , туку по народ т.е мене .
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    Се сомневам дека е првото срамежливо момче кое си го запознала.
    Искрено,мислам дека дечкото има задни намери.Или е во open relationship со друга девојка,онака за мување,или има некоја потенцијална што ја посакува,па изигрува некој светец или во најлош случај те искористил..се срами од тебе..
    Подобро за тебе е да престанеш да се замараш со него,за да на крајот не бидеш повредена. ;)
     
  15. shinee

    shinee Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Ако навистина те сака ќе издржи, ќе претрпи се. На момент размисли дали тој го прави со грешни или со добри намери, одвој си 1 час од денот и размисли за вас одлуката ќе биде твоја, каква што ти ќе ја донесиш. Но прво размисли добро!!! ;)
     
  16. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Здраво девојки
    Неверував дека еден ден на оваа тема ке ве прашам нешто,но дојде и тоа.Станува збор за мојот дечко,за кој до пред 2-3 месеци мислев дека е најсовршеното суштество што може да постои.Совршен во вистинска смисла на зборот.Во врска сме 2 год.се беше супер се до сега.Не велам дека и сега не е добро,но има нешто што ме мачи.Прво многу ме повреди тоа што сега на 5ти трабаше да славиме 2 год.од врска.Јас спремав изненадување за него,и чекав да се разбуди и да го одведам на тоа место.Но тој кога стана си излезе со другарите на кафе,послетоа мислев дека ми има нешто спремано а тој ништо,дури несака да останеме ни насамо,незнам многу ладнокрвно се испонаша.Вечерта му кажав дека имав нешто спремано за него,дека ногу ми е мака со не направи ништо за мене,дури па ни тоа ја што го имам спремано не сакаше да го види и тој почна да плаче.Незнам со треба да мислам.Рече дека многу му е жал и дека секогаш тој се расипува.Осекам како во последно време слабо остануваме сами,се гледа да има некое друштво со нас,незнам што да мислам.Девојки,ваше мислење?
     
  17. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    13.333
    Пол:
    Женски
    По ова што го кажуваш уствари него побитни му се другарите отколку ти.. седни разговарај озбилно со него. Што е проблемот? Зошто баш на тој ден избрал да иде со другарите наместо со тебе да го прославува? Ако цело време сака да има некое друштво покрај вас, јас да сум на твое место нема да излагам. Се до оној момент кога ќе сфати дека стварно греши и дека треба да биде на само со тебе. Не викам еднаш, два пати, три пати во месецот да бидете со друштво ама секое излагање.. не!
     
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Tој почна да плаче.mila-88...jне верувам дека машко плаче без причина освен ако е под дејство на алкохохол.Во спротивно речиси сум сигурна дека го мачи нешто и се уште не е спремен да го сподели тоа со тебе.Немој веднаш да помислиш дека е во прашање некоја друга.Може има здравствен проблем, или фамилијарен или финансиски или на работа .Така да не е лошо да почекаш работите да се одвиваат полека.Не му врши притисок може има голем проблем и не му е до славење годишнина, затоа е повеќе со другарите .
    Нека се опушти,нека помине некое време и верувам дури тогаш ќе ти каже што всушност го мачи .
     
  19. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Незнам зошто заплача,едноставно ме гушна и почна да плаче..и цело време викаше дека многу ме сака и дека многу му е жал што се упропастил.А инаку тој живее во друга држава и на 7ми си тргна.Па незнам,дали мубило тешко затоа што ке се разделиме па почна да плаче,неверувам дека има некој здраствен проблем,затоа што ние се познаваме многу добро.Го познавам предобро и знам дека нема никој проблем.незнам што е работата стварно
     
  20. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.361
    Да не направил нешто што не треба,па да го јаде совеста сега... :^)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.