Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Ако не си пред мажење тогаш има една "изрека" шо машките си ја кажуваат меѓу себе. Bros before hoes. Шо значи, со дечко/девојка можиш да се скараш, не значи дека секогаш ќе сте заедно но ако ги запоставиш другарките тогаш кога ќе се скараш со дечкото ќе останеш сама. Тој не треба да го бара истото од тебе пошто тоа што тој го прави за тебе е негов избор и не треба да бара ништо за возврат. А и самата кажа дека се трудиш и ти за да му угодиш колку што можиш. Неможат сите исто да постапуваат во врска кога се. Па и што дека прави толку работи за тебе колку што викаш ако после ти го зборува тоа...абе ај глупости. Ти не го тераш да прави така... Разговарај со него пробај види нешто, ако не се управа работата...ти си знаеш како ти е и дали да продолжиш.

    А и другарките кога си со него треба да разберат и да не ти зборуваат зошто си со него или таму такви глупости
     
  2. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Види вака... ми се случило јас да оставам другарки ради дечко ( со кој сум сеуште еве веќе 1 година и не се каам за ништо), и другарка која ја сметав за сестра, со која го поминав речиси половина детство, да ме остави поради тоа што врската и е климава и на неа и треба време за да си ги нареди коцките. Најискрен совет од мене ти е, ако не можеш да направиш некој баланс помеѓу љубениот и другарките, тогаш одбери кој ќе ти биде на пиедестал. Ама во секој случај, имај предвид што се може да изгубиш и од двете страни. :)
     
  3. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    587
    Сакам ваше мислење, идам со еден дечко веќе 4 месеци ама како да не сум сигурна дека ме сака.Секој ден работи по 10 саати и некогаш одвај се гледаме само на кратко, никогаш не ми кажува што чуствува за мене и некогаш тоа многу ме нервира има некој начин за да проверам?
     
  4. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш возврати му исто, покажи му малце повеќе, а ако гледаш дека и тоа повеќе не го задоволува тогаш има некој проблем во него. Пробај балансирај меѓу нив, еден ден со нив, еден ден со него.
    Мислењата од типот "дечко си оди, другарката останува засекогаш" не секогаш е точно. Некогаш и кога ќе се скараш со другарките, дечкото е тој што ќе те разбере и ќе ти помогне ;)

    Да се надовзам на мислењето на Инсешјбл- Другарство вистинско од типот форевер енд евер не постои :) Јас го имав со една личност уште од раноооо детство и поради низа конфликти и трета личност го растуривме. Такво другарство еднаш се раѓа и памти засекогаш и криво ми е само ради таа личност што не е повеќе во мојот живот, а за другата воопшто не. И треба да се има во обзир тоа што више се години кога некои сакаат нешто посериозни врски а не да си играат пошто се во касен пубертет ;) така да, требало двете страни да се разберат, бидејќи и двете страни имаат право на стабилна врска која она сакала да си ја зачува, но ете се десило што се десило. Одеденаш не може туку така да се растури. Тоа било сигурно од двете страни :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Како и да е, ако навистина сака да ви опстане врската не треба да биде толку себичен. Се знае дека и он треба да има слободен простор да излегува со другарите така да не ми е јасно зошто ти префрла дека си го разочарала и сл. Љубоморен е, веројатно многу му значиш, но тоа не треба да значи дека ти немаш право на свој живот, дури и ете некогаш да го шитнеш за да одиш со другарките на кафе. На крајот на краиштата не можеш истиот муабет со другарките и со него да го правиш. Толеранција од двете страни и се ќе биде совршено :)
     
  6. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски

    yeah right ;)

    Понекогаш дечкото може многу повеќе да ти помогне отколку другарка, зависи каков тип е и колку му значиш. Не секој би трпел кукање ниту девојка ниту дечко. А што кога на другарките тоа шиткање некогаш не им е доволно?? хмм, што тогаш?? што кога таа упорно прави грешки за кои како другарка ја советуваш дека е лошо, но поради хормонско влијание на касниот пубертет се лути и го смета тоа како наредување?? Што кога кога ти ја знаат состојбата диплии како е лоша и врската климава и не им е гајле бидејќи според нив како искусни експерти во доменот ВРСКА нели кога-тогаш се знае дека ќе раскинат а??
     
    На Insatiable13 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека кога се работи за сериозна врска во која се разбира дека сте најприврзани еден со друг отколку со било кои други личности, што не е случај со лабавите врски „фати/пушти“, навистина треба да ти е на прво место. Поготово што тој вложува се од себе, а чувствува дека малку добива за возврат.

    И плус, ти можеш да најдеш време да се гледаш со другарките, но никако во иста вечер. :!: Тие комбинации секогаш ми биле несфатливи и сум размислувала дека јас на нечие место така многу би се почувствувала навредено. Ај еве излегов да се видам еден саат со тебе, сега морам да одам срце, другарките ме чекаат. |( Ти не би се осетила како да си успатна станица? Мислам дека ова е ужасна комбинација. Ќе си најдеш ден кога ќе излезеш само со нив и истовремено и дечко ти ќе се чувствува почитувано.

    Мислам дека тој има созреано во оваа врска побрзо од тебе, не се оптеретувај сега, здравје ако си бидете заедно, се повеќе ќе се менуваш и ти. :)
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски

    Се е кажано :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367

    Тогаш нека го избере него, нека и биде на прво место, што да кажам. Меѓутоа кога со него ќе има некои несогласувања од кого ќе побара совет, некој да ја ислуша, или воопшто да излезе и да се забавува кога ќе посака. Ако се во врска не треба да значи дека 24/7 треба да бидат залепени еден до друг.
    Ако толку ја прави среќна, нека му возврати со иста мера секако, нека и биде на прво место. Ама да и префрла(да вели дека го разочарала) поради тоа што сака да одржи контакти со пријателите, покрај врската, ми е бесмислено.
    Во ред е тоа, сериозна врска и се, ама ако е толку сериозна веруј нема да ти избега ради едно кафе со другарките ;) Колку и да има љубов секому му е потребен малку слободен простор.
     
  10. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Се гледаме со типов нешто околу два месеци, ништо сериозно. Се имаме видено 5-6 пати, обично за викенди значи не се гледаме ептен често. Последниот пат ми напомена дека сака нешто посериозно, меѓутоа претходно бевме скарани поради банална причина и вечерта место да го решиме тој проблем заврши уште повеќе без везе и двајцата на крај рековме дека треба малце одмор да се смират глави. Тој ми рече дека не сака да влага у врска која и пред да почне е со проблеми ради глупости, јас апсолутно се согласив и сега веќе неколку дена не контактираме. Јас работам и тој работи и периодов немаме многу време за гледање.
    Не сум заљубена, но сепак гледам некој ситен потенцијал во типов. Ми смета што се лути за глупости, ама реално признавам дека има меѓу нив и мои кривици, да речеме.
    Ми се чини дека е бајаги налутен и повреден, па како да го решам, не сум паметна искрено. Да оставам да се смири па сам да ме побара или јас да преземам некоја иницијатива?
     
  11. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Извртуваш зборови, никој не рече да се откаже скроз од другарките. А за совет, ако нешто сум сфатила досега, тоа е дека не сакам совет од никого, а уште помалку од другарки. Најубаво е да се слушаш самиот себеси. Мајка ми не може да ми даде соодветен совет ако не мислиме исто, а тек па другарки кои прашање е и колку добро ти мислат, а и најдобро да ти мислат несвесно ќе те зезнат зашто различно размислуваат сите и не можат да знаат што ти треба тебе, а потсвесно ќе ти влијаат и после ќе се каеш, затоа што ако згрешиш слушајќи се себе е едно, а ако згрешиш заради други каењето е многу поголемо, верувај.

    И да, ако се пријателките вистински, ќе имаат обзир дека доколку таа има сериозна врска не може да скитаат колку порано, сепак еден ден ќе осетат и на своја кожа. Не треба ништо од крајност во крајност, зашто ако не излегуваат редовно скроз да престанат да се дружат? Тоа не е пријателство.
     
    На Daydream и srcence1607 им се допаѓа ова.
  12. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    А тоа не значи и дека треба да се исклучуваат од светот само за да видат дали дечкото/другарките ќе потрчаат по неа.Еднаш, двапати океј, ама постојано..?? Што кога само едната страна само бара помош и совет а другата воопшѕо ништо не кажува а?? пошто таа е таква и не разговара за своите проблеми зашто не може да ја прифати и другата страна дека е таква и сака да разговра да и помогне. Некогаш во животот решенијата не можеш сам да ги пронајдеш. Ако не решение, барем идеја или совет ќе биде океј ;) Никој не е залепен со дечкото 24-7 освен ако има психички проблем и океј е сето тоа што го кажуваш, ама работата е во тоа кој е на прво место. Не може двете страни да го делат тоа место. Се знае, дека само еден ја има таа можност. Утре пример коа ќе се омажиш и сетоа тоа, со кого ќе живееш 24/7?? со маж ти или другарка ти?? Сепак, сакам да кажам дека односите почнуваат веќе да се ладат кога сите почнуваат посериозни врски, нитѕ пак ти би имала време секогаш за другарка ниту пак тие. Кога веќе се оддалечени, се губи смислата на детското чисто другарство. Едно е детстvо друго е созреан возрасен свет.
    Grow up dear, it's time for reality- другарка не постои, ми стана јасно пред неколку месеци ;)
     
    На buba4e89 и Lovely93 им се допаѓа ова.
  13. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Ти извртуваш зборови. Забега од темата. Прочитај убаво. ;) Девојчето не рече дека има проблем со другарките туку дека на дечко и му смета излегувањето со нив. Ако веќе толку и обрнува внимание и и пружа љубов, таа љубов ако е искрена треба да е безусловна. А не да биде „јас не излегувам со другарите, ти си ми на прво место, истото го очекувам и од тебе„ ( кажувам пример). Ако сака таа врска да опстане, нема толку да ја загушува и ќе и остави слободен простор.
     
  14. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    нееекооооој пробува да избегнувааааа :lol: ..хмм се прашувам зашто ;)
     
  15. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Срценце ко да забега од темата :D
    Прочитај си ги постовите, ти немаат врска со постот на девојчето. :?:
    Дојди лп ако имаш мака, ќе те сослушам :)
     
  16. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    ХАХАХАХХАХАХАХАХАХХАХА нема потреба од лп, се што имавме си кажавме поодамна. :)
     
  17. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Ова твое иронично смеење ми укажува дека уште си исфрустрирана... што значи, не е се кажано. Пукај ајде да ти олесни, тука сум јас :)
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Можеш да провериш само така што ти ќе бидеш недостапна за излегување и да видиш дали самиот ќе те побара.
     
  19. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Здраво девојки :D
    јас сум 16, имам дечко(не знам дали ми е сварно дечко или само повремено се гледаме), тој има 20, и е на факултет. Работата е тоа што не знам што сака тој во врска со мене, понекогаш се слушаме секој ден по еднаш, секогаш тој се јавувва прв и ми пишува, а понекогаш ќе го нема 1,2 дена и после пак ќе ми се јави ко ништо да не било. Кога сум со него ми е интересно, ама тој воопшто не искажува емоции за овие 6 ипол месеци, воопшто, на фб лајкнува слики на секакви девојчиња(значи не зборам за негови другарки) и тоа се ми пречи, а не можам со него да разговарам зашто не го чувствувам близок.
    Ми има само еднаш кажено на почеток му е убаво со мене, и дека сака само со мене да биди, и одтогаш ништо, и во хороскоп е јарец. Ме нервира и тоа што понекогаш ме лажи, на пример ми вели уморен сум имам за учење за факс, за пола саат ќе си идам, и тој ден после 2 часа ја со другарка ми го гледам како се шета со другарите, ме нервира.Зарем неможе да одвои малку време, или одвојува само кога тој сака? Немаше да се замарам толку, но зошто тогаш ми се јавуваше секој ден, секогаш прв, до сега ме нема навредено за било што итн. За излагање излагаме само петок или сабота, се чувствувам глупаво, ова доаѓа кога тој е слободен,одморен, ајде ќе се видиме.Ете последен пат се видовме Четврток, во Петок и Сабота се слушнавме, и тоа по 5 мин, и одтогаш ми се нема јавено. Јас би му се јавила, но не сакам да се чувствува како да го замарам, затоа му оставам простор.Не сакам повеќе вака, сакам и јас да се чувствувам сакано, кажете ми што да направам, нејќам на крај да останам повредена. Однапред, ви благодарам.
     
  20. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Дечкото не ми изгледа дека има посериозни намери со тебе, да сакал имал 6 месеци на располагање и најверојатно би го направил тој чекор доколку сакал нели. И како што викаш ти дека излегува како да се гледате само тој кога сака и тој кога има време, па и така е.. Пробај да разговараш со него, да го прашаш што намери има за во иднинина ( дали му е битен факсот, работата, другарите и тн. ) и кажи му што е со вас двајца, како гледа на вас, што сака од тебе. Можеш слободно да го прашаш на што сте, дека ако продолжиш да си молчиш и трпиш, секако на крај дека ти ќе бидеш повредената. Инаку не ми е јасно зошто секогаш оставаш тој да ти се јави ( викаш му даваш простор ) ама не гледам ништо лошо во тоа понекогаш и ти го побараш, можеби и затоа се држи на дистанца.. Ама тоа што те лаже не е во ред, се надевам дека досега си немате поставувано некои забрани, па затоа да лаже.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.