Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    се наоѓаш во тешка ситуација... прво разговарај со вереникот, мора да го решите тој проблем, и зошто неговите го наговарале за кредит, кога може да си направите мала свадба, скрос да обележите денот, и ти да бидеш во бело... тој ако уште сега ги слуша неговите, што ќе остане за понатака... само разговор може да ви реши се, нека ги натера неговите да седнете сите заедно, да видите на што сте, дали да правите свадба или не... зошто да бегаат, ако немаат пари, па и не мора свадба, ете регистрирајте се, поканете ги само најблиските и доста е, битно е вие да бидете среќни, не свекрвата... и гледај да го наговориш вереникот да се преселите кај вас во станот, бидејќи тешко тебе ќе биде, ако одиш таму... ако повторно избегаваат размисли си многу убаво за кој да биде твојот нареден чекор..
     
  2. zbuneta2

    zbuneta2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    5
    Верувај ми пробав зборував со него и он после со неговите. Исто му реков мала свадба. Неговите не сакаат. Им било срам да кажат дека не прават свадба затоа што немале пари. Цело време се фалеле дека имаат и дека ке му направат свадба за паметење. Пробав и немора свадба ете моите ке ми дадат мене пари и ке имаме за наредни 5 години. Неговите му рекле се продаваш за 5000 евра, значи си папучар. Одма под нивно влијание паѓаш. Му реков нека се потрудат твоите да најдат пари бидејки родителот прави свадба, му рекле не можеле. Не знам стварно што да правам, ке полудам. Згора на се, пред некој ден кога се сретнав со мајка му, ми вели леле колку си наоблечена утре кога ќе имаме бебе ќе го облекуваме како јас сакам. Страшно, уште Петко не роден капа му крои. Ова е невидено. Не знам што да правам. Вакви родители немам сретнато.
     
  3. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.423
    Допаѓања:
    8.582
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш ме нервирале вакви едињаци, кои се заслепени од мислењата на мама и тато па од нос подалеку не гледаат и ретко кога донеле сами одлука во животот.А зошто не пресече тој како вистински маж, нека им каже ние решивме тоа и тоа и така и така има да биде и крај, кога и онака не му ја прават свадбата, туку го тераат да се гуши во долгови непотребно.Донесете ја сами крајната одлука, немој да дозволиш да влијаат, да имаат пари, да му ја прават тие свадбата ок, ама овака...
    Верувам не е дете, туку е возрасна личност која мора од моментот кога сте верени сам да носи одлуки, бидејки не е веке со родителите туку почнува нов живот, создава свое семејство и има големи одговорности.

    Кажи му дека треба заедно да донесете конечна одлука, а да им ја соопшти ним, можеби ке реагираат малку бурно но ке легнат на брашно.
    Верувај дека работата околу одлуките мора да ја средиш уште сега, имам сличен ваков пример, многу близок, па ми е доста позната ситуацијата во која се наоѓаш.
     
    На Dentina и zbuneta2 им се допаѓа ова.
  4. zbuneta2

    zbuneta2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    5
    Во право си. Фала многу на совет.
     
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.393
    Zbuneta2,сериозно имаш 27 години?Одзбуни се што побрзо,за да не те читаме понатаму во -свекрвите и снаите-проблеми,криза во бракот и слични теми..или уште подобро прочитај ја цела тема за искуства..Ти претпоставувам не се мажиш за да исполнуваш туѓи хирови за свадби ако се нема пари,малограѓански наклапања што ќе речат комшиите,и свекрвини желби за аутфит на идното бебе..туку се мажиш од љубов и за да си го тераш сопствениот живот..не мора да играш како друг што ќе свири,очигледно твоите родители се каде-каде помудри од сватовиве нивни,па повеќе потпри се на нивните совети а и на својот разум,кој ти вели дека овде е нешто fishy..
     
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Или ќе си правите свадба со сите адети, ќе си заглавите во долгови кои ќе ги исплаќате со години, кои ќе ви се продлабочат кога ќе имате детенца, ќе живеете во неопремен стан и сето тоа поради туѓ мерак, ама битно ќе им е угодено на свекорот и свекрвата. Нели тие се најбитни и како што гледам желбите на младенците „ги ставаат пред нивните“ па мора да им се оддолжите за убавините што сакаат да ви ги наметнат, да ти е мерак одма да ги имаш. Патем кога веќе им дозволувате да ви се мешаат во свадбата, биди спремна дека ќе ти го раководат бракот.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Enamena

    Enamena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    107
    Те разбирам потполно. Ако им бил син единец што не мислеле на време дека нивниот син еден ден ке се жени и дека треба односно мора да му прават свадба? во оваа ситуација испага дека твоите треба да дадат пари и тоа 5 000 евра што не се малку за денешно време, а он да земе кредит за после они да се перчат на туѓ грб? што се вели некој да се задолзи до гуша а некој да се беснее пред народот? Никако не смееш да го дозволиш тоа. И едни мои познаници беа во твојава ситуација, но кај нив младдоженецот ја одигра клучната улога, можеби и брутално изреагира ама се му беше преку глава. еден ден го седна татко му и му рече ако ми правис свадба добро , а ако не кажи ке си ги поканам самомоите најблиски, моите другари и тие што сметам дека треба да се поканети, а твоите гости нема а бидат поканети бидејќи немам доволн пари, со парите од поклоните ке ги платам моите порции и порциите на жена ми , нема да дозволам нејзината страна да биде оштетена, а со кредитот што ке го земам ке купам одело за мене, фустан за неа и бурми.Ако ти одговара вака повели на мојата свадба, а ако не не ни мораш да дојдеш. Да видиш како му набројаа пари за фустат, злато и капар за во ресторан за 5 дена. Мислам дека тука вереникот треба а превземе се и да седне на зрав разговор со неговите и се што му лежи да им каже. Многу мразам и вакви мажи како твојов и родители како неговите што се зинати само за пред народот а немаат вода во очи. Секој треба да биде свесен за својата ситуација и да ги пушти нозете толку колку што им е долга чергата. Ти посакувам што побрзо да се реши се и те замолувам да не се нервирас. поздрав :inlove:
     
  8. dimE011

    dimE011 Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    здраво ми треба совет и помош со девојка ми имавме еден тежок месец покје се каравме него што бевме зааедно ама пак сега сме заедно се смиривме и вика дека не ме сакала како претходно знам дека е заради тоа со караниците ама ми треба совет како пак да се врати на то старото или на поубо ? :D
     
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.423
    Допаѓања:
    8.582
    Пол:
    Женски
    Искрено не постои начин да се врати љубовта на старо, ако таа веке исчезнала.
    Некои би рекле потруди се да ја освоиш одново, но по мене тоа е само клише кое во практика не дава резултати.
    Знам што значи кога ке снема љубов, така да мислам дека е најдобро секој на своја страна, кога и при период на разделба заклучила дека не те сака тогаш навистина не те сака.
    Не те сакам како порано=не сакам да сум повеке со тебе, не те сакам.
    Се извинувам што сум можеби сурово реална, но ова ти го кажувам како совет од женска страна која има искусено исто.
     
  10. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Џабе ти е брат колку и да се трудиш. Ќе слушниш некои ќе ти викаат бори се, тепај се ова она... Не. Никогаш нема да биди исто како порано а камо ли подобро. Сум бил во твоја ситуација ама јас не направив вака ко шо ти пишувам и давав се од себе да не се разделиме...дури сега сваќам колку сум бил глуп уствари. Кога не оди нешто...не оди... суровата реалност е таква. Твое е што ќе си направиш
     
  11. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    348
    Пол:
    Женски
    Што ќе си помислите ако дечкото пред да стапи во врска со друга те свиѓал,вие сте го одбиле.Но сега додека е во врска постојано гледа во вас и бара изговор да бидете во неговото друштво? :/
    Не заборавајте дека има девојка.Како би се ооднесувале вие,што би помислиле да дечкото и општо за ситуацијава? :D
     
  12. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Прво дека незнае ни самиот што сака. Второ не се плеткај во веќе започната врска, глупо е. Сигурно не би сакала и некоја тебе да ти се плетка. Батали такви
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    Не се мешај таму каде што не ти е местото,денес тоа што му го прави на девојката негова утре истото ќе ти го направи тебе,стависе на местото на неговата девојка во целата ситуација и незнам што е смешно, ако сака да си започнува врска нека си ја раскини веќе постоечката аман веќе од вакви дебили :puke:
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Би помислила дека сака да се е*а ама нејке да му влезе.
     
  15. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    5.918
    Со мојата најверна другарка веке не се слушаме преку телефон цел месец. Порано по цели денови разговарамвме. Не сне испаднале заедно веке 5 недели таа испага со други девојчиња и гледа да испага со некој кај што ке има машки.Порано за се ми кажуваше и скоро цел ден бевме заедно а сеа дали и еднаш ке се видиме во денот а во иста зграда живееме. Денеска и реков нешто да ми помогне а таа ми рече дека ке нема време бидејки ке треба да учи, а после ја гледам во 3 саатот си иде од школо а во 1 не шуштаат и ми вика дека седела со некое девојче. Имам чуство дека ме одбегнува. Ве молам за помошш???
     
  16. UltrasGirlMKD

    UltrasGirlMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    28

    Таа си пронашла друго друвштво,а сте биле бфф? :^) Заради момчиња бфф не се оставаат ... |( Обиди се да ја прашаш што е причината за промената кај неа и зошто те одбегнува,кога веќе таа тоа го прави тогаш нема потреба што да одиш по неа!Отвори си нов круг на пријатли и остави ја,не е лесно но подобро е отколку лажни другарства ;)
     
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Не може никој од нас да ти даде одговор на твоето прашање, само другарка ти може. Но, мое мислење е дека таа веќе не сака да бидете блиски како порано од било која причина, не мора да значи дека си виновна за нешто, па дури ни таа. Знам бидејќи сум била во таква ситуација (јас бев на место на другарка ти), но мојата другарка премногу ме замараше, немаше осет. Каков и да е вашиот случај, викаш дека сте биле премногу блиски, така? Една е нормално да се измори после подолго време, поготово ако е дружељубива личност а најголем дел од слободното време досега ѝ одело со тебе. Не ме сфаќај погрешно, но можни се такви работи во кои нема кривец. Ако некој од нешто се измори, се распаѓаат и врски а камо ли другарства. Помисли си на тоа дека не си ѝ значела доволно и продолжи си понатаму, животот не застанува. Доколку не сака директно да ти каже, ништо повеќе не можеш да направиш.
     
  18. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    5.918
    Вака исто беше и пред 3 месеци. Тогаш ми викаше дека нема да исапгја а чаршија ја гледав со други девојчиња. Коа ке ја прашав зошто ме лажеш она ми викаше не те лажам тогаш не ми дадоа да испагјам па дојде таа кај мене и ја молевме мама да испаднем.. нешто ми кажуеше глупости и пак почнавме да се дружиме како порано но сега не е истата ситуација. И сега ни ја не и викам да исапгаме за да видам дали она мене еднаш ке ми рече а не само ја да и викам.
     
  19. anagjorgjievska1

    anagjorgjievska1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2014
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Двоумење

    ми треба ваша помош и совет
    еден дечко многу ми се допаѓа и јас на него се знаеме многу одамна и до пред некое време ми призна дека сум му се свиѓала уште кога бил во врска со мојата поранешна другарка но они завршија многу одамна и јас искрено би сакала да имам врска со него но притоа бара да имаме односи а јас сум 16 ипол години и сум девица не знам што да правам помош...???
     
  20. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Не ја викај, со сила убавина не бидува. Ако на неа никогаш не ѝ текне да те викне, помири се со тоа и заборави ја, најди си и ти друго друштво. Ако ѝ текнува повремено, бидете си онака лабави другарки, ќе си се гледате повремено и не се оптеретувај толку со неа, нема да ти биде најдобра другарка. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.