Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Ако е така тогаш однапред е завршено. ?? Вреди да се потруди а не само да ќути и да си чувствува мака во себе.
     
  2. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    И да се фура дека ужива.
     
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    20.084
    Како што поминува времето доаѓам до јасен заклучок дека ние жените сме тешки мазохисти...

    Fleur-De-Lis, мој најискрен совет е да не си го губиш времето со тој дечко! Тој очигледно не се гледа покрај тебе и зошто ти да му го пополнуваш времето (и креветот) додека он си прави планови за иднина која не те вклучува и тебе?
    Опцијата дека тој ќе се заљуби смртно во тебе па ќе остане тука или ќе те земе и тебе со него во странција е искрено нереална и на крај ти ќе бидеш таа што ќе биде повредена и ќе пати...
     
  4. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Најреален одговор, доколку неговиот одговор е дека не сака да сте заедно и понатаму во странство, или дека не би те чекал...
     
  5. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Различно толкување од многу страни! Само да разграничам некои работи :D

    Сакам да кажам дека јас не го прашав дали можам со него да одам, муабетот беше дека и јас планирам во истата држава да барам работа после дипломирањето - за тоа со него од ко се знаеме зборуваме, а му реков доколку се развие љубов помеѓу нас дека БИ се потрудила тоа да трае! Тоа извинете ама не е налудничаво ниту па го терам јас на нешто! Ми одговори дека тоа би било добро, но дека е тешко изводливо во смисла во истиот град да најдеме работа или слично, но да бидиме оптимистични!


    Да си пополнува време со мене, мислам дека не е до тоа, затоа што еве во скоро 2 месеца не сме имале секс! Да напоменам дури дека ми купи нараквица со неговото име!

    Затоа си ја имам маката јас, ако мисли дека таквата врска е тешка, зошто се гледаме....

    Ама феминки имате право, ќе уживам додека трае, ако бидне за сериозно,ќе размислуваме тогаш!
     
  6. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Па ти не си ни имала проблем :)
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Ако нема проблем,треба се се направе истиот :D
    Така функционираме ние девојките,зошто да е едноставно,кога може да биде комплицирано ;)
     
  8. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    најдобро намерно го пишувам ова да те прашам сигурна ли си дека дечкото се вљубува во девојки(да не е насочен кон сопствениот пол)?јас имам искуство со ваков тип дечко обично не сакаат да се обврзуваат,одолговлекуваат интимност а те канат за излегување и да мило им е да даруваат убави нешта(всушност он никогаш не ми ни призна дека е геј и искрено не сакам да верувам во тоа но заедничката пријателка кој не запозна кога и се исповедав дека осеќам нешто кон него а неговото однесување вакво збунувачко се изнасмеа со коментар па нели го гледаш она очигледното :o ова беше многу одамна но некако ме потсети твојот случај иако сакам да грешам обично вака и реагираат дечки кои се девици и имаат зацртано јасна цел за успеџ во животот)
     
  9. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Ме замисли и мене... АКО никогаш не се обидел или не побарал... Многу е можно.
     
  10. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Не, апсолутно не! Не е геј!
     
  11. irina.007

    irina.007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    76
    Ми треба совет итно , значи веќе 13 месеци се гледам со еден тип и тоа тајно се гледаме. Кога мене ми пречеше тоа го прашав едноставно до кај ќе одиме со таквиот начин , тој ми рече млади сме биле лошо било да се обврзуваме и подобро е така да продолжиме. Јас не се согласив и ставив крај, но тоа траеше кратко време , пак продолжиме налик пријател со бенифиции , го нема по цели недели да ми зазвони и ете го за да се видиме, се приврзав , дури и добив некои навреди и на тоа замижав . Ќе се видиме , ќе си заврши работа ќе се облече и го нема со денови да ми се јави. И знам дека имам милион причини да ставам крај на сето ова , ама зошто секогаш попуштам . Знам дека има и други со кои се гледа на истиот начин како и јас, како одминува времето мене ми е полошо плачам, депримирана сум , почнав со диазепами да се лечам, се одалечив од околината и немам желба за ништо. Почна понекогаш ни на пораки да не ми враќа , ниту пак да ми крева слушалка и ќе помине одредено време и пак се е по исто ...Како да ставам крај на сето ова веќе еднаш..
     
  12. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    На почетокот ќе ти биде тешко.Но со секој изминат ден ти ќе се чувствуваш повеќе своја , послободна.
    Самата мораш да решиш да излезеш од оваа врска која нема да ти донесе ништо убаво.Секогаш кога ќе се сетиш на него со тага и кога ќе почне да те обзема мислата да попуштиш сети се на тие спуштени панталони без трошка чувство .
    За почеток почни повеќе да излегуваш , дури и тогаш кога не ти се излегува.
    Шетај и во текот на денот.Најди некоја занимација да не мислиш на него .Кога ќе ти звони не се јавувај или смени го бројот .
    Толку е едноставно и лесно и ако навидум изгледа тешко .
    Тој не постои повеќе за тебе и толку.
     
  13. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    603
    Мора да најдеш некоја занимација, нешто што ќе те окупира и помалку ќе мислиш на него.
    На повиците не му одговарај во никој случај.
    Собери сили и престани да се гледаш со него.


    Ако се соземеш и престанеш да се гледаш секој ден ќе ти е подобро, но доколку продолжиш со таа врска која никаде не води ќе ти биде само уште полошо.
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Такашто,ќе му посакаш се најдобро во понатамошниот тек на животот ;)
    А секој нареден повик/порака,ќе ги игнорираш.
     
  15. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681

    Како прво најди си ја гордоста и кревај си ја малку по малку бидејки како што гледам изгубена ти е. Те искористува стави си го тоа во глава повторувај си го. Јави му се и кажи му дека не го сакаш повеќе во твојот живот, доколку повторно продолжува да ти ѕвони игнорирај го повиците, смени си го и бројот ако е потребно. Колку и да е тешко ти самата си си крива, сама си го дозволила тоа. Мене ми се гади од такви личности незнам како си го дозволила тоа. Но ајде доста критики било па поминало. Земи излегувај со другарки, запознавај нови личности, забавувај се, лековите и затварањето по дома нема да ти помогнат.
     
  16. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Не разбирам бе луѓе зошто толку многу гледате американски филмови?

    Сте дозволиле да ве третираат ко крпа за бришење прашина, па после зошто сум нечиста? :^)
    Зошто, ама зошто дозволувате некој да ве игра и после плачете? Сигурно не сте малоумни што не можете (во случајов не сакате) грубо да ја процените ситуацијата и исходот од неа..
    Следен пат кога ќе треба да се видите фино и едноставно ќе го одбиеш - зашто тоа е правилно. Без глички и плачки, зашто реално ти и сега немаш ништо со него.
    Ако ти се вреска навечер повремено ќе си ги смириш страстите ќе си оставиш време на сама себе да се средиш прво ко личност, ќе си зацрташ што навистина сакаш ти во животот, не заборавај грубо да ги пресметаш последиците и терај како што си зацртала.
    Зошто побогу ко секој нормален човек не си најдете партнер со кого ќе имате се и не скратите со вашето себеизмачување?
     
    На smiley22 и Daydream им се допаѓа ова.
  17. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Последниве неколку дена се измачувам со мисли дека се случува нешто со него.Ми изгледа отсутен,кога ќе ми се јави како незаинтересиран,се слушаме 2-3 пати дневно а кога ќе му звонам скоро никогаш не ми крева не го слушал телефонот.Се плашам дека ќе бендиса друга,ќе се случи нешто па и си вртам филмови кога нема да крени дека е веќе со друга дека му е поубаво па дури и дека ќе се заљуби во некоја.Не би направил ништо(барем така мислам)но го знам дека е чепкало,харизматичен е,привлечен и стварно се плашам.Се си мислам дека му е досадно со мене,дека љубовта му е избледена.Ништо чудно и него ништо да не му е само јас си се филмам дека добив :D Сепак сакам совет.Да не заборавам-тој работи во друг град т.е Скопје.
     
  18. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Имај самоводерба, ако тие одсутен-прашај го зошто, ако не ти крева-налутисе, не сме жени за џабе.Нашите стандарди секогаш треба да се високи и да бараме од од партнерот (не емоционален план) толку колку што ние потребно да се чувствуваме сакано, а не да паничиме по форуми за некојси што не ни крева, макар што тој треба да ѕвони. Ете ти мој совет пробај па ќе видиш колку муе дојдено до тебе. И на зборови не паѓај :)
     
  19. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Какво значење има доколку типот (21 год )се состанува со тебе 4,5 пати, но од друга страна не покажува желба за бакнување,гушкање...Пријателство не е во прашање сигурно,чувствувам дека не ме гледа така. Од друга страна се прашувам дали е возможно да не го привлекувам доволно ? Само некако ми нема смисла. Или можеби не сака да биди наметлив ...:?:
     
  20. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Доколку тој беше иницијаторот за тие состанувања, тогаш не сака да е наметлив сигурно незнае како се чувствуваш или како ќе реагираш ако те бакне...од комплицираните машки е дефинитивно.Започни разговор за љубов и сл...следниот пат кога ќе се состаните и ќе видиш како реагира и размислува.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.