Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Човекот те сака. Можеби има направено нешто, прашај го отворено. Можеби нема, се случува човек да заборави и важни работи, па кога ќе сфати многу му е криво.
    Преиспитај се и кај тебе дали има нешто поради кое можеби се оладил, нешто што не го правиш за него и сл.
     
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ирина, ете и тоа се случува во животот, и две работи се доста добри за ситуацијата во која се наоѓаш:
    1. Сама си свесна и самокритична за својата состојба и најбитно
    2. го виде со свои очи дека има друга, ондосно така е подобро , отколку друг некој да ти каже.
    Не знам што да те посоветувам освен тоа дека треба да останеш на своите ставови, да го откачиш и немој да му честиташ роденден.
     
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Молим те ...ова од искуство...машко не плаче за девојка и не е толку емотивно ако пропуштил некој настан. ИЛИ нешто го мачи, што нема врска со тебе ИЛИ тежок глумец е.
    Јас имав една будала која по два дена искачање видов дека нешто му фали и го откачив, а типот кој тогаш имаше 30тина години, ми се јавуваше на телефон после тоа три пати и ко идиот плачеше...нормално ја не паднав на таа финта. Затоа, јас на машките солзи у врска ич не верувам, а немој ни ти.
     
  4. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60

    и јас на тоа помисував,но кога е тука заедно сме цело време,а и инаку му го знам секој чекор,секоја порака секоја минута од животот знам како ја поминува.Не ми се верува да е друга во прашање,затоа што тој има сериозни намери со мене,и наскоро планираме да живееме заедно,незнам ама ме мачи ова
     
  5. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Не верувам,дечко ми го знам подобро одколку самата себе што се познавам,затоа и толку ме мачи ова и не ми е јасно.Плус не сме од вчера заедно..инаку фала на мислење
     
  6. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    девојко мислам дека ти ми го даде одговорот,и јас мислам дека почнав многу да го гњавам,да го прашувам за се и сешто,не му давам да дише,си го признавам тоа...незнам дали е тоа причината затоа што се случи или нее :@
     
  7. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ова морав да го БОЛДИРАМ....дечко ти го знаеш повеќе од себе?!?„?„“?“?’’? Многу луѓе и после години години брак не можат да го кажат тоа, дека го познаваат партнерот подобро од себе си...ама нема везе...ако мислиш дека е така...ако го познаваш не 100% туку и повеќе, тогаш нема за што да се секираш.
     
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    Епа ако го познаваш повеќе од самата себе,не би се обратила на форум и да прашуваш што би можело да му е.

    Инаку мојата теорија е дека има направено некоја пакост,па сега игра на таа карта цимолење.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    824
    Не му се јавувај неколку денови, ако те побара тој кажи му дека иаш многу обврски (работа по дома, или учиш или, одиш кај тетка ти во некој друг град, или ќе одиш со другарка ти да се видиш, а таа живее во Белград не знам нешто измисли). Мислам дека почнува да се лади, не му е веќе интересно со тебе, а не знае како да ти каже, бидејќи сепак не сака да те повреди. За повторно да го заинтересираш немој толку да му бидеш достапна и што има ти да му приредуваш изненадувања, ние сме жени тие нас треба да ни приредуваат изненадувања, да не тинтраат, а не ние нив. Премногу си му ставила се на тацна, нема возбуда, нема игра, нема мистерија, знае дека ти си секогаш тука за него и нема да го оставиш. Збуни го малце, нека види дека не е баш така лесно. Не знам дали ме разбираш, но се надевам ќе ме сфатиш што сакам да ти кажам. Пробај малку да играш hard to get ;)
     
  10. Phoenix86

    Phoenix86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво,
    Јас имам сериозен проблем и ми треба ваше мислење.
    Бев во сериозна врска 2 години и веќе размислувавме за брак, деца итн. Проблемот е што мојот партнер беше премногу љубоморен, ме тепаше, ми се закануваше со разни глупости, ме контролираше и тој и сите негови ,,пријатели,, на секој можен начин, ме отргна од пријатели, фамилија итн. Бидејки на овие работи им немаше крај, а јас веќе се доведов во ситуација на лудило- односно мозокот ми беше испран, решив да побарам помош, прво од психолог после и од полиција бидејќи заканите и малтретирањето немаа крај. Кога стигнавме до полиција, наместо работата да се смири заканите и малтретирањето се повеќе продолжуваа. Пред извесно време седнав да разговарам за мојот проблем со лице кое ми рече дека може да ми каже како да си побарам правна помош и да не се плашам од партнерот дека нешто ќе ми направи. Но, партнерот дозна за тоа и збесна. Кога му кажав дека имам страв од него и дека си барам помош да се заштитам, тој ме набедуваше дека сум го излажала и дека не сум барала помош туку сум се е*ела со лицето кое сум се видела и од тогаш па наваму јас немам раат. Нарекувана сум ку*ва, дро*а, страв ми е да излезам а не па да седнам негде бидејќи ако се погодам на исто место каде што е тој или некој негов другар-знаат и да ме избркаат, само зошто тој познава многу луѓе. Веќе не сум со него подолго време, но малтретирањето продолжува. Како да се заштитам себеси да продолжам нормален живот, кога самодовербата ми е на најниско ниво а стравот на највисоко? Да не заборавам, овој човек нема страв од ништо и на крај ми кажа дека нема да најдам некој што ќе ме сакал како него.
     
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    Далеку од љубов е тоа драга.Тој мисле дека те сака,но всушност е опседнат со тебе.
    Не знам што би ти кажала,освен дека е сериозен проблем.
    Прво пробај смирено да разговараш со него,и да му кажеш дека нема иднина за вас и подобро е секој да тргне по свој пат.
    Ако не го прифати тој факт,и биде агресивен,тогаш оди до крај.Т.е употреби ги сите средства што можеш-полиција,правна помош.
     
  12. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    phoenix86 сериозна ти е работата и бегај од него,такви ментално нестабилни луѓе се спремни се да направат.не дозволувај неговите другари да те бркаат.ти не си човек?немаш право да излезеш?собери малку храброст и спротивстави им сисе.ако си во можност можеш да го тужиш да му стават забрана за доближување.со среќа
     
  13. rak4estip

    rak4estip Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    228
    Девојки ми треба сега мене еден совет од вас
    По 7 години чекање се муваме со првиот(за сега последен) дечко порано онака се слушавме ама ништо немавме. На нова година типот постојано ми ѕвонеше на секој 10 минути баш приметив и отидов со другарки и другари кај него и се смувамве и втората вечер ми вртеше потоа во четвртокот не се видовме и во петокот на излеугвање бевме заедно. Од тогаш се слуушаме независно кој ке се јаве и сега во вторникот јас му вртев да видам дали дома да си одам или ке се видеме и ми рече дојди кај мој другар сме седеме а јас со неговите другари ептен живеам, отидов со една другарка бидејки посака негов другар да ја видел и онака си седевме еден до друг гушкање онака бакнежи али не да се излижеме пред сите истото и вчера ама има еден проблем воопшто не излегуваме на само се знаеме веке 10 години нема шаниси срам да му е. Девојки совет што да правам незнам глупо ми е вака :(
     
  14. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    па не се малку 10 години.зошто да се срами?плус тоа и другарите негови и сите знаат за вас така?разговарај си со дечкото ако сакаш да го дефинирате вашиот однос во нешто повеќе,зошто толкав срам нема потреба.кажи му го тоа.поз
     
  15. stoilovat

    stoilovat Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    Проблемот е: Никогаш од кога идеме не сум го излажала, ноо тој не ми верува. Иако тој направил многу грешќи и што биле секогаш опростени и пак јас сум таа што се труди му покажувам дека му верувам, но тој мене не. И стварно незнам што да правам. Помош? Сакам да го привлечам на некој начин да не се кара со мене и тоа незнам како.???
     
  16. Phoenix86

    Phoenix86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Каде што има сила, неможам да се спротивставам. На крај мене пак ќе ме повредат. Размислував за тужба и забрана за доближување, но немам како да докажам ниту физичко ниту психичко малтретирање. Пробав и со убаво да разговарам и да решам, но добив само вреѓање, пцуење, плуќање итн. Не си го гледам излезот од оваа ситуација. Сепак фала за советот.
     
  17. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Phoenix86, моја блиска личност го има истиот проблем како и ти. Ако тој СЕГА така те малтретира, замисли што би се случувало кога би биле во БРАК. Не би знаела кога би можел да те убие.
    Затоа, вака ќе направиш.
    Немој да се перчиш пред него, ниту пак да му се враќаш. Тоа никако, нека престане се, за твое добро.
    Пробај некое време, не да се криеш дома, но да не се движиш премногу на места каде што знаеш дека ќе се појави тој.
    Фокусирај се да правиш работи кои ќе ти го исполнуваат максимално времето и нема да милиш премногу на тој гад. И дружи се со силни и позитивни личности кои знаат да ти го разубават денот.
    Би било добро да го смениш бројот, и да внимаваш тој да не го дознае.
    Со среќа мила, знам колку ти е тешко, но тоа е реалноста. Многу народ, а малку луѓе.
     
  18. Phoenix86

    Phoenix86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    diamonds.in.the.sky- да би била во брак со него сигурно би скинала конци за брзо време. Да можеш да видиш што има постирано на неговиот ФБ профил- секакви навреди кон мене, пцуења, гадости и луѓе кои го поддржуваат а не му ја знаат правата страна- ова буквално ме уништува. Си ја изгубив самодовербата и вредноста како личност на овој свет. Моите другарки се плашат од него и заради тоа не излагаат со мене повеќе (повеќето од нив добија закани), другари немам зошто според бившиот никој немал искрени намери кон мене- а сето ова беше само во неговата глава) и нормално сите се повлекоа. Сега се дружам со 1-2 другарки кои немаат појма за него и мене, зошто ако дознаат дека ми прави вакви проблеми и тие ќе се отргнат од мене и на крај ќе останам сама. Но твојот совет е добар. Почнав да излагам на не толку познати места барем извесен период додека ситуацијата не се смири (се надевам нема долго да трае ова) и да не мислам на него. Повторно почнав да одам на психолог за да си ја повратам самодовербата и чуството дека повторно ќе бидам сакана. Се надевам еден ден работите ќе ми течат нормално и стравот конечно ќе исчезне. Фала ти за советот, стварно ми помогна. Добро е чуството кога знам дека некој ме разбира :)
     
  19. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Не сум девојка!
     
  20. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Здраво феминки, навистина ми треба совет и мислење за мојата ситуација затоа и се одлучив да пишам овде!
    Се најдов во таква ситуација, што ми ги уништува сите живци и неможам да го исфрлам од глава!
    Имено, со него сме 3 години колеги на факс, и пред месец и пол се деси нешто повеќе, и почнавме да се гледаме! Морам да кажам дека е навистина вреден, послушен и знае што сака од животот, се му е на место во главата! Во љубовта немал 1,5 година никоја, не е женкар, едноставно не сака со секоја да има нешто повеќе, па дури ни секс за една вечер ниту необврзувачка врска само за секс! Ми рече дека тешко се наврзува на некоја девојка, но доколку тоа се деси, тешко би раскинал таква врска! Во тие месец и пол, не сме имале секс, и ми рече дека стварно сака да ме запознае ама не на таков начин! Во нашето гледање е се во ред колку што можам да оценам, ама има еден проблем! Кога ќе завршиме со факсот ќе оди да работи или во соседството или некаде во европа! Ми рече дека без разлика на се тоа што се случува меѓу нас тоа е неговиот план и не го менува за ништо во животот, јас му реков дека со тоа се согласувам и никогаш не би му била пречка во неговите планови! Потоа дојдовме до муабетот како ќе биде понатака со нас кога ќе завршиме со факсот! Ми рече дека не верува во врска на далечина, дека личноста која ја сака, сака да биде до него, зашто да се биде одалечен од саканата за него би било мачење, да не може да ја види! Јас на тоа му одговорив, дека ако меѓу нас се развие обострана љубов дека ќе се потрудам да останеме заедно, и дека ќе пробам да отидам таму кај што е он! На тоа ми рече дека тоа би било добро, но дека е тешко изводливо да се деси тоа, дека мора реално да размислуваме, но и дека мораме оптимистично да размислуваме! Она што ме збунува е тоа што човеков сега се труди да ме запознае, се дружиме, сме ко дечко и девојка (само сеуште не официјално), се е кул! Дури и ми даде белегзија со неговото име! Но многу е воздржан и неодлучен во поглед на нашата иднина... Јас му реков дека не сакам да бидам повредена на крај дека не би можела да издржам уште едно разочарување! И тој тоа се го знае, и затоа ме збунува, ако мисли дека нашата ту би врска нема иднина и дека за него би било многу тешко, зошто сака сака да биде со мене, зошто ми подарува белегзии со неговото име, зошто се труди? Дечкото е стварно добар, и јас мислам дека за него е вредно да се борам,но ми е страв да не бидам разочарана пак на крај! :( Што вие мислите?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.