Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    686
    Не му се јавувај, не се замарај со него некое време, 2-3 недели. Бркај си твоја работа, хоби ако имаш, оди на шопинг, дружи се со другарки. Остави го некое време сам, може му е таков периодот си има проблеми. Кога ќе си ги среди проблемите сам ќе те побара, а ти за тоа време само уживај и не се нуди да му помагаш да му ги решаваш проблемите.

    Доколку не се промени можеш да му кажеш чао.
     
  2. Toksichnata

    Toksichnata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    3
    Vaka imam 16 godini i sum zaljubena vekje 1 godina .. ne sum so nego no mn mi e teshko za nego :( .. dajte mi sovet ... sakam da go vratam .. :(( teshko mi e :( pomosh mili :(
     
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Токсична полекааа, смири нерви, на 100 места го напиша едно исто, аман веќе.
    Сите имаат проблеми па не пишуваат кај ќе стигнат по 200 пати. Ништо чудно и во диети да те прочитам.

    Те сака дечково? Има чувства за тебе? Ако тој не сака ништо, тешко дека ќе го вратиш. :x
     
  4. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Па барем опиши ја ситуацијата подетално, за да може да ти кажеме наше мислење. Вака не можеме ништо да процениме .........
     
    На bbeebbee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Toksichnata

    Toksichnata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    3
    epa vaka .. jas i on odevme samo 1 mesec .. ali posle nego site shto onaka gi imav ne gi sakav :( .. on mene ne mi pravi moabet :worried: ednostavno ko da ne postojam sakam da si go vratam .. koa idevme beshe super ali se vmesha negovata bratuchedka i mu soleshe pamet ... :/ i taka :worried:
    [mod-kirilica:1ru0l0uq][/mod-kirilica:1ru0l0uq]
     
  6. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Мала си сеуште да се занимаваш со вакви проблеми. Животот е пред тебе. Ќе си најдеш некој што ќе те цени и сака и каде што нема никој да ви се меша. Нормално е на тие години тоа да ти се случува. Ќе го преболиш. Сега тие периодот кој надрдобро треба да го поминеш а не да се замараш со вакви нешта. За дечко секогаш има време и во животот ќе наидеш на поголеми проблеми каде што ќе треба да се справиш ова не сфаќај го толку сериозно.
     
    На bbeebbee и Toksichnata им се допаѓа ова.
  7. bbeebbee

    bbeebbee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки... сакам да ве прашам за еден совет вака бидејќи ве гледам како поискусни... па сакам да прашам како им давате до знаење на вашите сакани дека ви значат?како едноставно ги усреќувате вашите партнери?дали поклон подарен од срце мозе да изненади или... ви благодарам однапред... :*
     
  8. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Да му покажеш на некој дека ти значи не се потребни зборови и подароци туку дела.Не е само да му кажеш на некој те сакам или ми значиш битно е како и колку му го покажуваш тоа секојдневно.Доколку искрено е чувството тоа самото се гледа.Секако и некои изненадувања од време на време или некој подарок,како што напиша и самата од срце може да значи многу,да го развесели,да го изненади,да се почувствува сакано,или немора подарок доволно е една смс порака да му пратиш со содржина ТЕ САКАМ и да му го разубавиш денот.Јас секогаш велам не е битно колку време сте заедно и дали е тоа долга врска или не доколку некој навистина ти значи и постои вистинска љубов,тоа треба постојано да се покажува со дела не со зборови.
     
    На bbeebbee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bbeebbee

    bbeebbee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    па секакко со дела да... и мене повеќе ми значат зборовите од некој поклон .. но ете така некако сакав малку поинаку да му го покажам тоа нему и затоа ве запрашав за совет..сепак фала ...
     
  10. Maraya

    Maraya Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ми треба совет... и тоа најбрзо што е можмо... :worried: значи идам со еден веќе 11 месеци и ии сеа он почна да е премногу љубоморен се заканува дека кје раскинеме ако не сум се опаметела се ја сум го лажела се јас не сум знаела како да му докажам некои работи.. ЗАМИСЛЕТЕ ШТО ПРАВАМ ЗА НЕГО МУ ТИТКАМ ОД ДОМА! на секој 5 мин само да го убедам дека сум дома и да не се караме... ама очигледно тоа не е можно што да направам што.. не сваќам што е со мене.. :/ ПОМОШШШШ....;(
     
  11. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    4.596

    Сега кажуваш дека си одела 11 месеци а во друг пост година и пол ?? |(

    едит: Очигледно е дека треба да се тргниш од него! Толку љубомора не му е потрбна на никого.. дури ни на тебе...
    Аууу што си правела, страшно... убиствено ...
     
  12. VAGA91

    VAGA91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Ве читам постојано, што би се рекло од ''страна", и многу од вашите совети, кои ги пишувате тука (во кои се имам пронајдено) ми помогнале во разни ситуации. Па така, дојде и денот, и јас да се регистрирам...да си ја кажам маката :)
    Ми пристигна покана за пријателство од еден дечко, на прв поглед не бев воодушевена од него, но го прифатив. Долго време ми пишуваше пораки, но јас незаинтересирана женска...глумев лудило и не му обрнував доволно внимание. По некое време, работите се сменија, ми стана интересен...24/7 бевме на фб, мсн...дојде моментот да си размениме и броеви. Толлку мн станав зависна од него, што кога го немаше на нет...полудував од досада. Се измувавме еднаш, два пати, три пати...бројката се зголемуваше. Со самото тоа, почнав полека да ги менувам чувствата кон него...почнав да го засакувам... :$
    Знаев, дека има некоја си врска настрана, но не бев доволно сигурна, а и во тој момент ништо друго освен него не ме интересираше...! Набрзо се потврди...се уште одел со девојка му, а јас 6 месеци си го губев паметот по него. Дојде моментот, да расчисти со неа, за да биде со мене.... Тој период додека беше раскинат со неа, ми беше еден од најубавите во животов...Но :!: ... по некое време дојде до некој преокрет (и јас не знам што се случи), почна да се одалечува од мене, и за месец дена, повторно и ссе врати на бившата. Толку мн бев гневна, лута, највеќе на самата себе...што дозволив да бидам опција на некој! Сека контактите ни се сведени на минимум...ретко комуницираме, а кога комуницираме повеќе се караме, отколку што разговараме. Одамна ми е јасно дека треба да се тргнам од него, ама... :?:
    Криво ми е што не успеав да го задржам!!! Не знам дали е моја грешка....
    Ах.... :*
     
  13. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Го читам ова и се препознавам себеси во една случка пред година дена. Верувај на празно тие да се надеваш на некој што си е во врска. Преубаво е чувството кога си него кога очекуваш да го исполни ветувањето но залудно е. Тој очигледно бил во криза во врската и барал некој провод. Или можеби таков си е човекот во јавност е со една а тајно си менува. На против нема за што да се каеш и обвинуваш. Те понеле некој чувства и тоа е. На секој втор му се случува тоа. Не размислуваш дека и еден ден тоа и тебе би можело да те снајде како неговата девојка. И јас се каев. И кога да го видам неможам да си простам дека бев со него и ако само еден бакнеж разменив и другото остана се на разговори и очекувања дека тој ќе се скара и ќе биде со мене. Тој ме лажеше дека е скаран со девојката и дека сака да објави со мене но јас не му верував и не му излегував кога ме бараше. И така ги заладивме односите не комунициравме или пак ако комунициравме се каравме и потоа не ни го забележував дека постои. Тој за мене остави лош впечаток и тоа едно мое слатко искуство за кое понатаму многу ми даде поука во животот.
     
    На VAGA91 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100
    драга вага91 баш ми е жал што си во таква непогодна ситуација,си се вљубила во погрешна особа.Мислам дека вината кај тебе е тоа што ти си знаела дека тој има девојка но сепак ти било важно да бидеш само со него.Сама си одбрала да бидеш онаа втората,златната резерва(се надевам не се лутиш на искреноста).Доколку тој имал долга врска со девојката јасно било дека тебе само ќе те искористи.Прашање е дали и тој месец дена имало прекин помеѓу нив,можеби вешто го криел тоа од тебе.Било што било,назад нема.Мој совет е да не очекуваш ништо повеќе од него,да го заборавиш(иако тоа не е ни малку лесно) има многу други момчиња достојни за тебе.Позз се надевам дека ќе си го пронајдеш правиот пат и ќе донесеш права одлука ;)
     
    На VAGA91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    здраво. прв пат пишувам пост на оваа тема хеехе но ете дојде време и јас да си побарам советче од вас и се надевам дека ке ми помогнете.

    вака: братучедка ми сака да ме запознае со еден тип, поточно братучед на нејзиниот сопруг, AРНО АМА типот и сопругов на мојава братучедка и се фамилија на (некоја си братучедка) една типка што беше свршена( но ништо не бидна од таа работа) за еден мој братучед и згора на се јас ги запознав. е сега проблемот ми е што ужасно се нервирам што таа му пага братучедка на типот, бидејки имам лошо мислење за неа, неможам да ја смислам. а дечково е тооопп многу ми се допага и би сакала да го запознаам, но ете таква сум си, можеби ке ми се смеете, ке кажете глупости но тоа е. од една страна се радувам што имам можност да запознаам таков тип, а од др. страна кога ке ми текне дека таа е тука некаде во целава приказна ухххххххххххх :devil: !!??? дали да излезам да се запознаам со типот, и да искулирам без разлика на тоа што ми смета нивната роднинска врска, или незнамм навистинаа, ама знам дека многу се нервираммм!!!!!!!!!!!!! а тој сигурно и да незнае ке дознае за тоа дека била свршена за мој братучед, и незнам како ке реагира, а може и таа ако слушне за нас да замеша прсти, ако нешто воопшто се случи помегу нас. навистина незнам што да направам, а знам дека тој чека да ме запознае. :worried: :worried: благодарам однапред за сите ваши совети. :*
     
  16. Maraya

    Maraya Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Сега кажуваш дека си одела 11 месеци а во друг пост година и пол ??

    едит: Очигледно е дека треба да се тргниш од него! Толку љубомора не му е потрбна на никого.. дури ни на тебе...
    Аууу што си правела, страшно... убиствено ...

    Па Грешка.. незнам ни јас више што пишувам само знам дека ќе полудам..... :/
     
  17. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    4.596

    Девојче како можеш да згрешиш за времето на врската, нема смисла...
     
  18. Maraya

    Maraya Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Така Фино лепо.
    Има некој проблем Тука сме да решаваме а не да замераваме ако греши некој нешто или грешам ?
     
  19. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    4.596
    Има проблем.. не е фер кон нас да ни кажуваш лаги твои... како прво 11 месеци и година и пол различно се пишуваат а како второ нема шанси такво нешто да утниш ...
    Ако има некој проблем од твоја страна,слободно пиши ми ЛП ... ќе разјасниме :)
    па-па
     
  20. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Јас имам ОГРОМЕН проблем наречен свекрва.
    Ми треба совет и мислење од поискусни, па затоа во оваа тема се обраќам.

    Кој мисли дека е доволно компетентен и има искуство со ЛУДА свекрва, нека ми се обрати по ЛП, да не и ги кажувам "бисерите" овде.
    Благодарам.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.