Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. layla555

    layla555 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Луѓе ми треба помош,имам дечко и идеме 3 месеци имаме страст што се вика и си правиме отворени муабети се си кажуваме но не се служуваме на темата кога да му дадам затоа што не сакам да изгубам невиност на 15 го сакам да ама неможам да напраам нешто такво и сега неможеме да се сложиме некогаш е себичен мисли само на тие "потреби" но јас му имам кажано ако толку неможе да издржи да оди со друга,веројатно ке ме разберете колку и да е непромислено.Како да му објаснам дека е рано и дека треба да почекаме??
     
  2. UnknownGirl

    UnknownGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    Девојки вашето мислење многу ќе и значи на мојата најдобра другарка.
    Имаше едно момче кое таа одпоодамна го свиѓаше. Пред неколку дена тие излегоа за прв пат...и нивната вечер завршила со секс...а веднаш потоа дечкото и понудил врска и таа прифатила.
    Беше премногу возбудена кога ми кажа.
    Загрижена е дали дечкото чувствува навистина нешто за неа бидејќи и понудил врска или ја гледа само за секс.
    Јас и го кажав моето мислење, но сакала да слушни повеќе мислења.
     
  3. layla555

    layla555 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Па според мене не е добро од одма на секс и тоа е доста голем ризик сега неможеме да кажеме дали чуствува нешто нека види од помалите гестови,најубаво ке си сфати :)
     
    На UnknownGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Нема што да му објаснуваш. Ако мислиш дека е рано - РАНО Е и крај! Ако напиња за секс, јасно е дека сака само тоа. 3 месечна врска на 15години не би требало да доведе до секс. И воопшто не е непромислено ;) . Патем после 3 месеци :!: може и да не е љубов тоа што го чувствуваш немој да се залажуваш со тоа и после да испадне ај да не го изгубам ќе имаме секс! Се во свое време.. :wasntme:

    Тоа дали ја гледа само за секс не може да се одреди само според тоа како и кога се фатиле и кога имале секс. Има многу што се ашкале по година дена без секс па после пак се се свело само на тоа, нормално има и обратни примери кога се започнало со тоа. Ако ја тинтра, ја запознава со пријатели и фамилија, ако и покажува внимание - не е за секс. Ако ја бара само кога е сам дома и навечер кога му се ебе - онда е за секс :)
     
    На UnknownGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Ти побарал на 3 месеци врска? Невина си? Па и имаш 15 години?!
    Девојче ти не смееш да не прашаш за вакво нешто а не да го помислиш :!:
    Детска љубов, ќе му дадеш, ќе се испофали на сите дека те скинал и ќе те шутне... А бре дај пораснете малце после прашувајте вакви работи.. ц ц кај отиде светов бреее.... :fubar: :fubar: :envy:
     
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Добро зашо вака ја нападна? Девојчето си праша. Кажа дека не размислува да спие со него, само сакаше да слушне други мислења за ситуацијата. Па за тоа е темата. Боље да праша постари кои ќе и дадат многу попаметен совет него нејзини врснички. ( Како на пример твојот дека - ќе се испофали на сите дека те скинал и ќе те шутне). Многу е веројатно, но од кај да знаат они дека има секакви шупаци. Затоа ние ќе и кажеме да бега од такви "фраери со потреби" ;)
     
    На lana.del-rey, natemila, Emotional123 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Малку е тешко да знаеш што мисли дечкото кој вели дека сака да е во врска со тебе, а со тој истиот си имала секс на првиот состанок. Сепак, јас не можам да најдам некоја разбирлива причина зошто тој го направил тоа, навистина сум ваква :^) ...
    Нема причина поради која би била загрижена, времето ќе покаже. Па на крајот на краиштата и таа сакала да имаат секс, а ако не сакаш да направиш нешто- ти и нема да го направиш тоа, небитно дали станува збор за секс или нешто сосема друго.
    Има две опции: првата е таа што ти ја наведе, дека можеби е со неа само заради секс, а другата пак, зошто некој би си создавал главоболки со врска, а може да има и "пријател со бенефиции"?
     
  8. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Madam-A секоја чест за тебе и за твоите мислења што ги споделуваш со останатите, како и во претходната тема врска со повозрасен, овдека дефинитивно некој само гледаат да навредат и да кажамт непромислени работи, не ми е јасно само како можеше членката погоре да го употреби зборот шутне, зарем ти не си од женскиот род, што се девојките топки ли па ке ги шутира кој стигне, ова е форум за некој да си ја сподели маката и добие различни мислења од повозрасен или некој што го поминал тоа а не да се навредуваме, немам што да се надоврзам повеке мислам дека Madam-A убаво ти објаснила :*
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  9. layla555

    layla555 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Фала на мислењата и јас се прашувам зашто му објаснувам воопшто но сакам да ни биде тоа расчистено и пробувам некако да му разјаснам што како но слабо.Ме убедува дека не се битни годините ако некого сакаш ама несакам да се каам после
     
  10. miss.bitch

    miss.bitch Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    18

    не си должна којзнае што да му објаснуваш.во ред е,го сакаш,ама ако тој тебе те сака,ќе те сфати и нема да напиња.Ако си доволно убедлива и сигурна дека не сакаш тоа да го направиш.Значи се е до тебе и до она што ти го чувствуваш.Јас не би ти рекла ни да го сториш тоа,ниту пак да не го сториш,значи лично твој избор си е ! Факт е дека со 15 години е малце и повеќе од прерано со оглед на тоа што сепак си дете,што се 15 години? Ја тогаш се немав ни бакнато,ама ај нема веза сега тоа,генерацииве се од далеку понапредни.во мноогу врски се случува машкото да побара уште на првиот месец или првите неколку,ама ти треба да бидеш доволно убедлива ако стварно не сакаш,или да размислиш уште еднаш.Батали ние или другите шо ти збориме,гледај ти што сакаш.Ако е доволно зрел да побара да му дадеш на овие години,нека биде доволно зрел и да те сфати ако не си спремна,шо е малку mission impossible..со среќа :)
     
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    абе шо има тој да ти кажува тебе дали се битни или не се годините. Ти не си малоумна, си имаш памет со кој размислуваш и да ти кажам, паметно размислуваш. Држи се до твојот став. Ако тој те убедува значи не те сака и сака само секс. Во сексуалните односи нема место за убедувања. Треба тој да сака ти да сакаш да имате секс, а не да имате под присила.. Ако тој те убедува значи гледа тој да има корист, а не да е взаемна желбата и да произлезе нешто и за тебе од тоа. И покрај што е постар од тебе(мислам дека прочитав претходно дека е, ама исто важи и за врсник), тој е дете недозреано...а ти си таа позрелата (е за зрелоста немаат врска годините, а не за сексот - така да му каеш)
     
  12. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Бре бре,некои машки навистина се досадни со тој изговор 'Имам потреби' |(
    Алтмодиш е веќе,аман.
    Инаку Layla555,според мене прерано е да имате односи.
    А и самата негова себичност покажува колку навистина му е грижа за тебе.
    Колку и да навалува и инсистира,не се потчинувај.
     
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.708
    Допаѓања:
    9.441
    Пол:
    Женски
    Секогаш имај свој став и твоето не е не,и нема што било кој да те разубедува.Уживај во младоста,твоето тело допрва се развива,сега растеш се развиваш,и верувам дека ни психички ни физички не си подготвена за односи.A страста на овие години не е никаква гаранција,и знај дека тој што ќе те цени како личност вистински те почитува,а не некој кој ти врши притисок и те убедува.Tака ,биди одлучна и ако дечко ти не сака да те разбере и толку му се брза за односи,тогаш не му е дојдено до тебе а само до неговите потреби.Од многу примери ,девојките кои во тинејџерските години имале односи,неретко биле повредени и се осеќале понижено дури и искористено,а и момчињата исто така кои рано започнуваат со односи,се длабоко разочарани.Eдна врска не се темели на страст,туку на љубов и доверба,и прерано е за такво нешто на овие години.
    Eхее ,ќе дојдат многу дечковци понатаму,има време за љубов и за односи ,паметно размислуваш и продолжи така :*
     
  14. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    340

    Не дозволувај некој да те притиска за нешто што ти несакаш да го направиш и самата си пишала свесна си дека е рано, а дечкото ако те сака ќе те чека оноколку колку што треба, верувај дека е така.
     
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.712
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Незнам колку е соодветна темава, иако моево не е љубовен проблем, сепак има врска со симпатија, минато, грешка.
    Да не должам многу, да објаснам, па ако има некој/а време да прочита и да советува - однапред сум благодарна.
    Се работи за дечко кој го запознав на мои 18 години,години во кои ме интересираа дискотеки, друштво, искачанки, додека он веќе беше дипломиран и вработен.Имаше симпатии обострани, иако моите кон него беа далееку помали, зошто во тој период имав и други 2-3ца "поактуелни" од него, а он беше веќе созреан, изживеан, смирен, посветен на работата, значи се спротивно од мене, и имаше периодо кога скрос губев интерес за него од што беше баш таков- мирен.
    По случајното запознавање, кога и одма се појавија првите искрички, продолжи ме да се слушаме/допишуваме секој ден, траеа со часови муабетите, буквално за се, и секогаш целеше кон тоа дека му прија моето хиперактивно понашање, се смееше со мене, едноставно му импонираше мојот карактер, и ја "поддржуваше" мојата социјализација и дружба по дискотеки.
    Да споменам и дека искочивме неколку пати, ама никогаш не дозволив да се случи ништо, не толку ради него, туку ради моите принципи и правила.
    Ако јас бев оган, он беше вода. Ме оставаше да зборам и да зборам, внимателно слушаше и коментираше, без оглед колку му се свиѓаа темите или моите коментари.
    А и многу често во шала знаев за работи кои не се моја работа да му зборам, "спуштам" и сл, а он го "голташе" сето тоа. Знаев и да му откажам искачање, а ако искочев каснев по саат време.
    Малку срам ми е од сама себе кога вака сумирано пишувам за него... Што е тука е...
    Сепак не бев неподнослива, имавме генерално супер однос и дружба.
    Меѓутоа, ова траеше до скоро кога прекинавме со комуникација.
    Истрескав нешто повеќе од она што требаше и тоа го навреди.. Ама така се чуствував во тој момент, а он го предизвика тоа чуство и без мислење, свесна за последиците кажав.
    После тоа веќе не се чувме, ниту видовме.

    Проблемот ми е што сакам да ја исправам линијата, имаше одлично мислење за мене, и сакам во име на тоа да пружам прва рака. Незнам дали е паметно, дали да се извинам за последната случка, и како да го изведам...
    Се чуствувам како 15 годишна со постов, ама го навратив филмот назад, и се каам за тоа понашање. Знаев што чуствува и како се однесува со мене, и си дадов премногу слобода...
    Сакам само примирје, пријатен однос и кафе,да не се крши дел од мене внатре кога ќе ми текне на него и тоа време, да не вртам глава кога поминувам од кај неговата канцеларија, да не се кријам под наочари.
     
  16. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Во тој случај како што кажа и самата направи го првиот чекор и извини се, можеш да му се јавиш да го поканиш да одите негде на кафе или вечера и да разговарате :)
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    ~ Руби и јас мислам да му се јавеш. Па не се знаете од вчера..ете сте излагале.. Побарај го и отворено извини се. Нема друго.. :)
    Среќно ;)
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    За Ruby
    Сликата се си кажува...
     

    Прикачени фајлови:

    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Имам едно прашање. Многу сум читала и сум слушала од постари луѓе дека по време страста исчезнува и не зависи тоа од нас, но љубовта е нешто кое можеме да избереме дали ќе го чувствуваме или не. Што мислите за ова? Проблемот е што во мојата врска е се најсупер, се разбираме, досега се имаме скарано можеби 2 пати, нема никакви пречки... Но, понекогаш не се чувствувам добро во неа, и без некоја посебна причина ми надоаѓаат секакви мисли. Па, ме фаќа страв да не овие мои чувства влијаат на врската во иднина, бидејќи до мене имам прекрасен дечко, а не сум сигурна дека ќе го сакам засекогаш. Дали мислите дека љубовта е наш избор?
     
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    91.641
    Пол:
    Женски
    Зошто вакви мислења ? Што е тоа што те тера да мислиш дали ќе го сакаш во иднина...
    Штом стеисполнети двајцата се сакате и почитувате како поминува времето така ќе се надоградувате еден со друг ќе постои уште поголема љубов и разбирање почит па дури и страст... јас мислам дека ако некого сакаш со цело твое срце зошто да мислам дека ќе ми здосади во иднина ,ти треба самата да бидеш сигурна дали навистина тој е човекот на твојот живот пред да направите некој посериозне чекор :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.