Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Emma4

    Emma4 Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    67
    Бев во врска 10 месеци. И му раскинав. Зошто? Значи, многу се сакавме, ама јас не сум подготвена за врска. Имам скоро 16, за точно еден месец полнам 16. Прва година сум и сакам да се посветам на учењето, на себеси. Не сакам да имам дечко. Тој ми е многу лут зошто му раскинав. Инаку, малку сме разлика, тој е постар неколку години. Значи, на почетокот си велев што е убаво да имаш дечко, ама треба и да бидеш подготвен. Не сум подготвена за сериозна врска. Го сакам и ке го преболам. Животот продолжува. Ќе плачам неколку месеци и ќе исплачам. Се каам што потрошивв толку време на него. Сакам да имам дечко од трета година па натака. А и него го повредив што го оставив. Ама тој е возрасен, друг жвот живее, јас друг, разликата во години е очигледна. Дали донесов правилна одлука?
     
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.206
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски

    Јас мислам дека твојот дечко многу влијае на тебе и твоето размислување ама многуууу !
    Не ми се верува оваа што го читам ,зарем утре друг ден тебе ќе ти биде тешко да се грижиш за твоите најмили ако навистина им е потребна твојата помош додека тие самите пораснат и не се осамостојат.
    Неубаво е оваа што ти го мислиш,колку и да е ризично и каква и да ви е ситуацијата не ли помислуваш дека детето е благослов од бога,ако требало да се случи се случило од љубов :)
    Не мисли премногу за далечната иднина не планираш ако оваа се случи ако онаа се случи,гледајте да сте си сите заедно,целото семејство да ви биде среќно и исполнето со љубов се друго е друга приказна верувај :)

    Еве ќе ти кажам најсвеж пример
    Наша куќна пријателка има 43 години а мажот и 50-51 мислам имаат син еден моја генерација т.е 22години има ,и после толку години жената неможеше да остане повторно бремена се обидуваа многу пати но ништо се откажаа и сега е бремена веќе 5ти месец :) значи после 23години. Најпрво го праша син и како ќе реагира и дали ќе се согласи таа да се породи тој секако и дозволи и е прерадосен,а разликата со неготвата идна сестричка ќе биде 23 години :) Така да не ги осудувај твоите и прифатете го тоа затоа што децата се благослов и секогаш треба да се добродојдени дали намерно или ненамерно се случило тоа :)
     
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Ако така размислуваш, значи за тебе тоа е правилно и тоа е во ред. Нормална е неговата реакција, повреден е. Ако имаш сомнежи, можеби требаше да му дадеш шанса за компромис ? На пример да се гледате само откако ќе завршиш со сите обврски со училиштето и учењето, па и воншколски активности, во слободно време ? Да не бара и очекува премногу од тебе, да ја имаш потребната слобода без непотребен притисок. Дали разговараше за него околу тоа какви планови има штом е нешто постар од тебе ? Дали ти постави ултиматум за сериозна врска ?

    Размисли малку, и не се преоптоварувај сепак си многу млада. Во животот често се случуваат вистински работи во погрешно време и обратно. Само треба да се постават приоритети ;) .

    --------------------------------------------------------------------------------------------------------
    За девојката која предвидува дека животниот век е 40тина години. Тие луѓе те израснале тебе и сестра ти, дале се од себе да ти пружат нормален живот во рамки на можностите. Себеси се лишиле од безброј задоволства за тебе да ти удоволат. КОЈ е тој странец кој ја користи твојата немоќ пред емоциите да те сврти против нив ?? Зарем, човек кој не ги прифаќа луѓето кои те направиле човек,а а со тоа и тебе е вреден за твое внимание ? Запрепастена сум колкаво влијание има на твојата моќ за рассудување. Шокирана сум. Ја сакаш ли сестра ти ? Твоите се млади, а и ти си.Се почесто во денешно време на нивна возраст основаат семејство. Како така си земаш за право да мразиш мало суштество кое има за задача да донесе неочекувана радост во домот ? Или ти е грижа само какво мислење ќе има тинејџерската популација по повод тоа прашање ? Размисли, дали таков човек заслужува место покрај тебе, дали го заслужува местото на твоето мало сестриче или братче, на невини очиња кои во тебе со восхит ќе гледаат поголема сестра ?

    БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ, се случува. Штета што се случува кај себични луѓе. Maybe it's an eye opening experience.
     
    На Emma4 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    13.333
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно само зошто се каеш што си потрошила време со него? Погоре викаш си го сакала, ќе го преболиш, а после викаш се каам. :?: Малце не си ми јасна во тој дел, ама твое си е. А за одлуката си можела едноставно да му кажеш дека сакаш еден период да се посветиш кон учењето и дека ќе се гледате поретко. Искрено мене ова ми е многу глупаво. Ипак како што кажав самата си одлучуваш што и како ќе правиш.
     
    На Emma4 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    Оф мори мајко мила што се не ќе прочита човек.
    Прво и најбитно родителите не ти се стари. јас сум 34 па допрва се спремам да раѓам, ако одам на второ ќе ме фати четериесет. Мојата пријателка дете роди на 41. НЕ Е НИКАКВА СРАМОТА, РАДУВАЈ СЕ
    Здравствената и финансиска ваша состојба е само ваш проблем, нема што твојот дечко да кажува мислење.
    Девојче незнам во каква средина живееш но малецка си на 19 да се мажиш, не биди будала. Запиши факултет (ако немате пари, можеш да работиш и студираш, не е страшно и јас така завршив факултет и моите немаа пари)
    А дечко ти е зелка зелена да знаеш. Нема што тој да кажува кој да раѓа кој не, па уште и се срамел. Не му потпаѓај под влијание.
    И најважно не се секирај за иднината или за детето кој ќе го расте. Родителите се чудо кога е дете во прашање, и операција ќе помине и се ќе помине и ќе се снајдете.
     
  6. pinklife

    pinklife Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    2
    Мислам дека грешиш ако неговото присуство те прави среќна зошто вакви одлуки..Еден ден ќе бараш пак како него што ќе го сакаш но можеби нема да најдеш.Разликата во години не е многу битна :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681

    Cпоред мене погрешна одлука. Aко врската била добра, ако имало љубов,почит, разбирање итн...не гледам зошто да се стави крај. Учењето не е никаков проблем, ако знаеш да си го распоредиш времето ќе си завршиш се навреме. Незнам што подразбираш под тоа подговена воопшто не си мала со твоите 16 години. Kога имав 16 се фативме со сегашниот дечко, врската ни трае веќе две години. Cи одам на училиште си ги завршувам училишните обврски, си имам одлични оцени, секој ден се гледам со дечко ми, значи имам време за се, ако сакаш се можеш да постигнеш.
     
    На Lovely93 и Emma4 им се допаѓа ова.
  8. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Докторите тоа ќе го видат дали и колку и е ризична бременоста, тие ќе ја советуваат ако треба да направи абортус. А и да се случи нешто сигурна сум дека некој ќе се грижи за бебето. Ако не сакаш ти можи сестра ти ќе сака или некој друг, али алал да ти е и ти до кај појде со мислењето во тој поглед.
    Инаку мислам дека ти тука ништо не можиш да направиш, па и да разговараш со мајка ти.
    Ете таа ќе ти објасни поубаво слободно разговарај, ќе видиш дека не си во право за ништо, а не е во право ни дечкото.
     
  9. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Wait!
    Како тоа не си подготвена за врска а си била во врска 10месеци?
    Зошто си била во врска 10месеци,кога не си била подготвена за истата?Едно си била во врска со повозрасен од тебе,друго не си поготвена за врска,трето сакаш дечко од трета натаму.Ај одлучи се што всушност сакаш па после прашувај,дали имаш донесено правилна одлука. Зошто воопшто си налегувала во таа зона?Многу сте се сакале ,а сега не се сакате? Се каеш што си го потрошила времето на него?А на почетокот ти било убаво што си била у врска со него? ако ти знаеш што сакаш сега во моментов еве на.
    Второто болдирано едно е ти си дете кое го запознава светот друго е тој е возрасен ,значи различни сфаќања на животот имате.
    Животот секако дека продолжува,но тоа ми е многу патетично ќе патам,ќе плачам ќе го преболам,лесно е тоа жими мајка.
    Ти мислам добро,седни разговарај со некој поискусен ,средно си прва година учи,дружи се,излегувај за тебе животот тек почнува,дечко и такви ствари ќе си дојдат ,само среди го размислувањето.
     
    На Emma4 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.423
    Допаѓања:
    8.588
    Пол:
    Женски
    Сето ова ке ти го кажам најсикрено, од дното на душата.
    Првин ти си крајно недозреана, дури и приглупа, заслепена, хипнотизирана и за еден таков убав ќотек дури не ти дојде паметот!
    Ме револтира самата помисла дека дозволуваш твојот дечко, некој си неспособен мочко кој неможе да го среди прашањето околу станбениот простор, да одлучува радикално за твојот живот, а твојот живот се и твоите родители (барем би требало да е така).Кој е тој кој си зема за право да решава, дури и да помислува на муабети кои ги имаш наведено дека ги има кажано?! Море марш на сите такви, па маж нека ми е после години и години брак не би смеел да се осмели да зборува за бременоста на мојата мајка т.е. за мојето идно сестриче/братче.Себично суштество кое размислува само за себе, а пати од некои комплекси, па ги лечи на тебе, ужасно сака да те контролира и мотка, а зошто па и да не кога начекал некоја како тебе.

    Освести се дури ти е време, независно од тоа каква е бременоста на мајка ти и состојбата на татко ти.После некое време ке биде нешто друго, а ти нели се ке го послушаш па кој знае во што и како ке завршиш.Мислам се тешиш самата себе си со некои работи, а во исто време се уништуваш.
    Незнам...ме нервираат ужасно суштества како тебе, не како дечкоти.Па колку и да сакам некој после такво негово размислување, автоматски би го замразила за секогаш.Уште најдобар ми е моментот што имаш 19годни хахахха. Ц ц ц страшно.
     
    На mimiiiii, SV1911, senza.parole и 6 други им се допаѓа ова.
  11. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    603
    Дечкото е тотален глупак, се извинувам на изразот ама така е, кој е тој да се меша во одлуката на твоите, кој е тој да ви ја пресметува домашната каса?
    Мразам вакви, многу мразам. На моја блиска и се случуваше пред некое време слична ситуација, велам слична бидејќи дечкото сеуште небитен за нејзината фамилија сака да располага со некои работи кои за него се најмалку битни( треба да се најмалку битни)
    На девојката двата родители со здравствени проблеми и дечкото во влезен во некој филм и дели филозофии како тој нема намера да им помага со парични сретства, ниту пак на друг начин, но од друга страна очекува девојката неговите родители да ги тинтра до самата смрт. По која основа таа има обврска а тој нема никаква ??


    Vlubena во никој случај немој да дозволиш тој да ти кажува како и што треба твоите да прават. Биди среќна и подржи ја мајка ти во одлуката, тоа што бременоста е ризична не значи ништо, со помош на медицината и со верба во Бог се ќе биде добро. Доколку нешто сака лошо да бидне и обично вадење на заб ќе биде фатално.
    Тој дечко ако се премисли и му дојде мислата добро, но никако немој од твоите да се одкажеш за него, голема грешка ќе направиш.
     
  12. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Сите различно гледаат на работите. Еве таа сватила дека не го сака дечкото колку што мислела или пак дека самата се сака повеќе од него. Во секој случај не е таа крива што така се осеќа, барем јас така мислам. И неможе човек да бара сериозна врска од 16 годишно дете. Друго е гледањето на работите. Таа сака да излегува, забавува и тој живот нејзе сега и е далеку поинтресен од излегување со еден дечко. А може со повеќе. Такви се тие години. Ова од лично искуство го знам... сум бил во ситуација на нејзиниот дечко
     
    На Emma4 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Абе фала богу дека секој различно гледа на работите.Јас само го дадов своето мислење за нејзината состојба не ми беше намерата да ја навредам ,но доколку со нешто од мојот пост ја имам навредено јас и се извинувам.Никој од неа не бара сериозна врска,зашто и самите години не се такви.Туку мене само ми е чуден нејзиниот исказ.А тоа второто го потенцирав на крај на мојот пост.
     
    На omg92 и Emma4 им се допаѓа ова.
  14. Emma4

    Emma4 Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    67
    Не се навредив, напротив. Штом тука сум напишала за совет треба да бидам и подготвена и за критики. Никаква навреда не упати спрема мене. Ти благодарам и на тебе и на другите на мислењата.
    Инаку, ми беше интересно да имам дечко. Но со тек на времето сфатив многу работи. Значи, се гледа разликата помеѓу нас. Згрешив што потрошив толку време, ама не можам повеќе да се повредувам. Значи он сака да бидеме во сериозна врска, а јас моментално тоа не можам.
    На пример тој сака навечер да излеземе во дискотека и да си дојдеме покасно ноќеска 3,4,да одиме летово на одмор а моите не ми дозволуваат бидејки сум била мала. Разговарав со моите и ми велат дека имам време кога ке имам дечко, кога ке излегувам доцна навечер, кога ке одам на одмори со дечко, ако почнам одма ке ми се здосади понатака. Моите не ми забрануваат да бидам со него, но не ми дозволуваат се. И ги разбирам. Родители се. Не им се лутам. Ми дозволуваат да излегувам ама не доцна навечер и дома да сум кога треба. И според мене треба да почекам до 18 (кога ке бидам трета).
    Ми се налути што го одбив за на одмор и др. Јас ке ги слушам моите. Кога ке наполнам 18 тогаш сама ке си кажувам. Не можам да ги повредувам моите. Не ги почитува моите и нивната одлука. Мене таков дечко не ми треба.
    Само малку ме копка што го повредив со самото тоа што го оставив. Дали не е фер тоа? Пред се сум на прво место јас. Не сум себична, но не сакам да се повредувам. Му кажав полека да одиме, не сакаше.
    Разговаравме, се обидов да му објаснам, да ме разбере. Не знам, како да имам грижа на совест.. :)
     
    На Ruzica00, XstrongerX, Srckata28 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Баш ме радува што има вакви млади како тебе што размислуваат правилно.
    Денес тешко е се најде.
    Продолжи така. Има време за се.
    Се во свое време ќе си дојди.
    Прекрасна си, стварно. :)
     
    На Emma4 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Озбилно браво за тебе и твоето размислување. Стварно ретки се тие што размислуваат така на твои години. Тој ако размислел барем малку ќе сфател дека нема право да те притиска за било што. Нема тој зошто да ти се лути поради тоа што не те пуштиле на одмор или пак покасно од 12. Детско понашање ама од негова страна.

    Твојот пост последен ми беше бе затоа тебе те квотирав... имаше и такви што и се запнаа за тоа затоа така реков :)
     
    На Emma4 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    За првото болдирано, зошто е во право?
    Затоа што ТОЈ смета дека е срамота на 40 години да се биде повторно родител?
    И има право според тебе? Во тој случај, ти си крајно себично суштество, заслепено од љубов.
    Па многу луѓе имаат направено операции, па ете ги сеуште функционираат правилно фала богу. А тоа што мајка ти е во ризична бременост, не мора да значи дека ти и дечко ти треба да одлучите дали ќе раѓа или не. Сметам дека е доволно возрасна за да донесе одлука.
    За второто болдирано, сакаш да студираш? Никој не ни може да ти го ускрате тоа задоволство, знаеш дека пола и повеќе од студентите освен студии, поработуваат настрана по нешто. Плус пари во џеб не се на одмет.
    Летото можеш нешто да работеш, за да си штедеш пари за факултет. И не ми кажувај дека не може, нема работа или сл, имам другарка која од 1ва год. средно почна да работи, па еве во септември дипломира. А да, и студиите сама си ги плати сите четири години, без денар од дома да земе.
    А за третото болдирано, јас се запрепастив? Како мислиш ако се разболат, кој ќе се грижи за нив? Лошо се имаш изразено, или? Ако одговорот е не, не знам што повеќе да кажам.
    Логично, и правилно е ти и сестра ти да се грижите за нив, за луѓето кои ве израснале, кои бдеале над вас кога сте имале треска, кои никогаш не дозволиле да бидете гладни, жедни?
    Ти си многу неблагодарна личност.
    Ете, да си ја олесниш маката и да се спасиш од срамот, мажи се уште на 19 години.
    И за крај, кога веќе вака плитко размислуваш, очигледно е дека се согласуваш со дечко ти-да се земете, и да заборавиш на твоите родители.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    И што?
    Сега да иде тој или ти на твоите да им рече да го абортира бебето?!
    Ма што толку е тој загрижен за твоите?
    Ти кога ќе се омажиш, пошто нели тој така сака, т.е. заедно сакате, тогаш нема вие да седите со твоите родители ниту ќе имате обврска да ги гледате и издржувате, ниту нив ниту сестра ти!
    Стварно не ми е јасно ништо од ова!
    Подобро седни со твоите разговарај!
     
  19. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.181
    Oва се вика перење мозок....зарем???Cве ќе прифатиш,откажување од род и пород,само да се омажиш за ваков конзервативен стереотип...да го родиш,чуваш,раниш,изгледаш и пораснеш во нормална личност и на крај да ти каже еден ден сопственото дете дека се срами од тебе,дека некој си тамо рајко,петко и го испрал мозокот ,е човек да земе да се отепа :tmi: да се срами од ништо,ај да се живеело во дисфункционална средина,па да кажува со полна уста како се срами од родителите е повеќе сватливо,меѓутоа вакво нешто воопшто не ми е ...
     
  20. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    2.464
    Твоите не се воопшто стари, можеби е малце чудно што ќе бидите разлика со бебчето 20 години, ама тие воопшто не се стари. Некои луѓе имаат над 30 години и сеуште немаат склучено брак. Моја другарка има родители кои што имаат по 60 години, ајде за нив да речеш дека се стари.
    Се согласувам со феминките погоре дека си себична, премногу себична. Мислиш само на себе, на својата љубовна врска што извини вака ама според мене не чини 5 пари. Тој ако те сака тебе ќе те сака без оглед на се, и кога ќе дојде време за венчавка тој со тебе ќе се ожени нема да се ожени со твоите родители.
    Жалосно е тоа што им го правиш на твоите родители. Ако таткоти е болен можеш да појдеш на нива да му помогниш, ако мајка ти има ризична бременост можеш дома да и помагаш. Можеш и да работиш кога веќе нема излез за да си обезбедиш образование. Има излез ако се сака
    Мене да ми речи дечко ми дека се срами од моите родители поради било какви околности и дека кога ќе се земиме не сака да ги види во нашиот дом, тоа многу ќе ме повреди и јас ќе бидам таа која ќе му раскинам, а не уште да го молам.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.