1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    Сметам дека нема простор за разочарување.Дечкото однапред бил сурово искрен.А ти си ги прифатила неговите услови.Нели искреност пред се.
    Исто така,не може ни да се каже дека те сака.Месец ипол се мал временски индикатор за термините сакање и љубов.И тоа што се труди да те запознае е во ред,да знае со кого излегува.
    Инаку како што спомена дека е тежок карактер,дискутабилно е дали ќе се заљуби во тебе или не.
    Значи ако не пробаш нема да знаеш.А ако не сакаш да бидеш повредена,со оглед на плановите кои ги има,ќе треба да се откажеш.
    Мој совет,не труди се да разбереш дали би издржале врска на далечина,дали е заљубен/ќе се заљуби во тебе и сл,тоа се нешта кои..допрва доаѓаат.Концентрирај се на сегашноста,и уживај во времето кое го поминувате заедно.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.052
    Допаѓања:
    69.197
    Се согласувам со sadgirl21 и ќе надополнам. Уживај, но со оглед на тоа што најверојатно во блиска иднина ќе мора да се разделите, гледај да не се вљубиш, бидејќи ќе ти биде ептен тешко после. Дозволи работите сами по себе да се случат. Можеби тешко се заљубува типов, но ако се заљуби, тоа е тоа. Верувај, никогаш не се знае. Само внимавај, како што самата напиша, на крај ти да не излезеш повредената.
     
  3. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    824
    Се се случува во животот... Треба да уживаш во моментите поминати со него. Сега и во иднина. Без разлика што тој ќе си оди. Ако ти е убаво со него зошто да се стегаш и да мислиш, да се преоптоварувашш со тоа дека ќе си замине. Уживајте...Кога ќе си оди е друга работа. Можеби ќе биде некаде каде што авионската карта е поефтина па од време на време ќе си бидете во контакт, тој ќе доаѓа, ти ќе одиш, па доаѓаат одмори итн. останете во контакт, не знаеш што се ќе ти донесе иднината. Врски на далечина има многу, ако љубовта е силна и опстои можеби ќе те побара за жена, па и ќе те зема таму каде што е тој или можеби не, можеби тој ќе се врати...како и да е, не се оптеретувај сега со тоа. Сега уживај си во моментите со него и искористи го секој ден правилно, шетајте, разговарајте, дружете се ;)
     
  4. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.423
    Допаѓања:
    8.590
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека треба да го прашаш отвроено уште еднаш и да бараш конкретен одговор, дали е тој за врска на далечина?

    Бидејки нема потреба да се затрескуваш и да навлегуваш подлабоко во вашиот однос, ако знаеш дека тој за некој месец е спремен да си оди и тука да го прекине вашиот однос. Ако ти е сега убаво понатаму ке ти биде уште поубаво и на крај само ке патиш. Едноставно мислам дека вашата врска нема сврха. Што ако уживаш сега, а за некој месец се разделите дефинитивно...

    Во секој случај боље спречити него лечити. Види уште еднаш како став има тој и донеси деф. одлука.
     
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Еве пример како се комлицира една проста и едноставна работа и како девојкиве знаат да бидат напорни.

    Не знам што не ти е јасно во твојава ситуација. Дечкото искрено, кратко и јасно ти кажал кои се неговите планови и дека нема да ги смени за ништо во животот. Ти кажал дека не сака и не верува во врска на далечина, а ти упорно му збориш за љубов и му се наметнуваш. Дури си му рекла дека ќе отидеш таму кај него, а тој пак јасно ти кажал дека тоа е тешко изводливо. И не знам јас што тебе тука не ти е јасно. Со тебе си се "дружи" зошто сака да си пополни време. И биди среќна што сеуште контактирате и се гледате зашто искрено се прашувам и не знам како до сега не избега од тебе со оглед на твоите налудничави планови да го пратиш во странство. |(

    Што да ти кажам, бори се за оваа љубов, очигледно е голема и обострана. Па здравје за некое време ќе те читаме во темата "Врска на далечина" како нешто не е ок во неговото однесување и како се изладил спрема тебе. Кога сами не знаете да си процените и одите упорно и упорно со глава во ѕид, убаво ви прават. Тражили сте, гледајте. Ај поздрав. :*
     
  6. stellica

    stellica Активен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    не сакам да бидам негативна ама и јас имав слична ситуација во животот каде дечкото од одма ми кажа дека планира да замине за некој месец во странство и да работи.излегувавме ни беше убаво гледав да не се заљубам бидејки бев свесна дека нема иднина но сепак не е сеедно....прекинавме пред да забегаме со чувства после месец ипол од прилика и тој си замина после 2-3 месеци.кога дојде после две години ме побара и се гледавме цела недела додека беше тука и мислев дека ке полудам од се што ми беше измешано во главата.. ама тоа е.. пак си се врати он на својот јас на мојот живот..се си дојде во нормала по некое време, а сега е само убава мисла од минатото..
    и во твојот случај мислам дека ке се воздржува дечкото и нема да се опушти да стане сериозно меѓу вас бидејќи си има други планови и доколку е цврсто решен ќе си го оствари тоа што го има замислено или барем ќе проба..така да мој совет е не избрзувај со одлуките и живеј за моментот.. се што треба ќе се случи и ќе бидеш сигурна во твојата одлука каква и да е..
     
  7. Kate1998

    Kate1998 Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Со дечко ми сме од различни градови.Нема да се видиме неколку месеци.... ;( ;( ;( Тешко ми е премногу.Кај проблемите дома и ова уште.Се плшам за нашава врска.Неколку месеци..И до сега бевме врска на далечина,но се гледавме два пати месечно,еднаш доагаше тој,еднаш одев јас.А сега неколку месеци нема да се видиме. :( ;( Се плашам да не ни пропадне врската.За тоа најногу се плашам.Што да правам? Како да го решам ова?
     
  8. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Штом сте издржале така гледајќи се неколку пати месечно, ако сте доволно упорни и двајцата, сакате да останате заедно .. нема да ви пропадне врската :)
     
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    Не сакам да звучам песимистички,и дополнително да те разочарувам,ама самиот твој страв ќе приднесе за распад на врската.
    Не се оптеретувај со тоа.
    Ако до сега си се носела со фактот врска на далечина,би требало и сега да се носеш.
    И сама знаеш дека таквата врска бара многу трпение и доверба.
    А ако си сигурна дека те сака,не би требало да направе нешто со што би те повредил.Шо значи,дека нема причина за распад на врската.
    Ако се прашувам јас,би прекинала врска на далечина.Не верувам во такви врски. :D
     
  10. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Kate1998 знаеш како се вели далеку од очите но блиску до срцето.
    Знам дека е тешко да се биде во таква врска, ќе мора да бидеш упорна, силна, да издржиш, да не се предаваш, све за љубав :)
    Врати ми лп
     
  11. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Фала Феминки за вашите одговори! :*

    И да Daydream малце контролирај се што пишуваш, ниту имам налудничави планови, ниту на некого се наметнувам!..
     
  12. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Мој совет ти е да поразговараш и да го прашаш дали тој САКА да дојдеш со него, кога би било возможно.
    И прашај го, ако не е возможно, дали тоа значи дека ќе прекинете со се кога ќе отиде.

    Нема потреба од комплицирање и предвидување што како ќе мисли, какви знаци ти дал... Прашај го.
     
  13. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    И сепак знај дека после некое време ако го прашаш истото, одговорите можат да бидат различни.
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    Напорно е пак да го прашува,тој веќе кажал што има.И очигледно останува зад тоа.
    Се согласувам со Дејдрим,константното прашување на такви прашања,за кои претходно дечкото се изјаснил,станува веќе налудничаво.Тоа може да го исплаши.
    Нема потреба од притисок.Нека биде тоа што треба да биде.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.224
    Допаѓања:
    91.837
    Пол:
    Женски
    Aко љубовта е вистинска ,се почитувате и имате доверба еден во друг нема место за паника и нема зошто да се плашиш дека врската ќе пропадне,давајте си сила еден на друг дека деновите бргу ќе поминат .
    Еве јас имам веќе 3 годишна врска на далечина и тврдам дека таквите врски можат да опстанат ако и 2цата партнери се решени дека сакат да бидат еден со дрг во иднина :) Позитивни мисли и се ќе биде во ред :)
     
  16. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Не е воопшто налудничаво и нема да го исплаши. А ако тој се исплаши од прашање... Ако нема потреба да го праша тогаш значи дека знае се, а ако знае нема да побара помош тука. Значи дека има нешто со кое не е на чисто. Не чекај, не си прави илузии во умот, не си давај одговори самата, бидејќи нема да бидеш сигурна на тој начин. Затоа што ако не знаеш сега, така дефинитивно си го отвараш патот срцето да ти биде скршено.
     
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Не сум сигурна дека ја имате сфатено суштината на проблемот..
    Значи тие само излегуваат,а тој уште сега и напоменал дека по дипломирањето ќе заминува во странство.И дека тешко се вљубува.И дека не е за сериозна врска..а таа му зборувала да дојде кај него во странство?
    Не ти е малку...ту мач..
    Јас и претходно пишав мој совет,и пак ќе се повторам.
    Овој разговор е веќе воден,и нека остане на тоа.Ако тој се заљуби во тебе,тој самиот ќе ти каже,без ралика каков нарав има.
    Во меѓувреме,не му поставувај прашања поврзани со иднината,и уживај во убавите моменти со него.
    Па нека трае додека трае ;)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  18. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Никаде не спомнува дека не е за сериозна врска. Неможе она да мисли дека тој некако и покажал дека не е за сериозна врска кога самата се вљубува во него а и тој изгледа вљубен. Не се работи само за уживање на убавите моменти, туку за надежта дека тие моменти ќе продолжат и понатаму.
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Навистина?
    И покрај тоа што кажал дека по цена на ништо нема да ги промени плановите,и дека ја избегнува темата за нејзиното доаѓање во странство?
    Мене би ми било драго нивното излегување да премине во нешто повеќе,но очигледно дечкото нема такви афинитети.
    Колку побрзо девојката, која го постави проблемот, го прифати тој факт,толку побезболно ќе го прифати крајот.Надеж секако дека треба да се има,но едноставно кога нештата се очигледни,повеќе од очигледни,не можеме да одеме со глава во ѕид ;)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Многу добро знам што пишувам и што напишав и си стојам цврсто зад тоа.
    А ти ако малку беше самокритична и реална ќе го сфатеше тоа како добронамерен, можеби за тебе суров но пред се' искрен совет, ама очигледно сакаш тапшање по рамо, одолговлекување и лажна надеж. Во ред, твој е изборот. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.