1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    ljuboven problem

    И малце ти е тебе бе! Неа ја поддржувам.
     
  2. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    ljuboven problem

    Извини вака,ама можеш да се збогуваш со неа.Ти отишол тој воз.И со право.
    Сега гледај заборави ја зашто овој пат не ти се враќа,со сигурност ти кажувам.После толкави го*на во кои си ја сместил ако ти се врати незнам .Башка има и нов дечко..

    Барај си нова девојка,и гледај таа да ја задржиш и да не правиш глупости.
    Пс.верувај ова што те снашло е ништо ВО ОДНОС НА ТОА НЕА ШТО ЈА СНАШЛО ОД ТЕБЕ.
     
  3. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    ljuboven problem

    Знам дека се чувствуваш скршено, и јас го имам истото праевно, и тоа што сум женско. Незнам од инает, можеби ненамерно, можеби од радозналост и што е најтрагично јас немав грижа на совест. Знаев дека само него го сакам и ќе го сакам. И така се случи, тој дозна се, се каравме се смирвавме едно 3 години....љубов беше и јас мислев дека е еден и единствен на светот. Но дојде момент кога сватив дека не го заслужувам, дека го заслужува некоја што навистина ќе го цени и сака а и тој со неговиот прекрасен карактер заслужува да е среќен. Мојата себичност ја тргнав настрана но не се осмелив да му се доближам пак, знам дека ќе ме прифатеше не сега веќе се е сменато од тие детски лудории. Ме повредија и мене осетив како е, и незнам какви нерви имало детето што се замарало со мене. Јас никогаш не му се вратив на типот што ме повреди но и јас му се јавив осеќав нешто кон него но му се јавив да ја утешам раната на некој начин да знам дека и тој се чувстува како мене и да бидам сигурна дека од кога ме изгуби мене покрај толку мољење и лигавње нема да повреди никоја друга, не од себичност туку од желба за мирен живот.Сега јас имам дечко кој го ценам и почитувам и истото мие возвратено, тој ги завршува студиите во бугарија но јас немам желба за друг,среќна сум и го добивам тоа што го сакам исто и тој. Тоа што го пишуваш без навреда е тотално клише исто како моето погоре зато свати ако искрено ја сакаш ќе дозволиш да биди среќна со друг, со некој кој ќе ја смее со некој кој ке ужива ако ти се врати тебе никогаш нема да сте среќни секогаш ќе ве следат сенките од минатото...идат убави денови се ке биде во ред едноставно ако пуштиш се да одлета и да гледаш напред.
     
  4. Buterfly2576

    Buterfly2576 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Девојки потребна ми е вашата помош.Одам со еден дечко една година.Стварно многуу го сакам и он мене ме сака и врската ми е убава,но како и во секоја врска и кај нас имаа проблеми.Он е многу дружељубив и има многу другарки и постојано се слушаше со нив,се гледаше ама јас не сум навикната на таков однос и затоа ми е малку чудно и почнав да се лутам.И така он престана да се гледа со нив ,ама една вечер му го земав телефонот и отворив а тамо милион пораки дали на фб дали на телефон .Мислам јас ги познавам нив јас гледам дека они и пред мене си имаат таков однос со него срце душо.Они си се така навикнати ама мене тоа не ми се допаѓа,иако неможам да кажам дека се безобразни или со мене имаат лош однос.Ии така јас кога прочитав такви моабети по фб збеснавв и почнав да му се лутам он ми се извинуваше ми објаснуваше како стојат работите итн и ми го даде пасс на фб.После тоа стварно многу работи се сменија и он е сменет ама јас едноставно неможам да се помирам со тоа што се случи дури станувам болно љубоморна за секоја ситница ,јас и предходно си бев ама сега дури претерувам и на него му е тешко веќе да ми објаснува ама стварно многу се сакаме и сакаме да го надминеме тоа затоа што сум 99% сигурна дека ме нема ниту варано и дека ме сака ама тоа е нешто појако од мене. :(
     
  5. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    91.829
    Пол:
    Женски
    Што ти објаснал се како што е и самата знаеш дека со нив е само пријател и другар ти си таа што треба да си ги смириш чуствата на љубомора... не барај да се одалечи од нив само кажи му дека тоа ти смета и прави да бидеш несигурна.Сум била и јас во таква ситуација и многу добро знам како е :) Ние сме тие што треба да се повлечиме и да се навикнеме да се смириме сепак неможеме да му ги забрануваме пријателствата.Ти посакувам да имате среќна врска без никакви недоразбирања :*
     
  6. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Колку имаш среќа што уште па и ти објаснува и ти се извинува. Златен тој.
    Љубоморна си затоа што не си доволно сигурна во себе и во тоа што тој гледа во тебе. Мислиш дека многу лесно ќе види некоја во која ќе најде нешто подобро и ќе му исчезнат чувствата за тебе. Инаку не би била љубоморна. Имаш голема среќа што барем некако знаеш дека стварно многу се сакате.
    Тоа е малку дискутабилно дали е ок да вика на други срце душо... Разговарај и кажи му како се чувствуваш. Но не дека не смее и немој да го гушиш, премногу е себично! Еден ден ќе те удри по глава ненадејно фактот дека изгубил воља или страст за тебе. Стоп гушинг хим.
     
    На Buterfly2576 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Не ти е допишано.
    И не знам зошто сите го обвинивте човекот толку. Згрешил, бил идиот. Воопшто не го бранам. Но не значи дека мора да ја остави да била среќна. Колку што разбрав она сфатила нешто погрешно од некој друг, па се прелила чашата. Како и да е, ти не плачи многу, јави и се и разговарај, прашај ја, кажи и.
     
  8. lukrecijaaa

    lukrecijaaa Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Девојки ми треба ваша помош ве молам давајте совет!Незнам што да правам..има еден дечко што се познаваме од школо генерација ми е(не учиме заедно)едаш седевме со друштво тој почна да ми се пушта..така беше неколку недели и искочивме но јас несакав никој да знае за тоа,потоа не ми ни пиша ништо немавме никаков контакт,после некое време за викенд пак искочивме потоа пак немавме никаков контакт како да не се познаваме и сега за викенд искочивме но тој е во врска сега (го познавам девојчето) и се договоривме за вечер да искочиме но за последен пат дали мислите дека погрешно постапувам бидејки кје искочам со него а тој е во врска?
     
  9. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Е погрешно бидејќи не само што е во врска, туку што бараш самата со мажиња кои вараат или се склони кон тоа. Каков би бил кога би ти станал дечко тебе? Пораснете и не дозволувајте хормоните да ве водат (само).
     
  10. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    сега откако е во врска ќе прави нешто со тебе?девојче млада си,не ти требаат вакви работи.да,ако одиш погрешно ќе постапиш.
     
    На lukrecijaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    91.829
    Пол:
    Женски
    Кога веќе е во врска зошто те бара ? Мој совет ти е да не се држиш до тоа што сте се договориле за вечер ... едноставно не е во ред .Имаш време да најдеш некој друго соодветен за тебе :)
     
  12. lukrecijaaa

    lukrecijaaa Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    имате право.. јас уште на почетокот погрешив што искочив со него а знам дека е женскар но тоа е..за вечер ќе го одбиам и ќе му кажам другари да останеме :)
     
  13. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Се гледам со еден дечко 13 год.постар разведен со 2 деца,живее сам и убаво ни е, добар е, фин е, причината за разводот била неверство од страна на бившата.Ме почитува и цени и ме сака, се грижи за мене...но јас сеуште мислам дека иам чувства кон бившиот...што да правам..совет :)
     
  14. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Штом не го сакаш и имаш уште чуства за бившиот остави го а и 13 години се многу според мене и плус има деца и минато . Остави го додека не е касно/
     
  15. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    91.829
    Пол:
    Женски
    Пред се разликата во годините ви е многу голема но ајде некои велат тоа нема никаква врска ако има љубов,јас искрено сум против ваквите врски ... годините го прават своето а и тој веќе има изживеано многу повеќе од тебе ... брак ,деца дури и 2 ,развод ... тоа е премногу.И сигурна сум дека ти можеш да најдеш некој соодветен за тебе еве велиш и дека сеуште не си сигурна во врска со него ... Мој совет ти е навреме да се тргнеш од овој иако те почитува те сака и те цени ... твое е да одлучиш што е најдобро :)
    Ти посакувам среќа :)
     
    На Buterfly2576 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Мислиш или имаш? Треба да одлучиш што и кај сакаш. И храбро да тргнеш. Подобро сама, него несреќна со некого (и сепак сама). Бедно е да водиш љубов со него а да ти пролетува друг низ глава.
     
  17. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Ти најдобро си знаеш кој си го сакаш и со кого би сакала да бидиш,со кој ти е поубаво.Бивши сопруг или бивши дечко?ако него го сакаш има шанса со него да бидиш?ако е сопруг веројатно сте поминале повеќе работи заедно мислам дека си го сакала и ќе го сакаш!
     
  18. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    603
    Ти имаш само 19 години( ако ти се точно напишани годините) не би ти препорачала да влезеш во врска со некој постар од тебе 13 години плус со деца.

    Не е проблемот во него или во неговите деца, туку во твоите 19 години.

    Да си на пример над 25 години и се наоѓаш во слична ситуација би те охрабрила за оваа врска, бидејќи со 25 години многу позрело би размислувала, исто така многу повеќе ќе имаш поминато. Ќе се имаш излудувано, би имала своја работа, и веројатно би сакала да се посветиш на дом и семејство и би можела да ги прифатиш децата на својот партнер, и него таков каков што е.

    Но со 19 години верувам дека ни со свое дете нема да можеш лесно да се справиш.

    Можеби јас далеку отидов, ама кога влегуваш во врска со постар, влегуваш и во посериозна врска. На него нема да му е до шетање, ќе сака дом и жена, а не девојка која сака да ужива со другарки.


    Се надевам нема да ме сватиш погрешно.
     
  19. anushka4

    anushka4 Нов член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите. Ве читам веќе некое време и ете сега конечно се регистирав за да побарам совет од вас. Многу ми е тешко последнава недела... Ми се случи нешто што не ни помислував дека некогаш ќе ми се случи ваква ГЛУПОСТ. Се започна пред неколку недели кога на фејсбук станав пријател со еден дечко ( а кој дотогаш не го знаев). Започнавме муабет и уште одма ни тргна, по цели вечери почнавме да пишувавме, разговаравме за се и сешто. И како се случи не знам,и двајцата си признавме дека се ни се појавија чувства еден спрема друг. Јас се заљубив во неговиот карактер . Ме привлече неговата мистериозност, зрелост... Но , тоа не значи дека тој беше идеален, на моменти знаеше да биде и малку одвратен, да ме изнервира па и да ми каже некој навредлив збор а тоа уште толку повеќе ми ги разгоруваше чувствата. Стално си ја барав вината во себе, што сум му кажала лошо за така да ми збори .Не можевме да издржиме а да не пишеме/ или се слушнеме на тел. неколку пати во текот на денот, али често се каравме. Сепак јас сум си крива за се. Ќе му се лутев некое време и после пак попуштав, се правев ко ништо да не било и ја продолжував комуникацијата со него.. а тој е толку самоуверен, горделив што никогаш не знаеше да каже извини,освен ако не дојде во ситуација да веќе нема друг излез. . Еднашка толку ме изнервира и се осетив навредено од негова страна па го избришав од пријатели . Не можев да издржам од што толку ми недостигаше што пак го аднав и пак му пишав. И згора на се место јас да бидам тој е сега рамнодушен , почна да ме игнорира...Не ме бара ко порано, не е тој истиот.. а јас ''лудувам''. По цел ден почнав да седам на фејсбук заради него и да го пратам што и како прави. Толку многу ми недостига и ми фалат разговорите со него. :worried: Што да правам, како да го привлечам :( па ако треба и да му се одмаздам.
     
  20. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Најдобриот начин за да привлечеш машко на твојот магнет , е да го игнорираш . Одалечи се од него-ако му значиш барем малку ке ти пише,ке се врати ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.