Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Со дечко ми сме во врска веке околу година и неколку месеци и сме разделени,пошто живееме во различни држави.На почетокот од врската и до скоро се беше толку прекрасно што ми беше чудно како може да постои толку совршен човек и зошто тој ми припаѓа мене.Ама,нели секогаш постои тоа АМА во последно време ја забележувам кризата во нашата врска.Чувстувам како за многу нешта како да не го многу интересира каде сум,со кој сум,не знае многу работи што ми се случуваат во моментот,а не се ни труди да го дознае тоа.Му кажав дека ако сака да се одалечиме малку,малце да паузираме ако сака само да се среди,зошто чувстувам веке како да не сум му значајна.Кога му го кажав тоа наедншка пак се врати старио човек што си беше порано ме молеше само да не се одалечуваме еден од друг,да не си даваме пауза дека тој се ке врати во нормала,ама јас не чувствувам подобрување,можеби малку,ама тоа не е ништо во споредба со бесот што го чувстувам.Кога му кажав дека не чувствувам како да сме подобрени се изнервира,како да ми се налути почна да се понаша нервозно.Незнам стварно што да правам и што да мислам.Од една страна ми кажува дека не сака да ме изгуби за нисто на овај свет,а од друга страна се чувствувам запоставена од него,не ми обрака внимание,исто како да си мисли еејј па оваа ми е сигурна.Јас така се чуврсувам,а тој не го разбира тоа.
    Извинете за забравив со пишувањето,паа има ли некој совет што би можела да направам,како се да вратам во нормала?
     
  2. m.kardashian

    m.kardashian Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    здраво,би сакала да слушнам ваше мислење и совет за мојава приказна :(
    почнавме да си пишуваме на фб (колеги сме на факултет,тој е година постар од мене ,се имавме видено неколку пати случајно на факс ),после тоа се видовме и се беше ок,се слушавме скоро секој ден,се гледавме еднаш до два пати неделно,така еден месец и одеднаш го снема,му вртев не ми крева,му пишав на фб што е работава ми пиша па готово е,кога му пишав која е причината ме избриша од фб.по неколку дена ми пиша порака дека бил многу нервозен па за тоа ме избришал и ако го додадам дека ќе ме прифати за пријател,јас после некој ден до додадов и после два дена ме прифати и ми пиша,и ајде се видовме и пак продолживме...и по еден месец пак истото го снема ,го барав и по три дена ми се јави ми рече, пошо ти си многу добра јас не сакам да бидам нефер спрема теба,ако продолжиме понатака ке биде полошо за тебе,јас не сум толку добар колку што мислиш...
    од тогаш поминаа скоро 3 месеци,му вртев не ми крева,му пишаав 100 пораки не ми врати на ни една...
     
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Батали го бе душо. Не глеаш дека ни сам не е начисто со себа а и ти вика дека бил полош отколку што мислиш. Ако некој сам се куди, нема причина да не му се верува. Ова обратното е дискутабилно, кога се фали, ама вака... Може има друга (што искрено мене ми е доста веројатно), може и не..но не е ни битно тоа. Јасно е дека не треба веќе да го контактираш. Ориентирај се кон друг и ќе пројде ова со овој. Претпоставувам дека те јаде зошто се така се сменало, но не си ја мачи душичката. Се најдобро ;)
     
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Мене стварно не ми се јасни девојките со ваков профил.Значи ти кажува упорно не е за тебе,не е добар,притоа зборовите му се поткрепени со дела,и ти упорно продолжуваш со глава во ѕид.
    Што да направиш?
    Пиши му уште 99,па ако го нема,уште една,евентуално додека ја пишуваш 100-тата ќе ти врате ;)
    Шала на страна,очигледно е.Нема сериозни намери со тебе,и те бара кога сака.
    Не се понижувај повеќе.Престани да му пишуваш.
     
  5. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Па веќе сам ти кажал што сака... Батали го. Не е еден и единствен. Таквите не заслужуваат ни трошка внимание.
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Можеби има друга или сака да си шетка по страна.
    Не го барај, чим е таков батали го, не за друго, за да не те повреди.
    Не е стабилен тип, не го барај повеќе.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Драга Мила сама си го кажа својот одговор како да си мисли еејј па оваа ми е сигурна. Да бидиме реални совршен човек не постои, ти само во почеток си го идеализирала тој човек и како што знаеме дека љубовта е слепа-тој нема мани.Но иди тој момент кога совршениот човек прави грешка и наеднаш замеруваме ''па како можи тој така да се понаша,па тој е совршен'' епа не е.Сега тебе тие период кај шти ги отвораш очите и гледаш каков е навистина,не мислам дека е лош но сите си имаме свои мани.Нормално е да има доверба во тебе и да не те испитува ако одите 1 година, и нема ништо лошо во тоа оваа мие сигурна, и тој тие сигурен.Не би требало да се чувствуваш запоставено покрај тоа што ти вели дека не сака да те изгуби за ништо на светот итн итн...само живеете во разлиќни држави па можеби далечината е причина за оваа твоја емотивна криза,која ја има во секоја врска.Најбитно е да го прифатиме ''совршениот'' таков каков што е ако навистина го сакаме.
     
  8. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Трагична приказна, но очигледно само за тебе. Прввата твоја грешка е што кога тој исчезнал, ти си таа што си му пишала и си му ѕвонела. Кога некоја личност едноставно ќе исчезне, остави го да си оди по својот пат, очигледно тој не сметал дека треба да сте заедно. А уште понизок удар е тоа што исчезнал, без тоа да ти го каже во лице. :^)
    Исто така, кога веќе си го прогонувала со повиците и на фб, зошто ти си до додала? Па уште се тешиш со тоа дека те прифатил по два дена??? :tmi: Подобро скриј се...
    И уште 100 пораки да му пишеш- ништо нема да се смени, јас ти гарантирам...

    Што одиш на факултет, си ги поминала тинејџерските години кога си мислела дека "тој е вистинскиот", а на крајот на краиштата, академски граѓанин си, би требало да умееш да собереш два и два... :fubar:

    Само не ми е јасно како сеуште тој не го сменил бројот и не те блокирал. Па јас би излегла од кожа некој така манијачки да ми ѕвони и да ми праќа пораки, најскрено ти кажувам.
     
  9. tazenjbg

    tazenjbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Вака со девојка ми се во врска 4год. и 1 месец, и во врската многу ни се имат мешано, на неа другари и се пуштаа, јас сакав да реагирам но таа не ми дозволуваше и велеше дека таа тоа ке го средела, и ги средуваше работите.Не излегувавме навечер по кафичи по диско само се шетавме по град навечер и си одиме, ама и двајцата не сакавме да одиме по диско и кафичи и затоа и не одевме.
    Ама имаше еден нејзин другар и се пушташе на фб и пишуваше и се имаа видено таа има шетано со него тој и се пуштал, а девојка ми малце реагирала на тоа така ми има кажано а јас и верувам, ама ете сега сака да искочиме да идеме малце по диско и се договарала со нејзина другарка да искочиме ама и тој ќе бил со нив и ми вели да идам и јас со неа, а јас од тоа што го мразам значи не идам и да работа во таа фирма кај што е он и пред се таа не ми дозволува јас да реагирам него се таа и никогаш не ми кажа до сега дека му има кажано дека може да бидат само другари ништо повеке од тоа, и сега ми вика и јас да бидам со нив и убаво и кажав дека ке бидам со нив добро ама ако ја премина границата од тој што треба ке му кажем со убаво а и плус кога сме скарани тие си зборат по тел. и кажав дека ако отиде ке биде крај ама сепак тоа беше во нервоза и после мислев дека сум во грешка и прифатив да идам и се ама до умерено а таа ми вика сега сакам да идам и готово незнам дали сум во право или грешам сакам ваше мисленје фала ви однапред....
     
  10. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки

    Искрено дечко али девојкава те е*е во здрав памет.Какви се тие прошетки,телефонски разговори со другар?
    Ти зар сеуште мислиш дека и е другар,дека никогаш немала ништо со него?
    Таа те повикала тебе за да се извлече од ситуацијата,а ти упорно и веруваш.
    Цело време ти ја затвара устата,а ти немаш право воопшто да се лутиш.
    Јас ти велам да зборуваш со неа и да и кажеш се,дека не си ти будала,да си манипулира таа со тебе.
     
    На tazenjbg му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    После 4 години врска,таа вака ти прави?
    Кога ке се скарате си збори со него??Како можеш да поминеш преку тоа?Башка што знаеш дека и се пуштал,Да и е другар добар да,нека се слуша ама некој што и се пушта?Јас се кладам дека имало нешто.
    И зашто да одиш некаде каде што не ти се оди и не сакаш?Убаво си и кажал оди си сама,јас не идам ама ако отидеш не ме барај више.И решен проблем,ако отиде стварно нема што повеќе времето да си го губиш со неа,доволно 4 години си изгубил.
    Не ти треба таква личност во живот верувај,знам дека е тешко и грубо звучи но ова е вистината,од моја гледна точка.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Веќе го имам напишано мислењево на форумов ама не во оваа тема. Може ќе се најде некој да ми ги отвори очите.

    Во последно време многу често се фаќам во ситуација да мислам на некој друг, а не на дечко ми. Го сакам, сакам да останам со него АМА од друга страна сакам и нешто ново со тој некој. Веќе два-три месеци се преиспитувам себеси и никако да дојдам до нормален одговор. Инаку овој вториот дечко ми е другар, често праиме муабет на фб, се гледаме на факултет, колегите ми викаат дека е многу очигледно дека се свиѓаме итн. Се осеќам ко да правам емоционално неверство, а тоа е уште полошо од обичното :|
    Во кратки црти - не сакам да раскинам, не сакам да го изневерам, сакам нешто со колегава. Шта речи сум :fubar: И да беше само период немаше да се секирам, знам дека ќе помине.. ама ова бааги си потрае :| Ваше мислење? Најлогично мислење би било да се оддалечам од колегава ама едноставно не можам, многу ме привлекува.
     
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Епа најлогично е тоа да се одалечиш од него.
    Ама стварно, а не само еден муабет да избегнеш и готово.
    Иако, тоа не мора да значи дека ќе го заборавиш.
    Искрено не е фер према дечко ти, како што кажа ти, правиш емоционално неверство.
    И со дечко ти поминувај подолго време, гледајте се почесто и сето внимание посвети му го на него.
     
  14. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Леле ова е лошо.
    Ама те утешив,алал да ми е...

    Ама незнам стварно,има причина што мислиш на вториов и што толку те привлекува.Незнам колку време си со дечкототи,ама ако се било сјајно сигурна сум дека немало да те привлекува толку многу симпатијава :.Јас мислам најдобро ќе е да му кажеш на дечкото пауза,ама не ја кажувај вистинската причина никако,речи му пример до наредна недела да не се слушаме да не се гледаме,сакам мозокот да си го разбистрам на пример.И до недела гледај ни со колегава да не комуницираш,колку што можеш по малку.И види тој што ке ти фали повеќе,а сигурна сум дека едниот ќе ти фали повеќе од другиот,ќе знаеш на што си.
    Зашто и дечково ти е греотка од една страна,сепак сте заедно иако ти ништо не си направила,свака част за тоа,што си издржала толку време да те привлекува некој а не си направила ништо.
    Стварно лоша ситуација..
     
  15. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    77
    Дечкото веќе не ми е дечко. Не ми се јави. Му пишав се што ми лежеше на срце и дека веќе ни здраво не сакам со него. Штета то на фб мораше. Се надевам дека добро одлучив и на некој начин ми олесна. Фала за советите.
     
    На tazenjbg му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    tazenjbg, јас не мислам дека девојка ти нешто мати. Можеби се закачка и она неусетно зашо и прија да и се пуштаат, ама ако те вика и тебе со него значи не ја занима тој. Според мене да прават тие нешто гарант ќе и биде незгодно (од него) да дојдеш и ти со нив во исто друштво.

    Elena69221, ти на тешка мака си душо :( По логика, ако си посакала нешто со новиов значи стариот не те исполнува и во ред е да сакаш да го сменеш..ама викаш дека не ти се мења тој, што значи дека веројатно е монотон период и ќе пројде. Ама ова 2-3 месеци ми мути глава малку. Не е малку. Најбоље е да почекаш уште малку ако не ти излага вториов од глава онда малку тргни се од дечко ти (не мора да ми каеш дека сакаш пауза него кажи му демек имаш обавези на факс и поретко да се гледате) па кога ќе видиш во тој период додека си `сама` со кој сакаш да се гледаш - со него и да си се видиш и да расчистиш со другиот :)
     
  17. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Ако се оддалечам и од двајцата во исто време, сигурна сум дека дечко ми ќе ми фали повеќе. После 2 години врска нормално е да имам потреба од него. Веројатно исчезнала онаа искра, па ќе се потрудам да ја вратам... Пред две недели праевме многу озбилен муабет, примети дека сум малку ладна и ме праша дали ми се свиѓа некој друг, дали сакам да сум уште со него и ми вика размисли убаво, земи си неколку дена. Ама јас сепак му реков дека не ми се свиѓа никој :| не можев да му кажам кога знам дека не сакам да раскинеме. И сега е се во нормала, освен моите измешани чувства секако. :clap:
    Во секој случај, ви благодарам за советите.
     
  18. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    И една моја другарка беше во истата ситуација, реши дека е најдобро да напраат пауза, но на крајот знаеш што се случи?!!!
    Беше една вечер со оној ВТОРИОТ, излегоа муабетите, но некако (и јас незнам како) го убеди дечко и дека не е вистина, не раскинаа но не и веруваше повеќе. И на крај раскинаа врска дојка 3 и пол години, сега очајува и незнае како да го врати, а свесна е дека враќање назад нема.
    Не дозволувај среќата да ти ја уништни нешто што за тоа подоцна ќе се каеш. Мислиш на тој, не дека го сакаш, туку многу време си со еден (ако ти е единствен) и мислиш дека ти е само навика, затоа што е до тебе. Да го изгубиш, ќе видиш како е тогаш!!
    Памет во глава & со среќа :*
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Да, да, држи вода муабетов. Се додека не се исплашам дека нема да биде тука за мене, е тогаш ќе видам како е :)
    Како беше она "Не знаеш што имаш се додека не го изгубиш"
     
  20. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Елена мислам дека си одговори на прашањето. Ти си го сакаш дечко ти. Овој вториов ти е само пролазен и ти праи филм дека е нешто ново и дека ти покажува внимание..нормално е секоја жена да е поласкана во таков момент на пажња, ама мислам дека колку и да би пробала со новиов ти пак ќе сакаш да се вратиш со дечко ти. Да не бил овој колегава, ќе бил некој друг што ќе направел така да се чувствуваш. Е сега ова е мое мислење - претпоставка, јас не ти во кожа...затоа размисли си убаво. Паметно што не си му кажала на дечко ти за другиов ;)
    Среќно! 8)
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.