Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    4.596
    Не сум воопшто компетентна да кажувам т.е. да делам совети но имам сестра мажена и кога има проблем,секако на мајка ми и бара. И секогаш сум јас присутна... Имам најубав совет за тоа:
    НА УВЦЕ НЕ ЈА РЕДИ!

    Едноставно игнорирај ја... од едно увце нека влегува од друго нека излегува. Гледај си го маж ти и остави ја вештерката да се глупира. А ако му викаш на маж ти нешто и ако се карате заради неа, немој. Со тоа ја исполнуваш ..

    :hai:
     
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Само малку помош :)

    Овој пост го прочитав некаде, или доживеав дежа ву?

    Како и да е, оди запознај се со дечкото, ти е гајле за типката. ;)
     
    На xxAngelxx му/ѝ се допаѓа ова.
  3. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Прашањево што ќе го поставам ќе делува смешно и ќе си помислите дека имам многу бујна фантазија и летам во облаци, но...Не е така... :$

    Ќе бидам кратка:
    -Како би се однесувале со дечко, кој има идентична нарав и навики со Ѕверката од Сексот и градот? :$ Можам до сабајле да го опишувам , ама ај на кратко; комплициран, двосмилен, флегматичен, лежерен, влијателен, секогаш супериорен во друштво, делува страшно самоуверено и моќно....И мноогу уште... :$
    ако мислењево не е соодветно за во оваа тема, преместете го
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Како Кери :lol:
    Кога таа го скроти Ѕверката, можеш и ти :D

    Се шалам. Секогаш советувам да не мислиш многу на тоа како да се однесуваш. Природно е одговорот -однесувај се како што ти доаѓа и не планирај однапред. Имам една другарка која постојано тактизира: "е сега кога ќе го видам не го рецкам, нареден пат ќе го погледнам вака или така итн." - никогаш не изгледа природно, остава впечаток како да се труди премногу, зашто дури и ако не обрнуваш внимание, ако е тоа усилено - верувај се познава дека е одглумено.
    Затоа, биди ти и види што ќе се случи. ;)
     
    На Mistery, milky-candy и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. bbeebbee

    bbeebbee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    па вака ми треба да ми кажете за тоа како и соопштувате на вашата мајка дека имате дечко ... може смошно ви е вам ..но мене не ... ми треба помош како да и го кажам сето тоа ..како да почнам ... треба што побргу да и кажам бидејќи ме мачи тоа во мене да го кријам од неа... фала ви однапрет..
     
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    А колку години имаш, па криеш од неа? И постои ли некоја посебна причина зашто криеш?Дај повеќе информации, за да знаеме што да ти советуваме.
     
  7. bbeebbee

    bbeebbee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    сега во мај ќе наполнам 16 .. инаку не дека кријам само незнам како да и соопштам ианку не е дека ми забрануваат и слично само тка незнам јас како да и кажам ..
     
  8. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    ббееббее а колку години имаш на, на твојот профил пишува -1 :lol:? Претпоставувам дека имаш под 15 години штом бараш таква помош. Лично јас на мајка ми не и соопштував за дечковците што ги имам-самата дознаваше. Зависи и твојата близина со нејзе, едноставно започни некој разговор општо и полека полека навелечи ја до моментот кога и таа самата ќе те праша а да не си заљубена и така ќе си продолжи целиот муабет
     
  9. bbeebbee

    bbeebbee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    инаку нее немам под 15.. сега во мај месец ќе наполнам 16 ... зошто би излазала а тоа на профилот е така ставено
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Зависи од тоа колку сте блиски.Најубаво е со кафе-муабет, или едноставно,нека те побара на телефон, а мајка ти да се јави и самата ќе те праша кој е,што е, како е, а ти биди спремна да одговориш на сите прашања.И мислам дека ќе и биде мило да знае со ког си кога ќе излезеш.
     
  11. bbeebbee

    bbeebbee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    па да затоа и сакам да и кажам веќе еднаш и да не ја лажам немозам да издрзам вака ... но за претходниот кога и реков таа само така го прифати тоа онака суперски и ништо не ми противрече иаку потоа кога и казав кој што како е ми кажа неколку збора за мене и дека не е за мене на почеток се налутив но подоцна сватив дека е во право и дека како што кажа таа така се и испадна ... затоа сакам сега да и кажам .. но ете како...
     
  12. argentina

    argentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    ми требаа години да ја убедам да не ми зборува оти не ми се слушат глупости, некој кој не си го уредил животот ти кажува како да живееш тоа ти е
     
    На xxAngelxx му/ѝ се допаѓа ова.
  13. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Луѓе мои - јас мислам дека гадно се заљубив во него... :| Вчера бевме заедно и открив многу работи за него...Типот имал сериозна врска од 5 години и таа изгледа ептен го повредила и зезнала...Има една година од кога не се заедно...И затоа он е така резервиран, лежерен, мистериозен.......Вчера ми кажа отворено некои работи - дека е патријахално воспитан , замислете? Има многу специфичен живот со сериозни работни обврски и ангажмани(нон-стоп го бараат, му ѕвонат телефони....) Ме праша дали можам јас да се носам со сето тоа? Јас всушност го разбрав дека неговиот збор треба да е последен, а ја да бидам негова верна сенка што ќе го прати на неговите службени состаноци, патувања и сл..Па и јас сум академски граѓанин и работам и се - и тој тоа треба да го цени, а не да мисли дека целиот свет околу него се врти...Не сакам заради успешен маж да се откажам од кариерата, макар и да ми е скромна - моја кариера си е и јас сум ја градела макотрпно сиве овие години...Уште и ми вика дека од што бил многу добар луѓето многу пати го повредувале и ми потенцираше дека го немам видено во издание кога е изнервиран до максимум...Сфатив како да сака нешто да ми каже меѓу редови( дека не смеам да помислам на друг ако бидам со него)...Јас секако дека нема да го изневерувам...Почна да навалува да му кажам колку дечковци сум имала до сега...Крајно глупо ми беше да му давам отчет на моето минато иако немам црни сценарија на љубовен план, кои треба да ги кријам вешто...Кога ја испи втората пијачка, ми призна дека не сум била свесна колку сакал да биде со мене и јас и он совршено би функционирале...Не ми се веруваше дека тоа го слушам од него - типот до сега се поставуваше према мене како емоционален инвалид буквално...Единсвено можам да го сфатам дека со оглед на некои негови особини и некои др. работи, илјадници девојки би му се лепеле од корист...Впрочем, јас сум била и сведок на такво нешто...
    Иначе да ви кажам дека вчера паднаа првите бакнежи :$
    Викендов ќе одам надвор од Македонија кај другарка ми, која многу ми недостига и сакам да ја видам и бевме договорени пред 10 дена, а дотичниот се налути зошто на Први и втори мај нема со него да бидам... :| Ете тоа е најново... :worried:
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Милки мене тој ми изгледа на контрол фрик. Не знам колку ти е паметно да се сложиш на се’ што побарал. Плус ова со минатите дечковци и извештајот на вечер кога паѓаат првите бакнежи ме плаши.
    Ти си знаеш, ама добро размисли.
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Абе, според мене секој треба да си проба да си види, бидејќи дур не осетиш на сопствена кожа, што е и како е, нема да знаеш и вечно ќе се прашуваш и ќе ти е искушение секогаш. Пробај, пак ќе видиш, макар што од сево ова не знам ни јас колку би направила нешто, но... кога би ме привлекувал, како што очигледно те привлекува тебе би пробала, но претпазливо, без многу да се опуштам со таквиот. Види си како ќе течат работите. Ти најдобро ќе прецениш, после неколку наредни средби, бидејќи едно е пред, а друго е потоа, откако ќе се развијат работите што ќе видиш, така што, само ти си знаеш најдобро.
     
    На milky-candy и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Милки и мене некако не ми се допаѓа начинот на неговото однесување,никој не треба да биде ничија верна сенка,па макар колкав и да е комфорот кој ќе го добие како фидбек за тоа-во вид на емоционална приврзаност,финансиска сигурност и да не набројувам натаму.Некаде имам прочитано како партнерите треба да бидат како дрвјата цврсто да стојат,меѓутоа да не влегува едниот во сенката на другиот.

    Ти си таа што ќе ја донесе конечната одлука,но на секое отстапување кое би го правела ќе губиш дел од сопствената личност,а никој не е вреден за да се плати толкава цена нити па било кој има право да бара од некого такво нешто.Врската или бракот треба да биде сојуз кој го формираат две индивидуи целосно способни за одвоена егзистенција,кои своеволно одлучиле да бидат заедно.Треба да има заедничко донесување одлуки и почитување на мислењето на секој од партнерите и поединечен развој,ако само едниот ја преземе контролата тоа кога-тогаш ќе се одрази негативно за двајцата.
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Милки, нема совршенство во ништо.Тој е многу повреден и сега ја покажува суровоста на некој начин си ствара одбранбен зид со тоа да се заштити од повредувања.Јас мислам направи како што те води моментот...Пробај, зашто никој не е имун на убави, нежни зборови, искрена насмевка, љубовни гугуткања, комплименти итн.Ме сфаќаш што сакам да ти кажам ;) ... Секој може да омекне на ова и да се препушти, па така и тој.Пробај, па ќе видиш како ќе се одвиваат работите меѓу вас. Да не испадне подоцна да се покаеш, зашто обавезно ќе се најде некоја која со јака волја и трпение ќе успее да го добие.Јас сепак мислам дека е навикнат да е центар на внимание, ама верувај ако тактички одиграш ќе успееш да го смениш местото, ти да си центар на неговиот свет. :)
     
    На zhap4e и milky-candy им се допаѓа ова.
  18. bbeebbee

    bbeebbee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    хелп. несакам повеке да сум сингле ... се гледам со момчето веќе едно 8 месеци ..овие последните 3 сме многу приврзани се сме заедно повеќе зборуваме се си кажуваме се шетаме низ град заедно фатени за раце сите не гледаат тој не се страми од мене нити јас од него го сакам и тој ми вели дека сум су убава итн ...но сепак тој знае а и јас дека не сме официјално заедно и ми вели деке подобро му е сингл дека ја сакал слободата а јас му велам дека и да е со мене никој нема да му ја земе слободата негова си е нема да го врзам буквално но ете нез што да направам што да му кажам ...помош..
     
  19. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Подобро би било веднаш да не напаѓаш на терен. :) Бев во многу слична ситуација како што си сега ти. Исто и тој така не сакаше обврски, излегувавме заедно се исто како дечко и девојка но тој не сакаше да знае да ми предложи врска. Јас не сакав да испаднам онаа досадната и нападната и во почетокот не преземав ништо иако лудував по него и стравував да не го изгубам. Oстави му простор да сфати дека ти нема да му ја одземеш слободата. Изгледа потребно му е многу време да се одлучи. Но кога веќе гледаш дека е пасивен и понатаму а стравуваш и ти да не го изгубиш тогаш објасни му дека не можеш повеќе така да продолжиш. Дека не си несиорзна личност и не сакаш да си го губиш времето со некој што сака само провод. Поинаку не знам што би ти кажала. Мене ми успеа вака и до ден денес сме заедно :)
     
  20. annasarah

    annasarah Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Zapoznav decko koj e da ne recam ama zabegan so sport a toa i mu e profesija pa ne e za maana ama nesakam i jas da sum del od toa i do sege mi uspeva toa i imam problem sto zaedno sme super i e ok se no toj saka poseriozna vrska da recam za nekoe vreme brak, no so negovata profesija bi mozel da odi sekade vo svetot da raboti a jas si imam rabota i ne mi e sigurno da krenam po negoviot pat, zatoa sto vo denesno vreme sekade se sklucuvaat dogovori, a isto e od dobra familija, no sto ke pravam jas i razmisluvam dokolku se omazam so nego i treba da si ja napustam rabotata i da se vpustam vo negoviot sport i mozam da rabotam i drugo no kako moeto dete utre ke odi na skolo koga bi se selele od edno mesto vo drugo, pa ne e se vo parite neli i sto da pravam jas ???????????
    [mod-kirilica:2dunpzip][/mod-kirilica:2dunpzip]
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.