Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. osmatetratka

    osmatetratka Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    11
    Луѓе. Ми се допаѓа еден од другиот клас многу! Кога и да се видиме се смешкаме, си се погледнуваме и цел ден сум како умрена кога ќе ме погледне така убаво и многу е убав,згоден но сеуште се немаме запознаено. Е сега има еден друг од мојот клас кој е онака симпатичен но не е ништо посебно ми се свиѓа начинот на кој зборува. Е со него ми се мува Незнам што е ова? Имам повеќе страст кон овој од класот отколку кон тој што ми се свиѓа! Некако тој што ми се свиѓа ко да не сакам да се замарам со запознавање , па со пријдување, па со мување , врски.. некако нејќам да си го трошам ко да сакам да го чувам и нејќам да бидам повредена а и ко да ми е потребно само да го гушнам..некако не чувствувам потреба да го бацам никаква страст додека кон овој од клас ме скокотка кога ќе помислам да се смувам со него ко да сакам да го правам тоа веднаш зошто така бе?
     
  2. inuska

    inuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    osmatetratka и јас имам сличен проблем. Сега сум трета година средно и измешавме класови бидејќи биравме подрачја. Некако првото полугодие помина брзо, ама во второ полугодие се затрескав у другарот што седи до мене. Сосема сме спротивни и се караме на секои пет минути. Исто толку брзо и се смируваме. Само што, јас се уште не сум сигурна дали чувствува нешто за мене, бидејќи не е од оние типови што отворено би го кажале тоа. Се менува секој ден, еден ден е супер, другиот ден е љубоморен ( од типот на чет: Не ми ставај ;) вакви смајлиња, не ми намигнувај, сакаш друг) , а следниот ден кажува на тие од клас дека топчето што му го дадов предходниот ден му е од женската додека упорно гледа во мене. Моментално сме скарани и не збориме, а и сама не знам зошто, ама се познава дека не му е сеедно. Се двоумам дали прва да му кажам, ама па си мислам, што не ми каже тој ако чувствува нешто. И така...
     
  3. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    603
    Мислам дека ако со некого сте другари, посебно школски не треба да го тоа занемарите и да го зафрлите само поради моментални симпатии.

    Однесувајте се природно и бидете другари, доколку чуствата се обострани дечкото кога тогаш ќе ви каже или ќе проба нешто со вас. Тогаш веќе правете искрен муабет и кажете си за вашите чуства и прашајте на нивните. Бидете реални и разумни.

    Многу лесно може да се смувате со некој, но подоцна тој никогаш нема да ви биде другар.

    Ценете го искреното пријателство, од пријателство љубов биднува, ама после љубов пријателство никогаш.
     
  4. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    мојата приказна е малце долга кој знае, сака да ми помогне и да даде совет или мислење може да ми пише во порака пошо вака тука ќе треба да раскажувам се од почеток а и мн е долго :/
     
  5. huston

    huston Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    ЗДраво советувалиште Фемина ;)
    Ве следам извесно време, но конечно да се активирам, љубовен јад ме натера

    Вака:
    Го знам дечково некои си година, две ми се допаѓа но чувствувам дека е повеќе од само допаѓање.
    Конечно ми се приближи ми размена некоја нежност, ми кажа индерекно дека сака да си најде девојка, некоја така како мене :D и ќе се слушнеме од тогаш еднаш, понекогаш 2 пати на ден , е сега типов е ОК но е бавен многу во секоја смисла бавен значи, од каснење од јавување ...

    Требаше да се видеме на кафе, но еве од средбата сеуште ништо.
    Не сум мало девојче сакам да знам дали има намера да излеземе, или не,
    Јас не го барам ако не ми се јави тој, како што чекав тој да ми се доближи година дена, ќе чекам и тој прв чекор :@
    Што мислите ќе бидне нешто или ништо ? :^)
     
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Искрено,ако не се јавува во договорен термин,и сега за кафе средбата,имам впечаток дека и баш не се многу замара.
    Мој совет-стави го на игнор некое време,не му кревај слушалка на секој негов повик и сл.
    Ако и тогаш е лабилен,не верувам дека му се сериозни намерите ;)
     
  7. huston

    huston Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Има многу работа, до некаде се обидувам да го разберам , вчера на пример се чувме еднаш ми рече ќе ми се јави назад и не се јави

    Сам ми споменува за средба као демек ,,Никако да се видиме,, јас не реагирам никако
     
  8. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Можеби е сериозен тип, што сака нешто повеќе со тебе од обична врска или мување. Можеби сака подобро да те запознае, не брзај. Колку време контактирате? :)
     
  9. huston

    huston Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Нецели две недели
    :sweat:
     
  10. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Па јас мислам дека нема потреба да се загрижуваш, како што кажав погоре, можеби има посериозни намери кон тебе па не му се брза. Јас на дечко ми 2 месеци го чекав да викне за кафе, па ете заедно сме :)
     
  11. huston

    huston Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Многу долго го чекав да ми пријде и сега кога почна се плашам, да не биде узалуд ако сум олкава крава :lol: но .... што да правам :inlove:
    тешки да ми се посеќи
     
  12. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за долгиот пост.
    Станува збор за мој поранешен (претпоставувам :?: ) пријател.
    Премногу брзо се здруживме, значи премногу. Не ни требаше голем период за да почнеме многу да си веруваме еден на друг. Уште на почетокот си ветивме дека нема да има ништо повеќе од пријателство, бидејќи беше очигледно дека многу се зближивме за краток период. Одлично беше тие неколку седмици, имав до мене човек на кој му верував, кој што можев да го побарам во секое време, да го прашам било што, да ми помогне во секоја ситуација, да ме извлече од секое лошо... Се случуваа мали работи во кои тој се чувствувал повредено. Го излажав за една моја лична работа, но тоа беше на почетокот бидејќи не сакав толку да се отворам. Потоа јас самата му ја кажав вистината. Многу ми се налути зошто сум го лажела. Имаше уште неколку такви работи преку кои помина. Последното, што претпоставувам го означуваше крајот беше еден случај во кој требаше да одиме на кафе за да поразговараме за една моја ситуација, ми требаше совет. Тој беше надвор од градот кога му ја спомнав средбата и ми рече дека ќе се слушнеме во неделата, за да ми каже дали ќе се врати во понеделник. Во неделата го чекав да ми се јави, не се јави. Му пишав на Фб онака само што правиш и како си, и не ми спомна ништо за кафето. Помислив дека не се враќа и си испланирав да се видам со дечкото. Ми се јавува во понеделникот, тоа време кое обично излегуваме на кафе, и јас не му кренав. Кога си одев накај дома, му вртев и беше премногу лут зошто така сум изиграла,сум го зезнала, колку планови откажал поради мене.. и слични работи. А работата беше што ние всушност не се ни договоривме за сигурно. И се испокаравме, тешки зборови паднаа, како јас сум го замарала, како не требало да дојде до ова, како јас сум го заменила него со дечко ми :^) и слично. После тоа односите многу ни се оладија. Зборувавме само еднаш неделно, и тоа само еден ист муабет: Како си? -Добро.Ти? -И јас. -Што правиш? -Седам.Нешто ново? -Нема. и толку. И тоа една недела јас ќе му се јавев или пишев, а следната недела тој, како по формула ни беше се. Пред една недела му спомнав средба, дали би сакал да искочиме на кафе. Тој ми рече може, ако имал слободно време. Му реков да ми се јави. И погодете што? Го немаше повеќе од една недела, никаков контакт, ништо. Му пишав пред некој ден, општ муабет, онака ништо посебно. Ме праша дали ќе сум дошла денес на концертот. Му реков дека ќе доаѓам.Ми рече дека му било многу мило поради тоа.
    Вечерва се сретнавме, после 1-2 месеци, бевме како странци. Само се поздравивме и толку, потоа не се ни погледнавме. Стоевме еден спроти друг, и ништо не прозборевме, ништо. Одеше позади мене, не ме викна. Ме одмина потоа, се правеше дека збори на телефон (или можеби навистина збореше, не знам).
    Е сега девојки, што да правам? Многу ми е лошо тоа што не знам на што сум.
    Една заедничка другарка наша ми кажува дека тој си има периоди каде што се оддалечува, може да го нема подолг период, а потоа да се врати по месеци и месеци и да се прави дека ништо не се случило, и дека со сите бил таков. Дали тоа се случува или тој сака да прекине контакт со мене? А и тоа го имам прашано, ми рече дека не сака да прекинеме контакт. Но ми игра топло-ладно. Ме нервира.
    А и во меѓувреме ја прашува другарката за мене, каде сме биле, што сме збореле (очигледно сака да дознае дали го спомнувам), ми праќа поздрави... и слични некои такви работи.
    Што да правам? Да се повлечам и да оставам се ова да пропадне? Или да направам уште еден муабет со него, тој да ми разјасни и да ми каже зошто е оваа промена? Ве молам феминки советувајте ме. Ми значи тоа пријателство, навистина. :doh:
     
  13. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Искрено, јас мислам дека дечкото не те гледа тебе како другарка, па го повредило тоа што имаш некој поважен во животот од него, во случајот твојот дечко. Ваљда се надевам на нешто, па затоа кога увидел дека ти имаш свој живот во кој тој не ја игра главната улога, тоа го повредило.
    Мислам дека не треба да го ‘‘давиш‘‘ со тоа што ќе инсистираш да се видиш со него, мошне очигледно е дека те избегнува.
    Остави некое време, ако му недостигаш, ќе те побара сам. И јас сум била во иста ситуација, значи тотално иста, брзо се зближивме, нон стоп заедно, но овој се затреска во мене и почна едноставно да ме избегнува. И ете сега се разминуваме, како воопшто да не сме се познавале. Тоа ти е животот, едни доаѓаат, други си одат.
     
  14. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Само што ми пиша...Ете. Уште повеќе ме збунува. И сега ќе збориме можеби цела ноќ, потоа ќе не нема еден период, и потоа пак истото. Таман ќе се помирам со тоа дека се пропаднало, и ќе кренам раце од се, тогаш ќе ми се јави и ќе се однесува како ништо да не се случува. :?:
    Инаку, diamonds.in.the.sky ти благодарам за издвоеното време. :)
     
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    А mili4ka123, ти како другар го сакаш? Некако така интензивно дружење и споделување тајни за кратко време мислам дека не оди во прилог на другарство. Се согласувам со Дајмандс дека може он да има некакви чувства за тебе. Ако е така нормално дека сака да се дистанцира ради што си имаш дечко... чудничка ти е ситуацијава... како пројдовте вчера? Нешо расчистивте/договоривте? :)
     
  16. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Болка која не се заборава

    Девојки ве молам кажете ми мислење, совет и што да правам понатака. Се осеќам ептен скршено. Иначе втора година сум имам 16 години. Значи имав еден дечко со кој одевме 1 недела. Вака започна нашата приказна. Уште пред 2 месеци се запознавме преку една другарка што учи со мене. Потоа се видовме уште неколку пати, но тој требаше да се запише во нашиот клас. Дојде второ полугодие и тој дојде да учи со нас. Се здруживме, станавме најдобри другари, супер се сложувавме, но во меѓувреме на една друга другарка и текна да не спои нас двајца дека многу сме си одговарале. А стварно имавме заеднички особини дури и некои работи што јас ги имам во фамилија и он ги имал. На пример сме од разведени родители исто така единици сме. Во меѓувреме другарка ми му спомнувала за мене и он прво се мислел ама после прифатил да искочиме на само да видиме како ќе ни биде. После другарка ми ми спомна и мене. Јас прво малце и се налутив (повеќе ко на шала) ама после размислував и ја прифатив идејата. Се ова беше минатата недела, во средата ми предложи да искочиме за во петок(14 февруари), јас прифатив. Во петокот после часови ми даде ружа и за првпат ме бакна во образ и ми призна дека ме сака. Вечерта ме однесе во кино и во салата се смувавме и од тогаш официјално бевме во врска. Бевме пресреќни и двајцата и на фејсбук се ставивме во врска. Се видовме во саботата, исто така и во понеделникот и вторникот. Многу беше добар, романтичен, нежен, се најнај, јас нему му бев прва, он мене втор дечко, но прва вистинска љубов. Си планиравме многу работи, во школо не зезаа и не испрашуваа глупости ама нас гајле ни беше и се договоривме ако некој збори лошо за некој од нас двајца да не го рецкаме. Но се ова како за една ноќ да се промени. Во средата и четвртокот не отидов во школо не ми беше добро. Во средата ми ѕвонел 2 пати и ми пиша порака дека му фалам и после се чувме 3 пати и се си беше супер. Во четвртокот не се чувме цел ден, му се јавив, му пишав порака ништо..на фејсбук го прашав да не ми е лут нешто, тој ми рече дека не ми е ама онака ладно само. Си реков ај да не го замарам можеби не е расположен. другарка ми го прашала зошто не ме рецка, тој и рекол дека ќе збори со мене во петок. Си помислив било што, ама на најлошото не помислив дека ќе ми РАСКИНЕ. Вчера кога дојдов во школо си седеше на компјутер не ми ни рецна ни ништо. На голем одмор го прашав што е работата, тој ми рече е збориме на другиот одмор. Но по 10 минути ме викна да збориме.. Ми рече извини ама не сум спремен за врска, сакам да раскинеме. Кога тоа го чув незнаев како да реагирам, го прашував зошто, како, која е причината, има ли некоја друга, некој му јадел гомна за мене, нешто имам направено ли, ако треба ќе сменам нешто, има ли некоја друга што ја сака, што е проблемот ?? А тој само ми рече ти не си крива, извини за ова, размислував некое време, знаев дека ќе се чувствуваш лошо, можеби избрзавме ете не требаше, нема друга, имам чувства кон тебе, но јас сега не сум спремен. Кога го чув тоа за првпат пред машко и за машко заплакав и му реков дека тој ми е прва вистинска љубов, дека немора да сме блиски ептен и да се гледаме често ама барем да сме во некаква врска, дека ептен ме повреди, ми го скрши срцето, се обидував да го разубедам, се трудев да извлечам некоја подобра причина од него, можеби некој му го полнел мозокот. Го прашав дали треба да почекам некое време, тој ми рече не слободна си, незнаеме како ќе биде во иднината и што ќе се случи. Го прашав има ли шанса за понатака нека размисли повеќе тој ми рече сега за сега незнам.. јас му се дерев, а тој мене тажно ме гледаше и незнаеше што да каже само ми рече дека ни самиот незнаел зошто му се случило ова.. И на крајот му реков не ми се обраќај повеќе... Само барем нема да кажуваме на другите за ова и ќе знаат за ова малце луѓе зошто ќе не исмејуваат нормално, мислам кај се видело ова, зарем само ја сум ли ваква несреќа... Исто така и на двете другарки од клас им рекол оти е тоа причината бидејќи не бил спремен за врска... Порано на негови години се венчале... долги и сериозни врски имаат, А НИЕ ? 16 години има возрасен е, толку размислувам а неможам да најдам одговор, само знам дека јас лично не сум виновна за ништо, дадов се од себе. Зборев со мајка ми и со најверните другарки тие велат дека изгледа некој му зборел глупости за мене а овој поверувал. Толку личеше се сериозно, да не ме сакаше немаше да ми купи ружа да ме носи у кино се да ми плаќа, толку многу да ми посветува внимание.. Денес му пишав мал реферат на фесјбук само сеен има и толку. Вчера вечерта и се јавил на другарка ми само да ја праша како се осеќам и што сум правела, а другарка ми му рекла дека сум супер. Секако дека сега ќе се правам дека сум супер, но само душата ми знае како ми е. Првпат во животот и јас да имам скршено срце и да ја осетам болката на љубовта. Ве молам одвојте малце да го прочитате ова, ако можете дајте ми мислење што мислите за ситуацијава, совет, што да правам понатака, што мислите дека го предизвика да ми раскине и дали мислите дека има шанси во иднина да се покае и да ми се врати ?? Го ценам секој ваш одговор..
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.943
    Допаѓања:
    45.537
    Пол:
    Женски
    Болка која не се заборава

    Тоа не ти била прва вистинска љубов зошто на тие години не си способна да знаеш што е вистинска љубов и љубовна болка.Секој созрева на различен начин но факт е дека со тек на годините сфаќаме дека тоа што сме мислеле дека било љубов, дека сме биле многу тажни и скршени било смешка.
    Јас се фатив со сегашниот ми дечко на твои години и сега сфаќам дека тогаш тоа што го имам чувствувано не било љубов, дека вистински ние почнавме да се сакаме кога малку повеќе созреавме.Една недела не е кој знае колкава врска.А нему сега му вријат хормони, не е до тебе, туку до тоа што тој е млад со толку женски на повидок за да тој биде зафатен.
    Пушти, заборави, знам дека мислиш дека е крај на свет но не е.Најубаво е во тие години да си сама, да излегуваш, да се забавуваш, да си бараш нови симпатии и љубови.
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Roxana

    Roxana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    71
    Возрасен на 16 години? Не би рекла.. Дете, сеуште дете.
    Врска од една недела? Не, само запознавање..
    Млада си премногу, не се преоптоварувај толку. Ако навистина те сака ќе те побара тој, не се труди воопшто зошто машките деца на тие години често знаат да си ја кренат цената и да се прават мангупи.
    Уживај со другарките, не се секирај. Што е твое ќе си дојде :)
     
  19. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    twilight123

    Си ила заљубена, скршена, тоа и ти била прва вистинска љубов ова она. Како успеа да се заљубиш а во врска сте биле што се вика и помалку од една недела. Ти кажал дека те сака уште пред да се фатите и ти дал ружа, згора на тоа и се ти платил браво за него. :clap: Биди сигурна дека бил многу заљубен во тебе и тоа уште е верувај. :D Добро бре имаш 16 години не си многу мала како можеш да бидеш толку наивна. На денешно време секој може да ти каже дека те сака, а да не го мисли тоа. И дали мислиш дека љубовта е во плаќањето на сметки, демек као ме сака бре ми ги плаќа сметките. :x Девојче убаво ти рекол да не му се обраќаш и дека не сака контакти со тебе незнам што уште инсистираш имај малце гордост. Тешко некое машко на тие години да размислува зрело и да знае што сака. Веројатно сакал само да проба, кога веќе имал се сервирано на тацна. Сега му здосадило и толку. Помири се и така не поминало многу време. Можеби ти е тешко но луѓето прекинале долги врски, па преживеале. Верувај дека допрва ти претстои период во кој ќе ја почувствуваш вистинската љубов. Се извинувам ако бев малце груба со коментариве. Ајт со среќа и памет во главата.
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    16 години не е возрасен, возрасен е кога ќе има 18+. - Толку размислуваш ;)
    Како што ти рекол не е спремен за врска - Ти сакаше сериозна врска со брак!? Ма немој да ме јебеш бре на 16 години сериозни врски - боже боже
    Ништо нема да ти го врати освен ТОЈ самиот ако не се врати.
    Не се замарај, уживај и кулирај,
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.