Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MucenceS

    MucenceS Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    7


    sedni si ubavo i razmisli si sto ima pozitivno a sto negativno kaj nego ubavo razmisli si dali ti odgovara i dali sakas da ostanes so nego a toa sto mislis deka ljubovta ti zgasnala toa e poradi toa so te naplnal so ljubomorata .iskreno po moe mislenje sekoj e ljubomoren samo koj poveke a koj pomalce i vo red e da e ljubomoren i normalno e da znae kaj si i i so koj si se e ok dodeka ne ti zabranuva da iskacas ili da zboris so drugi.ako mislis deka ne sakas da si so nego ondak trgni si se a ako ima raboti kaj nego koj se vredni da se boris za vasata ljubov ondak razgovaraj so nego za toa so ti smeta i potrudi se ti samata okolu nego so nekoi gestovi na ljubov i mislam deka se ke bide ok :)
     
    На DjinTonik му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Ова е познат феномен во психологијата кога жтвата го засакува својот злоставувач и мисли дека тоа што го прави е за нејзино добро и дека всушност таа е виновна за се што се случува.
    Ако ти е за утеха не си единствената.
    Како може да те сака а всушнос да врши тортура над тебе, да неможеш ниту во ВЦ, да појдеш, зарем тоа е љубов? Што мислиш дека утре кога ќе бидете во брак ќе се смени?
    Мислам дека ти веќе си се помирила со тоа и дека без оглед кој што ќе ти каже овде ти и понатаму ќе останеш со него, затоа што веќе си навикната се друг да ти кажува што да правиш и дека всушност ти не си способна да најде друг што толку ќе те „сака“. Тоа се твои зборови од крајот на постот кои многу кажуваат за твојот психолошки профил.
    Но тој е паметен и добро манипулира со тебе, те остава неколку дена да помислиш дека се сменил и потоа повторно продолжува со својата тортура.
    А јас би рекла дека е супер човек штом воопшто ти дал да користиш интернет, нели и тука можеш да го изневериш. Како не му текнало и тоа да ти го забрани, секако за твое добро. но јас не ги окривувам ваквите мажи, туку криви се жените кои дозволуваат некој да им гази по нивното достоинство и да ги смета за малоумни дека он треба да им каже што да прават бидејки они не се способни да размислуваат со своја глава. За крај би те прашала, од каде си ти сигурна дека тој не те изневерува, кога ти несмееш да му писнеш а камо ли да го прашаш каде е или недај боже да го провериш? Јас би ти препорачала ако барем малку имаш достоинство да си го бараш чарето додека е време и додека не ти натоварил деца на грб, после каде ќе одиш? А и може да стане насилен ако веќе не.
     
    На Hipica, DjinTonik, Marossa и 2 други им се допаѓа ова.
  3. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Се додека не влегов во ваква врска не би помислила ни самата дека би можела да го дозволам тоа, но ме прелажа и кога веќе станав заслепена од него почнаа неговите глупости... Јас знам дека сум кукавица и цело време чекам некој знак, да ми падне нешто од небо да ме тресне, и освен стравот што го имам како после ке барам нов на овие години ке се нервирам, исто цело време мислам на него како ке му е, како ке му биде без мене... А за варање знам дека не ме вара зошто ја кога сум излезена он седи дома, буквално ја го молам да излезе со некој, се остава и фб и мобилен, јас не проверувам но ако дечкото те вара се приметува...
     
  4. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    DjinTonik, Единствено самата ако не се потрудиш никој неможе да ти помогне. Велиш на овие ли години да барам нов? Колку и да имаш никогаш не е касно за нов почеток, подобро е цел живот да бидеш сама отколку да бидеш со идиот, кој верувам и физички ќе почне да те злоставува ако веќе не го прави тоа.
    Исто така неможам да разберам велиш те сака? Како тоа го свати жити се кога не те рачува за човек, ти го ограничува дури и движењето.

    Немој да ме сватиш погрешно, само ти посочувам да отвориш очи додека е време, затоа што потоа не само што ти ќе страдаш туку и децата страдаат во такви семејства.
     
    На Hipica и DjinTonik им се допаѓа ова.
  5. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    се гледа дека ти е преку глава од врската.Ако е кај него љубомората а кај друг друго така не размислувај никогаш !! Раскини му ќе си најдеш сигурно подобар
     
  6. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Се смувавме вчера и ми беше мноогу убаво :D
    Но,нема нешто големо меѓу нас само ми се допаѓа и јас на него,ништо не си зборевме те сакам,само она свинче,прасе,дебела и тоа :lol:
    Мислев така се додека не се разбудив денес,опсесија ми стана,24 саати дневно мислам дали сака да се муваме уште еднаш дали не,дали му бев само за еднаш или не.. :?:
    Единствено со него се чувствував така,постар е од мене 2 години,не ми смета тоа ич :x
    Му реков наредна сабота ке се видиме,а вака на фејсбук не зборуваме,ни на тел..И он ми се насмеа и ме гушна и ме испрати до дома.. :inlove:
    Е сега бидејќи имам огроомен понос и многу сум срамежлива отпрвин со него,а после си се опуштам,незнам што да правам кога ке се сретнеме.. :doh:
    ии да денеска си мислев дека сум сонувала ми беше онака невистинито,али гледам сите слушнале дека сме се мувале :envy:
    помош,совеет молам :)
     
    На narcis98 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Како прво,колку години имаш навистина.Не верувам дека се 23,се извинувам ако сум грешка али убедена сум дека станува збор за тинејџерка.
    Како тоа очекуваш на прво мување да си викате Те сакам?! За да се појави тоа чуство треба да помине време,месеци да се запознае личноста.Сите можат тоа да го кажат а да не го мислат.
    Пиши му нема тука понос,ќе видиш ако ти пишува супер ако нешто е ладен или слично не му пишувај веќе.АКо е заинтересиран нема да може да те игнорира сигурна сум.
    Плус како тоа сите дознале?Што он тоа се фалел?Друго е да каже на другар,друго е сите да знаат.
    И не мора до наредна сабота да чекате,видете се уште неделва ако он сака седнете некаде на кафе,прошетајте се во парк и сл.
    И пак ќе прашам колку години имаш,и тоа зависи многу.
     
  8. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Не ми се точни годините хаха,да тинејџерка сум сеуште хаха :D
    Погрешно ме разбра,не очекував на прво мување да ми каже те сакам :$
    Од страна не видеа неколку негови другари и на крајот отидовме уште понатака и на раат се мувавме :P
    Мене сега ме интересира како да постапам наредниот пат бидејќи сум многу срамежлива кога станува збор за некого што го сакам :(
     
  9. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Ми треба совет! :) Во средно се дружев со супер луѓе, друштво сме си и еве и покрај тоа што речиси сите сме на различни факултети, пак се гледаме, слушаме, дружиме. Меѓутоа, откако тргнавме на факултет, јас веќе не можам да бидам толку блиска како што бев со мојата најверна другарка од друштвото. Мојата најверна другарка си најде нова најверна другарка. Мислам дека се уште нема сфатено дека се има оддалечено од мене, а премногу се има зближено со другата другарка.. Ова одалечување се случува по втор пат. Првиот пат кога се случи и направив искрен муабет и работите се подобрија, ама еве пак се случува и некако не сакам да ја направам истата грешка. Дали можеби е подобро да продолжам без оваа другарка, или пак повторно да правам искрен муабет? И мразам што ќе го признаам ова, ама по малку сум љубоморна - кога ќе ја видам мојата најверна другарка колку и е интересно со нејзината нова најверна другарка, колку им се совпаѓаат мислењата и вкусовите.. Од една страна мило ми е за неа што си нашла супер другарка, ама од друга страна криво ми е затоа што после неколку години многу дружење, ме замени со некоја типка заради што... Заради тоа што имаат исти интереси? Не знам, можеби ситуацијава делува многу детска, како да сме прво одделение, па ај скар, не се дружиме ај вака ај така, ама не ми се случува ова првпат, едноставно и други другарки ме имаат разочарано и не сакам да проаѓам низ истото повторно.

    п.с се извинувам ако темава е наменета само за љубовни совети :)
     
  10. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Freya123 ако таа ти е најверна другарка не треба да ја потсетуваш на вашето другарство.Според мене не треба да разговараш со неа за тоа не мора толку да и придаваш важност.Со тек на време или ќе се среди другарството или не.
     
  11. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    ќе си најдеш и ти нова најдобра другарка, нормално е во животот да се разидеш со некои луѓе , се менуваат интересите, сфаќањата на луѓето, некогаш ти ќе се промениш како личност некогаш другарот и едноставно не останува пријателството на истото ниво на кое било. Oд искуство можам да ти кажам дека немаш потреба веќе да ја отвараш таа тема дека не сте како порано, едноставно ѓто и да кажеш или направиш нема да се вратите на старо. Tи посакувам многу скоро да имаш ново искрено пријателство што ќе ти го исполни животот со убави моменти
     
  12. plava.90

    plava.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Па вака ... не знам дали е темата соодветна но сепак друга посоодветна за мојот "проблем"не најдов. :)
    Во врска сум 19 месеци со дечкото и сме на некој начин во поозбилна врска. Се беше супер нај нај ама во последно време јас почнав премногу да забегувам и да се замарам со новата девојка на неговиот брат просто не знам зашо ама едноставно се преокупирав со неа на еден начин сум љубоморна на неа и нејзиниот третман од страна на дечкото. Тој е малку повозрасен, немаше девојка и ја фати оваа со според мене не е нешо нај, и испадна 3 месеца во врска а како да се многу поозбилни и посериозни од нас двајца пошо ние нашата врска не ја експлоатираме на фб , како што прават тие од сам старт (слики, статуси, чеирања) . Поради тоа се осетив малку глупаво :?: Мене проблемот ми е друг, не ја сакам неа во моја фамилија |( Немам добро мислење за неа, но секако со никој не сум го споделила и сеа не знам дали да се здружам со неа или да си ја држам на дистанца како и досега? И како да се средам со оваа моја преокупација?! :devil:
    Совет ве молам...
     
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.708
    Допаѓања:
    9.444
    Пол:
    Женски
    Kако прво,ти не си влезена во нивната фамилија па уште отсега се замараш :D .Шала на страна,подобро на идниот девер ништо не кажувај на идната јатрва не гледај со завист ,тоа е рушење на нивна интима ,а на тебе би требало да ти е драго за среќата на целото семејство на дечко ти.A ако фб ти е мерило за озбилност на врска,тогаш си во голема заблуда,сликање и чекирање не се гаранција за ништо,до душа ништо не е загарантирано на овој свет.Kако и да е,најважно е да не се споредуваш со нив како пар,а јатрвичката пробај да ја толерираш ,не мора да ја обожаваш но почит и разбирање имај секако,и пробај да изградиш убав однос со неа,посебно ако ти стане навистина јатрва.А клучниот твој заклучок лежи во тоа зошто не ти е при срце,дали од посебна причина ,или заради тоа што се споредуваш со нејзе?Tоа треба да си го разјасниш сама на себе.
     
  14. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Па значи прво и прво неможеш да се замараш бидејќи еден карактер е твојот дечко а друг брат му.Држи ја на дистанца кога веќе не ти се допаѓа но немој и премногу бидејќи ќе е очигледно. :)
     
  15. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Јас не гледам тука некаков голем проблем воопшто(според мене),сфаќам зашто си љубоморна веројатно поради тоа што сакаш и ти и дечкото да се експлоатирате на фб,што право да ти кажам е глупост.Имам долга врска подолга од твојата дупло и право да ти кажам ама ич не ми е гајле за фб.Порано се замаравме ,во врска статуси и слично и слики но сега воопшто не.Тоа ми се премногу детски работи,ајде сега да си пишуваме те сакам ме сакаш.Се знае ако има љубов нема потреба од Фб.На крај краева прави муабет со дечкото кажи си дека сакаш повеќе на фб да си пишувате иако јас сметам дека тоа може само проблеми да ти направи од љубоморни личности кои што ќе го гледаат вашиот однос на фб.
    Зашто толку си се свртела према девојката на братот,ти згрешила нешто или?Не гледм некоја причина.Ако не ти одговара едноставно игнорирај ја не се преокупирај со неа.Нема потреба од љубезност ако не сакаш да бидеш блиска со неа.Кажи му на дечкото дека едноставно не ја сакаш и не сакаш контакт со неа.Но сепак тоа не значи да бидеш дрска со неа,биди толерантна и на дистанца.Да не ја гледаш можеби како конкуренција во ситуацијава?Што сметам дека нема потреба од тоа :)
     
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.185
    Допаѓања:
    91.645
    Пол:
    Женски
    Ти сеуште не си флезена во таа фамилија не си дел однивното семејство,размислуваш ли на оваа пример :Што ако таа или братот на дечко ти има такво мислење за тебе ?
    Не е убаво ваквото однесување од твоја страна посебно оваа зачувај го за себе затоа што подорбо е да не дознае дечко ти па и деверти за тоа какво мсилење имаш за неговата девојка... Секој е различен карактер и си одбира девојка којана него му одговара,гледај да промениш нештово вашата врска ако ти недостигаат некои детали :)
    Мој совет ти е да се држиш на дистанца но секако да ја почитуваш и доколку се најдеш во ситуација да сте заедно да разговарате а да не се одалечуваш,утре друг ден може заедно ќе живеете :)
     
  17. plava.90

    plava.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    лично ниту таа мене не ми згрешила нешто а ниту пак јас на неа... фала за советот
     
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Те разбирам како се чувствуваш,и јас сум била со слична дилема.Оддалеченоста си го прави своето,ама не значи дека ако она си има друга пријателка,дека не те гледа сеуште како најблиска.Јас со мојата се гледам еднаш на двата месеци,и она си има другарки таму кај што студира,а и јас.
    Мислам дека ако вие си ја задржите блискоста,искреноста и довербата нема зошто да ти пречи другата.Па на крај,ако имаш можност запознај ја и неа,можеби сите ќе се здружите повеќе,од пријатели никогаш доста.Така да комуницрајте колку можете почесто,по телефони или фејсбуци,излегувајте,и така ќе надоместувате за времето непоминато заедно.
     
    На Freya123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Мислам дека далечината некогаш и не игра голема улога . Можеби вие физички нема да сте толку една со друга ама близината си останува. Јас имам другарка која студира медицина и која е 24/7 зафатена плус кога полагаме секогаш кога таа ќе заврши ние почнуваме и обратно . Но ние сме си останале подеднакво блиски и по месец дена да се видиме неа можам да и кажам низ што сум поминала што ми се случувало и таа исто. Сигурна ли си дека другарка ти намерно не се оддалечува од тебе , а не толку несвесно колку што ти изгледа ...? :)
     
  20. zbuneta2

    zbuneta2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    5
    Здраво пријателчиња. Ми треба итно совет. Се надевам многу брзо ќе добијам ваше мислење кој ќе ми помогне да донесам одлука.
    Во Август минатата година децко ми ме побара за жена. И фала Богу прифатив пошто го сакам. И кога кажавме на нашите се срадуваја. Моите беа изненадени затоа што не очекуваја толку брзо. Ме побара на одмор. И кога дојдовме неговите одма као да се запознаиме со твојте. А моите во фрка, немаја време за ништо. И ај прифатија да се видат. И почнаја да се силат кога веридба. Периодот многу пари моите се потрошија и не беа спремни. А барем тие да се некои богаташи. И некако им викам ај покасно или срој да се направи епа ако. И ок. Одма после тоа ги викаат мојве као когај свадба? Мојве збунети презбунети, као не знам кога ке казат младите и дали сакаат. Мојот пошто е единец као ќе има свадба. После го седнав мојов и му велам ај да нема , НЕ ЈА ЕДИНЕЦ СУМ МОЈТЕ КЕ САКАА. Ај си велам може заштедиле пари и сакаат на детето да му напраат свадба. И одма доагаат негојте кај мојве, одат да бараат за ресторан, се прават богаташи. Ај добро си велам. Туку одеднаш нагло ги снема. Мојве да се договориме за свадба као има време. За да после нова година дознаем дека немаат пари за свадба и дека вереников мој го тераат да земе кредит. И ајде им кажувам на мојве и мојве го седнуваат вереников и му велат да нема свадба или скромна свадба со 100 души од двете страни. Вереников им кажува на неговите као не доага у обзир ке има свадба ете кредит ти ке земес бла бла. И ок , подаде вереников мој документи за кредит и не му одобриле. И го прашувам сеа што? Нека дојдат твојве да се договориме, неговите бегаат од мене и од мојте. А јас седам со мојте уште а вереников со неговите и ке треба во заедница да живееме. Му дадов предлог пошто моите имаат стан да живееме таму и парите мојте што ке ми ги дада да си купиме намештај. Најверојатно не им се прави кејф и не одговараат ништо. А свадбава се ближи, нареден месец е. Немам ни венчаница купено, тука кај нас машкото купува нит ништо. А свекрва ми а зине ке каже по некоја лага, што не е убаво.

    Што би ме советувале? Не знам ни јас веќе што да мислам. Дома ќе се мрднеме со мојве.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.