Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Доколку не би се налутила направете си договор и двајцата да се *излуфтирате* за една вечер и завршена приказна нема лутиш.

    Не сакам да те критикувам, навредувам и слично само сакам да ти препорачам да размислиш малку да не се каеш подоцна :)
     
  2. Roxana

    Roxana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    71
    Кога го читав мислењево мислев дека имаш проблем, дека станува збор за тоа како ти сеуште не си го преболела (тазе ти е), не си сигурна дали да бидеш со него поради тоа, а ти си се двоумела за висината :?:
    Ако мислиш дека треба да почнете врска, почнете. Но внимавај, може во него да го гледаш починатиот и само уште повеќе да се растажуваш и себе си и него.
    И навистина е кратко време, но ти мора да продолжиш со животот.
    А луѓето, секогаш зборувале и ќе зборуваат :!:
     
  3. lolwow

    lolwow Нов член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Епа вака... Одам со дечко ми скоро една година и во последно време почнавме многу често да се караме. Се започна откога тој ме повреди со некои негови постапки па јас му се налутив , после тоа му простив па бевме неколку дена смирени но не помина време и пак се скаравме , и се така. Оттогаш не е исто веќе ништо. Тој е многу горделив и избувлив понекогаш а за разлика од него јас сум многу подруга. Не викам дека бев светица, и јас претерував, но главниот предизвикувач на караниците беше тој.Мислам дека јас сум крива за се затоа што многу му допуштив, знаеше дека може да ме има кога сака. Последниот пат кога се скаравме се игнориравме и двајацата некое време, се немавме видено цела недела. И ете го после некое време дојде кај мене. Си призна дека грешел. Ко луд беше тој ден за мене.Цело време не ме испушти од прегратка, ми кажуваше како ме сака многу и како не може без мене итн итн. Се ми изнакажа. Не можев да го препознаам дека е тој. Никогаш не беше таков досега. А јас како и секогаш, толку ми требаше, му признав и јас се, колку го сакам и ми значи. А го сакам премногу. Тој ден ни беше најубавиот цел ден го поминавме заедно. Се смиривме и се договоривме да заборавиме на се и да почнеме од почеток. И ок, биде што биде. Другиот ден пак тргна нешто наопаку, т.е. тој почна нешто да изведува, не знам какви "игри" му се усвиле сега у глава, ме игнорира , се прави ладен цело време , важен... А ме бара , се слушаме, се гледаме ама не е тоа тоа. И на интернет не се приклучува како порано-кога бевме скарани висеше по цел ден. Не знам што е работата , но смачено ми веќе од него. Преку глава ми еее од се. Сакам да го оставам но не можам. Го сакам многу и не можам да си го замислам животот без него. :( Тешко ми е многу. Ве молам за совет девојки. ;(
     
  4. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    Дојде ред и на мене да се пријавам во темава :)

    Преку заеднички роднини, на прослава се запознав со едно дете. Уште истата вечер се примети заинтересираност од двете страни. После таа ноќ продолживме со комуницирање на фб и договарање за да излезиме на кафе.

    Арно ама, тој студира во соседството и скоро една недела по нашето запознавање мораше да замине. Сепак продолживме со комуникација, секојдневна, прерасна дури и во неопходност, ми кажуваше каде е и со кого исто и јас,далечината не беше проблем, си дававме сигурност и стекнувавме доверба,правевме одредени планови но бевме на јасно дека сеуште ништо не се случило помеѓу нас бидејќи далечината не спречуваше иако веќе отворено си кажавме дека сакаме да сме заедно.

    Разговаравме на најразлични теми и процени дека сум озбилна личност на која може да се потпре и да и верува. Истото го мислев и јас. Имаше одредени моменти кога при сериозен разговор знаеше да каже дека не сме ништо, или неговото променливо расположение да ме растревожи, еден ден се океј другиот ладно понашање или мајтапи за некој озбилни работи. Но тоа го прифатив како дел од него и едноставно мана, и онака никој не е совршен. Бидејќи сепак следниот ден се беше во ред, се средуваше работата.

    Навистина првпат чувствувам некој да е толку сличен на мене, заеднички интереси, мислења, ставови за одредени работи, како да се надополнуваме. По неколку месеци стана ладен и побара да го прекиниме таквиот однос од причина што на далечина тоа не би успеало, беше сосема нелогично дури по неколку месеци да се нагласи тоа кога уште од почеток се знаеше, паднаа и тешки зборови,дека не му е гајле, не го интересира ништо, како сама да сум си давала надеж а воопшто не беше така, се што сме кажале и планирале и сакале го кажавме двајцата а тој одеднаш се повлечи. Два месеци немавме никаква комуникација истовремено мислев на него и бев бесна,повредена. Сакам да потенцирам дека опцијата за тоа дека имал некоја таму ја разгледав но навистина тоа не беше причината, тоа сум сигурна.

    Се до празниците, кога се врати тука и повторно се зближивме, онака од едно обично честитање па до 4 5 часовно пишување во скратена верзија за се што поминало дотогаш, ми кажа како пробал да се сретнеме и да се видиме ама не успеал а утредента веќе заминуваше за странство.Дека му значев и му значам повеќе од која било и тоа што го кажал кога се скаравме било во момент на нервоза бидејќи упорно сум продолжувала со темата и сум го натерала да каже работи што не ги мисли ( сметав дека заслужував објаснување а не само,, нека ти стане сеедно, далеку сме,,). Си ветив себеси дека повторно нема да се вратам на старо и да дозволам да ме повреди пак со својата неозбилност.

    Ама ете спомените ми се вратија и чувствата очигледно можеби потиснати од бесот сепак уште ги имам и започнавме одново, ме праша и официјално за врска ама му кажав дека веќе довербата ја изгубив и сакам да помине малце време за да се среди сето тоа па да продолжиме, се согласи и се беше добро дури повторно не дојде до израз неговиот променлив темперамент, едноставно некогаш преку ден се сменува и станува ладен и незаинтересиран и тоа одсекогаш ми пречело, му повторив пак дека таквото понашање ми смета и не сум го заслужила а тој едниствено знае да каже дека не му е гајле за тоа што мислам, дека не сум во право, се правам паметна и не сака да се расправа за глупости.

    Стварно ми е преку глава од таквите промени, неколку дена ,,симнува ѕвезди,, и се е океј потоа сосема незаинтересираност и неготово фамозно не ме интересира не ми е гајле за следниот ден пак да ме побара како ништо да не било. Незнам дали во тие моменти сака да покаже машкост, дека не е слаб на чувства па да признае дека згрешил, сака да се прави важен ама што и да е навистина ме повредува.

    Мислењата од типот дека не е озбилен и дека треба да бидам ладна кон него ги знам и стварно сум пробала многупати да кажам да конечно е крај, сум била и ладна после тоа, но ете сеуште сум тука и потајно се надевам дека нема да ги има повеќе тие негови испади, посебно сега кога конечно призна и ми предложи врска но тие пак и пак се повторуваат. Му кажав дека ако стварно преку ден му станува толку сеедно нека прекине со комуницирање, нека ме избриши од фб од скајп од се можно, кога ќе се најдеме воопшто нека не ме ни поздравува и крај. Но едноставно ни тоа не го може.

    Навистина ми треба трето мислење :|
     
  5. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    603

    Најубаво е или да си го смениш партнерот и да си се луфтираш секојдневно, или пак да заборавиш на луфтирање.

    Ако дечко ти не е тип кој сака такви слободни врски не е во ред мајмун да го правиш. А доколку и тој е склон на луфтирање слободно продолжете со тоа темпо.
     
    На wtff и Amore им се допаѓа ова.
  6. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Јас барем,не можам да ти дадам мој совет и мислење доколку не го кажеш убаво проблемот.Ти само викаш се караме,многу е битно за што се карате?Што направил што те повредил исто не кажа.
    Можеш отприлика да раскажеш,грубо барем
    Пример се карате зашто си отишла на кафе,се карате зашто пишувал со некоја девојка,се карате зашто ти си облекла ова а не она,се карате за што?
    Само викаш се караме многу е битно за што,што е причината за кавга?
    А иначе секоја врска има подеми и падови,периоди со карање и периоди кои се супер.Тоа е нормално
     
  7. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Мислам дека треба да го заборавиш, и да го избришеш од фб, скајп, или мобилен. Типов ми изгледа како недораснат, незнае што сака, и што сака да прави нешто со себе./ Бетер е од женско, најискрено да ти кажам.Женско вака нема да се понаша или однесува.
     
  8. Schmetterling4

    Schmetterling4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Ако веќе имаш симпатии за некој друг мислам дека треба убаво да се запрашаш и да размислиш дали стварно го сакаш дечкоти.И исто многу зависи од тоа дали тој само те привлекува физички како што викаш само за една вечер, или те привлекува и со својата личност и карактер.А ова дали да направиш нешто со тој или не незнам тоа е твое.Јас за мене знам дека не би издржала потоа да го гледам во очи дечко ми и да се правам дека ништо не се случило.Јас сум таков човек што сум премногу искрејна.

    Убаво размисли си не е само оди една вечер помини си убаво и толку.Што ако потоа тој уште повеќе се заинтересира за тебе и сака нешто повеќе со тебе?А што ако и ти го посакаш тоа после таа вечер?Дали вреди да уништуваш две годишна врска само за една вечер задоволство?Ако после таа вечер можеш слободно да продолжиш со дечко ти како ништо да не ни било, тогаш слободно оди направи го тоа.Но не би се плашела дека некогаш ќе се појави повторно некој со кој исто би посакала само за една вечер?Штом еднаш си го почуствувала тоа мое мислење е дека повторно би ти се случило.
     
  9. Draganche

    Draganche Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Девојки ме интересира нешто што ме прави да бидам многу нервозна. Со дечко ми идам 2години и 11месеца. Он е 1,77 у висина а јас сум 1,55. Сака барем уште малку да бидам повисока барем ако не 10 сантима барем 5. Се распрашавме и дознавме некој раб бев и прашав дури доктор. Ми рекоа да пијам некој раб да избегнувам помалку кафе на ден и цигари и да праам некој везби што се сите со истегнување. Решив и да идам на интернист затоа што постоеле некој инекции за да го потикнат хормонот за раст само што ќе треба да правам прво испитувања за тоа дали ќе ми ги поднесе организмот затоа што ако неможе да ги поднесе а ги земам може да дадат контра ефект. Што би направиле вие на мое место!? Дајте некој совет што да правам многу ми е потребен. Иначе мислам дека сето ова се дешава само заради неговите заради тоа што на почетокот на врската беа многу против мене само ради висината. А исто така сите зборам дека сме биле ко слон и мравка затоа што он е мн повисок и крупен а јас ниска и ситна.. Иначе врската ни е многу убава и се тоа само да не е овој проблем. Ве молам за совеееттт !!!!!!
     
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Значи сепак не е совршена врска,како што се обидуваш да опишеш.
    Постои тој,навидум мал проблем околу висината.
    Искрено,јас да бев на твое место ,ни под точка разно,не би подлегнала на некакви инјекции,терапии и уште незнам какви работи.
    Ајде да сте од вчера заедно,ама после скоро 3 годишна врска..од почетокот на врската имаше замерки за висината?
    Ако да,требало на време да си средеш тоа.
    Мене некој да би ми најдел замерка за висина,или било каква физичка 'мана',па и неговите родители :^) ,веднаш би му раскинала.
     
  11. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.898
    На 18 години веќе извишувањето е завршено, и немој непотребно да се подлегнуваш на сомнителни третмани. Ако врската ви е убава, разлика во висината не е некој проблем - посебно не после толку време заедно. На крај на краиштата скоро секој навистина висок маж (зборувам за над 190цм, твојот дечко не спаѓа во високи, туку просечни мажи) има жена 20+цм пониска, и функционираат без никој никому да набива комплекси.
    Ако на твојот дечко не му пречи, најмалку е битно што фамилијата вика. Ако и нему му пречи - е тогаш веќе оваа врска нема иднина.
     
  12. Schmetterling4

    Schmetterling4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Мој совет е да не превземаш ништо.Он ако искрејно те сака ,ќе те прифати и таква каква што си.Уште коа сте се фатиле он знаел колку си висока и сл.Не може сега после две три години да почне да му смета тоа.Разговарај со него.Не е се до физичкиот изглед.Ако те прифаќа по карактер и особини зошто толку многу му смета висината?
    Од друга страна пак ,ако мислиш дека тоа ќе ти помогне тебе,значи да го направиш тоа за себе си не заради некој друг и ако стварно нема некакви несакани последици, направи го тоа.Колку што гледам имаш 18 години.Имај свој карактер и не дозволувај заради некој друг да правиш нешта што не ги сакаш.Што ако во иднина не сте повеќе заедно?Се појави некој друг на кој нешто друго му смета незнам тежина ?Пак ќе се мењаваш заради него? Тој треба да те прифати таква каква што си. :)
     
  13. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    8.565
    Пол:
    Женски
    Ништо не ми е јасно...Па ти немаш никаков проблем.
    Што е стршано ако е тој повисок од тебе, па не си ти од него 20цм.Дури и убаво е кога дечкото е повисок.Ех да сум на твое место од мерак би ишла со него :) Сакам високи дечки, а се некако со просечна висина одам :lol:
    Шала на страна висината не треба да ти биде пресудна, во никој случај.Ако сте се прифатиле како такви уште пред 2год. зошто сега да ви смета?Мислам дека е преглупо да подлегнуваш на секакви терапии за да задоволиш нечиј вкус.А уште поглупо ми е нечии родители да се противат ради нечија висина...да не е нешто друго во прашање?
    Во секој случај немој да подлегнуваш на ништо бидејки вие и немате никаков проблем, ако ви е се супер во врската како што викаш тогаш нема зошто да му смета твојата висина, единствено тоа, ако му е некој изговор.
    Опушти се и уживај неможе висината да ве направи поубав пар или повеке да се сакате.
     
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.092
    Пол:
    Женски
    Девојко,проблемот не е во тебе,туку во тој покрај тебе.Според мене ова е бизарно барање од човек со кој си поминала 2 год.Ако тој навистина е заинтересиран за тебе,како би му пречела твојата висина.
    Можеби тоа е влијание од неговите,ама ваквото однесување открива дека е личност со која може да се манипулира.Сега му (им) пречи висината,а понатаму може и ќе треба друго нешто да корегираш во твојот физички изглед.
    Би те советувала за збогум на врската да му (им) подариш една кукла,па нека ја идеализира :lol:Само куклите се совршени,а кај луѓето таа категорија не постои.
     
  15. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Draganche, хормонска терапија за раст на твои години, е далеку од ефикасна.
    Ме само проблеми со другите органи да си направиш.
    Што има страшно во тоа што си 155цм?

    Висината не ја прави самодовербата.
     
  16. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189

    Според мене ова и не е проблем... Ако двајца се сакаат, висината не е и некој битен фактор ( дали машкото е повисоко 20цм, дали се иста висина или пак женското е повисоко 5цм мислам нема врска) посебно како што викаш ти дека иначе ви е убава врската.
    За тие 2-3год би требало више да се имате навикнато, а за луѓето од околината воопшто да не се замарате, ако вас ви е убаво :)
    И сакав да прашам што велат твоите на тоа што сакаш да направиш се само за да се извишиш заради него?
     
  17. Draganche

    Draganche Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    несака да се извишам само поради него туку и поради самата себе. мојте знаат и ми викаат како сакам затоа што неможатт да ми се мешаат. сакам да пораснам уште 5-10сантима заради самата себе за повеќе самодоверба. затоа што и во основно и во средно најниска сум била. :worried:
     
  18. Draganche

    Draganche Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    нема ништо страшно но сакам барем уште 5-10 сантима затоа што секогаш сум била најниска и во основно и во средно. сакам пред се сама за себе а после и за него. мислам дека ако се извишам барем 5cm би имала повеќе самодоверба во самата себе
     
  19. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189

    Јас имам неколку другарки со слична висина како твојата и никогаш не им пречело, баш си се самоуверени, често си носат високи штикли и ич не се замараат... самодовербата тебе ти ја намалуваат другите што ти велат дека си ниска... треба да си се прифатиш каква што си и да бидеш задоволна од тоа, а на тие што им значиш навистина сигурно немаат проблем со твојата висина. Не го земај овој "проблем" толку многу при срце и не се нервирај :)
     
  20. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Познавам и гледам секојдневно парови и со поголема разлика во височината од твојата и си функционираат затоа што се сакаат и сложуваат. Тоа што ти наоѓаат мана значи тој дозволил да ти се силат, можеби наседнал и не знае колку те повредува. После тоа ќе видат дека реагираш емотивно на критиките и стално ќе ти наоѓаат нови и нови маани и ќе се изживуваат. Нивниот проблем е во нечовечноста, а твојот во наивноста. Ако не се сакаш и почитуваш самата себеси каква што си, тогаш нема ни другите да го прават тоа. Ништо не ти фали на твојата висина, и мајка ми е висока колку тебе , а мојот покоен татко отприлика колку твојот дечко, и беа прекрасен пар и на никој жив не му текнало да им наоѓа мана на височината.Имаа многу слога и љубов и ние сме три деца-плод на таа љубов. А за самодовербата само ќе си ја срушиш со некои хормони и плус можеш да настрадаш со здравјето, не си играј.Следно може да измислат и главата да си ја скратиш, како што тргнало. Не си играј со себеси, запамети: ти си една и единствена, си имаш свои вредности и не мора никому да се правдаш, а уште поважно е да не дозволуваш неко да ти наоѓа мани, затоа тие што ти ги наоѓаат имаат многу повеќе мани од тебе. Седни и направи список на нивните мани. Како прва им е должината на јазиците, па нека одат да си ги скратат, а за друго да не зборам. АЈДЕ ГЛАВАТА ГОРЕ И НЕ ДАВАЈ НИКОЈ ДА ТИ ПИСНЕ !
     
    На luvena му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.