Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. marisaa

    marisaa Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    Имав еден другар, од ден на ден, зближувајќи се со него, почнав да чувствувам дека го сакам повеќе од другар, но не и тој мене, иако никој и никогаш не дозна, малку покасно сватив дека навистина го сакам, но тогаш тој си отиде засекогаш, се пресели во друга држава... сигурно ќе си помислите не е можно да се сака некого, со кого си немал ништо, но можно е, не знам како го засакав, ама го засакав, едноставно кога ќе го погледнав, бев најсреќна, иако го гледав со други девојчиња, едноставно бев среќна што барем ќе го видам, се сеќавам дека целата треперав, и секоја вечер плачев....ама помина.... сега излагам со еден дечко, кој е фин, ме почитува, излагаме 3-4 месеци... но едноставно јас никогаш не сум се почуствувала како порано.... сакам да го сакам, навистина, сакам повторно да се затрескам онака лудо, и да не мислам дека на крај ќе бидам разочарена, дека тој нема да ми возврати,само сакам повторно да сакам некого и по цена да знам дека на крај ќе бидам можеби разочарена......само сакам да си дадам шасна себеси да бидам посреќна.. сакам да го почуствувам тоа чуство, ама неможам... едноставно кога сум со него, ми е убаво, ако тој се јави да се видиме, ок, ако не се јави, исто ок...не знам што ми се случи мене, ама знам дека јас не бев таква.... на прашањето, дали само еднаш се сака, можеби ќе кажете дека зависи од самата личност, колку таа личност ќе си дади шанса себе и некој друг..... но како, кога и не сакам да мислам, дека само ќе останам повредена... можеби затоа што не ми изразил чуства, освен дека му е убаво и сака да е со мене, ништо друго, за овие 3-4 месеци, можеби е малку... тој не ми изразил чуства, барем да ми кажи дека му значам, само неколку убави зборови, тогаш сигурна сум дека ќе заборавам на се.... или само не сака да ми дава ладна надеж, бидејќи не сака да има ништо повеќе со мене, освен излагање(немојте да кажете само да разговарам и да го прашам што мисли за понатака, тоа нема шанси)дали грешам? во последно време дури кога сум со него, воопшто не ни збориме многу, ако тој не отвори било каква тема, ја би немала ни што да кажам, не знам, некако сум изморена од све и сакам да бидам сама, барем на неколку денови, барем да знам како и што да правам... дајте ми некој совет, што и да мислете за оваа ситуација, слободно пишете..
     
  2. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    Здраво до сите нова сум тука се надевам дека пишувам на правата тема :)

    Вака верена сум и за месец дена ке правиме свадба :) Дечково мој има еден роднина втор брачед мислам му е , ок е дечково не е лош али една девојка што има леле мајко, ни збори ни говори, намуртена е цело време кога ке ја сретнам а она најлошото е што е најдобра другарка на бивша на вреников мој :tmi: и секој пат ме гледа како јас да сум крива што вереников мој не е со другарка и и замислете 5 години ни здраво ми нема кажано :!: и сега роднинава се тутнал да дојдт по мене кога ќе идат по мене дента на свадбава овој мојов незнае како да го одбие незгодно му е а сигурно ако дојди по мене ќе ја домкни и неа, не сакам во куќи да ми доаѓа она едноставно нема што да бара да ми го расипи денот со таја злоба нејзина, што да направама? Како да кажам да не доаѓа таа? :|
     
  3. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    MISLAM DEKA TREBA NA NEJZE DA I DADES NEKOJ ZNAK ZA DA SVATI DEKA NE JA SAKAS DA TI DOAGA DOMA I NEKA SE ZAPRASA SAMATA DALI TREBA ILI NE TREBA PO STO GLEDAM DEKA BILA NAMURTENA CELO VREME A SEGA STO MAJKA BARA DA DOAGA ,ON NEKA SI DOJDE SAM A TAA NEKA KAPI DOMA ...POZ
     
    На bridetobebt му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    оо таја не ни збори ко ке се видиме како знак да и давам треба на брачедов на вереников да кажам а нема како незгодно е оти фин дечко е , таја е улава 5 години здраво не си имаме кажано не па нешто друго муабет :D башка па и мојов неќе да му кажи незгодно му било, брачед му бил нека дојди ми вели, машко ко машко не се замара многу ама ја па неќам во куки да ми доаѓа бе :devil: башка се ке и кажи на другарката нејзина после :swear:
     
  5. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Стварно е некултурно вереникот да му каже на братучедот не доаѓај.Што е тој крив што има невоспитана девојка.
    Најпаметно е да задолжиш некој (сестра,мајка,братучедка итн) што исто така ќе бидат кај тебе кога ќе те земаат да биде ''одговорнa'' за неа,да не дозволи да ти го уништи денот,односно да ја припазува и да ти ја трга од пред очи. :lol:

    Друго нешто не ми паѓа на памет освен ова,што знам дали е добра идеа..
     
    На bridetobebt му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.206
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ти не треба ама баш ич да се замараш за оваа затоа што нема ама баш никаква потреба.
    Твојот иден маж те одбрал тебе и не дозволувај омразата на таа девојка да влијаае на тебе ,напротив биди секогаш насмеана и весела пред неа горда а не да дозволуваш да ти влијае на раположение.
    И јас би ти кажала како претходнава членка да задолжиш некого од твоето семејство да припазува на неа,или едноставно да и кажеш најотворено : кога чуствуваш омраза спрема мене зошто сакаш да бидеш во моја куќа
    Знам дека ова е тешко а и дрсксо малку но биди си отворена најубаво е :)
     
    На bridetobebt му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Љубовта не доаѓа кога ти сакаш и кога ти сакаш да ја осетиш, напротив доаѓа тогаш кога најмалку очекуваш и е поразлична од тоа затрескување и сакање. Би те советувала да не се оптеретуваш околу тоа, уживај си во тоа што го имаш сега, за се си има свое време, а за со дечкото со кој си сега ако сакаш да имаш нешто повеќе би требало да се потрудиш малку, а не да оставаш само на него и да чекаш што и како ќе биде :)
     
  8. MarijaIlieva

    MarijaIlieva Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Luge mi treba pomos
    inakuu nova summ i nikako da se snajdamm hhh
     
  9. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Незнам дали да го наречам ова љубовен проблем , само совет би побарала
    Одамна уште ми се свиѓаше еден тип , преку другар му го знаев само како изгледа , немавме муабет
    Пред месец дена го сретнав ама ништо не се знаевме најнормално си поминав
    Пред 1 недела случајно налетав на него на фб , го адднав , и ми пиша , се размуабетивме 3 саати , си фативме муабет.. Утредента станав ми пиша пак , после тоа 2 дена го немаше да пише , мислам му се јавив еднаш , му пишав неколку пати ама се онака ладнокрвно беше .. И вчера го деактивирав профилот пошо само висев и гледав дали е укључен (а испит спремам и хаос ми е се) .. и не се ни јави ни ништо .. И ме фати некоја криза пред спиење му се јавив , ама телефонот овој ме заебава нешто и мислев по грешка дека спуштив со уво , и му ѕвонам уште еднаш и ми се јавува , викам да не спиеш ? (пошо цело време си легнуваше у 4-5 и ми се испонаша у стил демек Па што да правам бе у 1 и пол ? спијам! и трак ми спушти
    И многу некако се осетив глупо како идиот , пошо првите 2 дена беше се океј , после почна игнор некако да ми мава кога му пишував , а преубав е типот значи...
    И сабајле му пишав порака , Извини многу за вчера што те разбудив , сакав да те прашам само дали да те будам за на работа да не се успиеш (пошо касно стануваше овие денови) . Имај убав ден ..Ништо не ми врати..а утре требаше до факултет да помине (мислам ке дипломира сега на ист факултет сме) и се надевав случајно дека ке го видам..
    После 2 години врска , дали јас незнам како да се понашам со машко првпат , дали машкиве се такви незнам..Што да правам сега? Да чекам да се јави , да пише...цело време од сабајле ако ми титне нешто телефонот мислам стигнала повратна порака ама џабе..Немам ни фб сеа за да може да пише..стварно незнам што да правам , криво ми е ако остане на ова типот е ептен убав..и на почеток мислев и карактерот му е ок , ама неможеш да процениш некој за 1 недела..
     
  10. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Малку си претерала 1 недела се знаете, а му викаш да те будам да не се успиеш на факс ?! Ај да ти е дечко во ред, ама така на 1 недела комуникација реагираш како да сте заедно веќе, дечкото само ти пишал онака сте правеле муабет, а сметам дека ти многу си го преувеличила тоа ( извини ако сум многу директна, ама од моја гледна точка така изгледа ) си го напнала, со тоа што му пишуваш и го бараш постојано, па дечкото се исплашил од тоа однесување сега, а како ли би било пак да имате нешто повеќе.. Остави, немој да се замараш, нека те побара сега тој. И уште нешто, не е се во убавината сигурно го знаеш веќе тоа, изгледот не е пресуден за нечиј карактер, а и како што рече за 1 недела неможеш доволно да го процениш :)
     
  11. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски


    Дада те разбирам , фала у секој случај многу , јасно ми е дека заебав ,иначе и он завчера ми се јави со истото му реков треба рано да станам имам нешто работа , и на крај сакаш да те будам да не се успиеш ? не е ни битно тоа , битно ја усрав работата , ептен ми е и глупо ама тоа е..нема назад :)
     
  12. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    ^^ Јас па мислам обратно, невидов колку години имаш но сигурно не ти се влечка наокулу. Јас мислам ако ти се бендисва толку прашај го директно што е работата барем ќе знаеш, а не вака ''ами то е ќе си тонам во мизерија''.
     
  13. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    603
    Јас мислам да се тргнеш, доколку нешто чуствува спрема тебе ќе те побара сам, вака џабе ќе напнуваш.
     
  14. nnina

    nnina Нов член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    се гледав со еден дечко 3,4 месеци но пред 2 месеци завршивме секаков контакт,јас бев навистина многу добра со него па понекогаш дозволував тој да се поигра со моите чувства.Свесна сум дека тој не ме заслужува и кога сакам ке најдам нов но ние женските сме такви тој што не игнорира трчаме по него.Си немаме ништо замерено но едноставно не зборуваме дури си немаме ни здраво но како и да е пред неколку дена бевме во ист кафич јас со моето тој со своето друштво..пред заминување тој ми пребаци еден грд збор :^) навистина не знам зошто дојде до тоа но не сакав ништо да му кажам едноставно ја кренав главата и заминав..и секако ме погоди,и пак си го вртам филмот дека ми се замара ,да не беше така воопшто немаше да ме примети не знам шо да си мислам.
     
  15. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    13.333
    Пол:
    Женски
    Дечкото е голем глупак. Нема друго објаснување. Не се замарај со такви кретени, добро е што си кренала глава и си заминала. Нареден пат ако се деси пак некој таков испад само насмеј му се и нека крши глава. ;)
     
  16. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Се гледа дека дечкото е кул пошто две год сте заедно и он досега не се обидел да ти побара а тоа што сака да те милува и гали незначи дека тоа е однос дозволу му да те милува и истото пружиму го и ти затоа што смислата на секоја врска е сепак блискоста нежноста -интимата и други пропратни работи кои одат заедно со секоја врска те молам биди малку разбирлива и стависе во улога на машко
    И како би реагирала девојката да те игнорира и запоставува ....
     
  17. majaaa3

    majaaa3 Нов член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Девојки ај ве молам за совет, имам голем проблем. Пред неколку месеци се запознав со еден тип и после тоа се фативме. Некои луге ми кажуваа да не одам со него, дека е лош, одвратен, таков, онаков., ама јас не ги слушав нормално. Првите недели ни беше супер, некако брзо се приврзавме еден за друг и се засакавме. Но како што минуваше времето и како што се запознававме се подобро и подобро секој дојде до свој израз. Типов се покажа стварно дека е многу одвратен на карактер. Не можеше да седи ``мирен и да ужива во врската `` а да не направи нешто намерно за да ме испоровоцира, нервира , да ме направи љубоморна и сл. СТално правеше некои намерни работи, знаеше и да вмеша некоја друга во нашава врска, као демек женски го бркаат и не ти знам што. Од друга страна на пак на многу начини ми покажа дека ме сака. И поради сево ова многу често се каравме,раскинувавме, па се смирувавме и се така. Јас се му се лутев, ме иритираше таквото негово понашање. Еден ден е ваков, утре друг. Работите стигнаа дотаму што тој веќе почна и мајтап да си игра со мене. Веќе ми пукна филмот и овој пат го откачив на цело , не му дигав на тел, го блокирав секаде , не му враќав ништо, го игнорирав скрос. Иначе тој не е таков да замара цело време, коа ке види дека не го рецкаш и тој не те рецка ,ама затоа ќе направи се за да ти се одмазди за тоа што го игнорираш, дали ке те плука по други, дали нешто друго ке прави, ама ке ти врати. Виде не виде дека не го рецкам воопшто веќе подолго време па не знаејки што да направи ги вмеша моите најдобри другарки. Не знам што им зборел и им правел, ама не е ништо веке како порано. Тие се сега со него се зближија , заедно и излегуваат некогаш. И со мене се понашаат нормално, ама не е тоа тоа, имам чувство како да ме зезаат. Оваа еднава почна и да ме копира, да се облекува ко мене , па фризури како мене да прави..и не ти знам што. Многу се зближи со него. После слушнав муабети од други дека зборел за мене по народов дека сум курва, сум идела со секакви , сваштаа луге не можев да поверувам се што јадел г*мна за мене. Мислам светот ми се урнал врз глава, заради него.Дека сите мои најблиски се против мене. Толку ми е тешко, не знам што да правам. Другаркиве мои ако беа другарки немаше да потпаднат под негово влијание, ме знаат доволно добро која суми и каква сум. Што има да им објаснувам сега јас дека тој лаже, што и да им кажал дека е измислица и сл. Го знаат дека е одвратен ама ете.. Постојано ја барам кривицата во мене што доведе до сето ова , но што сум направила, ниту сум го изневерила некогаш, ниту сум зборувала нешто лошо за него на други , ниту нешто друго. Се што ми се случуваше со него цело време си траев во себе, никому не кажував. Што згрешив јас?? Гледа дека не го фермам веке и упорно `удира` по мене. Сака да ме докрајчи, лом да ме направи. А инаку вака лично не ме замара, не ме малтретира во смисол да досадува, да звони, да ми се заканува или сл. Буквално ништо. Не знам кај се вплеткав со таков, уште и на почетокот коа се фативме ми збореа едни да не идам со него, дека е злобен, одвратен, ваков, онаков ама јас не ги слушав. Не знам што да правам, толку ми е тешко значи, мислам сама останав на овој свет и се е против мене. Се затворив дома и почнав и да не излегувам од срам заради губрево. Секој ваш совет е добродојден девојки. Однапред ви благодарам.
     
  18. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    603

    Доколку се затвараш дома само ќе им дадеш повод уште да зборуваат. Другарките твои да биле вистински немало да се свртат против тебе, и ќе застанале на твоја страна.
    Игнорирај ги сите, среди си го животот, најди ново друштво, почни да излегуваш со школски(доколку учиш) или со колешки, на крај сите ќе сватат ти каква си и дека без потребно те обвинувале.
     
  19. Emanuela12

    Emanuela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    40
    Се мував со еден дечко и да посочам дека он беше прилично упорен за да ме добие и се смувавме пред недела , недела ипол и после тоа имавме неколку муабети на фејсбук и на телефон ама онака ништо посериозно за уште едно искачање. мене не ми е проблем да го прашам да се видиме пак, ама имам чувство дека ме одбегнува зошто секој пат кога јас ке му се јавам или кога ке му пишам се кратки муабети а секој пат кога он ќе ми се јави или кога ќе ми пише е се океј си правиме долг муабет дури и ми кажува неможев тогаш да зборам, ова и она се дешаваше. сега прашањето ми е сум му здосадила, сум му била само за едно мување или да бидам упорна како што тој беше на почетокот?
     
  20. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Ако ти прави муабет сигурно не си му досадила сигурно има некоја друга работа,можеби е зафатен овие денови добро е тоа што му пишуваш и се друго ако сака да излезете сигурно ке ти каже,а можеш и ти да му кажеш еднаш да излезете :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.