Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    XStrongerX, да не е нешто поврзано со деца? Од било кој аспект... Сака да имате, ти да не сакаш? Сака да имате, се плаши каков родител ќе биде? Не сака, ти сакаш? Не сака и не знае како да го каже тоа па манифестира асексуалност..?
    (се надевам ме сфати на што мислам, размисли и на таа опција)
     
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.092
    Пол:
    Женски
    Во твоето мислење пишуваш дека не само што ретко водите љубов,туку и кога го сте интимно блиски сопругот е уморен,мрзлив,незаинтересиран.Ми остава впечаток дека сексот го сфаќа не само брачна обврска,туку како едноставно да мора да те прави задоволна и среќна,а не дека задоволството треба да биде обострано.Можеби проблемот е од некоја интимна природа(намалена потенција) за која и не знаеш.Потруди се да рзговарате.Интимноста меѓу брачните партнери не треба да се занемари.Сепак тоа покажува дека постои проблем кој заеднички треба да се реши.
     
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Девојки, вчера му прочитав долги 4 страни од дневникот кои сум ги напишала за него, за тоа како неговото однесување ме тера да се чувствувам одбиено. Многу се изнасмеа и немарно дофрли дека сум искомлексирана повеќе од потребно. Рече дека сите работи се плод на мојата оптеретена фантазија, и повторно дека во последно време е многу зафатен, па затоа го занемарил сексот. Но, ништо не се промени, си легна до мене како што спиел на времето со сестра му. Се налутив и го прашав дали има нешто ново во неговиот живот затоа што тоа што немаме секс е одамна старо. Ми рече да не го форсирам, дека е многу уморен и патем денес сакал да води љубов со мене ама мене ме болел стомак ( ме болеше половина час па ми помина ), ама загрижен за мојата состојба не го направил тоа. Го прашав што се случи со остатокот на денот и рече дека утре ќе се потруди да правиме нешто заедно. Еве денес, состојбата е иста. Мислам, се навикнав...
    Проблем со потенцијата нема, не верувам дека воопшто не го привлекувам. Можеби е под притисок што живееме со луѓе, неговите во сите години брак не седнале еден до друг а не пак нешто. И кога водевме љубов ( некогаш, одамна...) ја расипуваше цела романтика со не се соблекувај целосно, биди потивка, мислам дека тропаме и слично. Ако го има тој проблем ( што нема никогаш да го признае ) мора да го реши, цел живот ќе имаме луѓе околу нас, деца. Зарем ако станеме родители улогата на брачен партнер за нас завршува ?? Во доверба свекрва ми ми спомнала дека со свекор ми немале секс нешто подолго од 30 години, а низ смеа на такви ситуации маж ми ми кажа дека никогаш не ги видел неговите да се бакнат.
    На крајот на краевите, се е во ред, освен сексот. Искрено и откако паметам сме имале секс само и само во една позиција, ранливо за личност со авантуристичка сексуална природа како мене. Едноставно, сексот е лош :(
     
  4. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    XstrongerX колку време сте заедно и колку време сте во брак ? Дали порано имало нешто кое те натерало да се чувстуваш лошо од таа страна ? А и во тоа што имаш напишано во последниот коментар дека може му пречи тоа што живеете со повеќе луѓе и се грижи да не се слушне, тропне и слично, ако имате можности одете под кирија или на кратко некаде каде би биле сосема сами па да видиш дали ќе се промени нешто.. Инаку ситуацијава мене ми изгледа навистина загрижувачка и ако има некое машко по темава нека пише да видиме како би изгледало тоа од машки аспект, дали ние Жените многу филозовираме или нема простор за голема загриженост :)
     
  5. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Изненадување на векот ! :o
    Вчера сам се понуди да го направиме тоа. Ама на моја несреќа морав да го одбијам имав убивствени ПМС болки мислев дека ќе добијам и ќе експлодирам истовремено. Жал ми беше, ама тоа е. И своеволно во знак на примирје му направив услуга нему ;) Убаво помина, се надевам ќе се случува почесто.

    Сакам да слушнам машко мислење на проблематикава, од која причина би се случувало вакво нешто?Инаку во брак сме од јуни, а живееме заедно од декември, во куќа од 3 спрата сосе приземје и доволно приватен простор за секој. Нашата спална е цел спрат погоре од таа на свекрва ми и свекор ми. Само да спомнам дека на почетокот на врската имаше некој голем ентузијазам кога стануваше збор за сексот, понатаму како да изгуби интерес. Во неколку наврати има спомнато во разговор со најдобриот другар ( наш кум и исто оженет ) колку во животот им недостига слободниот секс, дека постојат одредени табу секции во сексот во брак. Дека има норми и правила кои подразбираат почитување на сопругата на поинаков начин. Отворено го прашав што е тоа што недостига и зошто не го зема кога јас го нудам, го заобиколуваше одговорот и рече дека неможам да разберам, едноставно заслужувам поинаков третман од останатите со кои бил во животот. Со извинување, тој знае што мислам јас за тоа и дека не се чувствувам навредена, ами поласкана ако го добијам.
     
    На mila25ve му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    Штом не сте со свекорот и свекрвата соба до соба ами на друг спрат, не е оправдување дека страв му е да не ве слушнат. Освен ако многу викаш.
    За другото, дека како сопруга сега поинаку те гледа, исто не ми држи многу вода за млад човек од денешно време, не сме како нашите родители или баби и дедовци ние, не гледаме така на бракот.
    За она дека заслужуваш поинаков третман од другите девојки, што значи? Оти си посебна и најдобра од сите, како награда за тебе лош и нередовен секс??
    Сепак не е страшно, често се случува на почеток од заедничко живеење посебно ако е во заедница, со сите промени и проблеми со кои се соочуваат младите, да дојде до криза во сексот. Се надминува, само некогаш треба доста време да помине, многу работи да се решат, некој нов свеж воздух да влезе меѓу вас па работите да се вратат на старо или на подобро.
     
  7. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    327
    ХСтронгерХ, велиш дека и порано му се случувало да каже „биди потивка, не соблекувај се цела“ и сл а сте биле само во врска. Да не се работи за сексуална некомпатибилност? Можеби ти имаш апетити што за него не се привлечни? Или му се допаѓа т.н „млак“ секс, додека ти преферираш див? Прашај го да не постои нешто што ти правиш за време на секс а нему не му се допаѓа.
    Јасно е дека ти како ти си му и привлечна и секси, зошто инаку би се оженил со тебе. Сепак ако во кревет не сте компатибилни можеби тоа го одбива.
    Имав и јас порано сличен проблем. Имав партнер со кој едвај чекавме да дојдеме дома да се фрлиме еден на друг, се привлекувавме ненормално. Првите 5 минути беа интензивни, ама после тоа тој сакаше романтичен нежен секс, а јас продолжував со исто темпо. Јас сум мало чудовиште во кревет а тој беше премногу нежен. На почеток беше ок, се издржуваше, ама со тек на време јас бев се понезаситна а тој се понезаинтересиран. И покрај тоа што како карактери бевме совршен спој, врската немаше иднина.

    Не знам колку време сте биле во врска пред да стапите во брак, ама доколку сте биле релативно кратко време заедно може токму ова да се случило. Ова е само хипотеза, не мора да е вистина, но ако е така тогаш ќе мора низ разговор да откриеш што не му се допаѓа па да се најдете на „пола пат“.
    Ти посакувам што побрзо да се реши проблемот, кој и да е.
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eye

    eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    5
    е значи овака,јас сум голема будала и викендов под дејство на алкохол играв со еден момак у клуб и дечко ми ме дозна.
    ми раскина ама сеуште се слушаме као демек да ја поправиме работата е сега проблемот е што он ме прашува како би можел пак да ми верува а јас незнам како да му го објаснам тоа едноставно знам дека нема да се повтори таков гаф уште еднаш од моја страна ве молам помогнете ми кој аргументи да ги употребам незнам што да му кажам како да му објаснам дека тоа нема да се повтори...
    направив предходно многу работи за него и на крај ја оплескав работата како да поправам се.....
     
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Твоето однесување сметај го како проценка за твојата љубов и посветеност кон него. Не дека не сме луѓе па не се случува, но кога вистински сакаш и почитуваш некого спремен си да го контролираш искушението без разлика на состојбата. Извини се и надевај се на најдоброто, можеби ќе те прими назад. За мажите таквиот акт е ултимативна деградација пред општеството, а и довербата ја изгубил. Долго време ќе треба за повторно да ти верува.

    Мојата ситуација, како и да е, вчера се случи. Цели пет минути по моја иницијатива, полуоблечени дури и болно помина затоа што не бев доволно возбудена да се создаде природен лубрикант , ауч :doh: Ах, и имаше порно клип во позадина, шегата ми замина предалеку, барем тој така ја сфати. Незнам, не оди. Кој и да ми пиша погоре, во право е, изгледа сме идеалана спојка во се освен во сексот. Засега, и со нормален секс би била задоволна, далеку сум од оној кој го посакувам.
     
  10. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    штом разговарате, тогаш си во предност за да се смирите... ќе му речеш да се видите и ќе му објасниш се, дека немало меѓу вас ништо, само играње било и дека ти е многу жал, ќе му се извиниш и ќе му кажеш дека нема да се повтори, и откако ќе се смирите верувањето само по себе ќе дојде, ќе правиш работи со кои ќе се осеќа убаво, и ќе почне да ти верува повторно
     
  11. nina99

    nina99 Нов член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Девојкии, знам дека е глупаво но навистина незнам што ми се случува. До сега му помагав за многу девојкии си се дружевме убаво ама од летово јас сакав да се оддалечем од него бидејќи знаев дека нема да може да сме заедно и несакав да се вљубам и да се разочарам. Убаво си живеевме со детето, кога никој не ни се мешаше у муабети и мислења ногу убаво си муабетевме за се и сешто. Јас се тргнав на страна, престанав да го поздравувам и се трудев да не се најдам блису во негово друштво. Сега после 7 месеци на роденден кога моја најдобра другарка беше многу пијана, нејзиниот дечко е негов најдобар другар и бев многу испаничена зошто беше готова да се сруши постојано мижеше беше во премногу лоша ситуација и додека седеше со нејзиното момче, бидејќи тој беше посилен да ја држи место јас... навистина незнам, но од првиот телефон се јавив на него незнам зошто после 7 месеци баш него го побарав, мислев дека нема да дојде, но дојде веднаш. После неколку дена разбрав дека моја школска кажува како тој трчал по неа и како ја молел да бидат заедно, навистина не го сакам, но не ми е јасно зошто почуствував некое гадење од тоа. Навистина размислував и навистина не би сакала да бидам со него, никогаш не сум се лутела на ниедна негова девојка, всушност и дел од неговите бивши ми се добри пријателки кои навистина ги сакам како другарки. И нешто што ме нервира кај него е тоа што постојано ме гледа каде сум и со кого стојам а кога ќе го погледнам во лице ја ведне главата или пие нешто за да не приметам. Чувствувам како да сака нешто да ми каже, но мислам дека околината има многу влијание на него бидејќи неговиот другар е женкар и сака секоаш да е во право за се, но и со него навистина добро живеам. Што да правам ...
     
  12. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Што да правиш хмм.Не знам што направи но дефинитивно заборави го.Јас сум целосно ЗА комуникација и пред да го запознаеш лично и сите тие предигри,пораки ова она.Тоа е интересно и возбудливо.Мислам,многу ми е глупо пр.да ми речи другарка ај појди на кафе со она машко,или тој да и речи викнија другаркати,не е интересно не е то тоо.Но случајно да најдиш некој на интернет и така полека да почните со пишење и запознавање,мистериозно е,затоа ми е интересно.Но не знам стварно зошто би те навредувал,колку и да палиш ти и гасниш што има тоа да се случува,,кој е тој и што се замислува,освен ти ако не си го навредила.Па и тие статуси на фб што пишеше дека ги ставал,ама ајде кое е тоа машко што става статуси на фб општо,а камоли за некој што лично не го видел или не го имал како негова девојка или не го покажал на неговите другари,освен ако не сака нешто како на пр да те придобија на некој начин за да видиш ти дека тој е заинтересиран.Чупе тој си игра со тебе.Искрено.Тој е толку свесен дека те има емоционално тебе и дека лудуваш по него па сега ќе те игнорира.Па и дури го избриша и пак додаде за пријател уште толку си ја влоши ситуацијата.Затоа како што рече не те брка како порано и не е тој истиот.Таа игра и ќе продолжи и понатаму и од ко ќе се запознајте па дури и да имате нешто.Затоа мој совет е да го прекиниш тоа уште сега.Ако сеуште сакаш нешто со него барем дознај кој е,каков е,од другари од некого,каде излегува,што прави,дали има женска(можи и да има!) и за крај што сака од тебе и со тебе.Се најубаво
     
  13. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    5.918
    Ми треба еден совет од вас. Со едно девојјче се знаеме више 3 години. 1 и 2 година не се друживме многу сега од летото почнавме скоро секој ден да се гледаме и живееме во иста зграда, најдобри другарки сне. Но од зимово она почна да се дружи со девојчиња од нејзиното бившо одд и една недела испага со нив една со мене. Порано многу поише се дружевме а сеа не многу. Нејкам да се скараме. Може ли некој од вас да ми даде совет или пак ако имал вакво искуство?
     
  14. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    13.331
    Пол:
    Женски
    ^ Е добро де. Неможете да бидете гз и гаќи! Си има и други другарки девојчето, неможе само со тебе да се затвара и да излага. Најди си и ти уште една, па кога ќе иде она со другите иди и ти. ;)
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Вака сега ти си по малце љубоморна и ти е криво.Те разбирам, но сепак колку повеќе се приврзуваш кон неа толку повеќе почнуваат да ти сметаат некои работи.
    Веројатно идеш во школо или на работа како и да е. И таму можеш да си најдеш другарки со кои ќе искачаш, значи не може таа само со тебе да се дружи просто здосадува тоа.
    Битно не те откачила останала и со тебе се дружела. Само што јас сум многу повеќе сите заедно да се дружите не да се делите на пола.
     
  16. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    затоа секогаш треба да се има повеке од една другарка или пријателка за да не се биде зависен од никого :)
     
  17. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.971

    Не се сложувам со вас, ако се најдобри другарки, неможе да им се здосади. Имаше моменти кога со мојата најдобра другарка се каравме и не се дружевме ама тоа беше максимум по недела дена а се дружиме 20 години. Ама имав и многу други. Не значи дека доколку таа реши оваа недела да излезе со нив, дека ти треба да се затвориш. Апсолутно не. Предлагам да зборуваш со неа и да предложиш да искачате сите заедно, и кога таа неможе , ти да си имаш со кого да си искачаш.
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Да не се лажеме. Ти може сакаш да го гледаш како другар ама сакаш да те сака и ти прија неговото внимание. Тоа што стоиш добро со другите бивши негови е поради што му се бивши.
     
  19. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Во врска сум 2 години и мислам дека пола година веќе не сум среќна воопшто во оваа врска... Се почна со тоа што тој е претерано љубоморен, јас морав и морам да пазам на секој мој чекор, на секој мој збор, да се објаснувам за секаква глупа ситуација непредвидлива што ќе се деси, да ми го знае секој чекор и секогаш и во секое време да знае што правам. Ова звучи измачувачки а и така е, но тоа до пред година дена не го сфаќав така, тогаш бев лудо заљубена во него и се прифаќав... е сега више гајле ми е за се, ако се лути, збори глупости му спуштам телефон па тој врти, се дере како ненормален вреѓа, за на крај пак он да се јави и да каже дека јас сум крива што сум ја направила кавгата и јас сум крива за тоа тој само се шалел кога искоментирал нешто за некој друг и кога ке направи љубоморен скандал тоа било "шала", а јас сум таа која не сфаќа шала.
    Најискрено последниве месеци се измачувам самата себе како да го оставам, каде ке најдам некој што толку ке ме сака, нема да ме изневерува, зошто за тие работи е срце, имам 26 години и имам страв од иднината, страв од пронаоѓање на прав партнер, си викам кај овој е љубомората, кај друг ке биде друго...и се така си поминува време јас не превземам ништо... не ми е убаво ни сега а се убедувам себеси дека и после нема да ми биде кога ке бидам сама на 26 години и ке кукам како не моам дечко да си најдам...
    Во последно време малку гледам се контролира со испадите, но мојата љубов мислам дека згасна, се изморив од сето тоа 2 години...Стварно психички се исморив, дајте ми некој убав совет... :doh:
     
  20. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334

    Ако не си среќна, ако не го сакаш, ако он не е тоа тоа што ти треба, тогаш не ја гледам поентата во тоа да останеш со него. Подобро е да си сама отколку во лоша врска.
     
    На DjinTonik му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.