Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    сум разговарала со него 100 пати што се вели и му имам речено ако нешто му недостига во врската да кажи и ќе расчистиме лице во лице му имам кажано и дека се чуствувам со резерва кон него и дека не сме послем толку време да се случува тоа нормално така,ми вети дека нема да дозволи така да се чуствувам поќе се извини ок ајде еве вчера со скајпот не јас туку всушност тој ја направи кавгата што има да одолговлекува и зошто не отвори одма,знечи тоа ми е мислата не сакам да ме прај идиот некој си имам ветено на самата себе дека поке тоа нема да си го дозволам по никоја цена...
     
  2. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Поразговарај и кажи му што е тоа што предизвикало да ја изгубиш довербата кај него - што тој направил конкретно и кога, за ти да изгубиш доверба.
    Изгубена доверба не е зафрканција, прогонува полошо од кошмар. :fubar:
     
  3. cuciTo

    cuciTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    13
    ми треба мислење :(

    имав дечко одевме 4год, но тој почина пред 5 месеци ;(
    без да сакам се појави еден што ја дозна цела ситуација, не од моја уста и без проблем ме прифати
    се труди, сака да биде цело време со мене, во карактер ми е баш супер

    но некако е се брзо, он не ме притиска да го засакам веднаш туку ми вика дека ќе ме чека, а за тоа време да се гледаме скришно (затоа што така сакав јас)
    да беше малку повисок може ќе ми беше полесно да се одлучам, но он е моја висина
    сега треба да одлучам дали ќе се муваме и полека ќе се трудам да премине тоа во врска
    знам дека ќе има одма уговарање, затоа не сакам одма да се дознае, и не сакам да згрешам :sweat:
     
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Мене стварно не ми се верува какви фактори имаат пресудна улога за врска.. :^)
    И поминале 5 месеци,и 2 да поминале,и 8 исто е.Болката е таа,спомените се тие.
    И не мора да значи дека ако имаш нов дечко,дека не си жалила за претходниот.
    И со самото тоа дека веќе ти се гледаш со него,не знам зашо прашуваш дали е пребрзо или не,секако дека ти веќе тоа го правеш.
    Животот секако продолжува.Доколку овој има се што посакуваш(освен висината),продолжи со него.
     
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Oд почеток како читам, да те сожалам за загубата и се. И на крај што било, за висината ти било работата.
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Истото го помислив и јас додека го читав ова...
     
  7. cuciTo

    cuciTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    13
    се видовме 2 пати и ништо немаше меѓу нас, само разговор
    не дека е висината проблем, лошо ме имате сватено
    незнам дали е рано за да пробам со друг, јас сум од мало место и се одма се дознава и ќе има зборување
    а он има баш добар карактер, бар до сега нели, брзо ни поминува времето заедно
    но незнам дали ќе можам да го засакам, па после да се каам што сум избрзала и само зборувале лошо за мене
    иако сите други блиски на минатиот дечко си отидоа во кафана и се забавуваа :|
     
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Он ја знае и разбира твојата ситуација.
    Кажи му отворено дека ти е пребрзо и дека ти се измешани чувствата и дека ти треба време да сфатиш што понатаму да правиш.
     
  9. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Животот продолжува понатаму. Твојот починат дечко секогаш ке има дел во твоето срце. Ти имаш право да бидеш повторно среќна. Те сфаќам дека имаш проблем, во малите места, таму едвам чекаат да се случи нешто и да си имаат тема за оговарање, што може да те доведе до столбот на срамот, иако тие продаваат лажен морал, инаку не би биле оговарачи. Твое е да најдеш начин, да видиш дали твојот сегашен кандидат ти одговара. Можеби да го замолиш се да биде до извесно време апсолутно тајно, мислам ќе те сфати, па после види.
    Сакам да кажам дека во денешно време во малите места, за жал е така.
     
  10. Lepota123

    Lepota123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Hellpp

    Имам еден проблем кој би сакала да го споделам со вас без да добијам осудувања...Минатиот викенд запознав типац, што премногу ми се свига...прв пат го видов, разговаравме, се дружевме, после тоа завршивме заедно, имавме мала афера и можам да кажам дека си поминав преубаво..проблемот е што на бегање ми кажа дека има девојка 7 години, али дека сака да изградиме еден однос и контакт меѓу нас. другиот ден ми се јави на мобилен, имал желба да ме слушни и ми рече дека си помина преубо...јас имам 19 години, а тој 34, тоа не мие проблем, него од тогаш повеќе ми се нема јавено, дали мислите дека треба јас да го побарам, или бев само мала забава за него..?
     
  11. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Слушај малечка,
    Прво, малото место во кое живееш, кое е полно со луѓе на кои очите им звечкаат лево десно да зирнат нешто ново за оговарање дали има, ако е така... Која будала ќе каже, види ја, и умре дечкото па сега се обидува да продолжи со животот? Твоето размислување "кој што ќе рече" е на исто ниво како и тие што оговараат, ниско.

    Висина? Врска немам што сакаш да кажеш.
    Ако ти се допаѓа човекот, биди слободна и разговарај. Неможете бе да живеете за мислењата на другите луѓе!
     
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.176
    Дај си време. Си поминала низ ужасно искуство, но имаш право да продолжиш понатаму. Сите го имаме тоа право. Само времето ќе ти покаже дали грешиш во врска со овој дечко или не. Не можеш да знаеш како ќе ви биде за година или две доколку не си дадеш шанса.

    А во врска со тие озборувачи.. Воопшто не ги мисли. Тие во било кој случај ќе те озборуваат, имала ти дечко сега или после 2 години. Такви се луѓето едноставно. Гледај ти да бидеш среќна и исполнета, за себе живееш.
     
  13. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Hellpp

    Според мене си била само една забава за него и ти признал дека има девојка 7 години а ти сеуште ќе трчаш по него ???? :x
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    Hellpp

    Дознај која е девојка му и кажи на неа за малата афера зашто таа не заслужува маж како него, можеби ти заслужуваш зашто се плеткаш со зафатени кои не си ја почитуваат ниту девојката а не па тебе.
     
    На enna90, Bozica1980, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Hellpp

    Оооо сува Лепото па ти навистина имаш проблем со самата себе. Јави му се и откачи го
     
  16. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Hellpp

    И јас се согласувам со Abeja. Најубаво е да му ја најдеш девојката и да и кажеш што "дечко" има.
    Еве да речеме дека ти не си знаела дека има девојка, но откако ти кажал дека има ти наместо да си се засрамиш да си ја укопаш главата во земја како ној, ти сакаш да те бара или ти него да го бараш. :^)
    Е не можам да ве сфатам луѓево повеќе мајке ми. Саката циле-миле ама сакате да имате и бед бојс. Е НЕМА !!! Читам дека ти се јавил да ти се заблагодари за преубавата помината вечер ауу фино од негова страна многу убави манири има дечкото. А ти? А ти гледаш што се случува околу нас и во цел свет? Гледам дека имаш 19 години сепак не си мала и би требало да ги знаеш овие работи. Дечкото фино си се опуштил си се олабавил, а ти сега мисли му ја. Ти си му била разонода за една вечер онака релаксација или one-night stand. Што значи? Еве го одговорот на твоето прашање. ДА ТОЧНО ти си ми била само забава. Зарем мислише дека тој ќе си расипе 7 годишна врска поради тебе, бидејќи бил само една вечер со тебе и "ептен" убаво си поминал? :fubar: :shake: Не се залажувај повеќе МИСЛИ со главчето.
    Батали го не се замарај и гледај во иднина вакви грешки да не правиш.
     
  17. Lepota123

    Lepota123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Fala devojki...
     
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    И сама знаеш што си била за него, тоа е премногу очигледно.
    Ако сакаш побарај ја девојка му или само едноставно продолжи, никако да не го бараш, што ќе ти е?
    Не му се јавувај, заборави ја таа вечер и готово.
     
  19. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Сама си одговори на прашањето.
     
  20. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.416
    Пол:
    Женски
    Однапред да кажам дека стварно не сакам да читам осудувања и иронија туку мислење и совет затоа ја користам оваа тема.
    Имам еден проблем, проблем кој сама си го направив. Имам дечко во врска сме две години, од почетокот на врската имав некои проблеми (поради него) но од тогаш па наваму се се среди, се е во најдобар ред немам зборови за него. Знам дека премногу ме сака исто и јас него. Но пред една недела се појави еден проблем поради еден колега од на факултет, да напоменам тој е од друг град. На 1ви треба да дојди во мојот град поради испити, ке се смести во стан. Почнавме да пишуваме пред една недела па наваму секоја вечер навистина незнам што бидна со мене, тој незнае дека имам дечко,си мисли дека сум слободна. Се слушнавме и два пати на телефон,но нешто во врска со смештајот за станот ништо друго. Тој ми кажа дека многу сака да ме види, го гледам дека почнува да изјавува чувства кон мене, но тоа се знае дека е за кратко, само колку што ке биде тука десеттина дена. Искрено, јас сум таков човек што имам искуство во животот за тоа дека и во брак се случуваат вакви работи,но тоа не е ништо страшно (за некои е многу чудно)секако дека партнерот се враќа на догогодишниот партнер,поради деца,поради љубов,поради животот едноставно. Јас не планирам да го оставам дечко ми, но многу ме привлече овај дечко. Се надевам дека сите ме сфативте што сакам да кажам,со два збора f*ck friend.Ми кажува дека му се допаѓам,се интересира за мене многу е добар дечко што дури мислам дека ако му кажам дека имам дечко ке се налути, јас вчера и завчера бев со дечко ми (вечерта) и на него му пишав дека ке бидам кај другарка дома, па кога ке се вратам ке пишиме. И ми пиша како малце да беше подналутен ''касниш 40 минути''. Можеби ке се изненади (мада не верувам и самиот ми рече дека сака да одам во неговиот стан за филм) ама стварно сакам малку да "сменам", за тоа да не знае дечко ми бидеќи тој не е како мене, ке се налути премногу. Ете,јас да се ставам во негова ситуација па искрено не би се налутила за тоа една вечер да се ''излуфтира'', тоа нема ништо да смени. Далеку од тоа дека не го сакам,многу далеку.
    Само сакав да слушнам ваше мислење или совет ако имате, бидеќи и сама реков дека сама си го направив проблемот. Ви благодарам однапред. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.