1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    некоја слободна за ЛП ? :)
     
  2. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.046
    Можеби звучи смешно но на голема мака сум.
    Страдам од синдромот љубов.
    Толку многу сум заљубена,што немам апетит,срцево постојано силно ми бие.
    Цело време сум нерасположена и тажна,од мисли што ми се вртат низ главава.што ако се појави некоја друга,што ако му здосадам..
    Имам 19 години,и не е во ред ова што ми се случува,врската ми е само 3 месеци,а толку многу се поврзавме што ми се чини дека сме 3 години.
    И од најмалата кавга,јас не можам да си ги контролирам нервите.плачам си мислам крај на светот е ме фаќа хистерија,паника.Нон-стоп рандом луѓе ми ја полнат главата со тоа колку грдо се понашал со неговите бивши,како тоа ги малтретирал,и потсвесно му ги барам тие мани.И сум опседната со тоа,иако со мене не е таков.Цело време сум здрвена,исплашена,и сите ми викаат дека сум била сменета.
    Досега не се случило да бидеме скарани повеќе од пола час.
    Ако се случи подолго мислам дека ќе завршам на психијатар.
    Знам дека нема лек од ова,но барем кажете ми дека ќе отрпнам,и дека ќе помини овој период.
     
  3. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Не слушај други,ваков бил,така се однесувал...сама си процени.
    Зошто дозволувате да слушате такви муабети?
    Некои луѓе измислуваат секакви лоши муабети ,за да раскараат пар кој е вљубен.
    Ако тој се согласувал со бившите ,тие сега не би му биле бивши, нели?

    Не треба да бидеш нерасположена и здрвена, туку опуштена и среќна.
    Дали е ова само период и минливо времето ќе покаже.Најдобро би било да не се оптеретуваш толку,зошто на тој начин автоматсќи не си даваш шанса да се опуштиш и реално да процениш.
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Немој толку многу да се преоптеретуваш. Факт е дека една врска не секогаш е така совршена, има конфликти, има караници, и тоа е сосема нормално, и не можеш да го спречиш затоа што вие сте двајца, и имате потреби, ставови, интереси кои некогаш се разликуваат и доведуваат до конфликт, но ако се потскарате не значи дека ќе раскинете. Доколку дојде до конфликт, секогаш биди смирена и смирено разговарај, не повишувај тон и не прави од ситница голема работа, само смирено. Ако нешто те мачи, исто така, отворено и смирено разговарај, и заедно ќе го решите проблемот. Ако се надвикувате и се препукувате за мали работи ќе се нервираш за џабе само. Биди воздржана и секоја твоја грижа во однос на нешто поткрепи ја со факт, зошто мислиш така, зошто тоа те загрижува итн.
    Не ги слушај другите, она што го имате вие е ваше, и е меѓу вас, и односот кој вие го градите не треба да се споредува со ниеден претходен кој двајцата сте го имале, бидејќи воопшто, ниеден човек со ниеден друг човек го нема истиот однос, тоа можеш и сама да го увидиш ако се запрашаш дали исто се однесуваш кон мајка ти и кон татко ти, или твојот однос кон нив варира од проста причина што се две различни личности со кои си на различна бранова должина.
    Излези малце, забавувај се. Направи нешто за себе и опушти се. Колку и да избегнуваш, конфликтите некогаш се неизбежни и порано или подоцна, особено колку подолго сте заедно, ќе има пречки, поголеми или помали, поедноставни или не, и со паника и тресење нема ништо да решиш. Биди смирена и рационално размислувај. Не е крај на светот ако се потскарате. Се` додека имате договор за заеднички јазик во такви ситуации, каков проблем и да се појави ќе го решите заедно. Само смирено, без избувнување и без паника. Пробај да ја насочиш енергијата и мислите кон нешто позитивно, секогаш кога чувствуваш дека нешто врие, смирено прашај и разговарај, направи некој убав гест и за себе и за него. Ти посакувам се најдобро, и пробај што побрзо да сфатиш дека проблемите во една врска се некогаш неизбежни - во било каква и било која врска, дали во љубовната, пријателската, семејната, итн. :)
     
    На DELFIN-15 и anichka94 им се допаѓа ова.
  5. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Ми треба да знам дали погрешив за да не се обвинувам сама себе,да ми олесни на душичкава.
    Значи мажот на братучетка ми се знае со еден што сакаа да ми го местат,и ајде прифатив еднаш да одам со нив и со него на вечера,па тој ми побара број и секој ден ми пишуваше да излеземе,ок,еднаш излеговме така другарски на вечера,и на второ видување ми кажа дека оддамна сака да почне сериозна врска со мене,и на крај сакаше да ме бакне,не дозволив,секако не му реков,да бидејќи не го ни знам доволно,се убаво ама ме нервира тоа што братучетка ми и таа секој ден ми звонеа да излеземе,да му пишам,ме притискаа на еден начин,како насила,и плус типот во Англија живеел и што треба да се залетам оти живее таму,8 години постар од мене изгледа сакал право одма да ме жени |( ,да не губи време или па сега да сум со него па на лето свадба опаа ихаа,ок,само претопставувам ама како ептен да брзаше а тоа ме нервира.е не сум стока без мозок и чувства,и искрено ми се излади некако по толку молење и бутење во мојата фамилија,секојдневно бил на гости кај нив изгледа бајаги загреан,се тоа во рок од 2-3 недели,не дека беше лош на изглед ама.....И денес додека бев на работа ми пишел порака да излеземе и јас заборавив да вратам де и плус несакав да излезам а незнаев како да кажам,и ми пиша фала што ми врати,оттаму и братучетка ми ми вика врати му,и вика се убаво ама неможам го знам 2-3 недели и одма да се фатам со него и секој ден да излегувам за нивни кеф,и плус некако нервозен ми стои тие работи не одат така право,а на него му пишав дека неможам да излезам и ќе се видиме во некоја друга прилика,и ми пише можеби за нова година ќе дојдам,ок,уживајј.Некако можда ако не ме притискаа толку подруго ќе беше и сега некако незгодно ќе се осеќам пред нив,ама нели треба некои чувства да се развијат како така право ај,и плус на работа одам,не сум секој ден слободна за излегување,се изморувам,овој утре си оди,и некако лошо се осеќам,како лажачка
     
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Прави на тебе арно како што ти е. Ништо не си погрешила и не гледам зошто виновна да се чувствуваш, тоа што други нешто ветувале во твое име е сосема друга работа. На сила убавина не бидува. И утре ако се мажиш, ти ќе се мажиш, а не братучетка ти и компанија, такви бркачи на ајвар. И тој, штом морал по роднини да оди за божем се фати со тебе, таков па ни помалку не ти треба.
    Уживај и нема што да се замараш :) Cheers! :d:
     
    На Glasna и esperansa777 им се допаѓа ова.
  7. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Esperansa777 - прво, не си погрешила ништо со тоа што сакаш да знаеш кој човек ќе те натовари во шлепер и носи во странство, многу паметно си постапила, особено што токму на таков начин работат шверцерите со бело робје, па немаш поим што те чека после граница. :!:

    Ама второ, немој да се жалиш дека е напорен и нападен, зашто ти му оставаш простор за тоа. Ако некој не сакаш да те гњави, јасно ќе кажеш дека не сакаш да те гњави. Знам дека ти се допаѓа вниманието кое ти го дава, ама не може и да бидеш опсипана со внимание и да не се осеќаш ко говедо за продажба. :lol:
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    9.450
    Пол:
    Женски
    Есперанса777,едноставно стави крај на тие тортури и плесни и во лице на братучедата што толку ти го мести,ако е добар за неа да си го задржи.Мое мислење е дека треба типот да го игнорираш,очаен ли човек ќе спасуваш,којзнае зошто му се брза ,многу мразам вакви натрапници,очигледно ти не го свиѓаш и требало сам да сфати или барем да не те притиска,со убаво еднаш двапати да те викнел,а он и ќе те ожени преку други :^) .Кажи му вистинските мажи разговараат лице в лице и најмалку што може да имаат е култура е осет :D
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Е па излегов двапати за тие 2 недели,што сакат повеќе,не ми е дечко за секој ден да излегувам со него,тој па ептен нападен беше дури и 3 пати ми дојде на работа да ме види,изгледа планирал за тие 2-3 недели додека е тука да се ожени,отпочеток ми се допаѓаше ама кога почна да ја напнува братучетка ми и маж и да ме молат секој ден по 20 пати да ми звонат да излезам со него,а он по 1-2 пораки дневно ми пишеше секој ден за да излеземе,епа кога стана така напорен и нападен ми стана одбивен како по секоја цена да сака да биде со мене,така набрзина,не бива па љубов на прв поглед да ми се десило па да му скокнам у скут :fubar: ,и ептен нервозен ми стоеше си мислиш одма у кревет ќе ме фрли :tmi: ,овие па почнав и да не им дигам незгодно ми беше да ги одбивам и плус отепана од работа тие денови немав сила за излегување,додека они слободни се,сега типот демек ми се наљути вика на крај порака уживај :o и ај ќе плачам ;( ,осеќам братучетка ми и маж и ќе ме утепат ругајќи дека златно ДЕТЕ :angel: (од 32 години ) сум испуштила,пуу будала јас,ќе си уживав во Лондон сега,(а верувале или не :bandit: 25 години е постар мажот на братучетка ми од неа,и како да зимам памет од нив),овие ''странците"си умислиле дека кога ќе дојдат тука треба да трчат по нив како да се последни,е 3 год е аму со бугарски пасош де,аман,спушти се доле |( .
    Аиии јадната јас од што толку бирам и наоѓам секакви мани,стара мома ќе си останам,абе летај директно за Лондон е*аго каков е таков е Лондон е у питање,пупу езк :smoke: .
     
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Esperansa777 којзнае колку бил очаен типот што толку многу те напнувал. Абе ајде мавни го таму, така тоа се влегувало во врска или брак. Една порака ќе прати типот и мисли ти ќе трчаш, зашто од Лондон бил, голема работа. Па и братучедка ти, со кој памет ти ѕвони 20 пати на ден, култура, осет, нешто? Ништо.

    Извини ама братучедка ти и тој маж и' очигледно немаат никаква почит спрема тебе. Да имале почит немало да се однесуваат така како што се однесувале, премногу потценувачки спрема тебе. Работава, "дај шта даш". Дај да и' наместиме некој, да ја промажиме, а и овој и така дошол овде па и на него нека му се посреќи, дај набрзина да ја завршиме работава. |( Многу ми се познати ваквите "модерни стројници", нивниот живот среден тип топ, налик на решена Рубикова коцка па ајде сега ќе изиграваме добротворна мисија. Заслужуваат никогаш да не им прозбориш. Јас не би.

    Одлично си постапила и воопшто нека не те гризе совеста. Ти нит си ветила нешто, нит си дала повод за такво однесување, така што ти немаш ама баш никаква вина. Тоа што си излегла еднаш со него, е сосема нормална работа и не е причина за тоа што тој се однесувал психопатски, туку причината е во неговата глава со која очигледно си има проблем. А и не би ме чудело и братучедка ти да го има лажено дека ти се согласуваш и сакаш да бидеш со него, па затоа тој така се полетал сиротиот.

    Како и да е, овој и така си оди, далеку ќе биде од тебе, туку јас би ти рекла од братучедка ти малку да се оддалечиш, а прво да и' испееш една песна, па да не и' текне уште еднаш вакво нешто. Денес со овој, утре со друг ќе ти направи проблем, овој ајде ќе си оди, некој друг од тука ќе биде па ќе не можеш да го откачиш и ден и ноќ, знам што ти зборам.

    Какви луѓе постојат не ми се верува се' уште. :tmi:
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. frida.kahlo

    frida.kahlo Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Се наоѓам некако на средина.. знам дека не е прв пат да се случило девојка да има проблеми со дечко пораи нејзини другарки. Не е како да другарките да ме советуваат против него, да зборуваат против него или било што.. напротив многу го сакаат и им се допаѓа што сум со него. Но, проблемот е во тоа што тој смета дека штом јас сум му на прво место и прави толку многу за мене, исто така треба да постапам и јас да го ставам на прво место пред другарки. Сега и сум го разочарала затоа што се уверил дека другарките ми е се на прво место а тој е после нив само затоа што пробав да ја поделам вечерта - пола со него, пола со нив.. Не одрекувам дека прави многу за мене, се обидувам и јас да го постигнам тој степен се обидувам многу, вели дека цени но не изгледа така. Нависта е различен од останатите машки, покажува емоции, се покажува со дела и се друго му е после мене, но на некој начин со тоа ме загушува.. секој пат кога спомнува што направил или како сум го разочарала.. Навистина сум на средина од една страна ми е толку убаво со него, не сакам да заврши но од друга страна понекогаш ме доведува до мисла да го прекинам сето ова. Некој совет, мислење.. било што..
     
  12. SunshineYo

    SunshineYo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Вака, утре другиден (недај боже) можеби ќе се скарате, тој нема да биде тука за тебе, другарките ќе бидат, и они биле тука со тебе кога ти требале, неможеш ти да бидеш постојано со него. Седни разговарај, кажи му дека имаш време и за него и за другарките. Се надевам ти помогнав малку :)
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека дечкото треба да ти биде на прво место па семејството па другарките и се отом потом. Дека нема вечно да биде со тебе тој тоа не можеме да го знаеме, но наместо да уживаш со него во секој миг време што го наоѓа за тебе ти го поминуваш со другарките. За нив можеш да најдеш време 24часа е еден ден. Тие ако ти се прави другарки ќе те разберат дека ти имаш и друга половина. Нормално е дека на секој дечко ќе му смета што правиш ти со твоите другарки 24 часа и што кога ќе најде време за тебе ти го делиш со нив. Конкретно разговарај со другарките и организирај си го време и за нив и за него. Откако ќе го загубиш и ќе го има друга ќе ти биде криво. Размисли добро, бидејќи во иднина за твојата среќа нема да бидат заслужни другарките туку сама ти.
     
    На srcence1607 и gothchick им се допаѓа ова.
  14. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    603
    А кој гарантира дека со другарките вечно ќе е другарка??
    Денеска вистинско пријателство е реткост, се на се една може да ти биде вистинска другарка, а останатото е друштво, круг на луѓе со кои е во ред да си во коректни односи, по некое кафе не е на одмет, излегувања и дружба.
    Дечко како дечко ако вреди треба да се проба да се задржи, не дека треба за него секој друг да се одфрли ама тој не треба да е последен.
    Ќе има моменти кога само тој ќе биде со тебе во најтешките времиња, секако дека има ризик да не биде тој тука, може да се деси за џабе да биде жртвата, ама се е убаво додека трае.
    Затоа не размислувај на крај, сакај и уживај, дружи се ама не запоставувај никој.
     
    На srcence1607 и Daydream им се допаѓа ова.
  15. DrunkInLove

    DrunkInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    29
    Здраво .... Имам и јас еден љувбовен проблем и многу си се мачам . Се гледам со еден дечко и премногу сум заљубена во него . Но... проблемот е што он не сака врска со мене , секој ден сме во контакт све си кажуваме но незнам зошто не сака врска , никогаш ми нема кажано дека ме сака, ниту ми дозволува јас да му го кажам тоа.... ПОМОШ И МИСЛЕЊЕ??
     
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Најди си друг и едноставно не си го губи времето.
     
  17. DrunkInLove

    DrunkInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    29
    Како да го заборавам тогаш? ;( Цели 4 месеци разговараме секој ден неможам никако да го извадам од глава ниту да спијам навечер :fubar:
     
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Почнувајќи токму од тоа, намали ги разговорите и најди си некоја занимација, излези со друштво, едноставно уживај си :)
     
  19. DrunkInLove

    DrunkInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    29
    Тешко на мене :sweat:
     
  20. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.094
    Пол:
    Женски
    nesi dozvoluvaj poradi nekoj da patis .. zosto baras ljubov kaj nekoj sto nee zainteresiran za tebe ??
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.